МИЦКОСКИ

13122024_MICKOSKI-1

Мицкоски не се согласува дека е незаконски начинот на кој треба да се бара одговорност од Судскиот совет

Премиерот Христијан Мицкосли вели дека не би се согласил, врз основа на мислењата што ги има од областа и од уставните експерти, дека начинот на којшто треба да се побара одговорност од членовите на Советот, е незаконски и неуставен.„Јавноста и граѓаните ги оценуваат со најниска доверба. Ако ние мислиме да им угодиме на овие луѓе и да останат уште подолго таму за подлабоко да тонеме во политичкото мочуриште, заглавени во сето она коешто го направија во изминатиот период, затоа што имаме неколкумина што не постоеја до сега и сега наеднаш се вознемирени и се јавуваат на површината – таква намера немаме да правиме“, рече Мицкоски.Како Влада нема да работиме нешто што е спротивно на законот и Уставот, па така ни во овој процес, вели премиерот во врска со најавата за разрешувања на членови на Судскиот совет избрани од Собранието.„Ние работиме во интерес на граѓаните согласно закон и устав, а да, ќе се појавуваат таков вид таканаречени експерти коишто ќе толкуваат вака или така, но едно е јасно, а тоа го кажуваат граѓаните – дека овие луѓе се со доверба од 2 проценти и не ја заслужуваат повеќе платата којашто ја земаат“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

8626399b-cd40-42c7-bca3-88b20bb4deef

Дали токму Коцевски е обвинителот кој барал следење на Мицкоски?

Несекојдневно е однесувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски изминатиот период, додека Владата упатува жестоки критики на сметка на Обвинителството. Последен пример за тоа е вчерашното негово однесување, кога тој застана зад Христијан Мицкоски, додека премиерот даваше изјава за медиумите.На социјалните мрежи, Коцевски беше наречен и „учениче“, а однесувањето „обид да му се допадне на премиерот“. Сепак, ставот на Мицкоски за правосудниот систем останува ист. Дотолку повеќе што вчера, премиерот одново повтори дека бил тајно следен додека бил во опозиција, а Обвинителството го нема расчистено овој случај.„Тајните служби ме следеле во пресрет на парламентарните и локалните избори сомневајќи се дека организирам и финансирам парпаолициски структури и терористички групи”, рече Мицкоски и очекува Обвинителството да го расчисти постапувањето на разузнавачите за време на власта на СДСМ и ДУИ.Ова внимателно го слушаше Коцевски, кој му „чуваше“ грб на Мицкоски, односно стоеше зад него. Не му кажа в лице што планира да направи, но подоцна прес-службата на веб-страната на Обвинителството соопшти дека е оформен предмет токму по насоки на Коцевски.Мицкоски објасни дека таен соработник на службите дал информации дека тој е финансиер на параполициска формација. Според Законот за АНБ, физички лица може да даваат информации што се од значење за националната безбедност, при што се составува записник достапен на надзорни и контролни органи.Во случаи на сомневања за кривични дела против државата, вклучително финансирање на параполициски формации, судот може да нареди тајни мерки за собирање информации, но само на барање на јавен обвинител и со одобрение од судија на Врховниот суд.Интересно е што токму Коцевски, пред да биде избран за државен обвинител, беше обвинител кој разгледуваше и одлучуваше дали ќе се поднесуваат барања за физичко следење. Ова би значело дека доколку информациите на Мицкоски се точни, а барањето доаѓало од Обвинителството, за тоа одлучувал и Коцевски.„Скопје1“ испрати прашања до Обвинителството и прашавме дали по барање на Коцевски бил следен Мицкоски, дали тој е запознаен со конкретниот случај како засегнат обвинител, дали со предметот кој го оформил ќе биде опфатен и обвинителот кој предложил вакви мерки до Врховен суд. Оттаму очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

10122024_NOVA-INVESTICIJA_MICKOSKI-2

Обвинителството ќе истражува како е следен Мицкоски и зошто

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година.“Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите.Имајќи предвид дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација, обвинителството ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија”, велат оттаму.Инаку, вчера Христијан Мицкоски изјави дека бил физички следен на незаконски начин додека партијата која ја води беше во опозиција.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Мицкоски: Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите на она ниво коешто беа пред да добијат покачување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување.„Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добијам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво коешто беа пред да добијат покачување. Го почитуваат укажувањето и замолницата којашто јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот којшто следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки. Инаку последната мерка којашто ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, но во овој момент гледаме дека најголемиот дел од трговците она укажување ќе повторам и замолница ја почитуваат“, изјави премиерот.

Македонија | пред 1 година

27122024-Mickoski

Мицкоски: Ги охрабрувам припадниците на МВР да продолжат, како и во изминатиот период, да ја спроведуваат правдата насекаде во Македонија

„Денеска, ете, имав можност да бидам од овој навистина прекрасен настан. Прекрасен во смисла дека можевме во скратена верзија да ги видиме сите оние позначајни моменти, оние акции коишто Министерството за внатрешни работи, заедно со своите структури ги има изведено изминатиов период“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Она коешто е важна порака е дека никој не треба да биде над законот и Уставот и не смее да биде над законот и Уставот. Поминаа времињата како до сега. Треба да се бориме против сите оние корумпирани елементи во општеството и ќе се бориме.Можеби правдата е спора, но секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже, таа на крај секогаш доаѓа и секогаш победува.Така што, јас можам само да ги охрабрам сите оние припадници на Министерството за внатрешни работи дека никому ништо никој не должи освен на македонските граѓани и на државата, се разбира.Така што, ако некој мисли дека некому е должен и треба да биде привилегиран и да има одредени отстапки, се лаже.Ќе повторам, правдата е бавна, спора, но таа секогаш на крај победува.Мораме да покажеме и докажеме дека криминалот е неисплатлив и дека сите оние коишто мислат дека со криминал можат да направат нешто се лажат и дека истите ќе бидат одговорни пред законот и пред Уставот.Така што, еве уште еднаш да изразам благодарност до Министерот, од сите вработени во Министерството за внатрешни работи за сето она што го прават изминатиот период и да ги охрабрам, во периодот којшто следи да продолжат да ја спроведуваат правдата насекаде, на целата територија на Македонија како држава“

Македонија | пред 1 година

hristijan26122024

Мицкоски за „недела неработен ден“: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање околу тоа кој е ставот на Владата за недела неработен ден, истакна дека тоа не треба да биде селективно како што го направила претходната влада туку или да се даде можност на сите кои ќе постигнат договор со работодавачите за двојна или тројна дневница да остварат таков приход или никој да не работи.„И денеска е недела работен ден, но за одредени економски оператори, дури во законот со квадратура се нацртани и се опишани кои се тие. Да речеме, работи еден трговски центар којшто се сеќавам на фанфари го отвораше тогашната коалиција СДСМ-ДУИ во занесот на инспирацијата пред првиот или вториот круг на локалните избори 2021 година мислејќи дека на тој начин ќе постигне подобар резултат. И сега има одредени економски оператори коишто работат. Ние како влада си го поставуваме следното прашање, а тоа е или никој да не работи, вклучително и тие, или тие коишто сакаат да работат со согласност на работниците коишто сакаат да работат да добијат двојна дневница. Тоа е дилемата која што ја имаме како влада и тука не гледаме ништо лошо“, истакна Мицкоски.Тој додаде дека според мерењата на јавното мислење околу 75% се за во недела да работат доколку им се плати двојна дневница.„Дури, за ваша информација, месечно три пати мериме јавно мислење за внатрепартиски и внатре коалициски потреби и на тие јавни мерења, обично една или две се телефонски и едно е секогаш теренско мерење. Отприлика тестираме неколку атрибути меѓу кои и овој атрибут. Седумдесет и пет проценти од граѓаните се за тоа тие што сакаат во недела да работат доколку им се плати двојна дневница“, нагласи Мицкоски, но додаде дека кое ќе биде конечното решение ќе зависи од следниот состанок на Економско-социјалниот совет.„Дали ќе дојде до овие законски интервенции и кои ќе бидат, кон кое решение ќе конвергираме ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на Економско-социјалниот совет. Ова прашање ние сме го разговарале и со синдикатите. Ова не е прашање кое ние сакаме да го наметнеме. Сме го разговарале и со синдикатите и со стопанските комори, работодавачите. Ние не сме го разговарале ова прашање во тесен круг и да носиме одлука, па потоа да не знаеме што да правиме со таа одлука. Ако мислите дека ние на сила ќе направиме нешто, нема да го направиме на сила“, подвлече Мицкоски и додаде:„Генерално се катализираат две решенија. Едното е или никој да не работи, ама никој. Има еден таков главен град на една држава во централна Европа, никој не работи во недела и готово, тоа е тоа, или ако некој плати дупла дневница или договори со синдикатите поинакви услови да може да работи, да работи“.Тој исто така потенцираше дека негово лично мислење е или да се даде можност на тие што сакаат за подобар приход да работат или никој да не работи, но се ќе зависи од состанокот на Економско-социјалниот совет на кој отворено ќе се разговара со работниците и работодавачите.„Ако сакаме да правиме диверзификација и промена на нашиот економски модел и концепт, мораме да размислуваме вака. Кое ќе биде конечното решение јавноста ќе го знае откако ќе заврши последниот состанок којшто ќе го имаме со Економско-социјалниот совет на којшто ќе разговараме заедно отворено, гласно и јасно помеѓу работодавачите и работниците. Мое лично мислење еве да немате дилема е дека за сите оние коишто ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат повисока дневница, двојна тројна итн. треба да биде овозможено во недела да работи и да остварат таков приход или, ќе повторам, никој да не работи“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski1

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на едно од прашањата, дали има нови момент во насока на деталите кои ги изнесовте пред некое време од оваа собраниска седница за ваше физичко следење и дали може да се очекуваат докази врз база на спроведена истрага во рамки на институциите, вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните безбедносни служби го назначиле како организатор на „параполициска воена формација“ и физички го следеле, но не само него туку предмет на следење било и неговото семејство, двата малолетни сина и неговата сопруга.„Една од неколкуте институции кои што треба да се занимаваат со безбедноста на државата, наместо да се занимава со безбедноста на Македонија, се занимавала со физичко следење на претседателот на најголемата опозициска партија. И тоа го правеле на многу интересен начин. Како? Измислуваат извор во случајот „цилиндар“ кој што според нив доставува веродостојна информација. Конкретно таква информација доставил од објективни причини, нема да ја кажам точната дата, туку ќе кажам некаде од почетокот на 2020 година, чудно тоа коинцидира со изборите кои што тогаш се случуваат, во која што вели, внимавајте, пара полициско воено вооружена формација. Претпоставувам најголем дел од вас биле пара полициско воено вооружена формација составена од внимавајте го ова, македонски радикални екстремни и националистички настроени државјани кои имаа за цел во предизборието да вршат заплашување и закани на македонски граѓани за да издејствуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. И ова е многу интересно, нарачател и финансиер на оваа пара полициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи, е професор д-р Христијан Мицкоски. Јас сум тој кој што оваа пара полициско воено вооружена формација ја финансирал, ја формирал итн.Но, ова е оставено како трага таму и точно се знае кои се тие кои што ова го работеле. Точно се знае. Ова служело како покритие за да бидеме покриени физички сите. Сите најголем дел од вас се дел од оваа пара полициско воено вооружена формација“, порача Мицкоски.„Одиме понатаму некаде во втората половина од оваа година истиот овој извор „цилиндар“ вели дека јас сум виден со две женски особи на Водно, во нивно друштво на Водно како пешачам. Во името на приватноста не сакам да ги кажам, како што не е вистинита информацијата, не е ни првата, не е ниту оваа втората вистинита, како пешачам и замислете тие ми презентирале информации од мој политички интерес. А додека пешачам, изворот „цилиндер“ мене ме покривал“, нагласи Премиерот Мицкоски и рече дека во 2021 година за време на локалните избори бил следен, но овој пат изворот го добил името „џокер“.„Понатаму, исто така, пред избори во 2021 година тогаш се локалните избори, изворот сега го добива „џокер“ не е веќе „цилиндар“ вели дека во Манастирот Св. Јоаким Бигорски мојата средба со припадници на патриотско друштво не била случајна, туку тоа било средба во која што јас сум ја остварил за да ја нарушуваме безбедноста и стабилноста на Македонија. Повторно алиби за да бидам физички покриван“.Премиерот Мицкоски во насока на ова, праша дали ова се европските вредности кои ги промовираше тогашната власт на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека мора преку реформи еднаш засекогаш да се стави крај на овие злоупотреби со безбедносните служби.„Е сега ова ли се европските вредности. Ајде за тоа што крадеа, крадеа, за тоа ќе има одговорност. Има институции во оваа држава“, истакна премиерот и додаде:„И тоа не е сè. Тука се покривани и мојата сопруга, моето семејство и мојот малолетен син. И двајцата, едниот е поголем, другиот е помал. Но, и тие се покривани физички. И затоа е сега стравот, затоа е сега стравот. Не е стравот заради друго нешто. Овие европски вредности ги промовираа овие луѓе. Дали ова се вистинските европски вредности, дали јас ви личам на човек кој што може да финансира пара полициско воено вооружена формација.Затоа треба на овие злоупотреби еднаш засекогаш со реформа во овие служби да им се стави крај, за да не им се случува на оние генерации кои што доаѓаат по нас. Затоа што ако ова им се случува, ништо не сме направиле, за бадијала ни е сè и европски фронтови и Балкански фронтови и било што, ако ние во 21 век имаме ваков начин на злоупотреба на работата на безбедносните агенции“, дециден е Мицкоски.На крај премиерот Мицкоски нагласи дека не само што и него што го следеле, туку за неговиот малолетен син што го следеле, ќе одговараат.

Македонија | пред 1 година

12082024_MICKOSKI

Мицкоски до ДУИ: Граѓаните знаат дека манипулирате со моноетнички теми-секогаш кога ќе ја видат Соравија си спомнуваат дека зад вашата реторика стои злоупотреба за финансиски бенефит

„Ја разбирам потребата, ваша лична и на политичката опција која ја претставувате, и како координатор и како висок функционер на политичка партија која во минатото имаше главен фокус на јавните набавки, па преку еден момент да се пренасочите кон зелената агенда, па да станете екологисти, па од тука да се префрлите на енергетиката во делот на копање и увоз на јаглен, па на моменти како политичка опција да сте прилично активни во делот на игрите на среќа и конечно на крај, откако дојдовте во опозиција, да се обидете да внесете поларизација во мултиетничко општество како нашето со едноетнички теми“, одговори премиерот Мицкоски на пратеничко прашање упатено до него од страна на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети на денешната седница во Собранието.Премиерот Мицкоски посочи дека може да ја препознае стратегијата на ДУИ да влезе во фрикција со ВМРО-ДПМНЕ на моноетнички теми, бидејќи тие процениле дека тоа ќе им донесе позитивни резултати во микро средината каде што вие функционираат.„Не именувам, но со голем дел од градоначалниците кои што доаѓаат од вашата политичка опција разговарам и навистина имаме одлична комуникација, затоа што се сите задоволни што прави оваа влада, за сите општини и за сите граѓани. Сите тие велат дека ова повеќе од 20 години додека бевме во влада, нашите не го правеа. Сега дојде таква влада што не ги дели луѓето ниту по етничка ниту по партиска ниту по било каква припадност, туку целта е да испорачува проекти и да работи за сите граѓани“, одговори Мицкоски.Премиерот истакна дека ги разбира ДУИ за тоа што поларизираат, дека ќе продолжат да се отвораат моноетнички теми и ќе се обидуваат да создадат меѓуетнички конфликт, но дека тоа нема да им успее.„Фокусирајте се на вистинска испорака кај граѓаните, оваа не е тема која што граѓаните ги удира во глава. Над глава оди. Верувајте. Затоа што знаат дека се манипулирани. Затоа што кога ќе дојдат во центарот на градот Скопје и ќе го видат трговскиот центар Соравија, тогаш си спомнуваат што е позади оваа реторика“, нагласи Мицкоски.Премиерот посочи дека не станува збор за етнички легитимитет или нелегитимитет, туку дека станува збор за обична дневна политика и злоупотреба на чувствата на граѓаните поради остварување на финансиски бенефит.„Како влада функционираме со една единствена цел, а тоа е да го направиме сето она што вие повеќе од 20 години не успеавте. За доброто на сите граѓани да се обидеме сите оние празни села кои ги оставивте позади вас, граѓаните кои што ги напуштија во струмичко и во кичевско и во штипско и во гостиварско, барем некој од нив да ги вратиме назад, затоа што тие луѓе почувствувале дека со оваа влада има некаква надеж дека ќе нè биде“, рече премиерот Мицкоски и дополни дека тоа ќе биде одговорот на Владата на дестабилизирачката политика на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

28112024_Mickoski

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба е стабилна, а Владата носи подобра економија, повисоки плати и го враќа достоинството кое изминатата влада од СДСМ и ДУИ го распродаваше.„Додека Мисовски размислуваше дека Талат Џафери за него е идол и инспиративен спикер на Собранието, изнесе навреди и квалификации. Чувствувајте се безбедно, се надевам после овие години минати во Парламент, минати на грбот на граѓаните ќе имате богата новогодишна и божиќна трпеза и ќе уживате во мирот и безбедноста што оваа влада предводена од коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ во која составен дел се коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ овие денови ќе ви бидат безбедни и мирни, не треба да се грижите и за годините кои следат“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Горан Мисовски поврзано за безбедносната состојба.Премиерот Мицкоски му порача на пратеникот Мисовски да ги повика на одговорност сите оние кои му биле идоли и коалициони партнери да се вратат и да дадат одговор пред органите, поради криминалот за кој постојат основани сомневања дека го правеле.„Во оваа мирна и безбедна Македонија ќе можете да се почувствувате и вие горди кога овие 3% раст од економијата во третиот квартал, сега во четвртиот ќе бидат 4%. Буџетскиот дефицит ќе биде помал од 4% што ќе се намали за прв пат после долги години јавниот долг. Ќе ги гледате среќните лица на пензионерите коишто ќе добијат покачување од 5.000 денари, ќе ги видите радосните лица на вработените во јавната администрација кои за прв пат ќе имаат К15, средства кои за жал вие не ги предвидовте“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека во оваа безбедна и мирна Македонија, вработените во образование и здравство добиваат повисоки плати, и може да си дозволат повеќе од тоа што можеа да си дозволат изминативе 7 години кога влада беше СДСМ и ДУИ, а исто така сега со новата влада има рекордни откупни цени за земјоделците.„Ќе гледате како министрите од оваа влада која обезбедува безбедна и сигурна европска Македонија се борат да го вратат достоинството кое вие го распродадовте изминативе седум години. Разбирам дека ова вас не ви значи ништо, што е за човек кој нема достоинство да повраќа достоинство, ништо. Ние ќе се бориме да го повратиме тоа кое го распродадовте и секоја година по малку ќе дојдеме до тоа што му е потребно на македонскиот граѓанин“.

Македонија | пред 1 година

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-6

Мицкоски: Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов и до сите христијани кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.„Дозволете во мое лично и во име на Владата, на сите христијани во Македонија кои го прославуваат рождеството Христово - Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам овој голем христијански празник со искрени желби за здравје, радост и заеднички успеси.Христовото раѓање е симбол на надежта и љубовта меѓу луѓето. Нека Божиќниот ден донесе мир и спокој во секој наш дом, како и сила да се соочиме со секојдневните искушенија. Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме.Вековите ги надоградуваат моралните, семејните и духовните вредности кои не само што ни помагале во најтешките времиња, туку тие продолжуваат да бидат наша заедничка водилка и за иднината. Само преку силната вера и посветеност кон правењето добри дела можеме да создадеме подобро утре за целата држава.Нека нашата татковина биде подобро место за живеење, земја на нови големи победи и - најважно - држава со повеќе среќни граѓани.Радосната вест која се пренесува низ генерации, повторно нека го огрее срцето на секој верник и сограѓанин“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

25122024_MICKOSKI-7

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени во врска со вчерашната објава дека е започната исплатата на субвенциите за земјоделците, информираше дека е направена историски голема исплата. Само во последниот период се исплатени повеќе од 28 милиони евра, а посебно во последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат.„Да сакам да кажам дека историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија и тоа е нешто коешто навистина претставува големо постигнување. Повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниот период. Инаку вкупно во цела година се исплатени, а посебно последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат. Но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историска највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури, коишто навистина претставуваат исклучителни рекорди коишто досега се незабележани“, изјави премиерот.Целта на оваа влада меѓу другото е уште повеќе да произведуваме храна нагласи премиерот, помалку да увезуваме, а повеќе да извезуваме.„Јас навистина сум задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите и се надевам дека ова само ќе биде мотив повеќе за земјоделците, следната година заеднички уште подобро да се организираме и уште повеќе да произведуваме, помалку да увезуваме храна, туку да извезуваме. Тоа е она што претставува цел на оваа Владата и ќе има реформи во политиката на субвенционирање и ќе има реформи во политиката на приоритети. Така што сега за сега можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа коешто е постигнато“, рече премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

10122024_NOVA-INVESTICIJA_MICKOSKI-4

Мицкоски за обвинувањата на СДСМ за бегството на Груби: Човек да не знае што да им одговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од СДСМ, дека има политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за Груби да избега преку Блаце, одговори:„Еве ако се врати, ќе се извинат? Па до сега што не измислија. Што не измислија до сега. Прво викаа ај едните отидоа, другите дојдоа, ај ништо не прават. После, мали риби ловат. Па сега, а од ДУИ никој, па сега, аха имаме договор со ДУИ. Да не знае човек што да им одговори. Еве што ако дојде? Еве, не мора денеска да дојде, ќе дојде да речеме за некое време. Чуден е тој Фројд. Чуден е, тоа кога потсвеста ти работи затоа што тоа си го правел и сега мислиш дека сите тоа го прават. Мојата порака до нив е, нека се концентрираат, нека си ги коригираат пораките во јавноста, затоа што и самите се збунети. Една личност различни пораки дава, на различни места. Тие останаа последниот, за жал, столб на одбрана на интересите на таквите како овие што ги споменавте, зборам од СДСМ.“

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-7

„Кривичниот законик ваков каков што е значи политичка амнестија за сторениот криминал, потребен е нов кој ќе биде дел од сеопфатната реформа на правосудниот систем“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју дадено за централниот дневник на МТВ вели дека Кривичниот законик кој го донесе претходната Влада на СДСМ и ДУИ всушност значи амнестија од сторениот криминал, потенцирајќи дека е потребен нов Кривичен законик кој што ќе биде базиран на искуствата на земјите членки на Европската Унија.„Одговорот на ова прашање ќе го поделам во два дела. Првиот дел е и за македонската јавност и за Брисел. Овој Кривичен законик ваков каков што е ќе значи амнестија условно кажано за дел од сторениот криминал за кои што постои основано сомнение и докази дали во фаза на истраги или во судска фаза. Зошто? Затоа што овој Кривичен законик за тие случаи е поповолен и согласно Уставот тие си го гледаат поповолниот, и тоа ќе значи застарување на дел од делата, без разлика дали ние ќе носиме нов, не може новиот да го надсинхронизира овој кој што е постојан. Така што тие кои што мислеа да си направат ваков тип на услуга си направија. И тука не треба да имаме дилеми“, изјави премиерот Мицкоски.„Нов Кривичен законик, да сакаме да донесеме базиран на искуствата од земјите членки на ЕУ усогласени со нашиот сентимент и реалност кај нас дома. Таков еден Кривичен законик треба да се донесе, не велам не. Но, ќе повторам овој каков што е денеска, овозможува дел од предметите кои што се во судски процеси или во истрага за кои што постои основано сомневање и докази дека е сторен криминал, да застарат. И нов закон да повторам, не може да ги врати тие дела. Така што да заклучам, тие кои што сакале со тие измени на тој закон, кој што моментално е важечки да си обезбедат условно кажано политичка амнестија на криминал или вистинска амнестија на криминал, си ја завршија работата. Нов закон базиран на европски искуства ќе биде дел од сеопфатната реформа на судството и обвинителството кај нас. И да, планираме такво нешто да направиме“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

grubi-vlada1

Мицкоски: Со самото тоа што Груби е бегалец и не е достапен на органите на прогонот самиот потврдува дека е виновен

„Апсолутно, Артан Груби и сите оние за кои што постои основано сомневање дека сториле криминал, треба од страна на обвинителството да биде докажано дека се виновни, а од страна на судовите да биде одредена мерка врз основа на доказите и обвинението, а обвинетиот да докаже во судска процедура дека е невин. Така би требало сето ова да функционира. Со самото тоа што некој е бегалец и не е достапен на органите на прогон, тој или таа само утврдува дека е виновен, односно дека постои вина“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во денешното интервју за централниот дневник на МТВ.Мицкоски посочи дека обвинувањата на опозициската СДСМ дека наводно Груби е пуштен да замине, рече дека ова за многу брзо ќе биде демантирано, бидејќи како што рече заложбата на Владата е да има правна држава во која ќе има одлучна борба против криминалот и корупцијата.„Кај опозицијата посебно кај СДСМ јас гледам еден проблем кој што можеби Фројд го има најдобро дефинирано со потсвеста, и сега нивната политика која што во моментот на таа тема е фројдовска и има проблем со нивната лична потсвест е збунувачка во јавноста, бидејќи ако кај нив работи потсвеста и деминисенција прават на некои минати времиња кога со планови итн бегалците од правдата ја напуштаат државата, па сега тоа го проектираат според нивната оптика денес, мислам дека е погрешна порака, која што многу брзо ќе биде демантирана“, рече тој.„Ние, ова го правиме во името на нашата заложба да имаме правна држава и да има одлучна борба против криминалот и корупцијата, и добро е што граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка. Јас не очекувам раководството на СДСМ или другите опозициски партии да излезе и да аплаудира да каже браво успешно завршена акција. Тие ќе продолжат со измислици, со монтажи, конструкции итн, важно е чувството на надеж дека се враќа и тоа го гледаме кај анкетите. Не велам дека е брилијантно, не велам дека ние чуда направивме за 6 месеци, чуда се невозможни“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-sednica-1

Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

„Добар ден од Брисел, престолнината на Европската Унија. Денеска сум тука и предводам македонска делегација во која што составен дел е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски , министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, советникот мој за надворешни работи, амбасадорот Марковски, шефот на кабинет, Владимир Нелоски.Денеска сме овде во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите.Во име на тоа, денеска работниот ден го започнав со билатерален состанок со заменик претседателката на Европската Комисија и одговорна за надворешна политика и одбранбени прашања Каја Калас.На состанокот разговаравме за сите оние стравови и за сето она што ние како држава и како народ моравме да го направиме во минатото во име на тие исти европски вредности и дека никогаш повеќе не смееме не само поради нас туку и поради вредностите коишто ги споделуваме со Европската Унија да разговараме за билатерални прашања, за идентитетски прашања, и никогаш повеќе никој нема право да го оспорува нашиот многувековен идентитет и нашиот мајчин, македонски јазик којшто има многувековни корени.Денот ќе го продолжиме со билатерални средби со премиерот на Полска, господинот Туск кој што ќе биде следниот претседавач на Европска Унија, понатаму, тука ќе биде и билатерална средба со премиерот на Шпанија, господинот Санчез, и исто така неколку часа ќе биде и официјалниот Самит на Европската Унија со Западен Балкан.Очекувам навистина позитивни впечатоци, тука сме да ги браниме македонските интереси, македонскиот идентитет и истовремено да испратиме порака дека нашето место, веќе неколку пати тоа сме го потврдиле и го заслужуваме е токму тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија.“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања