МИЦКОСКИ

mickoski-modularna-tetovo

Нов повик од премиерот до Обвинителството: Преиспитајте ги случаите кои беа заташкани

Одново повик од премиерот Христијан Мицкоски до Обвинителството, за да се преиспитаат случаите за пожарот во Модуларната болница во Тетово, несреќата кај Ласкарци, но и случајот со пожарот на автобус на Беса транс. За него очекувана била казната која е изречена на директорите во тетовската болница, меѓу кои е и братот на Фатмир Бесими.„Истрагата не ја води Владата, туку Обвинителството. Пресудата ја носат судовите. Ние сме кажале дека немаат ниту кредибилитет, ниту легитимитет. Тие знаете каде се бираа во СДСМ и ДУИ. Какви пресуди да носат? Нормално дека ќе носат такви пресуди за братот на поранешен министер. Така ќе обвинуваат и така ќе се судат, додека не настане целосен ресет на системот, а за тоа сакаме да ги почитуваме законите и Уставот“, рече Мицкоски.Тој додаде: „Додека јас сум премиер гарантирам правда за секого, сите сме исти. Го повикувам уште еднаш Обвинителството да ги преиспита случаите кои во минатото беа заташкани - Модуларната болница, Ласкарци, Беса транс. Секој кој има вина, вклучувајќи ме и мене“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

loson-mickoski

Бидете спокојни, бегалски кампови ќе нема, темата е затворена, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека граѓаните треба да се спокојни, бегалски кампови во Македонија нема да има. Тој одново го повтори ставот дека стратешкиот договор со Обединетото кралство, вакви кампови не предвидува, а темата е затворена.„Апсолутно нема таква работа, а тоа се наметна откако во Албанија беше потпишан помеѓу тамошниот премиер и премиер на земја од Европската Унија за изградба на кампови, каде Албанија ќе прими десетици илјади мигранти. Таа тема е затворена. И аналогно на тоа таа тема се пренесе тука. Но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердови и да го оцрнат стратешкиот договор“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-11.36.08

Од филозофирање и гола реторика, народот нема фајдер, рече Мицкоски за потезите на Арсовска па и порача да постапува ако има дивоградби

За потезите на градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако е точно дека има дивоградби, таа треба да постапува. Според него, од филозофирање - нема фајде.„Па таа има ингеренции, ако навистина мисли дека е така тогаш треба да постапува. Бидејќи од филозофирање и гола реторика, народот нема фајде“, рече Мицкоски.Ова доаѓа откако вчера од изутрина Арсовска одеше низ Чаир за да лоцира дивоградби, па снимаше во живо, за да го нарече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу - принцезата на дивоградбите.

Македонија | пред 8 месеци

12082024_MICKOSKI

Мицкоски: Во првиот квартал од годината за 5 проценти е зголемен извозот на земјоделски производи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање како и дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај, информираше дека Владата, токму во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Изрази ветување дека Владата ќе продолжи со поддршка на земјоделците и во следниот период.„Да, апсолутно. Исклучително многу вложивме и во делот на земјоделието. Кај земјоделците, навистина, доста трансфери се направија изминатиот период и се вратија долгови од минатото. Веќе од оваа година ќе почнеме тековно да ги сервисираме обврските“, рече тој.Премиерот напомена дека е направен голем чекор напред, со тоа што во првиот квартал од годината речиси за 5% е зголемен извозот на земјоделските производи.„Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена, и кај останатите земјоделски производи. Но, исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред. Но, тука не застануваме – продолжуваме понатаму. Убеден сум дека во периодот којшто следи ќе постигнеме уште подобри резултати, бидејќи тоа влегува во бруто-домашниот производ, и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока. А ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците“, објасни премиерот.

Македонија | пред 8 месеци

31122024-Mickoski

Синот на Мицкоски матурант: Од октомври се гледаме на машински

Јован Мицкоски, син на премиерот, е матурант и од есен ќе стане бруцош на Машинскиот факултет. Продолжува по стапките на неговиот татко кој е професор на истиот факултет и на неговиот дедо.„Синко, среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки. Нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од октомври се гледаме на Машински“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните- модернизација на железницата од Коридорот 10 и група на проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на законите, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски даде изјава и во врска со историскиот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.„Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори, како што е Обединетото Кралство, толку подолгорочна ќе биде стабилноста и перспективата на Македонија како држава, но и на граѓаните. Јас на овој договор гледам како на чекор напред во таа насока. Убеден сум дека ваквиот вид пријателство и партнерство може да донесе само добри работи за граѓаните.“, изјави премиерот Мицкоски.„Во економска смисла- тоа е втората причина- веќе споменавме дека имаме рамка со која ни се ставаат на располагање околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Станува збор за два типа на проекти кои се договорени за работа.Првиот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата што е дел од Коридорот 10, на потегот од Табановце до Гевгелија.Втората група проекти се поврзани со здравството: конечно завршување на Клиничкиот центар Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом со 200 легла, завршување на здравствената установа во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.“„Продолжуваме и понатаму да ја искористуваме рамката што ни стои на располагање. Тука, секако, спаѓаат проекти од енергетиката, проекти особено од транспортот, како и проекти од областа на медицината и здравството.“, истакна Мицкоски.„Можно е, во догледно време, доколку сè функционира на начинот на којшто очекуваме, да биде изграден и големиот клинички центар во Скопје . Така што, придобивките ќе се мултиплицираат, и јас сум убеден дека како држава сме на прагот на еден трансформационен период.Станува збор за трансформациони проекти кои што имаат за цел да додадат вредност- не само во квалитетот на живот на граѓаните тука, туку и генерално во македонската економија.“, дециден е премиерот Мицкоски.Во престојните денови ќе биде остварена и посета на Лондон каде високи делегации од двете влади ќе потпишат договор.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Ќе биде ли Османи гонет за продажба на македонскиот идентитет?

Откако го обвинуваше Бујар Османи за велепредавство и продавање на македонскиот идентитет, премиерот Христијан Мицкоски одговорина новинарско прашање, дали ќе покрене случај против ексминистерот за надворешни работи. Тој кажа дека тоа им го препуша на обвинителите.„Ако некој презема, треба да преземе Обвинителството. Тука јас не би имал што да додадам. Тоа е независен орган. Нив треба да ги прашате дали се прекршени закони, Уставот..“, рече Мицкоски.Во низа наврати, Мицкоски го обвинуваше Османи дека прегоаварајќи со земјите од соседството и ЕУ, тој го продавал македонскиот идентитет, прифаќајќи неповолни условувања за Македонија, кои треба да се „платат“ за за се чекори по европскиот пат.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Мицкоски за изборот на нов гувернер: Нема несогласувања со Сиљановска, разговаравме за кандидати, деновиве треба да се видиме

Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека името на предлогот за нов гувернер ќе се знае идните денови. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема одлучено кого ќе предложи иако во игра се имињата на Трајко Славески и Зоран Ставревски. Мицкоски тврди дека нема несогласувања со претседателката.„Јас добив информација од претсеателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот. Претседателката имаше консултации викендов. Деновиве ќе треба да се видиме и да поразговараме“, рече Мицкоски.Прашан дали тој и претседателката имаат несогласувања, одговори: „Нема несогласувања.. Не сме разговарале за кандидат, туку кандидати“.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-3

Големи структурни промени во ВМРО-ДПМНЕ од крајот на годинава, а оваа недела многу работи ќе бидат појасни за структурата на Владата

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, вели дека по редовниот конгрес кој е закажан за кон крајот на годинава, ќе има големи промени во рамки на партијата.„По редовниот конгрес, нормално е да има големи промени во рамките на структурите на партијата, но и на општинските комитети. Тоа многупати сум го најавил“, рече Мицкоски.Прашан кога ќе предложи нов министер за здравство, Мицкоски рече: „Оваа недела ќе има многу работи појасни. А едно е јасно - на пет месеци до локалните избори имаме два блока - а тоа блокот од минатото кој е блок на криминалот и спортуваше во кабинетите; и втор блок е блокот на граѓаните“.„А кај Владата, мислам дека периодот кој што е пред нас, треба да емотив за сите нас, да дадеме дополнителна енергија, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните. Треба многу работи да се решаваат“, посочи тој.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-19-at-11.39.47

Можеби нема да освојат ниту еден градоначалник, иако се конкурентни во четири општини, вели Мицкоски за СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски, прогнозира СДСМ да не освои ниту еден градоначалник, а вели дека засега се конкурентни во четири општини. Тој посочува дека опозициската партија води политика преку која критикува сѐ што Владата прави, а за него, тоа не е во ред, и вели: „Не може да не чини сѐ што ние правиме. Не може сѐ по било која основа да се критикува, вклучувајќи го договорот со Обединетото кралство“.„Јас очекувам врз основа на бројките, убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Јасен бев вчера, можеби таму каде е конкурентен СДСМ се максимум четири општини, иако да бидам искрен, ако вака неодговорно се однесуваат, можеби и да нема да освојат општина на следните локални избори“, рече Мицкоски.На крајот од месецов, односно на 28 мај е закажана седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Ќе направиме листа со десетици имиња кои ќе ги претставам на Извршниот комитет, а ако добијат зелено светло одат на Централен комитет за да се одобри кандидатурата на идните градоначалници“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-filipce

Мицкоски прогнозира дека СДСМ може да не освои ни една општина, најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги објават во два циклуса, а првиот кон крајот на мај по состаноците на ИК и ЦК на ВМРО ДПМНЕ.„Тоа што можам да го соопштам и кое ми е чест, задоволство но и голема обврска и товар истовремено е дека нашите кандидати водат со 4 до 5 спрема 1 во однос на сите кандидати на опозицијата во буквално сите општини. Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку водат и останати тројца на листите чии имиња се истражуваат. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а опозицијата прашање е дали ќе освои 2 до 4 општини. А ако продолжи вака како што тргнале може да не освои ниту една”, вели Мицкоски.Најави дека по редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, најдоцна на почеток на наредната ќе има големи промени во партијата и во Владата.„Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам ова уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единственото најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам сѐ тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот. Немаме време за губење и немаме простор да создаваме нови разочарувања кај луѓето кои веќе со децении наназад се изгорени од разни неискрени и корумпирани политичари”, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

20112024-Mickoski-1

Македонија мора да успее, порача Мицкоски пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски се обрати на 20-та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени.„Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал, истрајувал низ сите бури и премрежја. Денес кога гледам во колкав број и со каква енергија сме тука, јасно е дека идејата е сѐ уште жива, а мотивот поголем од било кога”, рече Мицкоски.Тој изрази длабоко уважување кон секоја жена која со мудрост, волја и ентузијазам придонесува за иднината на државава.„Македонија мора да успее. И тие победи мора да се случуваат секој ден, сантиметар по сантиметар, чекор по чекор, непрестајно да се бориме за нашата иднина”, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

loson-mickoski

(Видео) Во овој договор не станува збор за прифаќање мигранти, туку соработка за справување со криминални групи, вели британскиот амбасадор

Британскиот амбасадор Метју Лосон објасни дали Македонија се обврзала да прифаќа мигранти со стратешкиот договор склучен со Обединетото кралство. Тој рече: „Сосема е друга приказна тоа што се зборува дека ќе се прифаќаат мигранти, не се работи за тоа“.„Сакам да бидам јасен во тој дел, она на што се договоривме дека ова е широко партнерство во делот на безбедноста, трговијата, одбраната, образованието, инвестиции. Знам дека има многу шпекулации, да во право сте што ме прашувате, но не се работи за тоа во овој договор. Се работи за соработка меѓу полициите, за справување со криминалните банди и групи“, рече Лосон.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-13.42.20

(Видео) Нема веќе што да се договараме, порача Кошта во име на ЕУ; Мицкоски: Другата страна испорачува нула, додека е така, нема ништо да направам

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, чеке дека Македонија треба да испорача уставни измени и вметнување на Бугарите во највисокиот правен акт. Прашан дали ќе се договорат, ЕУ да испорача гаранции дека потоа Македонија нема повторно да биде блокирана - тој рече дека нема веќе што да се договара.Потоа, премиерот Христијан Мицкоски рече Македонија направи премногу - смени знаме, смени Устав, смени име. И смета дека тоа е премногу. Мицкоски ѝ порача на ЕУ, дека нема да прават ништо сѐ додека не видат дека Бугарија презема чекори.„Затоа што од другата страна имаме испорака 0. И би бил наивен да верувам дека ако нема испорака од другата страна, дека ние треба тоа да го направиме. Тоа додека сум премиер, нема никогаш тоа да го направам“, рече Мицкоски.Потоа, Кошта рече дека нема да има план „Б“ бидејќи планот „А“ со промени на Уставот мора да успее. На ова Мицкоски врати дека останува на истиот став.„За жал, претходната Влада прифати билатерално прашање да биде дел од нашата европска иднина. Јас ќе се борам, колку што можам, за да излеземе од овој процес во кој што сме сега. Јас не можам да излезам и немам совест да излезам пред македонските граѓани и да им кажам дека ќе биде променет Устсавот, а има најмалку 14 пресуди за Македонците на другата страна од границата, кои Бугарија треба да ги примени. Не можам ништо да преземам ништо со Уставот ако таа земја го оспорува мојот мајчин јазик и мојот идентитет. Кога ќе има став од ЕУ за нашиот многувековен идентитет-тогаш јас сум тука да разговарам“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-13.14.12

Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе се засили, иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство

„Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален чин на внимание, поддршка и интерес за иднината на нашата држава и за иднината на Западниот Балкан да биде наскоро дел од Европската Унија“, рече премиерот Христијан Мицкоски и додава:Во оваа нова етапа, кога граѓаните ја препуштија одговорноста на новата македонска влада, моја обврска како премиер е да зборувам отворено, искрено и достоинствено.Тоа го правам првенствено затоа што имам должноста кон народот, но и кон самата европска идеја што толку упорно настојуваме да ја реализираме.Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, затоа што веруваме дека иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство.Претседателот Кошта во неговиот говор пред малку кажа дека патот до полноправно членство во рамките на Европската Унија е фрустрирачки, тежок и предизвикувачки, но ние како граѓани, како народ можеме да кажеме дека години го одиме најтешкиот пат.Факт е дека тој пат го одеа и другите народи кои што сега се дел од европското семејство, но граѓаните на оваа, една од најмалку бројните земји во срцето на Балканот и во Европа, го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да се каже дека го одат бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години.Се надевам дека во периодот кој што следи заеднички ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството.И достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство. Јас сум убеден дека имаме вредности, имаме капацитет, имаме знаење и знаеме како да го изодиме тој пат на најбрз начин, а со помошта која што лично ја дава претседателот Кошта и поддршката и помошта која што ја имаме и од Европската комисија и од земјите членки, сигурен сум дека ќе направиме квалитетни реформи и реформи кои што ќе обезбедат европска иднина за нашата држава и за нашите граѓани.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања