МИЦКОСКИ

mickoski-sednica-1

Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

„Добар ден од Брисел, престолнината на Европската Унија. Денеска сум тука и предводам македонска делегација во која што составен дел е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски , министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, советникот мој за надворешни работи, амбасадорот Марковски, шефот на кабинет, Владимир Нелоски.Денеска сме овде во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите.Во име на тоа, денеска работниот ден го започнав со билатерален состанок со заменик претседателката на Европската Комисија и одговорна за надворешна политика и одбранбени прашања Каја Калас.На состанокот разговаравме за сите оние стравови и за сето она што ние како држава и како народ моравме да го направиме во минатото во име на тие исти европски вредности и дека никогаш повеќе не смееме не само поради нас туку и поради вредностите коишто ги споделуваме со Европската Унија да разговараме за билатерални прашања, за идентитетски прашања, и никогаш повеќе никој нема право да го оспорува нашиот многувековен идентитет и нашиот мајчин, македонски јазик којшто има многувековни корени.Денот ќе го продолжиме со билатерални средби со премиерот на Полска, господинот Туск кој што ќе биде следниот претседавач на Европска Унија, понатаму, тука ќе биде и билатерална средба со премиерот на Шпанија, господинот Санчез, и исто така неколку часа ќе биде и официјалниот Самит на Европската Унија со Западен Балкан.Очекувам навистина позитивни впечатоци, тука сме да ги браниме македонските интереси, македонскиот идентитет и истовремено да испратиме порака дека нашето место, веќе неколку пати тоа сме го потврдиле и го заслужуваме е токму тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија.“

Македонија | пред 1 година

vilma-ruskovska-vs-vilma

(Видео) Русковска vs Русковска: Спорно и е ако Мицкоски одговара на прашања за предмети, но не и ако Заев и се јавува за предмети

Вилма Русковска го искритикува премиерот Христијан Мицкоски бидејќи одговарал на новинарски прашања за предмети кои ги води Минситерството за внатрешни работи. Според неа, тоа мешање на извршната власт во судската власт.„Кој е премиерот да дава такви информации и изјави? Тоа е мешање диркетно на извршната власт во судската власт. Затоа постои министер за внатрешни работи кој треба да одговори на новинарски прашања и се. Не смее премиерот тоа да го прави“, рече Русковска во „Топ тема“.Истовремено, Русковска во поткастот „Претрес со Ландов“ во октомври рече дека контактирала со претходниот премиер Зоран Заев кој и барал преквалификација на делото за „27 април“, но и се јавувал и за Рашковски. Не го пријавила и не гледа ништо спорно.

Македонија | пред 1 година

16122024_MICKOSKI

Мицкоски: Имаме 3% раст на БДП што е еден од најдобрите резултати во Европа

„Ние покажавме дека ја консолидиравме економијата и во третиот квартал покажавме раст од 3 %, нешто што никој не го очекуваше и еден од најдобрите во регионот, % во Европа. Подобри сме и од Германија, и од Бугарија, Грција и од Словенија, од Црна Гора и генерално од најголемиот дел од земјите во Европската Унија.Очекувам и во четвртиот квартал уште да биде посилен врз основа на параметрите што ги добив, за првите два месеца тоа се октомври и ноември.Очекувам следната година, според разговорите што ги водев, со новиот сопственик на ФЕНИ, да отпочне со производство, што би значело 250 до 300 милиона евра извоз. Тоа е некаде 1,5 до 2 проценти од нашиот БДП.Очекувам Вардакс нафтоводот да почне да работи со што би се рестартирала ОКТА која што би тргувала на пазарот на Јужна Србија и Косово дополнителен извоз и тоа е дополнителен раст на БДП.Очекувам капиталните инвестиции со општините својот замав да го земат во прв и втор квартал следна година, очекувам кредитите односно унгарскиот кредит и кредитите да земат свој полн замав во првиот квартал следната година, така што, да сумирам очекувам оваа година да ја завршиме со над 1 милијарда странски инвестиции, да имаме раст на БДП до 4% во четвртиот квартал, што би значело годишен од 3%.Исто така, очекувам раст во првиот и вториот квартал на следна година врз основа на сите овие претпоставки за кои што зборував. Еве, до тука можам да кажам дека по јасно ги гледам работите.“, вели премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21.На прашањето дека граѓаните очекуваат зголемување на минималната плата, а не очекуваат зголемување на ДДВ како што најавува Светска банка, претседателот на Владата Мицкоски истакна дека тоа би било најлесно ако се зголеми ДДВ, на грбот на граѓаните, тоа е најлесна мерка и секој може да каже така треба. Но, тоа е последното нешто што треба да се направи без да се преземат друг тип на сет мерки кои што ќе не доведат до нешто кое што за граѓаните ќе значи подобар стандард.Премиерот Мицкоски истакна:„Дали ќе имаме зголемување на минималната плата, по закон сигурно. Дали ќе се договорат синдикатите и работодавачите, тоа е до нив, не е до нас. Ние сме партнери во овој процес. Имаше два состанок на економско социјален совет, се договоривме со министерот еднаш месечно, сега ќе имаме во јануари и февруари, состојбата е таква да некои процеси не зависат од самата влада.Ние сме само фасилитатори во тој процес. Ако се договорат работниците и работодавачите меѓу себе, ние што можеме тука, но секако ќе има по закон.Министерот за економија и труд денес брифираше дека согласно ова законско решение некаде околу 24,400 денари отприлика треба да биде минималната плата.“

Македонија | пред 1 година

1012024-Mickoski-2

Мицкоски: Се манипулира со темата Балансер, ЕУ констатира дека Балансерот е злоупотребен од минатата власт и работиме на ново решение

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 говорејќи околу укинувањето на балансерот истакна дека на оваа тема се манипулира дека истиот беше проблем на ВМРО-ДПМНЕ, а реалноста е дека во извештајот на ЕУ се констатира дека истиот е злоупотребен и треба да се замени со нешто функционално.„Проблемот е во скрининг извештајот на ЕУ. Таа констатира дека балансерот е злоупотребен, дека му поминала таканаречената употребна вредност и дека треба да се замени со нешто коешто ќе има. Ние не стоиме и не чекаме, туку работат групи да направат закон за правична застапеност кој што ќе биде уставен и за бргу ќе се најде пред пратениците во Парламентот.“, истакна Мицкоски и додаде:„Немојте да мислите дека ние сакаме да бидеме влада којашто ќе јава на полето на фрустрацијата што ќе се креира кај граѓаните.“Тој исто така додаде дека оваа Влада со рамноправната распределба на 250 милиони евра на општините без истите да се двојат врз основа на етничка или политичка припадност како што правела минатата власт, на најдиректен начин покажа дека нејзин приоритет се сите граѓани кои живеат на територија на целата држава.„Нема изјава во којашто не сум кажал дека мој интерес е скоро 26 илјади километри квадратни територија на цела држава и тоа го поткрепувам со дела. Еве како прв човек на Владата тие 250 милиони евра коишто треба да одат кон општините одат под ист критериум и во Штип и во Тетово и во Карбинци и во Боговиње, и во Радовиш и Струмица, и во Гостивар и Кичево. И одиме чекор понатаму, не само што не ги двоиме етнички општините и проектите, туку им велиме на градоначалниците, господа градоначалници направете проекти, како вие ќе ги направите така ние ќе ви ги финансираме.“, подвлече Мицкоски и додаде:„Не правевме разлика дали се тоа ДУИ, градоначалници коишто доаѓаат од ВРЕДИ или ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Сите добија. Сите коишто дадоа проекти, добија проекти коишто ги финансира оваа држава и ние тоа го покажавме на директен начин.“

Македонија | пред 1 година

mickoski-ahmeti

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ со иста агенда за раздор меѓу граѓаните

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека СДСМ и на власт и во опозиција опстојува на истиот, јасен став, за кој нема никакви дилеми и недоумици, ни простор за дополнителни толкувања а тоа е дека на Уставниот суд не смее да му се врши притисок.-На Уставниот суд не треба во ниту една ситуација да му се вршат било какви притисоци, за да постапува вака или онака, албанскиот јазик не смее да биде злоупотребуван против чуваствата на албанските граѓани, исто како што македонскиот јазик не треба да биде злоупотребуван против чувствата на македонските граѓани, а беше многу злоупотребуван, поготово во време на Преспанскиот договор. И како трето се што е став на СДСМ, она што ќе дојде од Венецијанската комисија, сметајќи дека тоа се највиоските демократски стандарди, врзани за Советот на Европа и човековите права и слободи мора да се земе предвид, нагласи Чупеска.Потпретседателката Чупеска посочи дека практиките коишто ги применува ДУИ во периодот се како копирани од тие на ВМРО-ДПМНЕ.-ДПМНЕ секој ден кажуваше дека македонскиот јазик е загрозен, дека идентитетот македонски е загрозен, па се чини како ДУИ и ДПМНЕ да читаат исти книги, да учат политика од исти книги. Идентична реторика, идентична платформа. ДУИ во последно време велат дека албанскиот јазик сериозно е ставен на удар, албанскиот идентитет е ставен на удар, а тоа не е вистина, затоа што законот принципиелно е формиран на темел на амандамонот 5 што прозилегува од Рамковниот договор, рече Чупеска, додавајќи дека уште поважно е што законот за јазиците има една многу специфична особина, а тоа е дека не ја територијализира употребата на јазикот, а со тоа не прави јазични енклави, а со тоа дополнително не прави етнофедерализација.Во минатото слушавме од ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваа да го реалитивизираат неговото значење, инистираа на некои други тези, така што вистина веќе доста е од истите методи, истите практики коишто го клатат клатното на меѓуетнички раздор меѓу овие две партии, ДУИ и ДПМНЕ, бидејќи многу се очигледни преференциите, па дури и флоскулите им се толку слични, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Македонија | пред 1 година

13122024_MICKOSKI-5

Мицкоски: Поставен е камен темелник на изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево

„Благодарност на тоа што вие медиумите сте секогаш со нас на вака убави настани. Денеска отпочнува една убава инвестиција овдека за овој дел на Македонија, во Кичево. Како што извршниот директор кажа, очекуваме максималниот број на вработени во еден момент да биде 600, зошто да не и повеќе.Извозот да биде до половина милијарда евра, максимално очекуваме за 6 до 7 години да порасне. На почетокот ќе биде нормално 50тина милиони , тој ќе се развива. Ова се само докази дека заеднички може да се прави многу, заедно со директорот на ТИРЗ, Гоце и инвеститорот направија многу за да овој проект еве конечно заживее, помина и на Владина седница.Сето ова е потребно заеднички да се сработи за да дојдеме до оваа состојба во која што сме денес. Јас сум убеден дека инвеститорот тука нема да застане, дека после оваа инвестиција ќе следи уште, продолжување на инвестицискиот циклус, уште една итн.Исто така и други инвестиции во периодот што следи ќе бидат објавувани. Знаете дека очекуваме оваа година до крајот да ја завршиме со рекорден број странски инвестиции, во вредност од повеќе од 1 милијарда евра, со што ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот. И се враќаме повторно, но сигурно на мапата на инвеститорите иако досега би рекол 7 години бевме заборавени.Уште еднаш ќе го повторам ставот на оваа Влада, дека оваа Влада има за цел да го подобри стандардот на граѓаните, да отвори нови работни места, а со тоа да ги задржиме младите тука , кај нас во Македонија, да не ни се случува иселување како што беше пракса во минатото“, вели премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

1012024-Mickoski-2

Мицкоски: На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ изјави дека денеска на владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија, кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада и посочи дека Владата се раздолжува од обврските кои се наследени.„Денеска после долги и напорни преговори на владина седница помина и вториот дел од унгарскиот кредит, вторите 500 милиони евра. Ние пред избори зборувавме за 1 милијарда, кога ги обезбедивме првите 500 милиони бевме обвинувани дека биле само 500, каде се другите, а ние викавме бидете трпеливи, не сакаме уште од сега да ја истрошиме и оваа втора половина бидејќи ќе треба да плаќаме камата. Ќе ја затвориме оваа зделка кога ќе биде потребна, а тоа е сега затоа што на 25 јануари истекува рочноста на еврообврзницата која е земена во 2018 година од претходната влада и потребни се 500 милиони евра да се врати таа еврообврзница“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски појасни дека кога денеска би излегле со нашиот кредитен рејтинг и ако споредиме држави со многу подобар кредитен рејтинг дека земаат еврообврзница со каматна стапка од 5%, тогаш ние не можеме да очекуваме еврообврзница пониска од 6%, а сега добиваме заем од 3,25% што е пониско од 2,75% помалку од пазарната.„На 500 милиони евра кога сето ова ќе го ставите, рочноста од 15 години тоа се заштеда од 200 милиони евра. Ќе се задолжиме за да се раздолжиме, односно идните влади и генерации ќе немаат еврообврзница да враќаат. Тие би требало да бидат оперативни од следната година. Останатите 250 милиони евра рековме дека ќе бидат ставени на располагање на бизнисот преку Македонската банка за обнова и развој, односно комерцијалните банки со каматна стапка од 1,95% со грејс период до 3 години и рок на отплата до 15 години што мислам дека ниту една компанија во Македонија во овој момент ги нема овие услови, би рекол и во регионот“, рече премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека останатите 250 милиони евра се за капитални инвестиции во општините како што се инфраструктурни проекти, булевари, улици, водоводи, пречистителни станици, училишта, градинки и слично.„Така што од оваа 1 милијарда евра која ја ветивме ние завршуваме три работи. Првата е дека се задолжуваме за да се раздолжиме и веќе следните влади кои да се нема да плаќаат еврообврзница една ќе има помалку. Второ трошиме за капитални инвестиции за општините, допираме до 250-300 илјади домаќинства. Трето преку бизнис заедницата допираме до сите граѓани“, нагласи премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski1

(Видео) Ковачевски е надвор од земјата, очекувам уште денеска да биде вратен, кажа Мицкоски

Премиерот Хистијан Мицкоски потврди дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од земјата, но рече дека уште денеска ќе биде вратен за да одговара за криминалот за кој се терети.„Очекувам уште денеска да го обезбедиме неговото враќање. За него и за сите 23 лица кои се обвинети за криминал во ЕСМ, институциите имаат обезбедено докази за кои јавноста ќе биде информирана. Овие 23 лица се обезбедени пред правдата за да дадат одговор за основаните сомневања кои се обезбедени“, рече Мицоски.Премиерот кажа дека според информациите кои тој ги има, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и други правни лица кои управуваат со други правни субјекти кои се здружиле и за кои постои основано сомневање дека направиле криминал од 6,5 милиони евра.„Многу докази се обезбедени, но тоа ќе го оставам на јавното обвинителство и потоа на судовите. Тоа што е најдено е загрижувачки“, додаде Мицкоски.Тој рече дека владата нема да прави циркус и естрада од криминалот, но рече дека јавноста ќе биде навреме информирана за обезбедените докази.„Владата и јас бевме обвинувани дека не сме преземале акции за обезбедување на лица за криминал. Ние сакаме сѐ да си оди според правдата со обезбедени докази. Сето она што го зборувавме за сторен криминал, ќе биде на јавноста познато и сите докази ќе бидат обезбедени“, изјави Мицкоски и најави нови случаи во наредниот период.

Македонија | пред 1 година

10122024_NOVA-INVESTICIJA_MICKOSKI-2

(Видео) Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања

„Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните 5 години и најмалку 200 нови работни места. Согласно последните информации добиени од менаџментот на компанијата, инвестицијата ќе го надмине овој минимален износ на кој договорно се обврзува“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Инвестицискиот план вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена. ДМ Бау Интернационал е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја.Покрај производството на ваквите објекти, компанијата се јавува и како изведувач на истите. Со годишен обрт од околу 10 милиони швајцарски франци, над 70 вработени и 30-тина проекти годишно, ДМ Бау се вбројува меѓу најголемите европски производител во овој сегмент.Моменталното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите ДМ Бау одлучи да го реализира преку Македонија. Во индустриска зона во близина на Куманово, ДМ Бау Интернационал ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање, со вкупна површина од околу 35.000 метри квадратни под покрив.За таа цел, во 2024 година компанијата купи земјиште со големина од околу 72.000 метри квадратни. Моментално таму се изведуваат првични земјени работи за нивелирање на земјиштето, по што, во текот на 2025 година ќе отпочне изградбата на нивните производни погони.Ќе напоменам дека компанијата ДМ Бау Интернационал е во сопственост на наш сограѓанин, со потекло од Македонија, кој живее и работи во Швајцарија, но одлучи своите инвестициски планови да ги реализира токму во нашата земја.Продолжуваме секојдневно да придонесуваме за развиена економија и да ги поправаме штетите и проблемите од катастрофалното владеење кое го наследивме од СДСМ и ДУИ.Токму чекор по чекор доаѓаме и до историски највисоки резултати во привлекувањето на инвестиции од една милијарда евра годинава. Тоа е наша цел, ова нема да биде единствената инвестиција оваа недела, во текот на неделата ќе имаме уште една инвестиција, почнуваме со поставување на еден камен темелник, но за тоа ќе бидете информирани. Се обврзавме дека ќе работиме чесно и посветено. Поставуваме рекорди во услови на тешки гео стратешки, политички и економски услови, но сепак како нова Влада нашата цел е да испорачаме за граѓаните“, соопшти Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

10122024_MICKOSKI-7

Мицкоски: Вложуваме значителни напори да ја зајакнеме улогата на локалните власти

„Денес имам чест и одговорност да зборувам за еден од најважните столбови на нашата демократија – локалната самоуправа. Таа претставува основа врз која се гради развојот на секоја заедница и мостот кој ги поврзува граѓаните со државните институции. Локалната самоуправа е срцето на локалниот развој. Таа е тука да ги препознае и задоволи потребите на секој граѓанин, да го унапреди животот во нашите општини и да обезбеди услуги кои се брзи, ефикасни и достапни за сите“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Нашата визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин. Да создадеме услови каде општините нема да бидат само администратори, туку активни двигатели на економскиот раст, на иновациите и на социјалната кохезија.Работите што ги наследивме во поглед на локалната самоуправа и тоа што минатите влади преземале на тој план можам да кажам дека не се добри. Предолго општините биле предмет на политички пазар и поддршката на централната власт исклучиво зависела од тоа дали раководствата на единиците на локалната самоуправа кохабитираат со тие на централната власт.Па затоа ќе потсетам дека изворно како и доскорешен лидер на опозицијата сум запознаен со тоа низ што се градоначалниците поминуваа на тој план. И на тој план единствено и најголемата цена ја плаќаа граѓаните. Морам да кажам дека тоа станува минато и ако сакаме развој тој ќе е целосен со сите аспекти и чинители вклучени во него.Вложуваме значителни напори да ја зајакнеме улогата на локалните власти. Преку финансиска децентрализација, инвестирање во инфраструктурата и дигитализација на услугите, покажавме за кус период дека развојот на локалната самоуправа е наш приоритет.Но, останува уште многу работа. Пред нас е предизвикот да обезбедиме целосна транспарентност, отчетност и еднаков пристап до сите ресурси. Само со заеднички напори и партнерство помеѓу централната и локалната власт можеме да изградиме општини кои ќе бидат пример за добар управувачки модел.Министерството за локална самоуправа отпочна со постапка за консултации на нов закон за локална самоуправа со кој ќе се надминат сите недостатоци и ќе се инкорпорираат искуствата од праксата. Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат ниту монораси и локални владетели, ниту пак статисти во процесите. Туку фактори за развој и решавање на проблемите.Ние покажуваме со пример дека работиме за сите општини. Преку министерството за локална самоуправа се менаџира процесот кој како Влада го реализираме за 250 милиони евра капитални инвестиции каде пари имаат добиено сите општините кои ги исполнија условите со што покажуваме дека за нас приоритет е локалниот развој.На крај, дозволете ми да се заблагодарам на овој настан и посветеноста на министерот и сите чинители да обезбедат кохезија но и да истакнам:Локалната самоуправа не е само ниво на власт. Таа е симбол на нашиот заеднички стремеж за подобар живот. Таа е инструмент преку кој граѓаните ја реализираат својата моќ и визија за подобро утре.Ајде сите заедно, без разлика на политичките, етничките или географските разлики, да вложиме напори за силни и успешни општини кои ќе бидат гордост на нашата држава“, соопшти Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

12082024_MICKOSKI

Мицкоски: Македонија е на врвот според раст на БДП во третото тримесечје, годинава е 3% споредбено со земјите од ЕУ и Европа, продолжуваме да работиме посветено

„Во изминатите 6 месеци откако е избрана, оваа Влада е целосно насочена кон надминување на штетните последици од затекната девастирана и назадувана економија“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Наследивме индустрија во опаѓање, неисплатени плати, јавни претпријатија и акционерски друштва во доминантна државна сопственост во банкрот.Овие 5 месеци работиме да се зацврси и зголеми бруто домашниот производ. Деноноќно се трудиме да помогнеме на бизнисот да создадеме услови за почесна трговија, без закани, уцени, притисоци и по принципот како до сега, да бидеме во чекор со барањата и потребите на економијата. И можам да кажам дека успеваме, а тоа го говорат и првите економски индикатори.Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ(БДП) во третото тримесечје од 2024 година тоа се месеците јули, август и септември, порасна за 3.0 %.Може тоа претставува бројка што е релативна и бројка која што може да се дебатира, но какви се фактите. Во услови на сложени гео-економски и политички случувања бројката од 3 проценти е една од најголемите во рамките на ЕУ.Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, а што се однесува во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија 2,4 проценти. Потоа можам да кажам дека Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, Словенија е 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија итн.Ако се анализираат податоците ревидирани од првите три квартали оваа годона, тогаш може да кажеме дека македонската економија БДП порасна во просек повеќе од 2,6 проценти, што претставува повеќе од предвидувањата на некои од меѓународните институции, мислам дека тоа беше Светка Банка која предвидуваше раст од 1,8 проценти за 2024 година на БДП на македонската економија.Очекуваме раст сличен и повисок во четвртиот квартал со што би се доближиле на годишно ниво од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти.Тоа значи дека успеавме да ја консолидираме економијата и идикаторите со кои што денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тромесјечие се едни од најдобрите во Европа, и многу ретко пати до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат кој што ќе биде еден од најдобрите во Европа.Во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите:-Трговија на големо и трговија на мало,- Транспорт и складирање,-Објекти за сместување и сервисни дејности со храна,-Стручни, научни и технички дејности,-Административни и помошни услужни дејности.Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2024 година, номинално растеше за 3.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 67.7 %.Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2.0 %.Покрај историски најголемиот раст на странски инвестиции кое до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра, еве успеавме после консолидирање на македонската економија првите индикатори да бидат едни од најдобрите во Европа, секако и најдобри во регионот.Дали можеме и треба да сме задоволни?Одговорот е дека тука не застануваме и ќе продолжиме да работиме и за кратко време да заклучам имаме плус 3 проценти на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции за кои како што кажавме до крајот на годината очекуваме да биде повеќе од 1 милијарда евра.Можам да кажам дека опоравувањето е на задоволително ниво, секогаш може подобро и ние ќе се стремиме да биде подобро и ќе биде подобро.Што се однесува до личната оценка можам да кажам за краток период ја консолидиравме економијата, и можам да кажам дека сум задоволен.Продолжуваме да работиме посветено и одговорно, бидејќи она што е наша цел е да дојдеме до подобри времиња, и такви времиња се пред нас и такви времиња ќе дојдат, и веќе доаѓаат, времиња на поголем раст.И повторно да бидеме економија која што во овој дел на Европа ќе биде најдобра и една од водечките во Европа по растот на БДП.Нас ни требаат крупни економски чекори за да можеме да го надоместиме сето она кое што беше изгубено изминатите 7 години.“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-08-at-11.29.47

(Видео) Мицкоски им најави на ДУИ: Ова е изолирана група на ексфункционери чиј криминал ќе се обелоденува, им ги знаеме чекорите

Премиерот Христијан Мицкоски, тврди дека се прави хајка со етнички прашања од страна на ДУИ. Според него, изолирана група од оваа партија е засегната од сторен криминал, а најави дека за бргу ќе се дознае се. Посочи и: „Точно знаеме со кои групи комуницираат и како, како ние, така и нашите стратешки партнери. Немојте да мислите дека сме сами, ќе се одбраниме и поразиме“.„Разговараме со ВРЕДИ оваа е тековна постапка пред Уставниот суд. Имаме ситуација во која што ниту ние ниту било кој треба да интервенира во Уставниот суд. Принципот 'како до сега' беше поразен на 8 мај. Но се уште покажува знаци за живот и гледаме дека единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат етничките прашања - бидејќи на друг начин не можат да имаат поддржувачи. Оваа тема за нив можеби носи некаков резултат“, рече Мицкоски.Според него, ДУИ се обидуваат да ја поделат јавноста.„Од сликите видовме како насилниците кои го палеа албанското знаме се фотографирани со ДУИ. Ова од МВР го потврдуваат. Втората теза е дека и тие знаат (ДУИ), бидејќи 20 години поставуваат уставни и секакви судии, знаат дека нема ништо да се случи во среда, ќе излезат во јавност и ќе кажат - еве ние правевме притисоци, ништо не се случи“, додаде Мицкоски.Премиерот рече дека има процедури во Уставниот суд бидејќи има процедури, како што е подготвителната седница.„Ги молам сите граѓани, Македонци, Албанци, сите. Да бидат спокојни ова е изолирана група на ексвисоки владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен криминал кој набргу од денеска ќе се обелоденува“, додава Мицкоски и рече: „Без разлика колку ќе трае борбата, ќе ги поразиме“.Им укажа: „Знаеме што планираат да прават, им ги знаеме чекорите. Граѓаните нека бидат спокојни, бизнисите нека си работат“.

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-7

Мицкоски: Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја, денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме неговото дело

„На овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски, нашиот голем народен светител и просветител, кој го упати народот во верата и го издигна на образовно, морално и духовно поле“, напиша премиерот Христијан Мицкоски и додава:Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја.Св. Климент Охридски е основоположникот на Македонска православна црква и на нашата писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на многу луѓе кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со силна вера, дисциплина и посветеност, ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов.Денес кога се соочуваме со бројни предизвици потребно е да го следиме неговото дело кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки. Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време.Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!“

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-1

Нема да се зголеми возраста за пензионирање?

Владата не размислува да го прифати предлогот на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање и зголемување на стапката на придонесите, бидејќи состојбата во Пензискиот фонд се стабилизира, а во иднина ќе почне и исплатата на пензии од вториот столб, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска по седницата на Економско социјалниот совет.„Состојбата во Пензискиот фонд е стабилна, а буџетската дупка во Фондот ќе биде таква сѐ додека поробустно не почне да се реализира вториот пензиски фонд. Очекувам тоа да се случи за 6 до 7 години. Она што го предложи Фискалниот совет како алатка го имаме и сега, но не размислуваме за нивна употреба“, рече Мицкоски.Тој рече дека Владата не размислува ниту за реформа на трите пензиски столба иако има различни гледања за решавање на прашањето на дупката во Фондот преку национализација на вториот столб.

Македонија | пред 1 година

06122024_MICKOSKI-18

(Видео) Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги

„Денес се одржа состанок на Економско социјалниот совет кое е добро место за дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите. Разговаравме за буџетот на државата за наредната година и предизвиците врзани со надминување на проблемите врзани со стандардот на граѓаните, нашата отворена заложба за подобрување на условите за живот и секојдневната борба за решавање на напластените проблеми беше потенцирана за време на денешната средба“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Очекувам наредната година веќе да имаме економија која оди напред, и произведува додадена вредност, како и раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги.Во буџетот кој е во собраниска процедура за наредната година предвидуваме средства за зголемување на пензиите оние преостанатите 2.500 денари во март за што се предвидени 105 милијарди денари. Што ќе биде второ зголемување на пензиите, по растот кој се случи оваа година.За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливите категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 5,2 милијарди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.Во буџетот се предвидени растот на платите во образованието и просветните работници, растот на платите во здравството и здравствените работници, што и беше наше ветување.Во стопанството ќе се случуваат два важни процеси.Првиот е реализација на инвестициски циклус за капитални проекти во општините за кој владата веќе обезбеди 250 милиони евра. Ќе се градат училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура.И вториот циклус, е парите кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити. Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од можеби 800 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти за сопствена потреба, како и да учествуваат во проекти кои ќе ги инвестираат општините.Очекувам раст на БДП, исто како и раст на нивото на странски директни инвестиции.Сето ова треба да ја закрепне економијата и да ја постави на здрави основи. Останува да разговараме со синдикатите и работодавачите. Тој дијалог треба да донесе решенија на проблемите кои постојат но и да трасира решавање на децениските бариери и напластени пропусти кои се случувале и кое како општество придонесуваа да стагнираме.Оптимист сум дека работите се движат во добар правец и нашата работа дава резултати. Секој час од денот го користам за решенија кои ќе го направат животот на граѓаните подобар. Уверен сум дека промените уште подрастично ќе се случуваат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања