НОВОСТИ

DSC_0422

Слушалки и телефони забранети во сообраќај – казните стартуваат денес

Вчера официјално стапија на сила законските измени за побезбеден сообраќај. Со нив се забранува користење слушалки и зборување на мобилен телефон со цел пешаците, велосипедистите и возачите на електрични тротинети да бидат максимално сконцентрирани на патот.Според новите правила, казната за преминување пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред, глобата е 50 евра.Иако мерките веќе важат, вчера на улиците во Скопје и другите градови сообраќајната полиција не изрекуваше парични казни, туку само ги опоменуваше и информираше граѓаните за новините во законот.Најчести прекршувања беа пешаци кои минуваа на пешачки премин со слушалки во уши, како и возачи на велосипеди и електрични тротинети со телефон во рака.

Скопје | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Уапсени директор, полицајци, службеници: акција во три града во Македонија

Синоќа на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево започна широка полициска акција за разбивање на криминална мрежа која со години се занимавала со нелегална сеча и трговија со дрвна маса.Меѓу уапсените, според неофицијални информации, има актуелен директор во ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, неколку полициски службеници, шумски полицајци, претставник на Министерството за земјоделие, како и сопственици на приватни фирми. Тие се сомничат дека преку коруптивни врски нелегалното дрво го претставувале како легално и профитирале на сметка на државата и шумските ресурси.Информациите засега се непотврдени, а институциите не се огласиле по повод оваа акција.

Македонија | пред 4 месеци

motor-soobrakajka

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на Југо на пешачка патека, возачот кој немал возачка ќе прави вештачење

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на скопјанецот Југо, на пешачка патека. Според неофицијални информации, адвокатите на возачот Фатон Љ., кој го прегази и избега, ќе правеле нивно вештачење за причините за несреќата и усмртувањето.За тоа време, возачот Фатон останува во притвор. Следното рочиште е закажано за 10 октомври, на кое, ако се одржи, возачот ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен. Доколку признае вина, без да се изведуваат докази, ќе се изрече пресуда. Во спротивно, низ повеќе рочишта ќе се презентира доказниот материјал и ќе се сослушаат сведоците.Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против возачот за тешки кривични дела во сообраќајот.Според обвинението, лицето управувало мотор „Кавасаки“ по пешачката патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, и тоа без да поседува возачка дозвола. Иако моторот се движел со брзина од 35 километри на час, надлежните утврдиле дека тоа е небезбедна брзина за условите – пешачка зона на која не смее да се вози моторно возило.Обвинетиот не успеал да го запре моторот навреме и удрил во 67-годишниот пешак Југослав Николовски. При ударот, повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да им помогне, обвинетиот го оставил моторот и избегал од местото на несреќата.Николовски со тешки повреди бил пренесен на Ургентниот центар, каде подоцна починал. Сопатникот на моторот се здобил со полесни повреди.Обвинетиот се товари за две кривични дела:Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, иНеукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.Обвинителството посочува дека во текот на истрагата се обезбедени доволно докази кои го потврдуваат обвинението.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-22.53.50

(Видео) Жена се соблече гола среде улица пред малолетници кај „Млечен“ во Карпош

Жена се соблече гола среде булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“. Сведоци на ваквиот нејзин потег биле минувачи, меѓу кои и малолетници кои ја снимале и извикувале од страна. Од снимките кои ги доставија, се гледа дека таа прво го соблекла долниот дел од облеката, а потоа се соблекува и целосно гола.Засега не е познато дали реагирала полицијата, како и дали случајот бил пријавен. Нејасен е и мотивот за ваивкиот потег. Снимките покажуваат дека таа застанувала пред возила кои ја одминувале.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-14.27.13

Како дете бил жртва на сексуално вознемирување, сега пешачки 111 километри за институциите да ги чујат другите жртви

Кирил Ангелов, кој во детството бил жртва на сексуално злоставување, а подоцна успешно се изборил и со канцерот, најави хуманитарен подвиг – пешачење во должина од 111 километри, со цел подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца, булинг и сите форми на насилство.Ангелов објави дека акцијата ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година. Почетната точка ќе биде Скопје, а завршната Демир Капија, иако рутата може да претрпи промени, зависно од условите на терен.„Молкот на државните структури низ годините ме натера на овој потег. Верувам дека народот може да промени сѐ, ако има желба. Можам ова пешачење да го направам сам, но целта ми е да покажеме дека жртвите не треба да поминуваат сами низ сопствените тегобни патешествија,“ напиша Ангелов.Тој ги охрабри сите заинтересирани да му се приклучат – било од Скопје, Велес, Неготино или за само еден дел од патот – со цел да се покаже заедништво и поддршка. „Да ги утешиме жртвите дека треба да побараат помош, да се доверат некому и да го поминат животот во љубов и пријателство, а не сами и во изолација. Болката не треба да е табу, а ни тишина,“ порача тој.Ангелов, кој денес пишува за сопствените трауми, вели дека подвигот е начин да се испрати силна порака дека општеството мора да ја крене свеста и да застане зад најранливите.

Македонија | пред 5 месеци

soobrakajka

Загина младо момче во тешка сообраќајка која се случи ноќеска кај Градско - тројца повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа, околу 00:10 часот, на локалниот пат од село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата животот го загуби 21-годишен жител на Градско, а тројца негови пријатели се здобиле со тешки телесни повреди.Возилото „БМВ“, управувано од 22-годишниот П.А., излетало од патот. При тоа тешко се повредиле возачот и неговите сопатници Љ.О. (21) и Б.П. (20) од Градско, како и Х.Л. (22) од село Ногаевци. Од здобиените повреди починал Љ.О., додека останатите се пренесени во Општата болница во Велес.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. На местото на несреќата увид извршиле полициски службеници од СВР Велес, кои работат на целосно расветлување на трагичниот настан.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-13.38.45

Во Македонија и понатаму постои сериозен проблем со детските бракови

Во Македонија и понатаму постои сериозен проблем со детските бракови, предупредуваат од невладината организација „Отворена порта“, која се бори против насилството и трговијата со луѓе.Според податоците, 1.355 девојчиња на возраст од 15 до 19 години веќе се мажени, додека бројот на момчиња во иста возрасна група е само 260. Дополнителна загрижувачка состојба претставува адолесцентната бременост, која е особено присутна во сиромашни и маргинализирани заедници.Најпогодени се девојчињата од ромската заедница, кои се соочуваат со прекин на образованието, губење на детството и ограничување на слободата.„Детскиот брак уништува детство, образование и слобода. Ако препознавате ваков случај, јавете се на 0800 11111“, порачуваат од „Отворена порта“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-10-05-at-11.05.19

Трагична сообраќајка кај Макази: Загинат маж од Битола, повеќе повредени

Попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 52-годишен битолчанец. Според првичните информации, има и други лица со повреди.Судирот се случил меѓу две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки. Ударот бил толку силен што едно од возилата целосно изгорело.Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата. Сообраќајот на овој дел од патот е во прекин од 13:20 часот и ќе остане затворен сè додека трае истрагата.

Македонија | пред 5 месеци

soobra

(Видео) Сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје, има помал застој

На авопатот Тетово-Скопје се случи сообраќајна несреќа, во која неофицијално, нема тешко повредени.На овој дел, после Групчин, има застој, бидејќи двете возила се сеуште на патот.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.51.48

(Фото) Исчезнат струмичанец – семејството бара помош во потрагата

Дрвошанов Роберт, 39-годишен жител на Струмица, се исчезнат од вчера околу 14 часот.Според информациите, во моментот на исчезнувањето Роберт бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа и бели патики, а со себе носел и црн ранец.Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неговото движење да се јават на телефонскиот број 077/619-822 – Љубинка, мајка на исчезнатиот.„Скопје1“ побара информации од Министерството за внатрешни работи, од каде потврдуваат дека се трага по Дрвошанов, кој е пријавен од страна на член на семејството, за исчезнат.„Денеска (14.08.2025) во СВР Струмица во 08:40 часот Д.Љ.(64) од Струмица пријавила дека на 13.08.2025 околу 13:00 часот нејзиниот син Р. Д. (39) се оддалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

soobrakajka-tetovo

(Видео) Снимка од несреќата на автопатот-Тетово-Скопје, каде загинаа три лица, а дете заврши во болница

Надзорна камера ја снимила несреќата на автопатот Тетово-Скопје каде загинаа три лица, а од која се гледа како автомобилот, со нагло свртување на лево, влегувајќи во спротивна насока на движење, се судира со автобус.Најпрво, автомобилот се движи споро на првата сообраќајна летна. По десетина метри, свртува лево, а во втората летна веќе се движи цистерна. За среќа, цистерната избегнува сообраќајна несреќа, но веќе во последната летна, има автобус, кој иако се обидува со свртување, не успева да спречи директен судир. Автомобилот кој движи зад автобусот, свртува и избегнува да удри во автомобилот „опел“.Неофицијалните информации и сомнежите се дека возачот имал здравствени проблеми, во моментот кога свртува на лево. Издадена е наредба за обдукција. Се проверува и исправноста на возилото „опел“, а повикан е и сообраќаен вештак за да се испитаат сите околности.За возачот на автобусот е наложено испитување за евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции. Во несреќата, тешко повредено е дете, кое е во болница.Претходно:

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-27-at-10.04.22

(Видео) Тепачка среде улица во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот

Снимка на која се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавена од случајни минувачи. Според неофицијални информации, инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица.На видеото се гледа дека едно од лицата замавнува со секира, додека друго возвраќа физички, а во обид да ги раздвои се вмешува и жена која се наоѓала меѓу нив. Ситуацијата ескалира, по што граѓаните што снимале решаваат да се тргнат, стравувајќи за сопствената безбедност.Покрај снимката, на социјалните мрежи се појавија и коментари кои тврдат дека овој инцидент е кулминација на долгогодишен проблем, поврзан со лица кои агресивно просат во центарот на градот, вознемируваат минувачи и вклучуваат деца во собирање пари.Во моментот не е познато дали случајот е пријавен во полиција, ниту дали надлежните институции презеле мерки.Граѓаните бараат поголема безбедност и надзор во централното градско подрачје.

Македонија | пред 6 месеци

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

(Видео) Група деца вербално и физички малтретирани на Школка – родителите алармираат, случајот пријавен во полиција

Група од четири деца, меѓу кои три девојчиња и едно момче, биле изложени на вербален и физички напад од друга група деца на Школка во Градски парк, објави загрижена мајка на едно од нападнатите деца.Инцидентот се случил пред два дена, кога децата мирно седеле, по што им пришла група од околу 5 до 6 деца на возраст од 12 до 13 години, кои почнале да дофрлаат навредливи зборови како „секташи“ и „педери“. Иако нападнатите деца не реагирале, едно од другата група плукнало во нивната насока, при што една девојка била погодена во лицето.„Таа му викнала, тој се повлекол, но по десетина минути се вратиле со постари деца кои им се заканиле дека ќе ги претепаат“, раскажува мајката. Едно од нив го плукнало момчето, а друго го снимало со камера додека го принудувало да се извини затоа што биле таму.Според сведочењето, ситуацијата ескалирала и следниот ден, кога истата група повторно ги пресретнала децата на излегување од паркот. Додека се движеле кон автобуската постојка, едно дете на тротинет го удрило со клоца, додека друго со сина маица и црни бермуди го удрило по рамото и се обидело да го сопне.„Се јави да каже дека пак ги следат. Му реков веднаш да снима и да не се мрдаат, а јас ќе повикам полиција. Штом кажал дека ќе дојде полиција, децата се разбегале“, вели мајката.На крај, пријател на семејството дошол со автомобил да го земе, а случајот бил пријавен во полиција.Родителите на нападнатите деца бараат институциите итно да реагираат, бидејќи станува збор за повторено малтретирање од малолетници, кое лесно може да прерасне во посериозно насилство. Повеќе граѓани бараат поголема безбедност и полициско присуство во делот околу Школка, кој често станува сцена на слични инциденти.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-13-at-12.45.27

Напишал „не играјте си со оние што немаат што да изгубат“, па го убил внукот и 13-годишниот Милан

Панчо Чупаркоски и неговиот 13-годишен син Милан се жртвите на ликвидаторот Пеце Белото.Пред да го стори грозоморниот злочин, попладнето во 17 часот, објавил и фејсбук статус со морничава фотографија. Напишал: „Мојата сестра Љуба Чупаркоска и нејзиниот син ... Ми украде и одзеде скоро Сее, останатото им го дадов Сам, но... Не играјте си со оние кои што немаат што да изгубат!“. Потоа го извршил злочинот.[caption id="attachment_342865" align="alignnone" width="1366"] Screenshot[/caption]Пријавата до МВР, дека ги нема Панчо и Милан, дошла во 21:20 минути, кога се јавила мајката односно сопругата на двете жртви, кои биле ликвидирани со огнено оружје. Во куќата е влезено по повеќе од три часа, кога се најдени безживотните тела на двете жртви, но и на ликвидаторот кој се самоубил.Вечерта кога се случи грозоморниот настан, ликвидаторот имал именден. Жртвите ги намамил додека бил надвор од домот, а потоа, кога ги внел во неговата куќа, им ги одземал телефоните и им се заканувал. Со него освен огнено оружје, имал и бомба. Засега не е познато во кој дел од денот ги извршил убиствата.Ликвидаторот има низа контроверзни и морбидни објави на неговиот профил на „Фејсбук“. Ги величи Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, напишал „Човекот е најголемото зло на земјата“.Сомневањата на обвинителот се дека убиствата се сторени поради семејни недоразбирања кои траеле подолг период, а поврзани со имнотно-правни прашања. Ликвидаторот имал 63 години.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Пукање во скопско Батинци, едно лице е застрелано

Ново пукање ги вознемири утрово жителите на Батинци, дознава „Скопје1“. Едно лице е погодено и пренесено во болница. Извори за „Скопје1“ велат дека станува збор за лицето Африм М.Детали за случајот засега не се познати, како и дали е уапсено лицето кое пукало. Минатата година, во ова село имаше и убиство.По увидот, повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања