МИЦКОСКИ

VenkoFilipceSDSM

Мицкоски: Само Филипче критикува за банкарските кредити, имам чувство дека некој го мести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на претседателот на опозицијата Венко Филипче за банкарските кредити за стопанството, изјави:„Па јас понекогаш се чудам на изјавите од опозицијата и имам чувство како некој намерно да го мести, тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување и благодарности.Само од него успеавме да слушнеме критика, немам што да коментирам, можам да го посоветувам дека што побргу расчисти кај него во неговите советнички тимови, толку подобро ќе биде, и ќе биде и за државата подобро, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна опозиција.Затоа што ваков тип на пораки, сега ние мораме да ги коментираме бидејќи сепак станува збор за најголема опозициска партија, но навистина се чудни. Еве во најмала смисла се чудни.“

Македонија | пред 1 година

thumbnail_27112024_MICKOSKI-8

(Видео) Мицкоски: Нашата визија е јасна - сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

„Денес зборуваме за една важна тема, која со годините многу малку била предмет на темелно студиозна анализа, ниту пак била предмет на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките кои треба да се превземат за поголем квалитет на услугите коишто ги добиваме од администрацијата. Но и иновациите како важен предизвик на тој план“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Ова е тема која не само што го одредува квалитетот на услугите што ги добиваме како граѓани, туку и го обликува лицето на нашата држава.Нашата визија е јасна: сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност. Јавна администрација која нема да биде само сервис за граѓаните, туку и партнер во градењето на идните мерки и чекори.Во изминатиот период, сите сме сведоци на предизвиците со кои се соочува администрацијата. Бавни процеси, недостаток на дигитализација, понекогаш и недоволна транспарентност и отчетност. Но и партизацијата која е отворен проблем, исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор. Овие проблеми не можеме да ги игнорираме – тие се реални, а за нив треба да се најдат решенија.Нашите цели за реформа опфаќаат:1. Дигитализација на услугите: Обезбедување што е можно повеќе услуги да бидат достапни онлајн, на еден клик од граѓаните. Со тоа ќе го намалиме времето за чекање и ќе го задоволиме она коешто го очекуваат корисниците од нас.2. Ефикасност и професионалност: Ќе се залагаме за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста.3. Транспарентност и отчетност: Зајакнување на механизмите за надзор и отчетност. Секој граѓанин има право да знае како и каде се трошат јавните пари.4. Намалување на бирократијата: Администрацијата треба да биде партнер, а не пречка за граѓаните и бизнисите. Работиме за поедноставување на процедурите и намалување на непотребните документи.5. Вреднување на трудот: Потребен е систем за наградување на оние што работат вредно и чесно, за да ги мотивираме сите вработени во администрацијата да се стремат кон извонредност“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-25-142117

Мицкоски: Од неделава стопанството ќе добие средства од унгарскиот заем со историска најниска каматна стапка од 1,95 проценти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамките на постојната ЈДГ ,,8 Март" во Општина Кисела Вода.По настанот одговарајќи на новинарско прашање, од кога ќе може да се користат евтините банкарски кредити, кои се договорени со банките и под кои услови, информираше:„Да после оној договор којшто го имаме со неколку од банките навистина јас сум би рекол задоволен од одговорноста на поединци и свесноста за тешката состојба во којашто македонската економија се наоѓа во моментот. Имајќи предвид дека уште пред изборите зборувавме дека како Влада ќе обезбедиме итн. Ние нашето си го направивме обезбедивме заедно, со дел од банките навистина историски најниска каматна стапка од 1,95 проценти. Под услови до три години грејс период, значи тука ќе се плаќа само каматната стапка и до 15 години рок на отплата, бидејќи има компании коишто сакаат рокот на отплата да биде пократок, да не биде толку долго. Така што оставивме простор и го вметнавме она зборче ‘до’ и мислам дека е тоа добро за економијата, имајќи предвид дека обврска на компаниите и е најмалку дваесетина проценти од проектот од сопствени средства да го финансираат.Значи станува збор за 300 милиони евра, кога на тоа ќе се додадат уште пола милијарда, 500 милиони евра коишто ги реалоцираме од Буџетот кон општините и оние проекти коишто Министерството за животна средина и Транспорт беа закочени, тоа се 800 милиони. Имајќи предвид дека е проектиран бруто-домашниот производ на 16 милијарди станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства којшто очекувам да бидат инвестирани ова и следната година. Тоа е алатката со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза поради кризата во автомобилската индустрија во Европа, нормално. Од аспект на енергетските ресурси мислам дека тука е оптимална состојбата и дека тука оваа зима ќе ја поминеме без поголеми потреси и би рекол пореметувања на пазарот.Така што оние два реални проблеми коишто ги антиципиравме коишто можат оваа зима и пролет да бидат проблеми мислам дека подготвени ќе ги пречекаме. Ова е жива материја, проблеми има секој ден, решаваме тековно, но овие беа оценети како главни приоритети за решавање. Мислам дека како Влада нема да бидат сведоци граѓаните на оние слики коишто беа во минатото кога во 5 до 12 се бараат ад-хок решенија па тие не чинат многу скапо изнудени решенија итн.Подготвени го пречекуваме сето ова и можеби сме први во регионот ако не и во Европа. Тоа што сме помали, помалубројни тоа значи понекогаш и пренос така што мислам дека многу брзо се, се адаптиравме на ова и мислам дека подготвени ќе го ќе го пречекаме сето ова. Така што би сакал уште да сумирам, ова што вие го поставивте кога прашање сите компании коишто ќе инвестира во средства за работа односно основни средства, тие ќе бидат подржани со овој проект. Максималниот износ на проектот ќе биде до 10 милиони евра. Што значи од тие 10 милиони, би требало, 20 проценти минимум да е сопствена инвестиција што значи дека до 8 милиони евра ќе бидат финансирани од, од овој проект. Тука се опфатени објекти коишто се од обновливи извори на енергија, онаму каде што ќе се инвестира, таму нели, сите ние сме за онаа зелена транзиција се боревме што поскоро да ги постигнеме целите имајќи предвид дека планот за раст тоа и го наметнува и сме први во регионот иако како влада последни почнавме во многу работи и први ќе ја добиеме траншата.Така што и исто така оние коишто ќе инвестираат во административни простории за сопствени потреби не да инвестираат, па да ги препродаваат туку за сопствени канцелариски простори административни итн. во склоп на производниот погон и слично. Така што еве уште еднаш ќе ги повикувам компаниите да подготват добри издржани проекти, план добар, бизнис план навистина претставува атрактивно сето ова вие да добиете осум милиона по каматна стапка од 1,95 проценти, до 8 милиона зборуваме тоа значи дека годишно ќе треба да плаќате до 160.000 евра камата и три години да ги работите парите.Јас мислам дека имаме многу успешни и вредни би рекол претприемачи, коишто сакаат да се развиваат и ја искористат оваа можност, а тоа ќе значи подобра економија. Подобра економија значи посилна држава, а посилна држава, значи дека и нашиот дом повеќе ќе вреди. Ако државата ни е слаба, осиромашена, понижена, засрамена, тогаш и нашиот дом помалку ќе вреди. Така што се бориме практично преку ваквите политики акции за нашиот дом и тоа е она коешто го правиме како Влада“, објасни премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski34

Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на СДСМ: Разочаран сум

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ, туку напротив е разочаран.„Избраа раководство какво што заслужуваат. Тие најдобро знаат, ние не можеме да кажеме какво раководство треба да изберат. Не сум импресиониран од ова раководство - напротив сум разочаран, затоа што не можат да бидат конструктивна опозиција. Ќе продолжат со опструкции и навреди“, изјави Мицкоски, коментирајќи го изборот на највисоките тела на СДСМ на вчерашниот конгрес.Според Мицкоски, за десетина месеци ќе има тест, со почетокот на кампањата за локалните избори „и ќе видиме дали ова раководство ќе понуди нешто ново“.„Сакам да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но можам да кажам дека не сум импресиран“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-kisela-voda-1

(Видео) Мицкоски: Од овој месец здравствените работници добиваат 10% повисока плата и нови 5% заклучно со мартовската плата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање на тема здравство, во однос на тоа дека е постигнат договор со синдикатите и од кога ќе започне официјално да важи или да тече исплатата на повисоки плати за докторите и другиот медицински кадар, изјави:„Да, еден од низата на историски договори што во овие пет месеци ги постигневме е и тој со Синдикатот, односно со здравствените синдикати, бидејќи беа повеќе таму на број. Од овој месец, од ноември практично, здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови пет проценти заклучно со мартовската плата која што ќе биде исплатена во 2026 година. И во зависност од состојбата во Буџетот, продуктивноста и така натаму, во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до педесет проценти повисока парична маса којашто ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал, да се разбереме и медицинскиот персонал болничарите, сестрите и така натаму. Така што еден од тие би рекол историски договори е и тој.“

Македонија | пред 1 година

mickoski-kisela-voda-2

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

„Почитувани дечиња, тоа е најважното бидејќи сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот, две години. Но, убеден сум дека ќе биде порано. Продолжуваме да инвестираме на целата територија на Македонија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.„Она што е важно е дека мораат граѓаните да се чувствуваат комотни, да ја вратиме надежта и она кое што е многу важно, да покажеме дека нема веќе да работиме по принципот како до сега, туку со иновативни методи ќе си ја развиваме нашата татковина, Македонија. Тоа е она кое што ние како Влада имаме намера да го правиме.Му честитам на градоначалникот за посветената работа која што ја прави секојдневно, неуморно, овде во општина Кисела Вода, на советниците кои што ја поддржуваат неговата работа, на општинската администрација, пратениците се разбира коишто се составен дел.Понатаму, директорите на објектите кои што се под ингеренции на локалната самоуправа, бидејќи ако немате добра подготовка, ако немате добро проектирање и дефинирање на приоритетите, тогаш вие ќе не можете да имате ниту добар проект.Продолжувам и понатаму како Влада, преку оној проект за децентрализација од буџетски средства кон општините да инвестираме на цела територија на Македонија.Веќе неколку проекти овдека во Кисела Вода се потпишани, во оној прв бран, сега во февруари ќе има уште еден, втор бран проекти кои што ќе бидат исто така потпишани.И мислам дека на тој начин ја заокружуваме оваа инвестициска активност за оваа и за следната 2025та веќе почнуваме да правиме планови за следната 2026та година. Импресионира посветеноста на градоначалниците, морам да кажам“, изјави премиерот.

Македонија | пред 1 година

22112024_VLADA-4

Мицкоски од Србија: Овој настан е доказ за моќта на соработката

„Дозволете ми, од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да ве поздравам на ова значајно случување – саемот „Винска визија на Отворен Балкан“. Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.Виното, како културно наследство на овој дел од Европа, е многу повеќе од производ. Тоа е симбол на нашата историја, земја и труд, но и мост меѓу луѓето, градејќи разбирање и пријателства.Драги пријатели,Горд сум што денеска, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија, која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот.Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот.Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето.Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена.Во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот, меѓу количината и квалитетот на произведеното вино.Според податоците, 50 проценти од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет.Дополнително, секторот за вино придонесува со три проценти од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците.Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител.Почитувани присутни,Верувам дека овој настан нема само да ја зајакне нашата винска индустрија, туку и дека ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници.Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки.На крајот, дозволете ми да се заблагодарам на домаќините и организаторите, кои вложија голем труд за да го направат овој настан успешен и да го промовираат Балканот како регион на квалитет, креативност и потенцијал.Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина.Ви посакувам успешен саем, многу нови партнерства и се разбира, убави моменти со најдоброто од нашите вина.На здравје и успех!Ви благодарам.“

Македонија | пред 1 година

22112024-Mickoski-1

Мицкоски: Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето

„Денес, со почит се собираме заедно да го одбележиме Денот на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на албанскиот народ.Овој ден, 22 ноември, нè потсетува на Конгресот во Битола, одржан во 1908 година. Таму, со мудрост и единство, интелектуалците донесоа одлука која ќе го трасира патот на албанскиот јазик кон иднината – создавањето на единствена и стандардизирана азбука. Оваа одлука не беше само лингвистичка; тоа беше акт на создавање на иднина и едно културно обележје“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Живееме во време на силна диверзификација на различности. Албанската заедница е дел од оваа мозаична слика. Наша заедничка обврска е да продолжиме да градиме општество во кое секој граѓанин, независно од етничката или јазичната припадност, ќе се чувствува рамноправен и ќе има можност да го даде својот придонес за заедничкото добро.Во овој дух, Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето. Не темите кои не разделуваат, не политичките барања на поединци кои многу години претходно се криеја позади народот кого го крадеа. Јасното фокусирање кон приоритетите, кон реалните потреби за образование, економија и напредок ни помагаат да ги надминеме разликите, да ги споделиме нашите вредности и да изградиме посилна, поединствена заедница.Воедно денешниот ден ќе го искористам да зборувам за двете основни вредности кои го обликуваат секое општество – писменоста и образованието. Тие се основата на нашиот индивидуален и колективен развој, алатките што ни овозможуваат да ги оствариме своите цели и да изградиме подобра иднина.Писменоста е првиот чекор кон слободата. Таа ни овозможува да комуницираме, да разбираме и да го изразуваме својот потенцијал. Таа е алатка за стекнување знаење, за развивање критичко размислување и за навигација низ светот. Но, писменоста не е само учење на буквите и бројките – таа е мост што нè поврзува со нашата култура, историја и со светот што нè опкружува. Образованието, пак, ја надградува писменоста и ни овозможува да го откриеме целиот спектар на можности што ни стојат на располагање. Преку образованието, ги учиме основните вредности на човештвото – толеранцијата, почитта и емпатијата. Ги развиваме нашите способности, ги отвораме вратите кон нови идеи и стекнуваме алатки за решавање на предизвиците.Во нашата држава, образованието и писменоста се не само индивидуални потреби, туку и колективна одговорност. Тие се клучни за економскиот развој, за градење праведно и инклузивно општество и за зацврстување на демократијата. Само писмени и образовани граѓани можат активно да учествуваат во општествениот живот, да носат информирани одлуки и да придонесуваат за просперитетот на нацијата.Мораме да разбереме дека образованието не завршува во училишните клупи. Тоа е процес што трае целиот живот. Како општество, мора да создадеме услови за постојано образование, за надградување на вештините и за охрабрување на креативноста. Но, за да го постигнеме тоа, потребна е заедничка заложба. Владата има одговорност да обезбеди квалитетно образование за сите – без разлика на етничка припадност, пол, географска положба или социјален статус. Семејствата имаат одговорност да ги поддржуваат своите деца во образовниот процес, а заедницата – да создаде средина во која знаењето ќе биде вреднувано и поттикнувано.Писменоста и образованието не се луксузи – тие се основни права и најмоќни инструменти за трансформација на нашето општество. Нивната важност не може да се измери со бројки, но нивното влијание се гледа во подобриот живот на секој поединец и во напредокот на целата заедница.Да вложуваме во писменоста. Да ги отвораме вратите на образованието за сите. Да создаваме општество во кое знаењето ќе биде најсилната валута. Само така можеме да изградиме држава што ќе биде подготвена за иднината.Нека овој ден не инспирира да работиме заедно, со љубов кон знаењето, со почит кон историјата и со поглед кон иднината.Нека е честит денот на албанската азбука“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-13

(Видео) Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери

„Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата. Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба.Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959 година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади и најранливи членови на општеството.Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба.Но, зборовите на хартија не се доволни. Потребни се дела. Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

11112024-Mickoski-22

Град Скопје: Мицковизмот, преку хистеричното его на Мицкоски, главниот лик на новиот режим, функционира единствено со притисоци и закани

„Неколку месеци по седнување во премиерската фотеља, шефот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, започна со перфидни затскриени пресметки со сите кои му го попречуваат патот до институциите и нивните буџети. Градот Скопје е предмет на блокада од неговите послушници во Советот, каде веќе 3 години се обидува да префрли вина на друг за одлуки кои само неговите советници на чело со Трајко Славевски можат да ги донесат“, реагира Град Скопје на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Денес како и во изминатите 3 години, повреденото его на Мицкоски и неговите удари се насочени повторно кон град Скопје, а на удар се градоначалничката и директорите на скопските јавни претпријатија. Од опозиција срамежливо повикуваше на оставки и упатуваше дискретни закани, а сега од позиција на моќ директно се пресметува и око не му трепнува што граѓаните трпат поради неговата суета.Поврзано со неговите коментари за промени на директорските позиции во јавните претпријатија, должни сме да го потсетиме Мицкоски дека процесот на промени на директори започна со неговиот близок другар од детството Филип Пасху, кој од позицијата Директор на ЈП Паркинг Скопје даде оставка по само 3 дена од именувањето бидејќи кадровикот Мицкоски направил погрешна проценка, за на негово место да седне сегашниот директор на АНБ повторно близок до Мицкоски, кој во моментов е актуелен со скандалот поврзан за веродостојност на сертификат за познавање странски јазик.Следен беше разрешен директорот на Мицкоски кој закла 10 коњи во ЗОО Скопје, а потоа најблискиот и најпослушен Мицковистички директор кој беше фатен со рачињата во медот. По обелоденување на истото, следеа по налог на шефот 7 оставки од Мицковистичката директорска екипа, кои послушно во ист ден објавија идентичен текст напишан за таа намена од ПР центарот на Мицковизмот, дека немале соработка каква очекувале.Дополнително јавноста сигурно го памети поранешниот директор на Комунална Хигиена Зуди Кока, за чиј брат Мицкоски јавно тврдеше дека со пиштол се обидел да го убие при протестите во Скопје и лично инсистираше Кока да се разреши. На Мицкоски сега не му е проблем истиот тој Зуди Кока, повторно коалициски да биде поставен за директор во неговата Влада, иако брат му се обидел да го убие.Мицкоски сега е централна власт, а локална власт е веќе 3 години, да цветаа општините во Македонија кои се под негово партиско водство, можеби некој и ќе му веруваше на тоа што го зборува. Бидејќи не успеа да биде шпицен градоначалник, време е да го одблокира градот и да ги остави Скопје и скопјани на раат. Наместо да се занимава секојдневно со градот Скопје, нека се погрижи „патриотот“ Мицкоски да им испорача на граѓаните на Македонија тоа што им го вети пред изборите, бидејќи за тоа не може да му биде друг виновен, туку единствен виновник на Мицкоски ќе му биде Мицкоски“, се додава во реакцијата на Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-5

(Видео) Историски договор, вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години, кажа Мицкоски

„Навистина можам да изразам големо задоволство од името на македонската Влада за овој би рекол историски момент, бидејќи за прв пат на долг рок се постигнува договор кога станува збор за зголемување процентуално на паричната маса која што е потребна за да се исплаќаат платите на здравствените работници“, вели премиерот Христијан Мицкоски.„Благодарност и до синдикалните организации и синдикатите кои што навистина конструктивно со свои идеи учествуваа во овој цел процес, заедно со како што веќе кажаа од страна на претставниците од синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, тука беше и Лазар Јовевски кој што е дел од мојот кабинет како мој советник за трудово право и заедно со останатите кои што беа вклучени.Навистина постигнавме еден договор кој што има историска димензија, покрај овие коефициенти кои што зборувавме сега што би значело зголемување за 10 проценти на паричната маса која што се издвојува за плати. Веќе следната година во март месец ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, следната година 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа.Истото тоа зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса ќе биде и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година. Или кога ќе го земете целиот овој период во низа добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти. Навистина нешто кое што претставува историско и јас очекувам дека во текот на следните денови, повторно и од Министерството за здравство и од Фондот ќе излезат со нови позитивни пораки за здравствените работници и со тоа го заокружуваме тој циклус.Следно кое што следи е реформи во самиот здравствен систем за граѓаните го добијат она кое што го заслужуваат.Уште еднаш за мене претставува големо задоволство кој што би рекол дека претставува историски настан и да посакам уште многу вакви убави заеднички моменти во иднина“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-studenti-2

Мицкоски до студентите: Нашата визија е да создадеме систем кој ќе ви даде можност да се развивате- без ограничувања и без бариери

„Образованието не е само патека кон индивидуален успех- тоа е катализатор за општествени промени, рамноправност и прогрес. Денес, на Меѓународниот ден на студентите, ја славиме токму вашата енергија, креативност и амбиција. Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина. Не само преку учење и стекнување знаења, туку и преку активна улога во создавањето на иновативни решенија и праведно општество.“, порача Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија вчера по повод Меѓународниот ден на студентите.Премиерот Мицкоски изјави дека визијата на Владата е да се создаде систем во кој ќе им се даде реална можност на студентите за развивање, без ограничувања и бариери.„Вашите проблеми се наши важни приоритети. И ова не го говорам само затоа што тоа се очекува од мене. Ова го говорам затоа што целиот мој професионален развој е поврзан со факултетите, со универзитетите, со науката, со студентите. Владата е решена да ви даде силна поддршка и да создаде услови во кои вашиот труд, талент и амбиција ќе можат да блеснат. Нашата визија за образованието и младите е едноставна, да создадеме систем кој ќе ви даде можност да се развивате - без ограничувања и без бариери. Со гордост можам да кажам дека веќе работиме на големи промени.“, нагласи тој.„Вашиот успех е успех на целото општество и затоа ќе продолжиме да инвестираме во вас, во вашите соништа и во вашата иднина. Заедно, можеме да ја направиме Македонија место каде младите не само што ќе сакаат да останат, туку и ќе бидат горди што ја градат. Да се потрудиме да го покажеме тоа. Образованието можеби е најважната алатка преку која што ќе се водат процесите во иднината. Колку тоа образование е посилно и помоќно толку во посилна и помоќна држава ќе живееме.“, дециден е премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека секој од нас некогаш бил револтиран и сакал да замине од државата, но рече дека реалноста е дека треба да се бориме секој ден во сопствената татковина и овде да создаваме за да ја видиме Македонија каква што сакаме да биде.„Сите ние во одредени моменти во нашите животи сме имале можност или понекогаш од револт сме сакале да го спакуваме нашиот живот во еден куфер и да заминеме што подалеку од овде. Не било лесно и ние нашите професионални кариери сме ги започнувале можеби под очекувањата онакви какви што ни биле кога сме биле студенти. Можеби сме очекувале дека таа сурова реалност наречена живот ќе биде со нас помила и понежна и дека можеби ќе не’ погали од самиот почеток. Но, за жал реалноста не е таква. Реалноста е дека треба да се борите секој ден и дека животот е борба и таа борба можете да ја водите дома, таа е поинспиративна бидејќи се борите за сопствената татковина, но можете да бидете некаде таму далеку и да се борите за туѓи бели дворови и за туѓи татковини. Мојот совет до вас е, останете дома и заедно да се бориме, да се избориме за оние што доаѓаат по вас, заедно да се бориме за онаа Македонија каква што сакаме да ја видиме бидејќи само така можеме и ние да бидеме среќни и бидејќи само така можеме да успееме.“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

11112024-Mickoski-6

Мицкоски увезува, граѓаните плаќаат - Нови 10 милиони евра за скапа струја, велат од СДСМ

„СДСМ ја осудува неспособноста на владата предводена од Христијан Мицкоски да обезбеди стабилен и одржлив енергетски систем. Наместо да се вложува во зголемување на домашното производство на електрична енергија, власта повторно увезува скапа струја. Само за овој месец, граѓаните ќе платат дополнителни 10 милиони евра, а за последните три месеци вкупната сума за увоз надмина 20 милиони евра“, велат од СДСМ.„Ваквиот трошок директно го плаќаат граѓаните, кои веќе страдаат од високите сметки за електрична енергија. Ова е директен резултат на неспособноста на власта да управува со нашите најголеми енергетски капацитети.РЕК Битола, најголемиот домашен енергетски капацитет, долг период не работеше, а сега функционира само делумно, бидејќи ремонтот кој требаше да биде завршен одамна сè уште трае. Дополнително, хидропотенцијалите, кои би требало да обезбедат значителна количина енергија, работат само со 13% од својата акумулирана енергија, што е далеку под просечниот капацитет.Оваа влада е неспособна да ги реши енергетските проблеми и на граѓаните им остава само долгови и скапи сметки. Наместо одговорна енергетска политика и инвестиции во обновливи извори и зголемување на домашното производство, добиваме хаос, скапа струја и хронична негрижа.СДСМ повикува на одговорност од владата предводена од Мицкоски. Граѓаните не смеат да бидат тие што ќе го плаќаат цената за неспособноста на оваа власт. Потребна е итна реорганизација и инвестиции во домашното производство на електрична енергија. Граѓаните заслужуваат стабилен и ефикасен енергетски систем, а не хаос и долгови“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-kurti

(Видео) Мицкоски од Косово: Договоривме конкретни чекори кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на зе...

„Нашата средба беше исклучително продуктивна и исполнета со отворен и искрен дијалог, што е од клучно значење за понатамошното зајакнување на односите помеѓу двете земји. Разговаравме за широк спектар на прашања од заеднички интерес, вклучувајќи економска соработка, зголемување на трговската размена, инфраструктурни проекти и заеднички напори за обезбедување на регионална стабилност и безбедност“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Договоривме конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот.Исто така, посветивме внимание на образованието, културата и младите, со цел да го поттикнеме меѓусебното разбирање и да изградиме посилни врски помеѓу нашите народи.Веруваме дека инвестирањето во овие области е инвестирање во нашата заедничка иднина.Дискутиравме и за важноста на евроатлантските интеграции, заедничката посветеност кон европските вредности и стандарди. Убедени сме дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, и дека преку заеднички напори можеме да ги надминеме предизвиците и обезбедиме просперитет и стабилност за нашите граѓани.Сакам да посочам нешто со кое се согласивме со мојот драг колега. Балканот предолго беше место кое интензивно ги полнеше црните хроники во европската и светската јавност. Предолго регионов потроши време на политички прашања, занемарувајќи ги прашањата од реалниот живот на граѓаните. И граѓаните на Приштина и граѓаните на Скопје или било кои други места од двете држави ги интересира подобар живот, подобар стандард, повисоки критериуми за образование. Да ги потенцираме точките кои нè обединуваат и за кои вреди заеднички да работиме. Време е да ги решаваме економските прашања. Оваа средба е токму од таква природа. Тука сме за подобар живот. Токму тоа беше нашиот мотив да ги потпишавме меморандумите и протоколите.Првиот за енергетика, развивање на соработка за размена на електрична енергија, гас и останати енергетски потенцијали, вториот, протокол за заеднички граничен премин каде ќе се намали времето на премин на граница и третиот е образованието и соработката во оваа област. Време е да разговараме за иднина, наместо за минато. Граѓаните имаат заеднички проблеми, затоа ќе носиме и заеднички решенија. Имаме заеднички вредности кои ги споделуваме и градиме отворени односи со соседите.На крајот, сакам искрено да му се заблагодарам на мојот колега и пријател Албин Курти за топлото гостопримство и за успешната и конструктивна средба. Се радувам на нашата идна соработка и на конкретните резултати кои ќе произлезат од денешните разговори“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-18-083912

Мицкоски оди во Косово на меѓувладина седница, ќе се потпишат и протоколи и меморандуми за соработка

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.За 10:30 часот е најавено пристигнувањето на косовската и македонската делегација, по што следува пречекот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски од страна на косовскиот премиер Албин Курти.Предвидено е пред почетокот на меѓувладината седница, односно од 11:20 часот да се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Косово, Албин Курти, како и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади.Во 12:00 часот ќе се одржи меѓувладината седница, по чие завршување ќе се потпишат протоколи и меморандуми за соработка во три области.Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Северна Македонија.Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување, и начинот на одржување на објектите.Третиот документ кој ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Северна Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа. Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука.Во 13:45 часот ќе одржи заедничка прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Мицкоски и претседателот на Владата на Република Косово, Курти.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања