Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

evra

Закани по живот за непостоечки долг: Тројца скопјани осомничени за изнуда од 50.000 евра

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarygbotjgld2om71bAgU45

Кумановец фатен во нелегална трговија со заштитени историски предмети

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.П.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост”.Пријавениот во текот на 2024 година купил монети кои потекнуваат од 18 и 19 век и предмети во вид на „пафти” кои претставуваат етнолошки предмети, кои потекнуваат од 19 век или почеток на 20 век и претставуваат добра под привремена заштита.

Македонија | пред 4 седмици

policija-5

Пијан удрил во паркирано возило, па доби кривична пријава

На 21.01.2026 во 13:50 часот во населба Домачки дол, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.А.(59) од Крива Паланка.Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано возило.По извршен преглед е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 4 седмици

259152317_476073507554637_2827034187181442103_n

Малолетник нападнат на автобуска постојка во Аеродром: Турнат во багажник поради снежни топки

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, во 22 часот, во СВР Скопје било пријавено кривично-правно релевантно насилство врз малолетно лице.Според пријавата поднесена од Е.Б. (36) од Скопје, околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Напаѓачот, како што е пријавено, насилно го турнал малолетникот во багажниот простор од своето патничко возило и од него барал да му открие кој фрлал снежни топки по неговото возило.Во инцидентот, според пријавеното, физички бил нападнат и другарот на малолетникот.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот и одговорноста на сторителот.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Лажна порака за „Сејф сити“: Кавадарчанка измамена за речиси 30 илјади денари

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, во 15:45 часот, во ОВР Кавадарци била пријавена измама, во која 43-годишна жителка на Кавадарци била оштетена за износ од 29.930 денари.Според пријавеното, на 20 јануари 2026 година таа на својата електронска адреса добила лажна порака, испратена во име на Одделот за моторни возила при МВР, во која била известена за наводно сторен сообраќаен прекршок и добила насоки за електронско плаќање на казна. Следејќи ги дадените инструкции, оштетената се регистрирала на посочена интернет-страница и ги оставила своите лични податоци.Како што било пријавено, подоцна добила известување дека од нејзината банкарска сметка бил извршен одлив на парични средства, по што сфатила дека станува збор за измама.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и повторно апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не доставуваат лични и банкарски податоци преку сомнителни електронски пораки или линкови.

Македонија | пред 4 седмици

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Тешко повредена 16-годишна девојка во сообраќајна несреќаa

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, околу 20:30 часот, во ОВР Кочани била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај местото познато како „Двојни кривини“, во атарот на селото Уларци.Според пријавата, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С. (41) од Кочани, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка од селото Спанчево.Со телесни повреди се здобиле уште тројца 16-годишници од селата Чешиново, Спанчево и Кучичино, како и 14-годишна малолетничка од селото Чешиново. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Штип, каде што повредените биле пренесени на укажување лекарска помош.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани, а надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 4 седмици

pari-zaplena-evra-denari-mobilen

Со закани барале 50.000 евра за наводен долг: тројца скопјани осомничени за изнуда на скопјанец

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Скопје поднело кривична пријава против Х.З. (48), Ѓ.А. (27) и Ц.Е. (36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.Според информациите од полицијата, пријавените во периодот од ноември 2025 година до 25 декември 2025 година, со сериозни закани по животот на Ш.К. (32), барале исплата на 50.000 евра за наводен долг во износ од 20.000 евра, кој, како што тврделе, го должел 26-годишниот Н.К.Од МВР информираат дека се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува постапување од надлежното обвинителство.

Скопје | пред 4 седмици

bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

Полицајка осомничена дека открила информации за полициска акција со дрон

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“, казниво по член 360 од Кривичниот законик.Според соопштението на МВР, пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделението за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10 јули 2025 година остварила телефонска комуникација со едно лице, користејќи телефонски број кој го употребува нејзиниот брат. Во разговорот, таа му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, информации кои претставуваат службена тајна и биле поврзани со конкретна оперативна акција.Од Министерството наведуваат дека со ваквото постапување пријавената можела да предизвика штетни последици за службата, поради што се сомничи дека го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“.Покрај кривичната пријава, од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против В.М. ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 4 седмици

puska

Со пушка се заканувал на вработен во адвокатска канцеларија

Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Ф.Б.(47) од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице.Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

mobilen-telefon

Закана со остар предмет: Ограбен пензионер во својот дом во Скопје

На 21 јануари 2026 година во 03:35 часот во СВР Скопје, 67-годишен скопјанец пријавил разбојништво што се случило во неговиот семеен дом на подрачјето на општина Центар.Според пријавата, околу 01:30 часот, лицето Д.А. со закана со остар предмет му го одзел мобилниот телефон.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 4 седмици

media-library2cm765d2rbmdeT1CLcs

МВР алармира за нова сајбер измама со злоупотреба на името на директорот на БЈБ

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Целта е примачот на пораката да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на БЈБ – МВР ниту од одделението за сајбер криминал и безбедност. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку маил и доколку внимателно се прочитаат овие пораки може веднаш да се забележат грешки во текстот во однос на тоа дека е направен со лош превод на интернет со тоа и смислата на содржината на пораката насочува дека е сомнителна поточно измама.Aпелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на било која електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер“, стои во соопштението од МВР/

Македонија | пред 4 седмици

media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Семејна драма во Грчец: Родители ја земале малолетната ќерка по физички напад

Шеснаесетгодишен жител на селото Грчец, општина Сарај, пријавил во СВР Скопје дека во семејниот дом бил извршен физички напад врз неговиот брат и неговата малолетна девојка, по што девојката била однесена со сила.Според пријавата, на 20 јануари 2026 година околу 13 часот, во домот пристигнале две машки и три женски лица кои физички го нападнале Д.Г. (21) и неговата малолетна партнерка. По нападот, малолетничката била земена од лицата и однесена од домот.Како што е пријавено, двајца од лицата што учествувале во настанот се родители на малолетничката девојка. За целиот случај биле известени надлежните служби, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и утврдување на сите околности.

Скопје | пред 4 седмици

mobilen-telefon

Лажна порака од „Пошта“ му ја испразнила сметката на гостиварец

Четириесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил жртва на интернет измама, при што од неговата банкарска сметка биле одземени 26.000 денари.Како што соопштија од ОВР Гостивар, на 20 јануари 2026 година оштетениот добил СМС порака со линк кој наводно водел до веб-страница на „Пошта на Северна Македонија“, со барање за ажурирање на податоци за достава на пакет.Верувајќи дека станува збор за негова претходна нарачка, тој пристапил на линкот и ги внел податоците од својата платежна картичка. Набргу потоа, без негова согласност, биле извршени пет финансиски трансакции кон различни субјекти, по што сфатил дека станува збор за измама.Случајот е пријавен во полиција, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Македонија | пред 4 седмици

sportska-oblozuvalnica-640x428

Добил 74.294 денари од игри на среќа, а никогаш не учествувал: Гостиварец се сомнева на злоупотребени лични податоци

Седумдесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека му биле злоупотребени личните податоци, по што се соочил со сериозни финансиски последици.Како што информираат од ОВР Гостивар, случајот бил пријавен на 20 јануари 2026 година, откако оштетениот при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи забележал дека во неговото досие се евидентирани добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година.Според неговата изјава, тој никогаш не учествувал во игри на среќа, ниту пак подигнал какви било добивки. Поради тоа, се сомнева дека неговите податоци од лична карта биле злоупотребени од вработени во спортска обложувалница, кои наводно ги користеле за исплата на добивки на трети лица.Дополнително, поради фиктивно прикажаните приходи, на оштетениот му биле направени финансиски кратења на пензијата што ја прима во Италија, со што штетата за него не била само евидентна, туку и директна.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 4 седмици

policija-4

Полицијата приведе 41-годишен возач, бил фатен со 2,43 промили алкохол

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне го лишиле од слобода 41-годишниот А.Г. од селото Јанковец, откако бил затекнат како управува патничко возило под силно дејство на алкохол.Како што соопшти полицијата, на 20 јануари 2026 година во 14:58 часот, при редовна сообраќајна контрола во селото Јанковец, ресенско, било утврдено дека возачот имал дури 2,43 промили алкохол во крвта.Поради сериозното загрозување на безбедноста во сообраќајот, возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања