Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Кобна ноќ кај Деве Баир: Камион излета во провалија, возачот загина на лице место

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од Граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узeм.Како што информираат од полицијата, на 21 јануари 2026 година околу 04:50 часот, товарно возило марка „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија.Возачот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.На местото на несреќата бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата се утврдуваат.

Македонија | пред 4 седмици

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии на малолетничка

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот, користејќи лажен профил на социјална мрежа, испраќал пораки со недозволена содржина, вклучително и експлицитни фотографии и видеоснимки, на профил на малолетничка.По преземените мерки и активности, со П.А. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој го признал кривичното дело. Случајот е документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.Од МВР нагласуваат дека ваквите дела претставуваат сериозно кршење на законот и директна закана за безбедноста и интегритетот на малолетните лица, поради што институциите ќе продолжат со решително постапување против вакви појави.

Македонија | пред 4 седмици

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Граѓанин лажно пријавил „малтретирање“ од полицајци, камерите ја разоткрија измамата

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес против граѓанинот П.М., поради основано сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.Според информациите од МВР, на 23 септември 2025 година П.М. во СВР Велес, во својство на оштетен, пријавил двајца полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, обвинувајќи ги за „малтретирање во вршење на службата“ за време на сообраќајна контрола.Меѓутоа, постапувањето на полициските службеници било целосно документирано со мобилниот систем за снимање со камери, при што било утврдено дека настанот не се одвивал на начинот прикажан во пријавата. Снимките недвосмислено покажале дека полицајците не извршиле никакво кривично дело.Од МВР наведуваат дека П.М. и покрај тоа што бил јасно предупреден за последиците од лажно пријавување, свесно и злонамерно поднел пријава, иако како директен учесник знаел дека полицајците не сториле ништо незаконско. Со ваквата постапка, тој предизвикал неоснована интервенција на органите на прогонот и сериозно ги загрозил честа, угледот, како и личните слободи и права на пријавените полициски службеници.Кривичната пријава е поднесена по член 366 од Кривичниот законик, а понатамошната постапка е во надлежност на обвинителството.

Македонија | пред 4 седмици

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Трагедија на патот кај Русјаци: Автомобил се преврте, жена загина на лице место, дете и уште две лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на локалниот пат кај селото Русјаци, во општина Македонски Брод, при што животот го загуби 41-годишна жена од Кичево.Според информациите, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски таблички, управувано од нејзиниот сопруг, излетало од коловозот и се превртело. Жената, идентификувана како К.С.С., починала на самото место како последица на тешките повреди, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.Во несреќата телесни повреди здобиле уште три лица – С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете. Тие биле итно пренесени во Општата болница во Прилеп, каде им била укажана соодветна медицинска помош.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryh2m78745ueka3zsRAbb

Нова судска драма: Уапсен вработен во Основниот суд Гостивар под сомнение дека примил мито

Вработен во Основниот суд во Гостивар е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“, информираа од Министерство за внатрешни работи.Според информациите, на 20 јануари 2026 година во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го уапсиле А.Ј. (49) од селото Присојница, Општина Маврово и Ростуше. Приведувањето следувало по пријава од Н.А. од селото Калиште, Општина Врапчиште, кој навел дека осомничениот, како вработен во Основниот суд во Гостивар, преку заеднички пријател му понудил за паричен надомест од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и изречена забрана за управување со моторно возило во траење од шест месеци.Како што е пријавено, А.Ј. тврдел дека предметната документација пристигнала кај него на извршување и дека може да „заврши работа“. По договор, Н.А. стапил во контакт со осомничениот и средбата била закажана во угостителски објект во Гостивар. По нивната средба, пријавителот го информирал А.Ј. дека е новинар и дека разговорот се снима, по што осомничениот се обидел да се оправда дека се работи за шега и се обидел да побегне.Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Тошковски: 380 милиони евра откриена корупциска штета, криминалот на најниско ниво во 20 години

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две.Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за периодот 2023–2025 година, министерот посочи дека во 2023 година биле откриени 126 кривични дела, во 2024 година 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува пораст од околу 130 проценти. Овие бројки, како што истакна, целосно кореспондираат со перцепцијата на граѓаните дека МВР води сериозна и неселективна борба против корупцијата.Во однос на бројот на сторители, во 2023 година биле евидентирани 185 лица, во 2024 година 363, додека во 2025 година биле откриени 678 сторители поврзани со коруптивни кривични дела. Станува збор за кривични дела сторени во претходни години, но откриени во 2025 година, за кои се поднесени соодветни кривични пријави.Министерот нагласи дека највпечатливи се бројките поврзани со штетата нанесена на државниот буџет. Во 2023 година поднесените кривичните пријави се однесувале на вкупна штета од 5,7 милиони евра, во 2024 година на 24 милиони евра, додека во 2025 се поднесени кривични пријави дури за 380 милиони евра, што претставува зголемување од околу 66 пати во однос на 2023 година.Тошковски истакна дека ваквите резултати се производ на институционален пристап и координирана работа не само на МВР, туку и на другите надлежни институции во откривањето на корупцијата и економскиот криминал, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност и Финансиската полиција.Говорејќи за севкупната безбедносна состојба, министерот посочи дека 2025 година претставува историски најдобра година во последните 20 години по бројот на сторени кривични дела, со вкупно 17.972 регистрирани кривични дела. Дополнително, расветленоста на кривичните дела изнесува 67,2 проценти, што исто така претставува највисок процент во последните две децении.Министерот Тошковски упати јавна благодарност до полициските службеници за нивната професионалност и посветеност, нагласувајќи дека борбата против корупцијата и сите форми на криминал ќе продолжи со исто темпо, а фокусот на јавноста во наредниот период оправдано ќе биде насочен и кон постапувањето на обвинителството и судството, како клучни алки во системот на владеење на правото.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryfat0pm7kd8tpcRSKkfi

Строга контрола над никотинот: Нов предлог-закон за цигарите, загреаниот тутун и електронските цигари

Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето. Целта е да се регулира употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни материи, а според последните истражувања овие производи често полесно создаваат зависност.Исто така, предвидена е забрана за производство, увоз и продажба на никотински производи со: овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови, за кои се смета дека ја олеснуваат првата употреба и ја забрзуваат зависноста. Ова претставува една од најсилните превентивни мерки и во европските земји.-Примарна цел на овој сегмент од законот е заштита на здравјето на младото население, за кое најновите истражувања покажуваат дека меѓу учениците на возраст од 13 до 15 години вкупно 9,0% моментално користат електронски цигари, додека 4,9% од учениците моментално користат тутунски производи кои се загреваат, а 10,6% пријавиле дека некогаш ги користеле, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.​Воедно, предлог-законот за заштита од пушење е усогласен со глобалните јавно-здравствени политики и со насоките на Светската здравствена организација преку рамковната конвенција за контрола на тутунот. Тој воспоставува сеопфатен систем што ги следи клучните принципи на конвенцијата: заштита од изложеност на чад, ограничување на маркетинг, промоција, спречување индустриско влијание преку спонзорства, контрола на достапноста и мерки за превенција и поддршка за откажување.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР алармира: Лажни пораки од „Безбеден град“ мамат граѓани да плаќаат непостоечки казни

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.„Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач "MVR-SC". Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат "https://safecountry.mvr.gov.mk..."Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами“, информираат од МВР.

Македонија | пред 4 седмици

294105618_440229524779543_7972557898192416474_n

Запалено возило на автошкола среде ноќ на Бит Пазар

Во раните утрински часови на 20 јануари 2026 година, околу 01:30 часот, во СВР Скопје било пријавено опожарување на товарно возило на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар. Пријавата ја поднел Х.И. (41) од Скопје, сопственик на автошкола, кој информирал дека е запалено товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на автошколата.Во инцидентот нема повредени лица. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 седмици

media-library7svpt8d66pk2eVELzxp

Полицискиот синдикат алармира: Новите возила завршуваат кај командири и началници, не на терен

Претседателот на Независен синдикат на полицијата (НСП), Мартин Ефремов, на социјалните мрежи ја објави писмената реакција која ја доставил до Министерство за внатрешни работи, во која реагира на распределбата на новите службени возила во МВР.Според синдикатот, и оваа набавка, како и претходните, во голем дел завршила кај командирите и началниците, наместо кај полициските службеници кои секојдневно работат на терен.„Денес до Министерот за внатрешни работи вложивме писмена реакција околу распределбата на новите службени возила кои за жал повторно во голем дел завршија помеѓу командирите и началниците, наместо на терен каде што е најмногу потребно.Доколку не се прекине ваквиот начин на распределба, кој со години е пракса во МВР и да се набават уште 500 нови возила повторно истите нема да стигнат до полициските службеници, а со тоа ефектот од набавката нема да го почуствуваат ниту полицајците ниту граѓаните!Дополнително бараме да се разгледа и самата распределба низ бројки во кои некои полициски станици добија по 5 возила, додека пак други како на пример ПС Кочани кои претставува еден од центрите на обем и сложеност во истокот само 1 возило.“, наведува Ефремов во реакцијата.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarymiat10n3515j8RXvOTY

Пукање сред бел ден во Арачиново: куршуми од „пасат“ завршија во ветробран на „голф“

Инцидент со огнено оружје бил пријавен вчера попладне во Арачиново. Како што информираат од полицијата, на 19.01.2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје, О.Ј.(33) од село Черкези, кумановско, пријавил дека околу 17:20 часот, додека се движел низ село Арачиново, од возило во движење „фолксваген пасат“ биле испукани неколку истрели.Притоа, било оштетено ветробранското стакло од патничкото возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал пријавителот. Во инцидентот нема пријавени повредени лица.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот на сторителите.

Скопје | пред 4 седмици

media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Водач на навивачка група уапсен во Тетово по брутален напад со маски и тврди предмети

Полициски службеници од СВР Тетово на 19 јануари 2026 година во 20:10 часот, во населбата Дреновец во Тетово, го лишиле од слобода Р.Е. (23) од Тетово, идентификуван како водач на навивачка група.Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улицата „Иво Лола Рибар“, заедно со неколку лица со маски на главите, физички ги нападнал А.Ј. (22) и Д.П. (22), двајцата од Скопје. Според полициските информации, при нападот биле употребени и тврди предмети, при што на А.Ј. му биле нанесени телесни повреди, а истовремено било оштетено и нивното патничко возило „мазда 3“.Осомничениот е задржан во полициска станица, а на местото на настанот бил извршен увид. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 4 седмици

758487-750x430

11 малолетници затекнати како пијат алкохол на приватна забава – полицијата приведе две лица

Изминатиот викенд во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода две лица поради сериозни прекршувања поврзани со малолетници и консумирање алкохол. Станува збор за М.П.(24) од Куманово и М.В.(41) од селото Љубодраг, кумановско.Акцијата била реализирана во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, при што била извршена контрола во угостителски објект во селото Доброшане, кој е во сопственост на М.П.За време на контролата, надлежните затекнале приватна прослава организирана од М.В., на која присуствувале вкупно 15 малолетници. При проверките било утврдено дека 11 од нив консумирале алкохолни пијалаци, што претставува сериозно прекршување на законските одредби.По целосно документирање на настанот, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а случајот ќе биде процесуиран согласно важечките прописи.

Македонија | пред 4 седмици

tabanovce

Германка фатена со две тегли со печурки кои содржеле психотропни супстанци на Табановце

Полициски службеници на Граничниот премин Табановце на 19 јануари 2026 година околу 09:00 часот, на влез во државата, ја лишиле од слобода М.С. (27) од Германија.При извршената гранична контрола и деталниот преглед на комбе марка „фолксваген“ со германски регистарски таблички, во кое се превезувала осомничената, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени две тегли со печурки кои содржеле психотропни супстанци.Како што информираат од полицијата, М.С. се изјаснила дека пронајдените тегли се нејзини. По лишувањето од слобода, таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.По целосното расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните органи.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryptekvomsi1b97jA8aEe

Падна тетовска фирма: Продавале фалсификувани брендови

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и против Б.А. (46) од Тетово, сопственик и управител на фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на правото од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.Како што информираат од полицијата, при контрола извршена на 30 јануари 2025 година во продажен објект во Тетово, било констатирано дека се врши продажба на разновидни фалсификувани обувки и текстил со заштитени трговски марки на познати светски брендови.Неправилностите биле утврдени при редовна контрола, по што биле преземени соодветни мерки и активности согласно законските прописи. По целосното документирање на случајот, против правното лице и одговорното лице е поднесена кривична пријава, а предметот ќе биде доставен на понатамошна постапка до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања