МИЦКОСКИ

Screenshot-2025-04-24-at-11.24.29

Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДС беа попустливост кон Бугарија за попустливост за криминалот, мојот мотив е членство со зачувано достоинство

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Алсат Телевизија говорејќи за членството во ЕУ и проблемот со Бугарија, истакна дека мотивите на владите на СДСМ и ДУИ биле попустливост кон Бугарија, прифаќајќи се што ќе им се понуди, со цел попустливост за криминалите, додека за разлика, мотивот на оваа влада е членство во ЕУ со зачувано достоинство.„Многу јасна е работата, претходната влада влегла во оваа авантура мислејќи дека се што ќе им биде поставено на маса ако го потпишат, ќе добијат поддршка од надвор за да останат во владата. И тоа бил мотивот на Маричиќ, на Ковачевски, Османи, Пендаровски итн. Прашањето беше дали ќе останат на власт и ќе продолжат со криминалот со кој владееја или нема да останат на власт и ќе бидат опозиција каде што се сега.“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски во однос на мотивите на официјална Софија, посочи дека тие се децениски историски, а тоа е да се создаде нов вештачки македонски идентитет, нов вештачки македонски јазик коишто почиваат на бугарски корени.„Нашиот мотив е сосема поинаков. Македонија, нашата заедничка на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, на сите граѓани во Европската Унија по достоинствен пат. Тоа е разликата помеѓу нас и нив.“, нагласи премиерот Мицкоски.Во врска со изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи, премиерот Мицкоски потсети дека истиот тој министер за надворешни работи пред неколку месеци изјави дека ова е само почеток и дека во текот на преговорите има уште многу работи кои ќе треба да се дорешат.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Трпам критики, но молчам заради истрагата за „Пулс“ – Обвинителството има одврзани раце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека свесно не дава изјави за обвинувањата кон него за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а десетици беа повредени. Тој нагласи дека целосно ја препушта постапката во рацете на Јавното обвинителство.„Јас сум внимателен кога станува збор за истрагата во Кочани. Обвинителството има одврзани раце да прави буквално сѐ со тој случај. Затоа молчам. Трпам критики и трпам, ама Обвинителството нека си ја заврши работата“, рече Мицкоски за истрагата за пожарот во „Пулс“.Истрагата за пожарот се ближи кон крајот. Мицкоски порача дека очекува Обвинителството до крај да ја расветли трагедијата, но дека нема да дозволи политизација на случајот додека не заврши постапката.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-12-at-10.36.40

Премиерот предупредува: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении

Во изјава, по повод учеството на бугарската делегација на Самитот во Хаг, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека потегот на официјална Софија да го испрати премиерот, наместо претседателот, претставува необична политичка егзибиција и сигнал за посебен начин на функционирање на бугарската политичка сцена. Тој нагласи дека ваквите потези отвораат простор за иницијативи на високо политичко ниво, но и потреба од македонска проактивност во справување со длабоко вкоренетите регионални политики и стратегии.„Таму гледаме една егзибиција, можеби е таков начинот на функционирање на бугарската политичка сцена, во Вашингтон, на Самитот, присутен беше премиерот. Логично е да ротираат претседателот и премиерот. Затоа годинава е претседателот таму. И логично беше од страна на Бугарија да го испратат претседателот. Тие го испратија премиерот. Ако има иницијатива, на ниво на премиер со претседател сметам дека треба да го прифатиме. Убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е тоа тоа што се зборува, дека не е проблемот стотината граѓани кои за себе велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, туку има поголем проблем. Политика која е стара децении, стратегии кои внимателно се создавале“, рече премиерот Христијан Мицкоски

Македонија | пред 7 месеци

nacev-mickoski

Мицкоски за осомничениот Нацев: Бил дел од Владата во 2016 година, тоа е последно што го знам

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Александар Нацев, кој е осомничен во предметот за пожарот во „Пулс“, бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016–2017 година, но нагласи дека нема понови информации за неговата улога или активност. Тој ја охрабри Јавната обвинителска служба да продолжи со истрагата и порача дека, доколку има основи за вина, институциите ќе добијат целосна поддршка од Владата за да постапуваат согласно законите.„Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година и тогаш обавувал некаква функција. Тоа е последното нешто што го познавам за Александар Нацев. И го охрабрувам Обвинителството и натаму да работи и ако има било кој вина, да дејствува, ние ќе им помогнеме“, рече премиерот Христијан Мицкоски.Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.МакедонијаГаздата на обезбедувањето, Нацев, зад решетки: одреден му е притвор од 30 дена во предметот за пожарот во „Пулс“AvatarОдСкопје1.мкОбјавено на 10/06/2025Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Тој е осомничен со проширување на истрагата за трагедијата во Кочани за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Притворот го изрече Судот во Кочани, потврдуваат оттаму за „Скопје1“.Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.По судска наредба, извршени се претреси на неколку локации и запленета е релевантна документација.Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-10-at-11.31.18

Премиерот за трагедијата во Кочани и побараните оставки: Владата се бори за правда и одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски, прашан за Кочани и барањата за оставки кои дојдоа од дел од родителите, рече дека Владата се бори да има одговорност и правда, за да не биде „како до сега“. Тој рече дека МВР асистира на обвинителите, а потоа пак обвини дека има политичари кои се некрофили.„Мислам дека Обвинителството постапува согласно истрагата. Тоа што Обвинителството бара од МВР тоа и се испорачува. Никој не треба да има дилема. Секој што е одговорен според Обвинителството, МВР ќе постапи така. Да ги оставиме да ја водат истрагата. Жалам што одредени некрофили од политичките партии се обидуваат да добијат политички поени, мислам дека им се враќа како бумеранг и не им успева. Јас нема да го политизирам случајот“, рече Мицкоски.Тој додаде: „Болката ќе трае цел живот кај родителите, а ние имаме одговорност да се бориме за правда. И сега гледате дека има правда“. 

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-sednica-2

Мицкоски: За Кочани не се помага со пресови, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи

На 34-тата годишна Конференција на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „34 години постоиме за младите“ свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, кој се осврна на повеќе важни теми, од кои и на злоупотребата на трагедијата во Кочани од страна на СДС и нивната манипулација со јавноста, со некрофилската политика којашто ја водат.„Третата работа драги господа е некрофилијата во СДСМ. Тоа е позната стратегија да злоупотребува колективни или индивидуални несреќи и да создава политики од нив. Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и се така по ред во духот на локалните избори“, вели Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, истакна дека нема да дозволи да се прави политика од трагедијата, притоа потенцираше дека СДС прави константно злоупотребување на трагични настани, со веќе препознатлива шема, со цел да се одвлече вниманието на јавноста.„Јас нема да дозволам на грбот на напатениот народ да прават политика и безобразно да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град. За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија, во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста“, рече Мицкоски.Тој наведе неколку случаи за време на владеењето на СДС кои завршиле неуспешно брез одговорност и откривање на вистина, притоа потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакви манипулации со човечки судбини.„Само ќе ве потсетам на неколку работи од минатото како завршија. Се сеќавате ли на трагедијата на малата Тамара, се сеќавате ли на трагедијата Мартин Нешковски, се сеќавате ли на жртвите од Смилковското езеро, се сеќавате ли дека истите овие луѓе, ветуваа правда, ветуваа мир, ја злоупотребуваа на некрофилски начин и тогаш и денес трагедијата на родителите и блиските на семејствата. Што добија? Тие станаа милионери, а вистината и тогаш и денес беше таа дека единствената политичка и владина опција којашто прави и сочувствува и сака да направи е Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да не дозволиме овие некрофили, кои повторно на човечката судбина манипулираат и се обидуваат да се вратат на власт“, вели Мицкоски.Тој истакна дека ќе продолжи владината поддршка за Кочани и најави дека наскоро ќе бидат соопштени деталите за проект на кој интензивно се работи и кој ќе биде од исклучително значење за сите жители на Кочани, со цел подобрување на условите за живот.„Што се однесува до владината поддршка за Кочани таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интензивно работам на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани и ова го работам заедно со канцеларијата на Европската Унија. Со тоа што историски, епски, драматично ќе го видоизмениме изгледот на подобро, на градот Кочани. Деталите за овој проект на кој интензивно работам, очекувам многу скоро од денеска да бидат соопштени на македонската јавност, нормално откако ќе бидат финализирани сите детали“, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-08-at-11.29.47

Мицкоски: СДС ги продаваше македонските интереси, а Владата ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, се обрати на 34 годишната конференција на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Една од темите за која тој говореше се однесуваше на опозициската СДСМ, и нивните политики кои, како што кажа, се целосно без вредности, без етика, а и базирани врз материјални интереси и моќ. Според него, Македонија победува на меѓународната сцена, а во контекст на ЕУ и позицијата која Македонија сега ја застапува, посочи дека Европа сега има слух за вистината за македонскиот идентитет.„Ги слушам од опозицијата како велат дека СДСМ ги градела темелите на Македонија. Сакам од овде, од Велес, од овој величествен настан, да ги прашам: Кои темели ги градевте вие? Дали оние темели кога во времето на транзицијата, ја ограбивте, опустошивте Македонија. Кога нашите родители губеа работа, кога со тажни чела и погледи не гледаа кога се враќаа од работа дома, затоа што имаа неизвесна егзистенција за себе и за своите семејства. Дали на тие темели зборувавте кога ја опустошувавте Македонија, кога стотици илјади македонски граѓани останаа без работа. Или пак, на оние темели кога го менувавте името, кога го менувавте знамето, и го прифаќавте оној срамен договор, со Бугарија, ставајќи ја Македонија во подредена улога? На тие ли темели зборувате?“, праша Мицкоски.Мицкоски посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ откако е на власт ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план, истото она коешто СДСМ го продаде. Тој додаде дека приказната за Македонија денес е позната и во Минхен, Берлин, и во Лондон, и во Брисел.„Позади нас се денови кога се боревме во Брисел, да биде усвоена резолуцијата со којашто се зборува за прв пат од осамостојувањето на нашата татковина, за посебен македонски вековен идентитет. За посебен, македонски јазик. За наследство коeшто е со векови старо. Кога не гледаа како се бориме, молеа бога да не успееме, кога гледаа како аргументираме, како на маса ја добиваме битката се молеа да не успееме. Им олесна, кога бриселските политичари одлучија извештајот да го поместат наместо пред неколку дена на 24 јуни овој месеци. Но нема бегање. Тој извештај ќе биде усвоен затоа што цела Европа и Брисел знаат за вековниот посебен македонски идентитет. И тоа ќе го поддржат, за македонскиот јазик којшто е факт“, вели Мицкоски.Мицкоски објасни дека политиките на СДСМ се само базирани врз материјални интереси, потреби и моќ, и тие делуваат без вредности, без етика. Според него, овој пат, Европа има слух за вистината за македонскиот идентитет.„Колку и да овие од опозицијата да се подаваат дека немало потреба, дека немало потреба дека тие кога е дошле ќе прифателе се што им било ставено на маса, па дури ако треба и од Македонци да ги избришеле. Само да има нови фабрики за марихуана. Само да има тендери. Само да има грабеж и пљачка. Тоа беше, драги пријатели, тажната вистина којашто Македонија ја живееше 7 години. Порази ограбување, опустошување, срам. Тоа се карактерните особини на денешната опозиција. И кога ќе ги видите и едните и другите и третите како заедно не напаѓаат, тогаш бидете сигурни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и оваа влада се на правиот пат на патот заедно со народот. Тоа е патот на иднината“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-08.32.43

(Видео) Гледаме како граѓанско движење за поддршка на Кочани преминува во политичко движење, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски обвини дека во Кочани, граѓанското движење за поддршка на градот, преминува во политичко движење.„Од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети и неисполнети ветувања и се така по ред, во духот на локалните избори“, рече Мицкоски.Претходно, владината портпаролка Марија Митева, рече дека личните навреди на протестот во Кочани кон политичари од власта се од политички структури.

Македонија | пред 7 месеци

koceski-mickoski-cupeska

(Видео) Чупеска откри дали имаат докази дека Мицкоски се меша во истрагата за „Пулс“, како и дали ќе поддржат разрешување на Коцески

Откако со денови, СДСМ објавуваше дека премиерот Христијан Мицкоски нарачал да се штитат полицајци кои се под негова закрила, за да не сносат одговорност за трагедијата во „Пулс“, потпретседателката на партијата Ана Чупеска, во „Претрес“ одговараше какви докази поседуваат за случајот.Таа прво рече „имаме наводи“, односно „информации“. Потоа, посочи дека кога ќе имаат докази ќе ги проследат до судот. Бидејќи велат дека Мицкоски ги штити полицајците преку Обвинителството на Љупчо Коцески, таа одговараше дали ќе поддржат негово разрешување преку Собранието.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=5042

Македонија | пред 7 месеци

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Македонскиот идентитет не е „сегашен“, Европа има шанса да исправи историска неправда, вели Мицкоски

Работната верзија од извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е – важна и значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историската неправда и истакна дека „ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик“, но дека европратениците имаат поинакви ставови.„За жал, од страна на некои негови колеги – пратеници кои доаѓаат од, за жал, нашата сестринска партија ГЕРБ – се предлага пред македонскиот идентитет да стои зборчето ‘сегашен’“, изјави Мицкоски.„Имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе во Европскиот парламент и во Брисел, и денеска ќе продолжам со истото. Ќе кажам дека, доколку тоа се случи, само уште еднаш ќе се потврди она за кое зборуваме цело време – а тоа е дека не станува збор за неколку стотини наши сограѓани кои се идентификуваат како дел од бугарската заедница во Македонија, туку за обид за создавање нова, вештачка, ‘сегашна’ македонска нација која почива на корените на бугарската нација. Тоа е суштината. Јас тоа нема да го прифатам. Ќе го отфрлам и никогаш нема да го прифатам, затоа што тоа нема никаква врска ниту со европските, ниту со какви било вредности“, рече премиерот Мицкоски.Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува „посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик“. Извештајот ќе се гласа в среда, а 4 јуни.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-arsovska

Мицкоски за Арсовска е „маче“, ВМРО-ДПМНЕ вели: Таа е уценета и врзана – со морков и со стап

Градоначалничката Данела Арсовска, го нарече премиерот Христијан Мицкоски дека е „маче“ а не „лав“. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека нападите кон нивниот лидер се по нарачка на СДС и Али Ахмети. Ставот на Арсовска дојде откако Мицкоски посочи дека има вистина во тоа дека таа прави „дестабилизација“ пред изборите. Арсовска пак тоа го сметаше како покажување на сила кон жена.„‘Лавот’ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Не смее на криво да ги погледне, не пак да бара одговорност за криминал. Лав? Маче. На 150 констатирани дивоградби, поткрепени со целосна документација, со снимки од лице место, ти не смееш да писнеш. Сила покажување на жена, наместо кај криминалци. Што значи тоа “ќе видиш ти”? Што ќе видам, ќе ги реализирате заканите или ќе пак ќе фалсификувате и ќе фабрикувате лаги за да ме девалвирате. Што и да направиш сите ќе знаат дека е од тебе и дека е во функција на заштита на криминалот на ВЛЕН, Изет Меџити и Висар Ганиу! И престанете со приказната за “дестабилизација”, никој не верува на тоа. Ви се дестабилизира сѐ на вас кога немате одговор за криминалот. Кога ќе ве фатат со рачињата во медот. Тогаш е дестабилизација. Мицкоски, кога мафташе со наводниот фалсификат за “Пулс” за 15 минути постапи МВР. Две недели презентирам документи за флагрантен криминал, а полицијата не смее да прими пријава од мене. Ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува. Срам сте вие, не гордост“, напишала Арсовска.Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат: „Додека таа лае по Мицкоски, нејзините вистински газди – градоначалникот на Сарај и раководството на ДУИ – си ја завршуваат работата во тишина“.„Данела Арсовска е главниот инструмент на ДУИ во борбата против ВМРО-ДПМНЕ. Таа е уценета и врзана – со морков и со стап. Преку бизнис интереси, преку лични слабости, преку емотивни врски и релации, ДУИ ја држи целосно под контрола. Секој што имал средба со неа гледа дека нешто не е во ред, дека жената има внатрешен немир, лична конфузија и политичка дезориентација. Арсовска одамна не одлучува сама – таа е само гласноговорник на интересите на СДС и на Ахмети, а неволно или свесно, соработник на криминалот кој го притиска Скопје. Додека таа, со залутан и празен поглед – веројатно резултат на емоции и нарачки темелени врз уцени и лични слабости – напаѓа и скока во јавноста барајќи внимание кое, наместо да го добива за проекти и резултати, го бара секогаш кога сме пред избори, и тоа преку дрски и невоспитани напади кон ВМРО-ДПМНЕ, без да изусти збор за ДУИ и СДС, можеме само да констатираме дека ваквиот недоличен однос зборува најмногу за неа – и за друштвото со кое редовно се среќава по скопски Сарај и со кое сè почесто патува. Жалиме за тоа што ѝ се случува, и ќе издржиме уште неколку месеци сите ние како граѓани во овој политички театар што ни го приредува. А потоа, кога ќе ѝ заврши „употребната вредност“ за оние што сега ја командуваат, само ќе ѝ посакаме среќа во емотивните разрешници. Штета е што во овие 3,5 години, жената се разбудила од емоционалната сенка само трипати. И секој пат – пред избори. И секој пат – против ВМРО. Жално е, но уште пожално е изгубеното време за Скопје и за Македонија. Време кое ќе го надокнадиме по локалните избори – со нова енергија, со силни реформи, со проекти што се гледаат и со работа што ќе се почувствува. Скопје ќе добие шанса за нов почеток, откако ќе си замине срамот што денес го претставува. Нејзините лажни пријави не можат да ја сокријат вистината, дека со нејзин потпис се вршеа милионски криминали, дека се потпишуваа договори со сомнителни фирми, дека се спроведуваше политичка одмазда врз вработените, а улиците на главниот град беа претворени во дупки и руини“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 месеци

mickoski-arsovska

(Видео) Има вистина дека Арсовска се користи за дестабилизација пред изборите, многу скоро јавноста ќе дознае други детали, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење поради информациите дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, добива закани по живот, повикувајќи ја веднаш да ги пријави заканите во Министерството за внатрешни работи.„Навистина жалам ако се случува тоа. Ја охрабрувам веднаш да појде во МВР, а МВР да испита кој стои зад заканите и веднаш да постапи“, изјави Мицкоски, коментирајќи ги тврдењата на Арсовска дека заканите се поврзани со нејзините објави за дивоградбите во Општина Чаир.Тој даде коментар и за изјавата на Изет Меџити, кој рече дека Данела Арсовска се користи како средство за дестабилизација пред изборите.„Има вистина тука, има вистина. И тоа впрочен е јасено на сите. Но, еве, јас не би имал повеќе од тоа што го кажува Меџити и Ганиу. Многу скоро јавноста ќе дознае други детали“, додаде Мицкоски.

Скопје | пред 7 месеци

unnamed-1

Мицкоски со повик до пратениците: Ајде да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат измените на Изборниот законик за една изборна единица, но како што рече да се дозволи и дијаспората да гласа.„Што се однесува до законот за локална самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се избираат градоначалници, советници итн. Не е целта дали имаме резиденти или нерезиденти. Но, кога веќе го поставувате тоа прашање, јас еве би ве повикал заедно сите да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица. И во таа една изборна единица да дозволиме и дијаспората да гласа, да дозволиме да се формираат избирачки места во оние држави во кои се дозволува согласно Устав да се формираат избирачки места надвор од Дипломатско конзуларните претставништва“, вели тој и додаде:„Еве јас сум подготвен одма, ги гледам пратениците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржиме тој закон каде што ќе имаме една изборна единица. И да не филозофираме зошто олку или толку советници, еве одма да го отвориме ова прашање и да го затвориме. Да имаме една изборна единица, и во таа една изборна единица да се гласа вклучително да бидат вклучени и гласовите од дијаспората и тоа не само во ДКП, туку насекаде онаму каде што дозволува законот на таа држава да се гласа надвор од ДКП. Веднаш сум подготвен да го поддржам тој закон и ви давам збор дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи“.

Македонија | пред 8 месеци

Untitled-1

Не бегам нека постапат по пријавата, ако нема одговорност ќе чекам Левица да се извинат оти може да има и спротивна пријава, вели Мицкоски за кривичната

Премиерот Христијан Мицкоски очекува извинување од Левица, ако Обвинителството не утврди одговорност кај него дека ги прекршил законите, а по обвинувањата кои ги доби дека правел пазар со обвинителот Љупчо Коцевски.„Јас го повикувам Обивнителството да се произнесе по пријавата и ако постои такво кривично дело, да постапи по истата. Јас не се кријам и не бегам. Ако сум го прекршил законот, спремен сум да одговарам пред граѓаните. Да не чекаат ниту една минута. Прашањето има повеќе политика отколку право. Ако нема моја кривична одговорност, очекувам правниците во Левица да се извинат. Зошто може да има спротивна кривична пријава, за лажно пријавување и клевета“, рече Мицкоски.Претходно:

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-28-at-12.12.46

Мицкоски повика на единство за европска резолуција за македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата на заедничко делување за да се обезбеди поддршка во Европскиот парламент за резолуција со која се признава македонскиот идентитет и јазик.„Македонскиот идентитет и јазик се факт. Секој што ги негира, е против европските вредности“, изјави Мицкоски, додавајќи дека секој европратеник што нема да гласа за резолуцијата е „анти-ЕУ“.Изјавата следи по најавите дека Европскиот парламент наскоро ќе усвои извештај за напредокот на Македонија, каде во четири точки се признава македонскиот идентитет и јазик — првпат со таква формулација во европски документ.Мицкоски ги повика СДСМ и ЛДП да лобираат кај сестринските партии, а најави и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати делегација во Брисел. Расправата во ЕП е закажана за 4 јуни, а гласањето се очекува во јули.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања