МИЦКОСКИ

06122024_MICKOSKI-18

(Видео) Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги

„Денес се одржа состанок на Економско социјалниот совет кое е добро место за дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите. Разговаравме за буџетот на државата за наредната година и предизвиците врзани со надминување на проблемите врзани со стандардот на граѓаните, нашата отворена заложба за подобрување на условите за живот и секојдневната борба за решавање на напластените проблеми беше потенцирана за време на денешната средба“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Очекувам наредната година веќе да имаме економија која оди напред, и произведува додадена вредност, како и раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги.Во буџетот кој е во собраниска процедура за наредната година предвидуваме средства за зголемување на пензиите оние преостанатите 2.500 денари во март за што се предвидени 105 милијарди денари. Што ќе биде второ зголемување на пензиите, по растот кој се случи оваа година.За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливите категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 5,2 милијарди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.Во буџетот се предвидени растот на платите во образованието и просветните работници, растот на платите во здравството и здравствените работници, што и беше наше ветување.Во стопанството ќе се случуваат два важни процеси.Првиот е реализација на инвестициски циклус за капитални проекти во општините за кој владата веќе обезбеди 250 милиони евра. Ќе се градат училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура.И вториот циклус, е парите кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити. Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од можеби 800 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти за сопствена потреба, како и да учествуваат во проекти кои ќе ги инвестираат општините.Очекувам раст на БДП, исто како и раст на нивото на странски директни инвестиции.Сето ова треба да ја закрепне економијата и да ја постави на здрави основи. Останува да разговараме со синдикатите и работодавачите. Тој дијалог треба да донесе решенија на проблемите кои постојат но и да трасира решавање на децениските бариери и напластени пропусти кои се случувале и кое како општество придонесуваа да стагнираме.Оптимист сум дека работите се движат во добар правец и нашата работа дава резултати. Секој час од денот го користам за решенија кои ќе го направат животот на граѓаните подобар. Уверен сум дека промените уште подрастично ќе се случуваат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-at-12.20.53

Мицкоски за Бугари во Устав: Ние нема да влеземе во никаква авантура доколку нема јасен план дека го гледаме крајот

Прифаќање на Бугари во Устав нема да има додека не се види планот. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека знае дека Македонија е во право, бидејќи мора да се разоблични вистината. Според него: „не е вистинската вистина ако смениме два амандмани во Уставот“. Тој кажа дека за ова разговарал со претставниците на ЕУ, а во однос на почнувањето на преговорите.„На секоја наша теза очекуваме анти-теза. Првата фаза на планот ја реализираме - тоа е барање решение. Важно е да идентификуваме во втора фаза, дали со внесувањето на стотина граѓани во Уставот завршуваат проблемите или ова е првата пречка од на 10 метри од 110 метри. Бидејќи проблемите допрва следат, а ние нема да влеземе во никаква авантура доколку нема јасен план дека го гледаме крајот“, рече Мицкоски.Премиерот посочи: „Оптимиста сум и ќе продолжиме да се бориме. Додека јас бев во Брисел, министерот Муцунски беше во НАТО алијансата, имаше многу билатерални средби. Одиме назад во Брисел на самит, ќе се бориме. Нема да бидеме наивни, имаме чесен пристап. Ќе се бориме се додека не успееме“.

Македонија | пред 1 година

f33df756-7960-42cb-8725-7f4e287e857a

Целта беше да имаме жестока реакција на МВР, не дај Боже да се случеше да имаме и починати, рече Мицкоски за палењето знамиња

Целта на палењето македонски, па албански знамиња била да има жестока реакција на МВР, па доколку има починати, да има тензии, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој додаде дека за ова не треба лидерска средба, а може да има поединечни средби.„Јасен беше мотивот за инспеираторите. Видовме дека дел се блиски до политичари и политички партии кои сега се опозиција. Оперативните информации исто така со многу докази даваат одговор на тоа кој стои во Скопје и Куманово, за организирањето, која е целта. Јасна е состојбата, таа е под контрола. Целта беше да имаме жестока реакција на МВР, не дај Боже да се случеше да имаме и починати, па да има конфликт и тензии“, рече Мицкоски.Посочи дека ги разбира граѓаните, а им честиташе на МВР.„Со одредена реакција беше изолирана групата која сакаше да прави вакви инциденти, а тие кои го прекршија законот, се под кривичен или прекршочен прогон. Треба да се навикнеме дека вака треба да функционираме во периодот кој среди. Не смее да дозволиме на овие инспиратори да победат. Јас ја разбирам емотивната реакција ја јавноста, но ние мора да обезбедиме мир“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Премиерот ќе ја промовира новогодишната потрошувачка кошничка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, како што најави владината прес служба, денеска во свечената сала на Владата, ќе одржи состанок со претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка.Новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци, предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по пониски цени.

Македонија | пред 1 година

fasdfasd

Мицкоски за Дамева: Кога довербата е неоправдана, очекувањата неисполнети, треба да биде правило, а не исклучок да се поднесе оставка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата која е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ на новинарско прашање како ја оценува оставката на Дамева, изјави дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине.„Јас не би го гледал тоа дека е некаков почеток или некаков крај. Мислам дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството.Ценам дека овој Судски совет и ценам дека судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат во граѓаните, не успеаја. И ова не треба да биде исклучок, ова треба да биде правило во иднина дека секој оној којшто нема да ја оправда довербата на граѓаните, треба да замине, без разлика која улога во општеството ја има“, подвлече Мицкоски.Тој го истакна своето очекување обвинителите да имаат поголем фокус во справувањето со криминалот и корупцијата.„Така што, очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред се важи за обвинителите коишто сред акции, кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, ќе повторам, добиваат главоболка, повишена температура, грчеви во стомакот, дијареја и анксиозност“.Во однос на прашањето дека Државниот јавен обвинител се одзвал на прозивката дека ќе извршат реорганизација во Јавното обвинителство и дека ќе пристапат кон поважните предмети, премиерот Мицкоски изјави:„Јас не би сакал да го коментирам Државниот јавен обвинител, бидејќи често пати бев прашуван, имате комотно мнозинство, зошто не постапувате како што постапувале, во минатото владите кога биле избрани. Јас давав одговор дека сакаме да дадеме шанса на процесот и да видиме дали можеме конечно правдата да ја добиеме. Граѓаните со право се лути на Владата зошто не постапуваше до сега, бидејќи логично е дека граѓаните мислат дека ние како Владата треба и да обвинуваме и судиме.Тоа не е наша политика, можеби на некои минати влади, но на оваа Влада тоа не е политика. Ние можеме преку истражните органи, Финансиска полиција, Управата за јавни приходи, МВР итн да подготвиме случај и да му го дадеме на Обвинителството. Обвинителството е тоа коешто поднесува пријава, а подоцна, доколку Судот ја прифати, суди. Не е тоа државата и тоа на памет не ми паѓа, ниту некогаш ќе го правам.Јас само упати многу пораки во јавноста и ќе продолжам да упатувам кон овие две институции и обвинители и судии, да си ја работат својата работа. Да не бидат партнери со криминалците без разлика дали се тоа политички или вистински криминалци од улиците. Туку да се борат против криминалот и корупцијата. И конечно очекувам да почнат да си ја работат работата и да ја заработуваат платата којашто им ја даваат македонските граѓани, а не е мала“.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинител кој требало да потпише претрес и приведување, добил дијареа - Мицкоски очекува да си ја заработат платат

Ниту почнале, ниту завршиле реформите со оставката на Весна Дамева од претседателското место во Судскиот соет. Тој кажа дека фокус на реформите треба да е справување со криминалот. Пак го спомена обвинителот кој имал дијареа кога требало да потпише налог за претрес.„Овој процес треба да биде динамичен, тој што не ги исполнува очекувањата треба да замине. Ценам дека оваа доверба во правосудството, покажува дека тие не успеаја. Ова треба да биде правило, ако не ја оправда, било кој довербата кај граѓаните, да си заминат. Без разлика на општествената улога. Очекувам малку поголем фокус да имаат во справување со криминалот и корупцијата, тоа пред се важи за обвинителите, кои во сред акции кога треба да има налог за претрес или приведување, тие добиваат анксиозност, главоболки, повишена температура, дијареа“, рече Мицкоски.Премиерот одби да го коментира државниот јавен обвинител.„Јас кажав дека сакаме да дадеме шанса на процесот за да видиме дали можеме правдата да ја добиеме. И со право граѓаните се лути на Владата. Ние можеме преку истражните органи, МВР, Финансиска полциија, УЈП, да подготвиме случаи, ама Обвинителството поднесува пријава, а судот односно државата суди. Јас упатив многу пораки до обвинителите и судиите - да си ја работат својата работа, без разлика дали се политичари криминалци или криминалци од улиците. Треба да си ја заработат платата“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.18.45

Нема да ги посрамотиме граѓаните, спорот е наметнат, ама нема инстант решенија, рече Мицкоски за отпочнување преговори со ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека го запознал новото раководство на ЕУ со аргументите кои ги има Македонија за пристапните преговори. Тој посочи дека очекува поддршка, бидејќи постојат жестоки и цврсти аргументи, а не верува во инстант решенија. Дециден е: „нема да ги посрамотиме граѓаните!“.„Слетав пред час и половина, ценам дека квалитетни беа средбите. Имавме средба со новата комесарка за проширување Марта Кос, со претседателот на Европскиот совет, како и состанок со Копман на практично ниво. Разговаравме за сите теми од суштинско значење, поминуваме низ аргументите, даваме нови аргументи. Ова се нов состав, голем дел од информациите кои ги примаат се нови. Врз основа на тие дискусии очекувам дополнително да се развијат определени можни решенија. На 17-ти има Самит, ЕУ и Западен Балкан, ќе бидам пак таму“, рече Мицкоски.Според него, спорот е наметнат и. Политиката на претходната власт ја нарече „Политика во која подалеку од носот не гледал никој“.

Македонија | пред 1 година

29112024-Mickoski-6

До крајот на годината очекуван највисоко ниво на странски директни инвестиции од над 1 милијарда евра, објави Мицкоски

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:„Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани.Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда! Заедно за работа која носи дела!“.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски за шест месеци ја достигна авторитарноста за која на Груевски му требаа 10 години, обвинува СДСМ

„Наместо вистински реформи во судството, јавноста сведочи на закани од премиерот Мицкоски и неговата Влада. Ова е опасен преседан што открива лоша и недемократска тенденција – наместо да гради независен правосуден систем, Мицкоски се обидува да го зароби и стави под целосна партиска контрола“, рече Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додаде:Ова не се реформи, туку отворен обид за уништување на демократијата и владеењето на правото. Очигледно е дека целта на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била да создаде независно правосудство. Напротив, нивната стратегија е јасна: со уцени, закани и апсења, сакаат да воспостават правосудство што ќе служи исклучиво на партиските интереси на оваа влада. Тоа е недозволиво и мора да биде осудено од целата демократска јавност. СДСМ потенцира дека секоја реформа во правосудството мора да биде спроведена исклучиво низ демократски процедури – транспарентно, објективно и задолжително поддржано од меѓународната заедница. Сè друго претставува пат кон диктатура.За само шест месеци, Мицкоски успеа да ги покаже своите вистински авторитарни тенденции. Прво со заробување на безбедносните служби и масовната партизација низ институциите, потоа со обидот за целосно партизирање на Советот за граѓански контроли, а сега и преку најавата за апсења на судии и обвинители. Она што на Груевски му требаше една деценија, на Мицкоски му беше доволно шест месеци. Ова е страшно и претставува сериозна закана за демократскиот развој на Македонија. СДСМ апелира до граѓаните, меѓународната заедница и сите институции што ги почитуваат демократските вредности да не дозволат авторитарните апетити на Мицкоски да го уништат она што е градено со години. Демократијата, владеењето на правото и независноста на институциите не смеат да бидат жртва на ничии лични или партиски амбиции.“

Македонија | пред 1 година

29112024-Mickoski-12

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат компаниите за банкарски кредити за стопанството обезбедени од страна на Владата и како ќе се врши исплатата, изјави:„Ја поминавме на владина седница одлука, во вторникот. Со тоа практично го овластивме Министерството за финансии да ги префрли средствата на сметка на Македонската банка за поддршка на развојот, а таа потоа да комуницира со комерцијалните банки. Таа комуникација очекувам веќе да се случи во текот на следната недела и официјално да започне овој проект. Секоја компанија ќе може да аплицира до 10 милиони евра, тоа е еден од условите. Вториот услов е да има 20 проценти сопствено учество, најмалку, минимум. Опфатени се сите оние проекти коишто ќе значат набавка, монтажа на основни средства за работа, софтвер и така натаму, производни капацитети од обновлива енергија коишто ќе произведуваат енергија од обновливи извори на енергија.“„Понатаму, исто така се опфатени сите оние компании коишто сакааат да инвестираат во административен простор, во магацински простор и така натаму, бидејќи еден производен погон вие мора градежно да го затворите, мора тоа да го изградите. Така што очекувам најмалку 300 милиони евра инвестициски циклус. И заедно со оние 500 милиони евра коишто ги реалоцираме кон општините, ќе дојдеме до вкупна бројка од 800 милиони евра или тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ, ако го проектираме на 16 милијарди евра“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

29112024-Mickoski-6

(Видео) Мицкоски со најостра осуда: Ваков тип на обиди за ескалација на случувањата и креирање на етнички тензии ќе има и во иднина

Премиерот Христијан Мицкоски најостро го осуди сквернавењето на македонското знаме вчера вечер.„Тоа претставува чин на агресија. Нешто за кое што ние предупредувавме дека ќе се случува. Ваков тип на обиди за ескалација на случувањата и креирање на етнички тензии дека ќе има, а ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај нема да биде, очекувајте дека ќе има и во иднина. Како правдата се доближува до криминалците така тие ќе стануваат понервозни и понетрпеливи. Единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“, изјави Мицкоски.Тој честита на навремената, трезвена и државничка акција на МВР; Бирото за јавна безбедност, СВР Скопје кои не дозволија ескалирање и реагираа во насока на приведување на лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме.Тие се приведени, во текот на денот се очекува да бидат изведени пред судија. Тие ќе бидет обвинети според членот 319 од Кривичниот законик каде што е запретена затворска казна од минимум една, максимум пет години за предизвикување национална нетрпеливост и загрозување на националните симболи.Тој апелираше до македонските граѓани на трезвеност.„Да не дозволиме овие инциденти да предизвикаат негативни чувства. Ова е мала, изолирана, манипулирана група од оние кои ги штитат своите милиони“, кажа Мицкоски и додаде дека нема да има милост кон никого.„Секој оној кој што ќе го прекрши Законот и Уставот ќе одговара. Ако мислат дека се недопирливи, дека ова што го зборуваме не е вистина, силно ќе се разочараат“, изјави премиерот и додаде дека имале информации дека вакво нешто ќе се случи во текот на вчерашниот ден.

Македонија | пред 1 година

29112024-Mickoski-4

(Видео) Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови

„Голем поздрав до почитуваните претставници на медиумите, до граѓаните, до гостите коишто се заедно со нас денеска на овој би рекол за нас посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови. Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Она што јас можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува прв приоритет.Нема да застанеме тука, во периодот којшто следи очекувајте уште многу инвестиции, во сите општини на целата територија на државата. На почетокот од следната година имаме нов повик за општините да аплицираат со нови проекти, проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните.Ќе се бориме со многу работа со многу труд, со многу енергија, против сите оние коишто сакаат да не влечат назад во минатото. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас како Влада, а јас како прв човек на Владата ќе продолжам да работам во таа насока.Сакам да изразам голема благодарност што тука денеска заедно со градоначалникот и со министерот за спорт се и граѓаните коишто можат да посведочат на еден почеток на работа, на реконструкција на овој спортски храм, којшто наскоро денеска треба да биде. Тие се сведоци на сите ветувања во минатото коишто за жал не биле исполнети.Да аплаудирам на посветената работа и на министерот и на градоначалникот. Едниот во Министерството за спорт, другиот тука во општината. На советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, пратениците и сите добронамерници, бидејќи навистина можеме со дела да покажуваме колку си ја сакаме татковината и јас мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме како луѓе коишто во одреден период во својот живот во политиката имаат можност да остават трајни вредности“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Последните одлуки на Мицкоски носат сериозна опасност, предупреди Филипче

Претседателот на СДСМ реагира на последните одлуки на Владата на Мицкоски и „бруталната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите“ и најавува дека СДСМ ќе се спротистави, ќе преземе мерки за заштита на граѓаните и институциите од партиската хегемонија.„Како претседател на СДСМ, чувствувам должност да предупредам за сериозната опасност која ја носат последните одлуки на Владата на Мицкоски. Само пред еден ден, слушнавме големи зборови за деполитизација и департизација на институциите, а денес гледаме целосно спротивно – брутална партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Ова тело, кое треба да биде столб на независност и заштита на правата на граѓаните, сега се претвара во алатка за партиска контрола и злоупотреба.Ваквата лицемерност на Владата е опасна за демократијата и ја враќа земјата назад во мрачните времиња на режимскиот систем, кога безбедносните структури беа под целосна партиска контрола, а правата на граѓаните беа системски кршени. Мицкоски не само што ги изневерува своите ветувања, туку и директно ги загрозува темелите на демократскиот поредок.СДСМ нема да остане нем набљудувач. Ќе ја информираме меѓународната заедница за оваа скандалозна партизација и ќе преземеме се што е неопходно за да ги заштитиме граѓаните и институциите од оваа партиски брутален напад. Македонија заслужува независни и професионални тела, а не репродукција на режимски практики“. вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

28112024_Mickoski

Остра најава на Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате што се е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се правело со безбедносните служби, а СДСМ ќе се срамат и ќе треба да се извинат.„Ве носат во длабоко тие кои ви ги даваат прашањата многу скоро од денеска ќе се срамат, јавноста ќе знае. Се сеќавате на оној проект „вистината за Македонија“, ќе ја видите невистината на тие што правеле околу прислушкувањето и ќе се срамите и ќе излезете да се извините, затоа што во услови на фашистички режими не се следеле и прислушкувале луѓе кои водат опозициски партии. Убеден сум дека дел од последното раководство на СДСМ не знаеле, но дел го правеле за злоупотреба и лична агенда, но тоа што се случувало ќе ве згрози, какви мерки се преземале, физичко следење и употреба на недозволени методи. Затоа се плашите вие“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Митко Трајчулевски.Премиерот Мицкоски посочи дека ја следи дебатата на остатоците на удбашки и болшевистички структури кои до ден денеска за жал се присутни во кодошките безбедносни структури и посочи дека затоа се плашат од спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.Во однос на именувањата на кадри по институции, премиерот Мицкоски потсети дека пред да биде променет законот во Собрание, со кој двете второстепени комисии за управна постапка и инспекциски надзор позицијата претседател на таа комисија беше претседателка на општинската организација на СДСМ во Велес.„Дали требаше да ја оставиме, Даница Чадиева, тоа е професионалната администрација која вие ја замислувате, така нема да работиме. Во Агенцијата за електронски комуникации член беше претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош, дали требаше да го оставиме без никакви квалификации и стручност? Ако мислите дека тоа е професионален однос не се согласувам и грешите. Сите овие институции резултираа со отприлика помалку 50 функционерски места. Сите овие институции кои ги споменувате ги бира Собранието, најголем дел од нив. Да потсетам во 2018 година како беа бирани членовите во Регулаторна комисија за енергетика, на најбрутален начин со закани најпрвин во канцеларијата каде што работам јас, а потоа и во Собранието. Претседател на Регулаторна е Марко Бислимоски предлог на СДСМ, јавен обвинител е Коцевски вие го биравте“, додаде премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека токму затоа денеска обвинителите кога треба да се справуваме со криминалот и корупцијата од минатото се или со повишена температура или имаат дијареја или имаат несоница и патат од анксиозност и не ги потпишуваат налозите.„Тоа се ваши кадри и ако тоа според вас е професионализација, начинот на кој треба да работиме, не се согласувам. Ние ги менуваме работите, да видат граѓаните дека можело и поинаку и објаснив и зошто Шекеринска ја поддржавме и лобиравме за да биде претставена Македонија со свој заменик генерален секретар во НАТО, земете пример. Поставувате прашање кое нема логика, особено во институција којашто до вечера ваш претседател на општинска организација ја обавуваше. Јас не слушнав дека вие го оспоривте Орце Симов со неговата стручност, ни овде, ниту во една од стопанските комори каде е потпретседател. Човекот е универзитетски професор, доктор по информациски технологии, а исто и Ангелка дипломирала надвор од Македонија, стручна е, не кажавте дека не ги исполнуваат условите. Поддржете еднаш нешто што е нормално и различно“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-arsovska

Арсовска до Мицкоски: Aко јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз

„Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш “патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз“, реагира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти “патриоту” Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа.Ајде „патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриог менаџер во Европа кој ТИ со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е ТВОЈ избор, градоначалник кој ТИ го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе.„Патриоту“ Мицкоски, се што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП која преку твојата директорка Богева ја поништи, за да креираш криза од која сега ќе не спасуваш!“, се додава во реакцијата на Данела Арсовска.Претходно ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение ја нарекоа Арсовска „самопрогласена реформаторка на јавниот сообраќај која повторно го довела главниот град на раб на колапс“. Од ВМРО-ДПМНЕ ја прогласија градоначалничката за „кума на хаосот“.„Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања