Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

НОВОСТИ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре и во сабота

На 21.06.2024 и 22.06.2024 (петок и сабота) по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.Имено, од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

По утринските блокади, сообраќајот сега се одвива непречено и без застој

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека сообраќајот долж ул. Железничка, на потегот од крстосницата со бул. Водњанска до крстосницата со ул. Антон, во моментов се одвива непречено и без застој.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-2330PM

Дел од Скопје ќе бидe блокиран, сообраќајот се пренасочува

ЦУК информира дека Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на ул. Железничка во моментов е воведен времен режим на сообраќај и долж улицата не се одвива сообраќај од крстосницата со бул. Водњанска до крстосницата со ул. Антон Попов.ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Скопје | пред 1 година

kamion-3

Несреќа го затвори патот Градско-Прилеп во двата правци

Од АМСМ добиена е следната вонредна информација:ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 20:20 часот поради случена сообраќајна несреќа, патот Градско-Прилеп, поточно од мотел Дреново кон Плетвар е затворен за сообраќај во двата правци.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

Двајца загинати при излетување на патничко возило во провалија на Галичица

Регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица, дека прво била утврдена точната локација, на место викано „Превој“ на планината Галичица. Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“.Според екипите што се на терен на местото на настанот има две починати лица на постара возраст.Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата.

Охрид | пред 1 година

kmkk

Сведоштво: Скопје стана Бејрут! Среде ноќ украден е велосипед и автомобил

Скопјанката Соња Дамјановска сведочи како од куќа позади Универзална сала, среде ноќ, е украден точак, а потоа, и автомобил. Апелира до сите, доколку некој го здогледа автомобилот, а и алармира.„Другари вчера вечер помеѓу 12:30ч и 02:40 на ул. Христо Смирненски позади универзална сала извршена е кражба во куќа додека во неа мирно спијат луѓе над 70 години! Украден е точак Giant, клучеви од Кола Suzuki Swift црвена боја-слика во постот.Крадецот си оди прво со точакот па околу 2:37ч, се враќа и ја краде колата( снимка од сосед).Ве молам доколку некој ја види колата со регистрација SK4070AN Suzuki Swift-црвена боја, нека пише веднаш! Ви благодарам. Центарот на Град Скопје стана Бејрут!“, алармира скопјанката.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-06-13-at-05.37.37

Се трага по Стефан од Битола: се води за исчезнат, пријавено е како е облечен

Исчезнато е лицето Стефан Ангеловски од населбата Горно Оризари во Битола, објавено е на социјалните мрежи.Како што е наведено во објавата која масовно се споделува, младото момче е високо 190 сантиметри, има тежина од околу 90 килограми.„Стефан е облечен во црна маица, бермуди и бели патики. За било каква информација јавете се на 192“, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-9830PM

Посебен режим на сообраќај во Скопје од денес до петок

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 12, 13 и 14.06.2024 (среда, четврток и петок), поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа(ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Град Скопје.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

IMG_8237

(Фото) Ужасна сообраќајка во Кисела Вода: возилото смачкано, возачот заглавен

Спроти стадионот на Цементарница во Кисела Вода има тешка сообраќајна несреќа.“Моментално Пожарна интервенира во вадење на возачот од возилото кој е буквално заробен”, сведочи очевидец.Засега не е познато како настанала сообраќајката, а на терен се излезени и полициски екипи.Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Скопје | пред 1 година

447206853_122153703200197509_3444220829682899446_n

Назим Буши од ДУИ раководи со МВР до избор на Влада, Тошковски испрати порака до јавноста

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мандатот на Панче Тошковски како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до избор на нова Влада.„Во оваа прилика сакам да истакнам дека изминатиот период беше исполнет со многу предизвици, но заедно со мојот тим покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу за нашата држава. Успеавме да обезбедиме стабилност и доверба во изборниот процес, односно слободно можам да кажам дека ги организиравме најдемократските избори досега, што впрочем беше и нашата главна цел.Покрај тоа, вложивме напори за подобрување на безбедноста и редот во нашата земја, справувајќи се со повеќе предизвици и ситуации кои бараа брзи и ефикасни реакции. Со гордост можам да кажам дека како тим кој раководеше со Министерството во овие четири месеци, функциониравме транспарентно и одговорно, секогаш со целосна посветеност на потребите на граѓаните и државата.Посакувам што поскоро да се формира новата Влада, за да можат државните институции да профункционираат со целосен капацитет. Потребни се итни и темелни реформи кои се неопходни за Македонија што поскоро да се стабилизира и да го продолжи својот раст и развој. Верувам дека со заеднички напори можеме да создадеме подобра и поквалитетна иднина за сите нас.На крајот, уште еднаш сакам да се заблагодарам на мојот тим кој вложи натчовечки напори во изминатите четири месеци, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи кои навистина беа на висина на задачата. Благодарност и до граѓаните кои во континуитет нѐ поддржуваа и веруваа во нас. Заедно ќе продолжиме да се залагаме за безбедна, стабилна и просперитетна Македонија“, напиша Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Natasha-Gaber-Damjanovska

Директорката на Академијата за судии и обвинители пријавена во Обвинителство за вработувањата за време на избори!

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.„Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок“, велат од ДКСК.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Ќе има блокирани улици: посебен сообраќаен режим во недела

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 19.05.2024 (недела) од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански Триоги Триатлон“, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по трасата по која ќе се движат натпреварувачите.Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Никола Парапунов“, и обратно.Исто така, на 19.05.2024 (недела) со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по трасата по која ќе се движат натпреварувачите на велосипедската трка, и тоа: со почеток пред Музеј на град Скопје – ул.„Св.Кирил и Методиј“, потоа лево по бул.„Св.Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст“).Трасата на движење на планинарите е: со почеток во 10.00 часот од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по планинската патека кон Средно Водно, а од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“).Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 1 година

387834682_871567654340175_411361387599155798_n

Кацарска се огласи за ножот кој што го нашла на паркинг: имала закани но не ги пријавувала

По поставените прашања од повеќе медиуми Уставниот суд потврдува дека во текот на вчерашниот ден претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во полициска станица пријави евентуално загрозување на сигурноста, откако на нејзиниот приватен паркинг, во близина на нејзиниот дом, на место каде што се наоѓа нејзиниот личен автомобил е најден нож до прекинувачот за струја кој го осветлува делот околу нејзиниот паркинг и некои други предмети.„Што се однесува до прашањата дали станува збор за некаква закана, порака до претседателката Кацарска или се работи за случајност очекуваме одговорите да ги даде истрагата.Во однос на прашањата дали имало закани досега, претседателката Кацарска потврдува дека имало повеќе непријатности во јавноста и ситни инциденти изминатиот период кои не се пријавени, закани преку социјалните мрежи, но на нејзино лично инсистирање, не дозволи да се реагира се до вчерашната пријава“, велат од Уставен суд.

Македонија | пред 1 година

zemjodelstvo

Започна аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.Во наведениот период земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за:- растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,- сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за- органско земјоделско производство.Земјоделските стопанства своите барања ги поднесуваат во електронскиот систем на АФПЗРР, а доколку имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.Аплицирањето е преку линкот www.ipardpa.gov.mk - Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

Македонија | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Посебен режим на сообраќај во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.05.2024 (недела) од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај и тоа по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања