Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

НОВОСТИ

IMG_3370

Бачовски: Земјоделците навремено ги добиваат заслужените субвенции, обезбедуваме годишна поддршка од близу 150 милиони евра

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите, вредна близу 1.5 милијарди денари, кон 14.300 тутунопроизводители за реколта 2023 година, изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.„Вклучувајќи ја оваа исплата, од почетокот на годината до денес, од програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари, што претставува 68%, од вкупниот буџет на програмата за мерките за растително и сточарско производство“, изјави Бачовски.Покрај успешната реализација на авансната исплата кон сите земјоделци АФПЗРР, до сега усешно, кон земјдоелците ја има реализирано поддршката за оддржување на лозови насади и остварено производство на грозје. Потоа поддршката за оддржување на овошни насади и остварено производство на овошје, мерката дополнителни 3 денари за предадена јаболка во откупни центри или преработувачки капацитети. Исплатена кон земјоделците е и финансиската поддршка за засеани и ожнеани површини со полјоделски култури, без и со користен сертифициран семенски материјал како и финансиската поддршка за производство на градинарски култури.Во делот на сточарското производство, реализирани и исплатени се основните и дополнителните субвенции за одгледувачите на овци, основните плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, како и директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици.„Во перидот што следи, АФПЗРР ќе продолжи со реализација на дополнителните директни плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, директните плаќања за органско производство, за земјоделците кои имаат производство во подрачја со ограничени можности, како и дополнителните плаќања за регистрираните земјоделци, согласното законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување“, изјави Бачовски.Тој дополни и дека со завршувањето на контролите, на лице место, кај откупните претпријатија, ќе следува и исплатата на дополнителните директни плаќања, за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.Во овој период АФПЗРР ги подготвува потребните административни процедури и системски подесувања за почеток на новата кампања, за поднесувања на барања за финансиска поддршка на субвенции, по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.„Државната поддршка во земјоделството, преку субвенционирање на земјоделците е најсилен инструмент за поттикнување и зголемување на производството на храна и обезбедување сигурност и оддржливост на македонското земјоделско производство. Со годишна поддршка од близу 150 милиони евра, преку програмите за директни плаќања, националните и европски програми за рурален развој, целиме кон профитабилни земјоделци и конкуретно производство за домашните потреби и за побарувањата на странските пазари“, изјави Бачовски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Обвинителство откри зошто имало претреси во Идризово

Обинителството ја потврди информацијата на “Скопје1” дека утрово имало претреси во затворот “Идризово”.“Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово - Скопје со цел обезбедување доказен материјал”, вели Обвинителство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.58

Големи претреси во затворот „Идризово“, стотина специјалци - познати детали

Стотина полицајци влегоа во Идризово утрово, каде во тек се големи претреси, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, се претресува полуотворениот дел на затворот, но и останатите крила, поради добиени информации дека може да ескалира состојбата помеѓу членови на две криминални банди, кои издржуваат казна во истата установа.Инспектори, специјалци со маскирни оделали кои се вооружани бараат недозволени предмети кои биле внесени во затворот. Акцијата била планирана неколку денови, а доаѓа после големиот муслимански празник Бајрам, за кога имало проценки дека состојбата може да ескалира.Повеќе информации за подоцна.

Македонија | пред 1 година

mitko-bojmacaliev-2

Министерот на СДСМ во МВР, Бојмацалиев - нема коментар за апсењето на новиарот Салиу

Дополнителниот заменик-министер во МВР од СДСМ, Митко Бојмацалиев, нема коментар за апсењето на новинарот Фуркан Салиу. На прашањата дали постапувањето на полициските службеници е во рамки на законите, а откако СДСМ обвини дека се постапувало по политички наредби – Бојмацалиев кажа дека не знае никакви детали.„Детали немам, не можам ништо да коментирам“, вели Бојмацалиев.На забелешката како е можно да не знае детали кога јавноста е преплавена со информации, а Министерството со кое раководи има издадено и соопштение – тој не одговори ништо.Истовремено, за СДСМ апсењето на новинарот е недемократски чин.„СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш“, кажа пратеникот Дарко Каевски.Со став излезе и МВР кои го обвинија Салиу дека нападнал полицаец од ЕБР.„Приведени лица за напад на полициски службеници денеска ( 07.04.2024) околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК “БВК Коњаре” и ФК “Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи, велат од МВР за 4NEWS”, велат од МВР и додаваат: Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат. За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка. Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило “дачија дастер”, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол“, велат од МВР.Новинарот Фуркан Салиу, бара полицијата да докаже дека тој нападнал полицаец и како е отворено неговото возило, со оглед дека тој не бил присутен, како што тврди. Салиу тврди дека отишол на трибините на натпреварот, оти знаел дека ќе има нереди.„Поради вашата поддршка бев ослободен, но во некоја различна ситуација немаше да бидам. Без никаков доказ. Нека докажат дека сум нападнал полицаец, јас утре ќе се повлечам, не ме гледате на екран. Нека докажат. Информиран сум сега дека мојот пиштол е најден во багажот, расклопен целосно, а најден е без мое присуство, во обид да избришат снимки“, велат Салиу.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-07-at-21.06.09

Се огласи Фуркан Салиу: За пиштолот имам дозвола, жал ми е што влијаев со однесувањето ситуацијата да ескалира

Новинарот Фуркан Салиу се огласи на фејсбук страницата од „ПорталиХ“, медиумот кој е во негова сопственост. Го пренесуваме интегрално:„Здраво, Јас сум Фуркан Салиу. Од објективни причини не можам да пишувам во мојот личен профил. Во моментов сум задржан во полициската станица во Автокоманда. Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е дури и ако ве разочарав што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата.Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица. Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил... Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот.Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, тоа беше проверено од специјалната единица.Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодариме за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-06-at-13.48.47

(Видео) „Се слушнаа експлозии“ - четири возила изгореа на паркинг кај Водовод, покрај кеј

Четири автомобили горат на полигонот под Амбасадата на САД, веднаш до кејот на Вардар и објектот на „Водовод“. Просторот се користи како паркинг, а особено за викендите е препоплн. Очевидци за „Скопје1“ раскажуваат дека се слушнале и неколку експлозии, а дека пожарот брзо се проширил.Граѓани панично ги ваделе автомобилите од просторот, во страв дека пожарот може да се прошири. На местото пристигнаа и пожарникари со Противпожарни возилаПовеќе информации се очекуваат за подоцна. „Скопје1“ контактираше и со МВР, чии екипи треба да го обезбедат местото.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-06-at-10.26.55

(Видео) Момче со електричен тротинет се тркаше со автобус на Партизанска

Момче со електричен тротинет се тркаше со автобус на ЈСП на булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 4.Долж булеварот, тој возеше по т.н. „брза лента“ со тротинетот, а автобусот возеше до него, на средната лента.Во истиот момент имаше голема фреквенција на возила.

Скопје | пред 1 година

IMG_3310

Државната секретарка во МВР, Несторовска на Министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Денеска, (03.04.2024) државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе, м-р Магдалена Несторовска учествуваше на Министерскиот состанок што се одржа во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на тема „Трендови и предизвици во регионалната безбедносна соработка во регионот на ЈИЕ низ призмата на организираниот криминал со акцент на криумчарењето на мигранти и трговија со луѓе и нејзино натамошно унапредување.“Во своето обраќање како Национална координаторка ја претстави работата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, ги сподели активностите, искуствата и добрите практики во однос на справувањето со ова кривично дело, состојбата во државата и соработката со државите во регионот.„Нашите држави делат исти предизвици во многу области, а оттука нè врзуваат и многу заеднички активности. Воспоставувањето на мрежите за соработка, како што е нашата, дополнително и позитивно допринесе и за јакнење на националните системи во борбата против трговијата со луѓе, преку размена на добри пракси и научени лекции. Склучувањето на билатералните договори со земјите во регионот не смее да застане, и мора да се надгради, со други заеднички форми на соработка во регионот, особено за интензивирање на соработката во превенцијата и спроведување на заеднички кампањи специфични и препознатливи за регионот.Свесни сме дека единствено така, преку градење и имплементација на заеднички регионални иницијативи ќе создадеме цврсти темели и ќе придонесеме кон одлични резултати.„- рече во своето обраќање Несторовска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-28-at-13.43.14

Лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобил туку таму бил однесен, Обвинителството ги чека МВР да го најдат убиецот

Дополнителниот-заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“ изјави дека лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобилот туку таму било донесено телото. Ова пак, не го потврдуваат ниту демантираат од Обвинителството кои посочија да не се изнесуваат чувствителни информации во јавност, а додадоа дека не можат да кажат ништо оти МВР не го нашло убиецот.„Колегите сè уште работат, ги собираат информациите од терен, подигнати се доказите од автомобилот кој е најден, каде што е најдено лицето и според наши сознанија и според тоа што досега е утврдено можам да потврдам дека лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено во автомобилот. Повеќе не би можел да откријам за да не ја нарушиме истрагата“, рече Бојмацалиев.Обвинителството посочува дека сторителот не е откриен.„Откривачката улога во случајот ја има Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен“, вели Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

IMG_3293

Средба на јавниот обвинител на Република Македонија Коцевски и директорит на Управата за финансиска полиција Иванов

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов денеска остварија средба на која се дискутираше за сите можности за интензивирање на соработката меѓу двете институции.Притоа, особен фокус беше ставен на активностите за јакнење на координацијата со Финансиската полиција и со други надлежни органи во постапувањето по конкретни предмети, а со цел зголемување на ефикасноста и ажурноста на постапките кои се водат.

Македонија | пред 1 година

IMG_3281

Врховниот суд го одбележа Денот на правосудството и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки

Врховниот суд на Република Северна Македонија го одбележа 31 март, Денот на македонското правосудство и по повод значајниот датум ја објави и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки 2018 – 2023.На свечениот настан кој се одржа во Врховниот суд присуствуваа претставниците на правосудните институции, амбасадорите на САД, Европската Унија и Кралството Холандија, и претставниците на граѓанските организации, академската заедница и судската администрација.Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, честитајќи го Денот на правосудството, истакна дека историските традиции над кои е втемелено современото судство мора да се почитуваат и да се негуваат.„Како претседател на Врховниот суд на овој значаен ден Ве повикувам сите заедно, со заеднички сили, да бидеме солидарни во име на владеењето на правото и иднината на нашата држава. Сите заедно мора да бидеме на браникот на независната судска власт. Тоа треба да биде одраз на нашиот интегритет, но и на нашата судска култура. Да се носи судиската тога е голема одговорност. Таа треба да биде нашата гордост и достоинство. Заклетвата која ја даваме е нашата света обврска, пред Уставот и пред граѓаните. Судството не смее да му служи никому освен на граѓаните, на уставот и на законите. Довербата на граѓаните во правосудството е од суштинско значење за владеење на правото“, истакна Адеми.Претседателката на Судскиот Совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, во своето обраќање нагласи дека принципите на независност на судството мора да се почитуваат и дека квалитетните одлуки се огледало на судството. Дамева подвлече дека Врховниот суд е на нивото на својата задача и го поздрави објавувањето на новата Збирка на судски одлуки на Врховниот суд.Во рамки на свечениот настан, во знак на почит и благодарност за континуираната поддршка на судството и Врховниот суд на Република Северна Македонија во име на владеењето на правото, беа доделени свечени плакети на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и на амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп.Заблагодарувајќи се за искажаната почит и благодарност, амбасадорите истакнаа дека независноста на судството и интегритетот се клучни за владеењето на правото, дека градењето на јавната доверба е од императивно значење и дека во таа насока мора да се продолжи со реформскиот процес согласно европските стандарди.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Без струја делови од Бутел, Карпош и Шуто Оризари

Денеска од 8:30 до 10:30 без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од напојната Трафостаница – Бутел 6 до Тутунска банка, Општина Бутел.Во временскиот период од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ згради бр. 155 и бр. 156 во Општина Карпош.Од 11:30 до 13:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Бутелски венец“, „Индира Ганди“ и „Пелагонија“, Општина Шуто Оризари.Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.33

Која е причината за пукањето во Арачиново: застреланиот опериран, изваден куршумот од десното рамо

Возачот на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кој беше погоден при обидот за атентатот врз функционерот, е во стабилна состојба. Ова го потврдуваат од болницата каде бил опериран.„Едно лице е донесено со прострелна рана во десното рамо. По приемот, опериран е и изведно е метално парче. Вон животна опасност. Ќе биде задржан поради раната“, вели Љубен Арсенков, директор на Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за возачот на градоначалникот на Арачиново.Состојбата на второ повредено лице засега е непозната. Тој е пренесен во Ургентниот центар на Клинички.Се огласија и од Обвинителството.„Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења. Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“, велат оттаму.Според неофицијални информации, причината за пукањето е расправија за земјиште кое се наоѓа во Арачиново. Ова не е прв напад бидејќи претходно, мета беа општинските канцеларии кои беа искршени, а настанот беше пријавен во полиција. Наводно, напаѓачот е брат на осуденик за извршено убиство во Липковско во 2010 година.

Македонија | пред 1 година

Grcija-1

Утре и задутре не планирајте патување во Грција, штрајкуваат цариниците

Грчките цариници излегоа со препорака, сите оние кои во следните два дена планирале да патуваат во Грција, најдобро да го одложат патувањето.Сообраќајот на граничните премини за влез во Грција од утре во 06:00 часот ќе биде во прекин поради најава за 48-часовен штрајк на грчките царински службеници. Сообраќајот ќе биде во целосен прекин за автомобилите и за товарните возила.За товарните возила исклучок се пратките кои мора да бидат веднаш пренесени, а за автомобилите само доколку се превезуваат луѓе на итно лекување.Дозволено ќе биде пеш да се помине границата.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Пратениците се согласија, пролонгиран е рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид до крајот на 2026

Пратениците на денешната битна седница го изгласаа Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.Нивиот рок за довршување на делницата Кичево-Охрид е 31.12.2026 година.,,Надзорот и ФИДИК експертот утврдија дека се релаизрани 83,84 проценти од проектот и се побара продолжување. Причините за пролонгирање на проектот се добро познати, а пред сѐ се долажат на појавата на 13 нови свлечишта што бара дополнително проектирање и нови технички решенија”, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, посочувајќи дека Законот не повлекува дополнителни финансиски импликации.Овој анекс договор за изградба на автопатот Кичево-Охрид, што почна да се гради во февруари 2014 година, ќе биде шести по ред и ќе чини 598 милиони евра.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања