МИЦКОСКИ

mickoski-rakometari

Мицкоски со поддршка за ракометарите: Заедно сме, главата горе

Премиерот Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари.„И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???За Македонија”, напиша на Фејсбук премиерот Мицкоски.Македонската ракометна репрезентација на вториот натпревар на Светското првенство претрпе пораз од Холандија со 37:32.,,Колку и да не сакам да зборувам и да се правдам поради нешто кога имате 12 пенали, колку и да биле добри да дојдат до тие пенали, 12 пенали еден тим да има и да имаме толкав број на исклучување ,тешко е како тренер да го водите тимот. Ние речиси 20 минути бевме со играч помалку и од нивната игра е тешко да се браниш, уште повеќе кога сте со играч помалку. Треба да напаѓаш и ако не постигнеш гол, веднаш примаш, а и дададе веднаш го враќаат. Тоа беше и некоја стратегија да бидеме со играч повеќе, им кажав на момците дека треба да играме цврсто и да се бориме, по цена и да имаме што помалку исклучувања. Нивните полуконтри и брзи центри се неодбранливи“, рече тренерот Кире Лазаров.Следниот меч го играме со Гвинеја во недела од 18 часот. Со победа одиме во следната фаза на Светското првенство.

Македонија | пред 1 година

03012025_Mickoski

Мицкоски: Апелација докажа дека СДСМ е клеветничка партија

Апелациониот суд досуди во корист на премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски против партијата СДСМ за клевета.СДСМ на својот профил напишала: Антизападниот шпион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски.Еве што напиша Мицкоски по пресудата на својот ФБ профил:„Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија.По којзнае кој пат, откако сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници.Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат.Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги 'испере'“.Мицкоски ја објави и пресудата.

Македонија | пред 1 година

14012025_MICKOSKI-2

(Видео) Мицкоски: Пуштена е делницата Градско - Дреново

„Пред малку, пред да почне овој настан, имав можност да разговарам со работниците коишто учествуваа во изградбата на овој пат. Затоа што често пати политичарите доаѓаат на овие настани, сечат лента и си заминуваат. И некако, како да тие коишто и зиме и лете и дење и ноќе оставаат дел од својот живот градејќи ги овие градби, некако како да остануваат заборавени. И имав чувство дека овој пат, најпрвин, треба овој настан треба да започне токму од нив, да ги стегнеме тие вредни работнички раце и да им се заблагодариме, гледајќи ги во очи овие луѓе. Бидејќи сите ние имаме своја заслуга, но тие ја имаат најголемата заслуга, и јас затоа од мое име и од името на Владата им благодарам за сето ова што го правеа“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Исто така сакам да напоменам, иако не сум видовит, но некако како да изостана тој момент кога од опозициските партии, пред да се случи овој настан, доаѓаат на оваа градба или на градбите и се сликаат и го претставуваат како свое дело. Сакајќи на тој начин да ги политизираат работите.Денеска тоа, немам информации дали се случи или можеби ќе се случи после овој настан. Но, како и да е јас ја користам оваа прилика да кажам дека оваа градба е за македонските граѓани, тие ќе ја користат. Ова не е политичка градба, нема никој од политичарите да ја стави во џеб и да си ја носи дома. Граѓаните се тие коишто ќе го користат сето ова. И меѓу другото еве да им се заблагодарам и на опозициските сега партии коишто додека беа власт, во рок од 7 години не успеаја да ја завршат, па мораше оваа Влада предводена од коалициската „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ во којашто составен дел се коалицијата ВРЕДИ и политичката партија ЗНАМ, ја завршија и нека ни е аирлија и со среќа да си ја користат граѓаните.Ќе продолжиме и понатаму да ги развиваме проектите, тоа е многу значајно за нас, бидејќи ние сме земја којашто во суштина нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како што е нафта и гас, и тоа во одредена смисла на зборот претставува некаков си недостаток. Но она коешто ние го имаме, другите балкански земји го немаат. А тоа е дека ние сме природна раскрсница на многу важни два паневропски коридори. Тоа се Коридорот 8 и Коридорот 10. Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков преубав експресен пат, којшто ги поврзува градовите Куманово и Крива Паланка, односно од местото Чатал преку Длабочица до Крива Паланка или од местото Страцин попознато за оние коишто патуваат кон нашиот источен сосед Бугарија. И сега го пуштаме овој пат преубав од Градско, Дреново- Фариш којшто е дел од Коридорот 10, во суштина отсечката 10Д. А, за неколку дена од денес, ќе го пуштиме првиот дел од пругата кон Бугарија, којашто треба да го поврзе Куманово со Бељаковце. И ова се три проекта коишто треба да го одбележат почетокот на оваа година, коишто многу лесно можеше да бидат споменици на едно лошо време, коешто сите се трудиме да остане во заборав и коешто лошо време нѐ влечеше назад.Кога бевме избрани како Влада, имавме дилема. Дали да се однесуваме како нашите претходници и да кажеме дека животот започнува од нас и дека сѐ што било претходно треба да заборавиме и дека ние сме тие коишто се најпаметни и најмногу знаеме. Или пак, сето она за коешто се потрошени народни пари, ваши пари, пари од македонскиот буџет да го завршиме и да го пуштиме во употреба и покрај предизвиците и сите недостатоци коишто ни ги оставија. Ние одлучивме да го направиме ова второто, бидејќи ценевме дека тоа е правилниот начин како се постапува со тешко, макотрпно, мачно заработените пари на македонските граѓани коишто тие ги уплаќаат во буџетот. И еве денеска сведочиме една таква градба.Продолжуваме и понатаму, не застануваме тука. Договорени сме со Јавното претпријатие државни патишта да продолжи проектирањето на делот до Прилеп преку Плетвар. Оној дел којшто треба да се прошири, да се надгради. А истовремено, со не смалена динамика, продолжува, не започнува, таа е започната, но продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола. И очекуваме и таа отсечка автопатска да биде час поскоро завршена. И се обидуваме да најдеме начин како да обезбедиме средства да ја завршиме обиколницата околу Битола до граничниот премин Меџитлија. Со што на еден брз начин би се користела и оваа отсечка од Коридорот 10 или отсечката 10Д, преку којашто стотици илјади, би рекол милиони возила годишно се обраќаат.Исто така, продолжуваме и со Коридорот 8, изградбата на Коридорот 8. А тоа е автопатот којшто треба да ги поврзе Гостивар со Букојчани, потоа тендерската постапка којашто треба да ја поврзе Букојчани со Кичево. И со не смалена динамика се градеше додека не заврна, долго очекуваниот снег, оној познат автопат којшто треба Кичево да го поврзе со Охрид. Со што би ја завршиле и таа делница којашто е дел од Коридорот 8. Очекувам дека отсечката од Врбјани до Охрид, можеби со мало исклучување кај месноста Ботун, да биде пуштена на почетокот од оваа туристичка сезона, таму втората половина на мај, првата половина на јуни. А целосно, таа делница да биде затворена до крајот на 2026 година.На тој начин, се сака и се гради татковината. На тој начин, ние правиме подобри улови за граѓаните и на тој начин ќе продолжиме да работиме, затоа што само така можеме да покажеме дека принципот како до сега, заврши и остана на една друга страна од нашето минато. И дека е сега моментот кога, ја градиме државата и на тој начин Македонија се сака со дела, и Македонија ќе биде повторно горда.Она што исто така сакам да го споменам е благодарност до амбасадорот Рокас, до Канцеларијата на Европската Унија за сето тоа што го прави за нас, и како држава и како граѓани. Бидејќи на тој начин преку реални проекти, преку проекти коишто сите можеме да ги видиме и користиме, можеме поблиску да ја доближиме Европската Унија и европските вредности до граѓаните. И убеден сум дека вакви проекти заедно со Канцеларијата на Европската Унија, во годините коишто следат, ќе завршуваме.Исто така дозволете ми да се заблагодарам до заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, господинот Александар Николоски, до директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тие се одличен тандем, навистина одлично работат имаат навистина добра екипа создадено, креирано и ги испорачуваат очекувањата на граѓаните.Сакам исто така, да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам до колегите професори и поддршката од Градежниот факултет, бидејќи некако колегите не ги споменавме во претходните говори. Многу голема благодарност, бидејќи Градежниот факултет исто така тука многу помогна. Министерката, се разбира, Гордана Димитриеска Кочоска, министерката за финансии, којашто исто така учествуваше во оној почетен дел кога се оградуваше, ослободуваше оној дел којшто беше закочен. До пратениците за поддршката во Парламентот, до сите членови на Владата исто така. До градоначалниците од Пелагонискиот регион кои инсистираа за трајно решение за оваа патна инфраструктура. Буквално на секој еден којшто остави дел од својот живот, за да ова денеска коешто ние го гледаме, биде реалност“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

08012025_Mickoski_Stip_2

Мицкоски: Пуштен е во употреба клон од детска градинка и спортска сала во Штип, продолжуваме посветено да работиме

„Задоволство е денеска да се биде овде Штип. Сепак три проекта се значајни за квалитетот на живот на штипјани.На овој начин сакам да се заблагодарам на поканата на градоначалникот, а воедно да изразам и благодарност до членовите на Владата коишто се денеска тука со мене, но и на пратениците и на сите останати коишто денеска даваат поддршка на овие проекти, бидејќи на овој начин само ќе го направиме животот на штипјани поквалитетен.Како што кажа и градоначалникот, тука не застануваме, продолжуваме и понатаму. Веќе, ако не се лажам, следната недела ќе започне проектот којшто беше дел од оној прв повик на Владата, тоа е обиколницата, проект вреден околу 2 милиона евра и понатаму веќе од втората половина на овој месец јануари ќе го објавиме новиот повик за проекти коишто ќе бидат финансирани од Владата.Овде во Штип се планирани проекти да се финансираат во вредност од 6 и половина милиони евра за следната година и така продолжуваме и во иднина. Ја развиваме Македонија насекаде. Знаеме дека на тој начин само ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните.Уште еднаш, голема благодарност до градоначалникот, до штипјани, до советниците, до администрацијата, пратениците, членовите на Владата, коишто учествуваат во сите овие проекти коишто значат подобар живот за граѓаните, што претставува и наша цел и задача, но и она коешто сме го ветиле пред граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Мицкоски: Оваа година ќе биде година на напредок, како Влада работиме на тоа

„Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање“, рече премиерот Христијан Мицкоски по централната литургија по повод празникот Божиќ и додаде:Христос се роди, навистина се роди.Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес во секој план, тоа нормално го посакувам и за тоа како Влада во годината којашто следи ќе работиме. Уште еднаш дозволете ми на сите да им го честитам Божиќ и да им посакам убав и мирен ден.“

Македонија | пред 1 година

mickoski4crkva

Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Божиќ.„Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божиќ нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас.Во време кога предизвиците се бројни, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина. Нека Божиќ биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок.Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество.Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските.Нека Божјата милост нé води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор.Христос се роди!“, се вели во честитката на премиерот.

Македонија | пред 1 година

03012025_Mickoski

(Видео) Мицкоски: Ќе се гради нов мост кај Башино Село, постојниот е небезбеден за сообраќај

„Градоначалникот кажа најголем дел од деталите коишто се поврзани со за жал ова што мора да се случи сега и мора да го направиме овој чекор, бидејќи не сакаме да дојде до последици коишто ќе значат и губење на човечки животи. За жал, во минатото иако се констатирало, иако градоначалникот уште во 2018 година, тогашниот, апелирал до тогашната Влада да се реконструира, да се посвети внимание на овој мост. Добро е да се знае дека овој мост е изграден во 1971 година, како времено решение од страна на тогашната Армија. После толку години, еве би рекол ако денеска го гледаме, тоа се 53 години, ова времено решение полека но, сигурно станувало некако трајно решение и дојдовме до состојба во којашто мора да се преземат вакви чекори“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Јас од мое име би сакал да им се извинам на велешани и на сите оние граѓани, коишто во следниов период за жал ќе имаат зголемен сообраќај низ Велес и нема да може да се користи овој мост за сообраќај. Навистина жалам што ова мора да се случи но, подобро да ние примиме некој политички куршум, отколку да не дај боже загубиме човечки живот, 53 години за жал ништо, 54 година ништо не се направило.Колегите од Градежниот факултет и покрај тоа што, ќе повторам градоначалникот тогашен уште во 2018 година апелирал и покрај тоа што во 2019 сменета категоризацијата од локален во државен ништо не е направено. Станува збор за седум милиони денари, коишто се барани за санација на истиот.Ништо не е направено и сега сме доведени во ситуација во којашто сме, да колегите од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, донесат заклучок во којшто се вели дека, во овој момент се забранува секако вид на сообраќај на овој објект, бидејќи конструкциите се од висок ризик. Инаку вака од прилика изгледаат хоризонталните носачи. Еве да видите како изгледа отприлика. Практично комплетно имаме уништена и арматура и бетонска конструкција отприлика вака сетo тоа изгледа.Еве отприлика уште некоја слика да видат граѓаните како сето тоа изгледа, тоа е целосно уништено. Припадници од Министерството за внатрешни работи од специјалните единици, се тука има и нуркачки активности, за да може колку толку да снимаат одоздола, во делот на темелењето за да може да им се даде на колегите од Градежниот факултет, час поскоро да го изготват тоа техничко решение, за коешто зборуваше градоначалникот, за да може во следните до 90 дена максимум, имаме каков таков сообраќај барем во едната лента, преку користење на сигнализација со семафор. А на некој си би рекол 50 метра подоле, здравје боже во втората половина од оваа година ќе почне изградбата на новиот мост. Од директорот на Јавното претпријатие државни патишта, сум информирам дека следниов период, следниве недела-две, месец најдоцна, ќе заврши повикот за избор на проектанти. Тие веднаш ќе можат да почнат да проектираат. Месец и половина, до два, би било проектирањето, а потоа јавна набавка, тендер и очекуваме некаде втората половина од следната година да биде изготвен проектот, изведувачот да се избере и така натаму и да може да се изгради новиот мост.Во еден момент како што кажа и градоначалникот ќе имаме и времен сообраќај овде и градба на нов мост. Здравје боже за брзо од денеска ќе имаме многу побезбедна би рекол стабилна комуникација во рамките на градот Велес.Ја користам можноста еве да уште еднаш, им се извинам на жителите на Велес и на околината, којшто периодов ќе бидат би рекол сведоци на зголемен сообраќај којшто ќе се случува низ градот Велес. Но, ќе повторам, затоа сме тука. Јас заедно со колегите и министерот за транспорт и вицепремиер, министерот за внатрешни работи, пратениците се тука, градоначалникот, директорот на Јавното претпријатие. Подобро ние да бидеме тие коишто ќе ја понесат таа политичка тежина, отколку не дај боже да загубиме човечки живот и тогаш после, сите ние да бидеме виновни, зошто сето тоа не сме го направиле порано. Затоа се одлучивме на овој чекор“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

03012025-Mickoski-13

Мицкоски: Се што договоривме со Синдикатот за повисоки плати во здравството, како Влада ќе го испочитуваме, продолжува растот на плати

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада.„Владата секако дека ги почитува договорите, па дури и оние коишто се преземени како обврска од претходната Влада, но тоа е што е, а камо ли па своите договори. Ние имаме договор со синдикатите, постигнавме историски договор со синдикатите на долг рок во следните четири години и после оние првични 10% зголемување на паричната маса за исплата на плати, па во рамките на таа парична маса кај техничкиот персонал имаме поголемо процентуално зголемување, кај докторите помало, но генерално оние 10% зголемена парична маса во октомври се случи, односно од ноември за октомври, истото тоа сега ќе се случи од април за март практично, тие 5% ќе се зголеми и така ќе се зголемува во следните 4 години. Рековме доколку буџетот дозволува просечно таа парична маса за исплата за плата на вработените во здравството ќе биде зголемена до 50%, нешто што претставува историски голем успех би рекол и ќе продолжиме понатаму да го подржуваме здравството“, објасни премиерот Мицкоски.Претседателот на Владата Мицкоски посочи дека во наредниот период ќе има и структурни реформи во здравството за граѓаните да ја добијат здравствената услуга која им е потребна.„Сега ќе следат и структурни реформи во овој процес и мислам дека со тек на време граѓаните ќе ја добијат онаа здравствена услуга којашто им е потребна. Тука ве молам да не ги заборавиме и оние специјализанти коишто исто така рековме ќе бидат вработени, обезбедивме средства за истите и истите тие ќе бидат вработени, да не биде голгота како до сега, по принципот како до сега“, кажа премиерот и додаде:„Да не заборавиме и дека повеќе од 1.000 нови вработувања ќе имаме во здравството, нешто што го ветуваше и министерот за здравство. Процедурата е почната само треба оние формални чекори да бидат завршени, така што навистина многу внимание ќе посветиме и посветуваме на здравството.“

Македонија | пред 1 година

03012025-Mickoski-9

Обезбедени се средства во Буџетот за линеарното зголемување на пензиите за 2.500 денари, кажа Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.„Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно како што доаѓа исплатата на пензиите практично самиот крај на март, почетокот на април за мартовската пензија. Оние дополнителни 2500 денари линеарно зголемување. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија“, објасни премиерот.

Македонија | пред 1 година

03012025-Mickoski-8

(Видео) Мицкоски: Се пушти во употреба реконструираната спортска сала „25 Мај“ во општина Радовиш

„Проекти коишто беа започнати, во рекордно време завршени. Нешто што претставува навистина за мене импозантен успех и за тоа би сакал да му честитам и на министерот за спорт и на градоначалникот на Општина Радовиш и на сите оние коишто беа вклучени во реконструкцијата на овој објект, да ја, од оној изглед којшто го имаше во минатото, изгледа навистина вака европски, репрезентативно“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Очекувам голем дел одбојкарски, кошаркарски, ракометни репрезентативци да произлезат од овој објект. Пингпонгари се разбира, борачи коишто ќе го користат овој објект, затоа што Радовиш во минатото бил расадник на многу македонски спортски великани, така очекувам и во иднина да се продолжи.Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите проекти. Спортот ни е во фокусот. Како што кажа и министерот, без инфраструктура не можеме да бараме и резултати. Значи многу е важно да ја имаме онаа базична, основна инфраструктура, согласно приоритетите на Владата и потоа и да очекуваме и да бараме резултати од оние коишто ќе ја користат оваа инфраструктура.Знам дека, и министерот за спорт на територијата на цела Македонија, и овдека во Радовиш, градоначалникот имаат исклучително амбициозна агенда. Едниот со спортската инфраструктура, другиот покрај спортската, има и градоначалнички приоритети. Инфраструктура којашто ја бараат радовишани се разбира, којашто им е потребна.Сега ќе го објавиме новиот повик. Некаде од прилика средината на јануари, крајот на јануари, втората половина на јануари којшто ќе трае три месеци и ќе можат општините, нормално повторно со проекти да конкурираат, а ние како Влада да ги финансираме во делот на инфраструктурата.Така што очекувам нови булевари, нови улици, нови канализации, нови водоводи, нови градинки, нови училишта, реконструкција на истите, нови спортски објекти и така натаму, и така натаму. Сакам да кажам дека остануваме посветени на она коешто го ветувавме на граѓаните.Уште еднаш на крај, да им честитам, дозволете ми, и на министерот за спорт и на градоначалникот и на сите коишто беа вклучени да овој објект вака изгледа. Знам колку и пратеничката се бореше во сиот овој период и во рамките на буџетот да бидат предвидени средства. Затоа сакам да им честитам на сите оние коишто учествуваа во реализацијата на овој и во реализацијата на минатите, но и на идните проекти овде за Општина Радовиш“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

01012025_MICKOSKI_MIHAJLOVO-8

Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти

„Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за навистина овој прекрасен објект, оваа ски- стаза. Дозволете ми да се заблагодарам и на сите оние општествено одговорни компании кои што учествуваа во изградбата на оваа стаза“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост.Така што уште еднашка еве да не должам кажа градоначалникот се, дозволете да му честитам на него, на сите они кои што ја подржуваат работата, на пратениците од македонскиот парламент, членовите на македонската влада, советниците, администрацијата во општина Кавадарци, општествено одговорните компании, сите буквално кои што придонесуваат со својот ангажман во тоа да Кавадарци како општина навистина претставува едно прекрасно место за живеење.Ние како Влада и во иднина ќе продолжиме да помагаме. Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата.Така што заеднички кога се работи, успехот е тука. Уште еднашка честитки и со лесно нека се користи, со убаво нека се користи оваа ски- стаза“, соопшти Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

31122024-Mickoski-pres

(Видео) Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

„Во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. Имајќи ја во предвид очајната финансиска состојба во Јавното сообраќајно претпријатие се наметна темата дали тоа воопшто ќе продолжи да работи, да функционира и се доведе во прашање имплементацијата на самата мерка за бесплатниот превоз на студентите“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Станува збор за наследен проект и проект кој беше заглавен со многу недоречености и долгови.Дополнително на ова, свесни за фактот што студентите се иднината на нашата држава, но и за тоа дека, секојдневно се соочуваат со големи предизвици, високи трошоци за школување, сместување и живот. Во вакви околности, јавниот превоз е еден од главните трошоци за студентите.Затоа Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното сообраќајно претпријатие, за да може оваа мерка непречено да се реализира и следната календарска година. Тоа е едно дополнително олеснување на образовниот процес на студентите и една грижа помалку за нив, од финансиски аспект.За потсетување, претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам, треба да бидат спокојни, затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда на тоа.Во изминатите нешто повеќе од 6 месеци имавме редовна и отворена комуникација со младите, со студентите за што повеќе ќе говори министерката. Често дискутиравме за нивните потреби, барања и наталожени предизвици.Бесплатниот јавен превоз ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, со што тие ќе можат повеќе да се фокусираат на своите студии и личен развој.Оваа мерка има се разбира и еколошки аспект. Поттикнувајќи ги младите да го користат јавниот превоз, намалуваме употреба на приватни возила, со што придонесуваме за почист воздух, помали емисии на штетни гасови и поздрави градови.Сакам да истакнам дека наследивме Влада со многу проблеми, но ги решаваме, целосно посветени на она што преставува реална потреба на сите граѓани. И во последниот ден од оваа година сакам да посочам неколку работи. Надежта се роди и очекувањата се големи. Ќе работиме до ситните часови, и секој ден така, само за да не ги изневериме очекувањата на граѓани“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

31122024-Mickoski

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

„2024 беше година на тешки и сериозни околности не само кај нас, туку и во целиот свет. Војните во повеќе региони, трагедијата на жртвите и ранетите, економското влијание од сето тоа, но и даноците и ефектите од постапките на неодговорните политичари кај нас, ги живеевме и сè уште живееме сите“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„2024 беше година кога граѓаните избираа каква иднина сакаат и одбраа одлучни и убедени како никогаш до сега, Македонија да биде повторно нивна. Таа победа не беше само број, тоа беше јасен мандат од народот за нов пат и нова визија. Ве уверувам ние ја почитуваме и ја чуваме таа доверба и секој ден работиме напорно за да ги исполнуваме ветувањата кои ги дадовме и ние таа заклетва и одговорност не ја забораваме.Како Влада наследивме држава која тонеше во криминал и нефункционалност, која се соочуваше со сериозни проблеми, а турбуленциите и економско-социјалните и институционалните предизвици однесоа многу време и енергија.Можеби работите за некого не одеа со посакуваната брзина, но ве уверувам дека ова е единствениот пат и дека се е работа на добро осмислен план, според кој свесни за вашите очекувања ќе ги реализираме ветувањата и ќе го направиме тоа што го очекувате од нас, тоа за кое не одбравте.Чекор по чекор се изодува патот од илјада милји, и верувајте нема покус пат, туку има само исправен пат и соодветни чекори. А ова што ние го правиме е токму такво чекорење по патот до заедничката цел.Во овие 6 месеци направивме низа на чекори кои требаше да ја стабилизираат економијата, и кои доведоа до посакуваниот раст од 3 проценти кој претходно дури и во проекциите за Светската банка беше недостижен. Следната година планираме уште поголем раст, очекуваме сериозен исчекор во овој дел и нови убави вести, ефекти кои ќе ги почувствуваат сите граѓани.Ги зголемивме пензиите, линеарно за две и половина илјади денари, а од март следната година следува ново покачување од две и половина илјади денари. Постигнавме зголемување на платите во образованието за минимум 46% во следните 4 години, додека тие во здравството тие веќе пораснаа за 10 проценти, а во следните години, во следните четири години ќе пораснат за 40 до 50%. Вработуваме 300 млади доктори и специјализанти. Се отпочна со мега проект за реализација на капитални проекти за општините од 250 милиони евра, во нови градинки, училишта, спортски сали, водови. Обезбедивме 250 милиони евра за развој на стопанството под супер евтина камата од 1.95%, имаме историски највисока поддршка и откупна цена за лозарите, тутунарите, оризопроизводителите и останатите земјоделци.Постигнавме рекорд за привлекување на странски инвестиции над 1 милијарда евра и обезбедивме или забрзавме 8 нови странски инвестиции за нови 2.800 вработувања и многу, многу други проекти. Отворивме и фронт за борба против криминалот и корупцијата. Со докази, чекор по чекор, но одлучно.Имаме уште многу работа. Со уште поголемо темпо и уште поодлучна акција.2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите.Ќе бидеме фокусирани на повеќе области, но приоритетно на 3 теми.1. Економски и социјален раст и развој и повисок стандард. Повеќе пари за сите.2. Создавање на ред и систем, јакнење на институциите и борба против корупција, решавајќи ги притоа во од заостанатите и преостанатите дефекти на корупција во системот на сите нивоа како и нивните поддржувачи и соработници.3. Интеграција во ЕУ и спроведување на реформи за членство во ЕУ, дури и ако опстојат предизвиците за почеток на преговорите, кои чекор по чекор ќе се трудам да ги надминуваме.На трите теми ќе правиме максимум со добро осмислен план и тајминг на активности.Во 2025 година ќе се пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка, како и Градско-Прилеп. Ќе биде готова првата фаза од пругата кон Бугарија, додека интензивно и без застој ќе се градат автопатите Гостивар – Букојчани, Прилеп-Битола и Кичево-Охрид. Ќе почнеме со градба на автопат Тетово-Гостивар. Ќе растат платите во повеќе области, како и пензиите. Ќе обезбедиме ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти како и евтини кредити за млади до 30 илјади евра. Ќе има проекти и мерки за сите граѓани, Македонци, Албанците, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати. Ќе работиме за сите посветено и одговорно, за ваш подобар и поквалитетен живот.2025 година ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа!Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие граѓаните ја посакувате и каква што сите ние заедно ја заслужуваме. Македонија, која ќе биде повторно ваша! Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов! Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани“, посака Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

27122024-Mickoski

Мицкоски: Од дупките ќе бидат извадени сите доушници и како глувци ќе одговараат

Премиеот Мицкоски реагира потврдата од Министерството за внатрешни работи дека е приведено лице, син на екс висок функционер, поради истекување информации за акцијата против криминалната група „Беланоца”.Кртовите, рече премиерот, кои оддаваат службени тајни за полициски акции и сакаат да ги заштитат криминалните банди се последица на седумгодишното владеење на оската СДСМ и ДУИ и се додека има рецидив од таквото управување, ќе се појавуваат кртови.„Тие кртови ќе бидат пронајдени и извадени од дупките од коишто се кријат и како глувци ќе одговараат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

13122024_MICKOSKI-1

Мицкоски не се согласува дека е незаконски начинот на кој треба да се бара одговорност од Судскиот совет

Премиерот Христијан Мицкосли вели дека не би се согласил, врз основа на мислењата што ги има од областа и од уставните експерти, дека начинот на којшто треба да се побара одговорност од членовите на Советот, е незаконски и неуставен.„Јавноста и граѓаните ги оценуваат со најниска доверба. Ако ние мислиме да им угодиме на овие луѓе и да останат уште подолго таму за подлабоко да тонеме во политичкото мочуриште, заглавени во сето она коешто го направија во изминатиот период, затоа што имаме неколкумина што не постоеја до сега и сега наеднаш се вознемирени и се јавуваат на површината – таква намера немаме да правиме“, рече Мицкоски.Како Влада нема да работиме нешто што е спротивно на законот и Уставот, па така ни во овој процес, вели премиерот во врска со најавата за разрешувања на членови на Судскиот совет избрани од Собранието.„Ние работиме во интерес на граѓаните согласно закон и устав, а да, ќе се појавуваат таков вид таканаречени експерти коишто ќе толкуваат вака или така, но едно е јасно, а тоа го кажуваат граѓаните – дека овие луѓе се со доверба од 2 проценти и не ја заслужуваат повеќе платата којашто ја земаат“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања