Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

НОВОСТИ

Нема фотографија

Тешко до термин и преку страницата на МВР оти дава „ерор“

Страницата на МВР за електронско закажување и натаму со проблеми при обид за добивање на термин. Поедноставена од претходната, со помалку кликови и попрегледна, но сепак, преоптовареноа. Откако се обзнани дека од сега на неа може електронски да се добие термин, почнаа да се појавуваат проблемите поради голем број на обиди.Кога ќе се внесе матичен број и ќе се избере каква исправа треба да се замени - информациите не се праќаат до МВР бидејќи се појавува „ерор“.И по неколку обиди, пораката која страницата ја враќа е иста.Доколку барањето е успешно испратено, тогаш прикажува и таква порака, а операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

Македонија | пред 2 години

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

За документи со „северна“ се закажува и електронски

Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.„Имено, во оваа секција наречена “Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.„Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request

Македонија | пред 2 години

244466876_1265174603930666_8619855635729761302_n

Обвинителите креваат бунт за намалувањето на платите: Вака не се придонесува во нашата независност

Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители смета дека со измените на Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители не се придонесува во насока на креирање на финансиска независност на Јавното обвинителство во целина согласно меѓународните стандарди.„Ова особено поради фактот дека токму постоењето на посебни закони за плати на јавните обвинители во кои е наведена забрана за какво било намалување на платите со измени во закон, треба да ја гарантира независноста на јавните обвинители во вршењето на функцијата. Примањата по основ на плата се единствени приходи на јавните обвинители, имајќи ги предвид законските ограничувања за вршење на каква било друга дејност.Здружението на јавните обвинители го поддржува повикот на Здружението на судии во врска со Законите за плати на судиите и Законот за плати на членовите на Судскиот совет и во иста насока реагира на измените во Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители“, велат од Здружението на јавните обвинител.

Македонија | пред 2 години

IMG_3348

СДСМ и ДУИ против Законот за продолжување на пасошите, за опозицијата ова се граничи со лудост

СДСМ, ДУИ и НСДП, гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. Законот кој го поднесе опозицијата, со мнозинство гласови не беше усвоен. За гласаа 46 пратеници, а против 54.,,Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата што свесно и намерно ја создадоа со пасошите” вели Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, во 21 век да се ограничува слободата на движење на луѓето, да се кршат уставните права за влез и излез од сопствената држава, свесно да оневозможувате право на лекување болни надвор од нашата држава, да се ограничува правото на секој да може да избира и да биде избран се граничи со лудост.

Македонија | пред 2 години

mitko-bojmacaliev-4

Бојмацалиев ги повика пратениците да го изгласаат Законот за продажба на станови во државна сопственост

„Дозволете ми во свое и во име на МВР да го истакнам значењето на Законот за продажба на станови кои се во државна сопственост, а кој моментално се наоѓа во собраниска процедура. Овој закон претставува значаен чекор напред кон подобрување на условите за живот и работа на нашите вработени. Тоа е израз на признание за нивната неуморна посветеност, труд и жртва што ја прават во секојдневното извршување на полициските работи“, рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и додаде:Верувам дека оваа мерка ќе придонесе кон мотивација и задоволство на нашите вработени, а со тоа и кон понатамошно зајакнување на нашата институција.Почитуван претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Бојан Стојановски,Почитувани пратеници од македонското Собрание,Од круцијална важност е да се одблокира процедурата за донесување на овој закон којшто е пуштен во собраниска процедура уште во 2021 година, поточно 6 јули 2021 година, а кој моментално е заглавен во Комисијата за финансирање и буџет. Овој закон овозможува лицата вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и оние кои се стекнале со право на пензија во МВР, да ги откупат државните станови кои ги користат подолг период, со што го решаваме нивното станбено прашање.Недозволиво е некој во македонското Собрание некој дрши активна блокада и да делува наспроти интересите на граѓаните и на вработените во МВР. Затоа, ве повикувам да застанете на висина на задачата и законот да биде изгласан во интерес на сите нас.

Македонија | пред 2 години

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Ќе се издаваат пасоши по приоритетна постапка, ама само за професионални возачи со валиден сертификат

Владата, на денешната седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба да им издава патни исправи во приоритетна постапка, по редовна цена и врз основа на доставено барање и список од страна на Министерството за транспорт и врски.Одлуката за воспоставување брза лента за издавање патни документи на професионалните возачи е донесена по информацијата од Министерството за транспорт и врски за одржаниот состанок со превозници кои вршат превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.Со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи, и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните документи, со цел континуирано извршување на работните обврски.Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски, кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 2 години

mitko-bojmacaliev-2

Бојмацалиев тврди дека нема хаос со документите, а признава дека линиите се зафатени и граѓаните не можат да добијат услуга

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за штипската ТВ Стар запрашан за функционирањето на пунктот во полициската станица „Пролет”, рече дека граѓаните можеа да добијат услуга, а сега телефонските линии се презафатени и не може да се добие услугата. Овој став доаѓа откако претходно, Бојмацалиев кажа дека нема хаос во МВР со издавањето на документи.„Со почетокот на промената на документите од Република Македонија во Република Северна Македонија, 2021, месеците декември и јануари имаме 50.000 граѓани кои бараат промена на личен документ, како се намалуваше реториката и фронтот за Никогаш Северна, така се зголемуваше интересот на граѓаните за промена на лични документи. Пикот на промената на лични документи го добиваме 2023 декември и јануари 2024, над 170.000 граѓани побарале да ги сменат своите лични документи. Тука имавме голем наплив на граѓани, сите беа услужени, добија она што го бараат, промена на лична карта, возачка или пасош.„Ако се вратиме на пунктот Пролет, кој го критикуваат, бил хангар, сме ги понижувале македонските граѓани, зошто не го укинаа целосно? Да го затворат и направат друго. Ништо не е сменето, истата спортска сала, истата опрема, истите ресурси. Знаете што сменија само? Да не можат граѓаните тие што не можат да добијат на телефон - да не ги извадат своите лични документи. Прв дојден, прв услужен веќе не важи во Скопје. Знаете дека на територија на цела држава од октомври имаме телеграма дека секој кој дојде во управните служби ќе биде услужен. Граѓаните од внатрашноста веќе 99% ги сменија своите документи”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој рече дека граѓаните ја завршуваа работата, а сега телефонските линии се презафатени.„Од тие причини, бидејќи јули, август и септември се јавуваат одредени граѓани, а не се појавуваат на термините за сликање, околу 70%, го увидовме тоа и со тимот предводен од Спасовски решивме да ја отвориме спортската сала во Кисела Вода. Да, се чекаше, 4-5, некогаш и 8 часа, но на крај од денот се сликаат. Сега вртиш по 8 дена, немаш термин и добиваш термин во јуни, јули, ништо не си завршил. Ако сакаат да се сликаат дека нема гужва, тоа им успеа, но граѓаните не се услужени”, дециден беше Бојмацалиев.Во оваа прилика, Бојмацалиев потсети на воведувањето на биометриски документи.„Брза постапка се воведе со воведување на биометриските лични карти и пасоши. И тогаш во тој процес имаше гужви, јас лично во Куманово чекав 9 саати да се сликам и после 4 месеци земав лична карта. А, во времето кога Оливер Спасовски го водеше МВР во рокот од 15 дена сите граѓаните ги добиваа личните документи”, рече Бојмацалиев.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Со пасоши без „северна“ се минува низ Хрватска и Австрија - Тошовски на маса со амбасадорите

По средби со двајца амбасадори, ехничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски посочува дека Австрија и Хрватска имаат разбирање и излегуваат во пресрет на граѓаните кои немаат пасоши со „северна“. За средбите со амбасадорите на Република Австрија Н.Е. Мартин Памер и амбасадорката на Република Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ, Тошковски објави на социјалните мрежи.„Во однос на македонските патни исправи двајцата амбасадори истакнаа дека нивните држави имаат разбирање за овој проблем и излегуваат во пресрет на македонските граѓани кои можат непречено да го остваруваат правото на слободно движење во Австрија и Хрватска со старите патни исправи, доколку истите имаат валиден рок, за што од моја страна беше изразена голема благодарност“, соопшти техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.Тој додава: „На средбите разговаравме за функционирањето на техничката Влада и нашата улога како Министерство за внатрешни работи во поглед на спроведување фер и демократски изборен процес“.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања