НОВОСТИ

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.26

Тошковски пак ја доби Владата на Џафери на суд: поништени уште две одлуки

Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата со кои беа поништени решенија донесени од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.“Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт со кој до Советот на Општина Демир Хисар од моја страна е доставена листа на кандидати за избор на командир согласно Законот за внатрешни работи.Управниот суд со пресудите и овој пат утврди дека за тоа дали предметните решенија уредуваат правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, единствено надлежна да одлучува е Државната изборна комисија, а не Владата.Исто така, со донесените пресуди Управниот суд уште еднаш го потврди фактот дека сите решенија донесени од моја страна се во согласност со позитивните законски прописи, а Владата со нивното поништување постапила спротивно на Законот за Влада”, вели тој

Македонија | пред 1 година

asdgads

Се тужеа Тошковски и Владата, министерот победи: поништени три одлуки на Џафери

Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР кои беа незаконски поништени од страна на Владата. Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган при донесување на оспорените одлуки сторил повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството“, напиша Тошковски.Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.„Со вака донесените пресуди Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право. Исто така, овие пресуди се доказ дека ваквите одлуки на Владата имаат исклучиво политичка позадина и истите оставаат црна дамка во целокупното спроведување на демократски, фер и слободни избори“, вели Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-11.38.51

Агелер укажа дека знае за притисоци врз судии: Тоа е нешто што мора да престане!

Амбасадорката Анџела Агелер алармираше да се почитува независноста на судиите за кои рече: „треба да бидат слепи на политичките влијанија и јавните мислења“. Таа посочи дека американски уставен суд, смета дека Уставот не е напишан во песок за да се измие со секој бран од нови судии, кои се под влијание на политички бранови.„Притисокот кој е ставен на судиите во овие судови може да биде огромен, ние како граѓани инсистираме тие притисоци да бидат елиминирани, а нашите судии секогаш да бидат независни без разлика на нивните лични мислења. Од аспект на престојните избори, судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега, само независни судии, може да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата, судиите мора да делуваат објективно и правично“, кажа Агелер.Посочи дека има чуено за притисоци врз судиите и судската власт.„Притисоци врз судксата власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат ослободени за да го практикуваат правото. Граѓаните го бараат тоа“, додаде таа.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-10.47.15

(Видео) Пендаровски го пофали Уставен предводен од Кацарска за одлука за „27 април“

Претседателот Стево Пендаровски ја пофали одлуката на Уставниот суд предводен од Добрила Кацарска која пак ја изрече и пресудата за „27 април“ во Кривичен суд,со која е утврдена повреда на правото на слободно изразување на мислата.„Освен нападот кон нашиот демократски уставен поредок и нашите пратеници, беа нападнати и новинарски екипи кои известуваа. Вашите одлуки со кои утврдивте повреда на правото на слободно изразување на мислата се праведна сатисфакција не само за нападнатите новинари туку и за целовкупната демократска јавност“, кажа Пендаровски.Според него, судиите од Уставен суд успешно се носеле во текот на мандатот. Потсети и во кои случаи овој суд имал клучна улога.Кажа дека воведувањето на уставна тужба е добро средства за уставно-судска заштита на човековите права и слободи.

Македонија | пред 1 година

3

Ќе постои можност да се провери каде може да се подигне готова лична карта - полициска станица или МРТВ

На сајтот на МВР ќе биде достапна опција да се провери каде граѓаните ќе можат да ги подигнат готовите лични карти во Скопје - дали во МРТВ или во полициска станица. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека се работи на оваа нова можност за да се имплементира.„Тоа ќе биде еден од наредните чекори, за граѓаните да бидат информирани дека личните карти им се готови и дека им се дадени во соодветна полициска станица. Правиме се што е возможно за процесот да биде достоинствен, а наеднаш сѐ не можеме да направиме“, вели Тошковски.За времето потребно за имплементација, ќе се произнесе дополнително.„Не би знаел за колку време, кога ќе ја имам информацијата, ќе ја споделам со вас“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 1 година

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Издадени се 300.000 термини за лични документи, се прочистуваат и листите за да се забрза процесот

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека досега се закажани 300.000 термини за издавање на лични документи. Посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие кои пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани.„Врз принцип на правичност гледаме да го избуткаме овој процес. Бројката на термини, луѓе кои треба да пристапат во нареден период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се справиме на најправичен и праведен начин. Даваме максимален допринос од наша страна и гледаме да е праведно. Сега почнавме на недела дена да ги чистиме листите со термини, за сите кои имаат завршена работа - се предомислил и од редовна отишол на итна постапка, за да друг ги добие термините“, рече Тошковски.Тој посочи дека ќе бараат начин листите да се прочистуваат на дневно ниво.

Македонија | пред 1 година

3

Нов начин на издавање на лични карти од денеска

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека започнува со нов начин на издавање на лични карти.Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава.Затоа, од понеделник, 11.03.2024г. започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

Македонија | пред 1 година

IMG_4023

Тошковски од Атина: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци

Денеска (08.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Атина се сретна со г-дин Марк Џулиан Сиверт кој е претседател на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.На средбата се разговараше за можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците и беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека освен измена на Изборниот законик, нема друг начин како 100.000 граѓани да го остварат правото на глас. Според него, ако до 18 март нема законски измени, тоа ќе значи дека тие граѓани не можат да го остварат нивното право да бираат, загарантирано со Устав.„Несериозна е изјавата имајќи во предвид дека станува збор за потреба од утврдување на можност со патните исправи со старото име, а важечки датум, да македонските граѓани го остварат правото на глас. Немаме 50 дена, бидејќи на 18 март се затвора Избирачкиот список. Ако до тој ден нема измена на законските измени, ќе биде прекршено второ човеково право - правото на глас. Се надевам дека премиер и останатите фактори во оваа држава, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за барем да не го кршиме ова право, а тоа е над 100.000 граѓани да можат да гласаат“, вели Тошковски.Според него, согласно сегашните количини, обрасци има до прва половина од мај - ако продолжи истата динамика на печатење.„Ако месечно произведуваме 75 до 80 илјади патни исправи, бројка драстично зголемена со претходните месеци кога имало 50 илјади, ако продолжиме така, до средината на мај ќе се исцрпат обрасците“, додаде Тошковски.Тој кажа дека работат во насока да се обезбедат обрасци до мај, за да не се прекине процесот на производство на пасоши.„Политичарите лажат, бројките не лажат. Бројките рапидно растат во споредба со претходниот месец, граѓаните можат да ги видат. Тоа значи дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред. Сега не е хаотично со јамболии пред полициска станица во 12 часот на полноќ“, додаде Тошковски кој тврди дека драстично се зголемува бројот на издавање на документи.

Македонија | пред 1 година

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Македонска компанија развивала шпионски софтвер - се прошири црната листа

Министерството за финансии на САД ставија санкции за два поединци и пет ентитети поврзани со конзорциумот Intelexa, вклучително и македонската компанија Сајтрокс АД. Компанијата била клучен играч во развивање шпионски софтвер Предатор – сериозна закана за безбедноста и интересите на Соединетите Американски Држави. Сите физички и правни лица биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ и имаат значајна улога во развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијалната технологија за шпионскиот софтвер „Предатор“ со кој се таргетирале и владини претставници на САД. Оттаму сметаат дека комерцијалниот шпионски софтвер претставува посебен и растечки безбедносен ризик за САД кој бил злоупотребен од странски актери. Со помош на софтверот се прекршиле човековите права на повеќе граѓани низ светот за репресија и одмазда.„САД остануваат фокусирани на воспоставување јасни заштитни огради за одговорен развој и употреба на овие технологии, истовремено обезбедувајќи ја заштитата на човековите права и граѓанските слободи на поединците ширум светот“, изјави потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање од САД, Брајан Е. Нелсон.Порталот it.mk уште во 2021 година објави профил на Сајтрокс (Cytrox) од Македонија, кога оваа компанија беше банирана од МЕТА, компанијата на Фејсбук.Во објавениот текст под наслов „Зошто Meta ја банираше македонската компанија за шпионски софтвер“, Cytrox, од it.mk пишуваат дека стартапот во Македонија е основан во 2017 година. Истата година се основани и компаниите во Израел под името „Cytrox EMEA Ltd.“ и „Cytrox Software Ltd.“; Во Унгарија во 2017 е основана „Cytrox Holdings Zrt“. Citizen Lab не објави подетални информација за македонската компанија освен името на основачот. Сепак Централниот депозитар за хартии од вредност на 3 април 2017 објавил дека е евидентирано Друштво за развој на софтвер, трговија и услуги САЈТРОКС АД Скопје.Сајтрокс АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

Македонија | пред 1 година

IMG_3348

Бројот на издадени пасоши во Македонија го зголемивме за 28%, а фотографирани се 75% повеќе граѓани, тврди Тошковски

„Бројките не лажат!“, посочува техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:„Со чесен пристап, искрена намера и макотрпна работа, за помалку од еден месец успеавме значително да ги подобриме услугите во делот на издавањето на лични документи, па така бројот на издадени пасоши на ниво на целата држава го зголемивме за 28%, а бројот на фотографирани лица на територија на Скопје каде хаосот беше најинтензивен, го зголемивме за 75%.Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат“.

Македонија | пред 1 година

221231-navivachite-na-shkendija-go-pogrebaa-vardar-vo-kovcheg-sudiite-i-delegatot-slepi-video

(Видео) Морбидни сцени од Тетово: Ковчег на трибините, се погребуваше Вардар, а судиите молчеа

Морбидни сцени имаше на натпреварот Шкендија-Вардар. Навивачите на Шкендија, на среде стадион во Тетово, донесоа и ковчег, а илустрираа и гроб на кој пишува „пекол“. Потоа, ковчегот со кој го симболизираа Варадар и имаше лого од клубот исцртан на него, го ставија во илустрираната дупка.Скандалозното однесување остана невидено од судиите и делегатот. Срамниот потег, засега не е осуден од никого, ниту пак има одговорност.Вардар претходно преку соопштение обвини дека навивачите фрлале тврди предмети кон гостинските фудбалери, а притоа обвини и за националистички испади на домаќините.

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев и Дујовски: Унапредувањето на одличната соработка на двете институции е во интерес на безбедноста на државата и граѓаните

Денеска, (05.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работна посета на Факултетот за безбедност - Скопје при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, а негов домаќин беше деканот на факултетот проф. д-р Никола Дујовски заедно со продеканите.Средбата претставува континуитет на одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност, особено од 2017 година наваму со посебен акцент на големиот број реализирани заеднички проекти со институцијата задолжена за образување на кадар од областа на безбедноста која со право го носи епитетот најреномирана образовна институција во земјата.Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев истакна дека изминативе години преку лично залагање на претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и раководството на МВР голем број студенти преку различни програми станаа дел од системот на безбедноста на државата продолжувајќи ја професионалната кариера во Министерството и другите безбедносни агенции.„МВР е институцијата која се грижи за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата. За да ги реализираме основните стратешки цели потребни се најдобрите кадри од областа на безбедноста со висок интегритет, впрочем какви што креира Факултетот за безбедност, нашата најстара и најреномирана високообразовна институција од областа на безбедноста. Продолжуваме и во иднина со оваа соработка и преку вакви иницијативи ќе го користиме знаењето на науката и академијата во креирањето на идните безбедносни политики и планови“, истакна на средбата Бојмацалиев.Деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски ја поздрави средбата и посветеноста кон унапредување на соработката која во минатите години беше повеќе од одлична и пред присутните рече:„Нашите две институции МВР и Факултетот за безбедност веќе неколку години се пример како треба да изгледа соработката меѓу институциите. Ние како Факултет и академска средина подолг период интензивно учествуваме во креирање на политиките на Министерството со цел пренесување на академското знаење врз практичните аспекти на безбедноста на државата. Од 2017 наваму голем број дипломирани студенти ја продолжиле својата кариера како дел од структурите на Министерството за внатрешни работи и уверени сме дека и сите наредни генерации на дипломирани студенти ќе имаат можност своите академски знаења да ги реализираат во рамки на Министерството.Веруваме дека оваа соработка ќе продолжи да се интензивира во повеќе области како и досега“, потенцираше деканот Дујовски.Во насока на претстојните двојни избори, дополнителниот заменик министер Бојмацалиев истакна дека МВР како институција која има обврска да обезбеди мирни фер и демократски избори е целосно подготвена за тоа како реформирана, транспарентна институција во кога граѓаните имаат огромна доверба и заедно се сложија дека вистинскиот пат на нашата држава како земја членка на НАТО е да го продолжи својот пат кон просперитетот како дел од Европската Унија.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-03-05-at-10.20.55

(Видео) Мајката на убиеното дете од Прилеп: Убиецот имал список со десет деца да убие

Маријана Димова, мајка на 14-годишниот Александар Димов, кој беше убиен во Прилеп, посочува дека е уште во шок и не може да се помири дека детето и е починато. Таа посочува дека убиецот имал список со планирани убиства. Посочува дека на убиството претходел и физички напад.„Еднаш се скарал пред продавница, сакал со пивско шише да го удри - само едно другарче го тргнало. Пред неколку дена му рекол дојди во Прилеп, бидејќи не можел тука да го изврши убивството, па му направи замка за во Прилеп. Тој го планирал убиството. Правда. Да не излези никогаш од затвор. Само правда барам. Тој ако излезе, ќе утепа и други деца. Си имал список, тој си планирал, си имал список со десет деца да убие“, раскажува Димова за „Алфа“.Информацијата за списокот е само тврдење на мајката, а засега, ваква информација нема од надлежните институции кои го испитуваат случајот.Инаку, осомничениот 16-годишник, веќе е во 30-дневен притвор, определен од судија за деца, а по барање на прилепското обвинителство. Тој се сомничи дека со 10 убоди од нож го усмртил 14-годишниот Александар Димов во центарот на Прилеп на 29 февруари околу 19.30 часот.

Македонија | пред 1 година

29012024_Dzaferi_izjava_2

Што „матно“ се случуваше во февруари: Џафери платил казна и продолжил против законот, предмет за Коневски до Обвинителство

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Ви пренесуваме во целост:1. Автопатот Кичево-Охрид, најголема инфраструктурна инвестиција со “децениска“ изградба – И покрај дополнителен заем од 180 милиони долари, пролонгирање на изградбата за 6 години и зголемување на вредноста на договорот за 45%, делницата Кичево - Охрид не е изградена. Недостатоци за проектната документација, нерешените експроприации на земјиштето како и недоволно обезбедените соодветни човечки и технички ресурси од страна на изведувачот, влијаеле на пролонгирање на изградбата и предизвикале дополнителен одлив на финансиски средства над првично договорените, што не е во согласност со пропишаниот правен стандард за постапување со должно внимание уреден со Законот за трговски друштва, стои во извештајот на ДЗР.2. ДКСК бара одговорност од Фондот за иновации, незаконски доделувал грантови меѓу кои и на внукот на Али Ахмети - Антикорупционерите побараа од Владата да утврди одговорност кај органите на Фондот за иновации и технoлошки развој, вклучувајќи го директорот Фестим Халили поради сомнежи за злоупотреба на законот поради доделените пет милиони денари на фирмите Тхор индустриес и Еверест ЏД, во сопсотвеност на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Злоупотребите велат се правеле противзаконски со кратењето на роковите за проектите, принцип по кој Фондот работел и во други случаи кои не се поврзани со Дрин Ахмети.3. Џафери платил казна и продолжил да го прекршува законот - Талат Џафери го прекршил Уставот и платил казна поради неспоивост на функциите. Според антикорупционерите, Џафери иако бил претседател на Собранието истовремено членувал и во партиските органи на ДУИ, поконкретно во претседателството на Генералниот совет на партијата. Од Антикорупциската комисија прашале дали и покрај платената казна Џафери се уште извршува партиска функција, но од ДУИ одговор не добиле.4. Антикорупциска ќе достави предмет до ОЈО за Ивица Коневски - ДКСК донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против екс градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише 9-катница. Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист – добивање на деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и место зеленило, нацртал зграда.5. ДКСК предметот „ДУП-от за Треска“ го затвора и го предава на обвинителството - На последната работна седница, пред да ги отстапат функциите на своите наследници, овој состав го затвори и предметот за начинот на планирање на ДУП-от за „Треска“. На обвинителството му го предава предметот со констатирани сомнежи за корупција на фирмите кои пред 10 години го изработиле планот, за општината да го усвои спротивно на генералниот урбанистички план.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања