Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-libraryfisefdcltqbg3o3TEFQ

Привремени прекини на сообраќајот во Куманово и Тетово поради тестирање на системот „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре, 25 јануари, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.Како што информираат од МВР, активностите ќе се реализираат во периодот од 08:00 до 20:00 часот. На секоја локација каде што се поставени камери, постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае релативно кратко, односно приближно од 15 до 30 минути.За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта, по што ќе продолжи да се одвива нормално и без ограничувања.Од Министерството апелираат до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка, со цел планираните активности да се реализираат непречено и безбедно.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

Судир на два „мерцедеси“ на патот Тетово–Јажинце, тројца повредени, двајца со тешки повреди

На регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај селото Слатино, вчера пред пладне се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени три лица, соопштија од СВР Тетово. Несреќата била пријавена на 23 јануари 2026 година во 11:20 часот.Според информациите од полицијата, во судирот учествувале две патнички возила марка „мерцедес“, двете со тетовски регистарски ознаки. Едното возило го управувал А.И. (33) од селото Доброште, а другото А.Х. (36) од селото Нераште.Во сообраќајната несреќа, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот Б.А. (26) од селото Нераште се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, каде што повредените биле пренесени за укажување медицинска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат во рамки на истрагата.

Македонија | пред 3 седмици

1-1-1

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила во полиција дека била жртва на тешка измама, при што останала без 30.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што е пријавено, на 23 јануари 2026 година во 08:50 часот, во ОВР Виница, жената навела дека била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар од Словенија. Тој ѝ кажал дека нејзината ќерка, која наводно била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и дека итно била потребна поголема сума пари за нејзина операција.Верувајќи во кажаното, оштетената ги подигнала парите од банка, по што, според инструкциите што ги добила, во дворот од својата семејна куќа ги предала на лице кое било испратено да ги преземе. Дури откако подоцна стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Кривична пријава за обид за убиство во Охрид: со пиштол пукал во автомобил и тешко повредил возач

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од охридското село Лескоец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 30 декември 2025 година, околу 01:00 часот, на локален пат во близина на струшкото село Ливада. Осомничениот со огнено оружје – пиштол, пукал кон паркирано патничко возило „Голф“, при што на возачот Џ.Д.П. (40) од Охрид му нанел тешки телесни повреди.Повредениот бил пренесен и згрижен во Општата болница во Струга, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. По пукањето, осомничениот со сериозни закани кон сопатничката во возилото ја принудил да влезе во неговиот автомобил.По преземените истражни дејствија и прибирањето на доказите, СВР Охрид поднело кривична пријава до надлежното обвинителство, а против осомничениот ќе се води понатамошна постапка.

Охрид | пред 3 седмици

DSC_0052

Тепачка меѓу жени на паркинг на Бит Пазар, кражби на оружје, апсење на син поради закани кон татко му - полицијата во Скопје со полни раце работа

Во текот на изминатите два дена, во СВР Скопје се евидентирани повеќе случаи на физички напади, закани и тешки кражби на различни локации во главниот град и скопско, информира Министерството за внатрешни работи.На 23 јануари околу 22:40 часот, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од друго женско лице на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање околу паркирање. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Ден претходно, на 22 јануари во 17:20 часот, 54-годишен скопјанец пријавил тешка кражба во неговата викенд-куќа во селото Бразда. Според пријавата, во периодот од 18 до 22 јануари, од објектот биле одземени пневматска воздушна пушка од марката „Хатсан“, модел „AIR TACT ED“, како и пари.Истиот ден, на 23 јануари околу 22:30 часот, жител на општина Илинден пријавил дека неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од тројца малолетници на паркинг простор во селото Марино. Според пријавеното, едно од лицата употребило метален предмет. Случајот се истражува.Уште еден физички напад бил пријавен од 18-годишен скопјанец, кој на 23 јануари во 23:20 часот пријавил дека ноќта претходно, пред влезот на неговата зграда во Чаир, бил нападнат од неколку лица.Полицијата на 23 јануари во 11:40 часот лишила од слобода 27-годишен маж од скопско, по пријава од неговиот 60-годишен татко, кој добил заканувачки пораки по мобилен телефон за неговиот живот и животот на сопругата. По целосно документирање, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Дополнително, на 22 јануари, 39-годишен жител на Чаир пријавил тешка кражба во неговиот дом, извршена во периодот од 15:00 до 19:40 часот. Од куќата биле одземени 120.000 денари, златен накит и лаптоп. Извршен е увид и истрагата е во тек.Од МВР информираат дека за сите пријавени настани се преземаат соодветни мерки со цел нивно целосно расчистување и утврдување на одговорност.

Скопје | пред 3 седмици

policiski-cas-policaec-skopje-7

Уапсени се шест возачи: Бугарин возел над 200 км/ч, прилепчанец со 1,73 промили алкохол

Шест возачи се лишени од слобода и исклучени од сообраќај во одделни полициски акции спроведени во изминатите два дена на повеќе локации низ државата, информира Министерството за внатрешни работи. Петмина од нив биле затекнати под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило со брзина далеку над дозволената.На 23 јануари 2026 година во 10:46 часот, на автопатот А1 во близина на селото Милетково, гевгелиско, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.К. (52) од Република Бугарија. Со радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со брзина од 205 километри на час, на делница каде што дозволената максимална брзина изнесува 120 километри на час. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот е поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.Во текот на ноќта на 24 јануари, полицијата регистрирала уште пет случаи на возење под дејство на алкохол. Во Куманово, во 00:48 часот, бил лишен од слобода Д.М. (33), кој управувал мопед и кај кого било утврдено присуство на 1,65 промили алкохол во крвта. Во Велес, во 01:30 часот, полицијата го привела Ѕ.Р. (44) од Свети Николе, кој управувал патничко возило со 1,72 промили алкохол.Во Македонска Каменица, на магистралниот пат А-3, во 01:46 часот, бил приведен Н.В. (23) од селото Дулица, кај кого алкотестот покажал 1,65 промили алкохол. Во Гевгелија, во 03:14 часот, полициските службеници го лишиле од слобода И.М. (51) од селото Миравци, кој управувал возило со 1,52 промили алкохол во крвта.Последниот случај е евидентиран во Прилеп, во 01:50 часот, на крстосница меѓу улиците „Леце Котески“ и „Трајко Николоски“, каде што бил приведен Х.Р. (38) од Прилеп, кај кого било утврдено присуство на 1,73 промили алкохол.По целосно документирање на сите настани, против шесте лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

Македонија | пред 3 седмици

uapsen

Тргнал да изврши кривично дело, па нападнал полицаец: Пијан возач уапсен кај Свети Николе

На 23.01.2023 година во 05.55 часот на регионален пат Свети Николе - Пробиштип од страна на полициски службеници од Свети Николе било сопрено возило управувано од М.П.(32) од Пробиштип по претходно добиени оперативни сознанија дека истиот се движи кон Свети Николе со намера да изврши кривично дело.Откако било сопрено возилото кое го управувал М.П. излегол од истото и започнал недолично и агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што физички нападнал еден полициски службеник.М.П. е лишен од слобода, извршено му е алкотестирање при што е утврдено дека има 2.38 примили алкохол во крвта. Во координација со јавен обвинител, поднесена е кривична пријава до ОЈО Свети Николе за сторени кривични дела "Напад врз службено лице при вршење работи од областа" по член 383 и "Загрозување на сигурноста спрема службено лице" по член 144 од Кривичниот законик.Пријавата беше веднаш процесуирана и ОЈО Свети Николе веќе поднесе обвинение за наведените кривични дела сторени кон полициски службеник. Со обвинението е поднесен и предлог за определување мерка притвор, кој е прифатен од Судот и на обвинетиот му е определена притворска мерка.

Македонија | пред 3 седмици

marihuana

Падна дилер на булевар: Полицијата пронајде килограми марихуана во возило со скопски таблички

На 23.01.2026 година околу 14:00 часот на бул."Јадранска магистрала" во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е сопрено патничко возило "пасат" со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(31) од Куманово.При преглед на возилото во багажниот простор пронајдени и одземени се повеќе од пет килограми на марихуана.Д.Б. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 седмици

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Син натепал татко во Карпош, пријавени напади меѓу малолетници во Влае, сообраќајна кавга завршила со тепачка во Усје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на 22 јануари 2026 година биле пријавени повеќе случаи на физички напади и нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Скопје, по кои полицијата презема мерки за расчистување.Во 12 часот, во СВР Скопје, 53-годишен маж од Скопје пријавил дека на 21 јануари околу 22:30 часот, во семејниот дом на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од неговиот син Е.И. (25), кој употребил тврд предмет и оштетил дел од покуќнината.Во исто време, во Полициската станица Карпош, Ш.Ч. (39) од Скопје пријавил дека на 21 јануари околу 12 часот, во двор на основно училиште на подрачјето на Влае, по претходно недоразбирање на социјална мрежа, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник и се здобил со повреди.Подоцна, во 22 часот, во селото Злокуќани, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Н. (22) од селото Стајковци и И.К. (44) од селото Трубарево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21 часот физички го нападнале Ј.И. (29) од Скопје.Истиот ден, во 16:40 часот, било пријавено дека во населбата Усје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.М. (23) и М.М. (47), двајцата од Скопје.Во 15 часот, А.П. (39) од Скопје пријавил дека околу 10:15 часот, на подрачјето на Чаир, по сообраќајно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци, а надлежните служби продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување на настаните.

Скопје | пред 3 седмици

apsenje

МВР спречи нелегален транспорт на јод, уапсени државјанин на Турција и жител на Липково

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 јануари 2026 година, околу 3:10 часот, на паркинг-простор од бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност ги лишиле од слобода Б.К. (40) од Турција и А.Д. (56) од селото Слупчане, општина Липково.Според пријавеното, по преземени полициски мерки, Б.К. бил затекнат како од автобусот со кој патувал од Турција кон Косово извадил еден пакет и му го предал на А.Д., кој пристигнал со патничко возило „цитроен Ц5“ со кумановски регистарски ознаки. Откако А.Д. го презел пакетот и го ставил во возилото, бил запрен од полициските службеници, кои извршиле контрола.При контролата, во пакетот била пронајдена материја – јод, без соодветна документација. Станува збор за супстанција за која внесувањето, чувањето и продажбата подлежат на посебни лиценци издадени од Министерство за здравство.Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 седмици

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Починат маж пронајден во дом во Ѓорче Петров

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 јануари 2026 година, во 8:37 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат П.Б. (45) од Скопје.Лекар извршил преглед и констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните служби преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 седмици

lovecka-puska

Бегал со пушка во рака, брзо приведен од граничната полиција - полицијата уапси маж

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 јануари 2026 година, околу 9 часот, во атарот на селото Град, делчевско, кај местото познато како „Трендафилово“, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток забележале две лица, од кои едното носело ловечка пушка.Според пријавеното, лицето кое ја носело пушката се дало во бегство, но по преземените полициски мерки набргу било пронајдено и лишено од слобода. Утврдено е дека станува збор за Т.С. (48) од селото Град.Во негова непосредна близина била пронајдена и одземена ловечка пушка „орозарка“, за која било утврдено дека е во сопственост на неговиот починат дедо.За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 и член 228 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 седмици

policija-4

Тетовец пијан возел во спротивна насока

На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

МВР: Автобус на ЈСП удрил во пешак

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска, 22 јануари 2026 година, околу 12 часот, во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје.Според пријавата, автобус на Јавно сообраќајно претпријатие Скопје на линија број 4 удрил во 55-годишната Д.П. од Скопје. Повредената била пренесена во Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“, каде што првично ѝ биле констатирани телесни повреди.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryl5c356d7vgbtc4se1Qw

Полицајка осомничена за оддавање службена тајна: Открила тајна акција со дрон

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“. Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања