НОВОСТИ

IMG_6897

Престрелка во Скопје, едно лице застрелано - имало и бркотница низ градот

Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања.„Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед дека се прават испитување.Пред или по пукањето, неофицијално, имало бркотница низ Скопје, со две од возилата марка „порше“ и „голф“, додека третото е непознато. Неофицијално, дел од лицата кои се бркале се од Батинци и имале нерасчистени односи од порано.Од МВР со детали:„Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Скопје | пред 10 месеци

C3442E01-DE5F-4A23-9B17-AF9F1A6AB80A

(Видео) Ужасна несреќа вечерва во Ѓорче: Возач на мотоцикл во тешка состојба, возилото распарчено на пола

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров, кај комплексот „Александрија“. Учествувале три возила, од кои два автомобили и еден мотоцикл. Очевидци за „Скопје1“ дека возачот на моторот бил во тешка состојба по несреќата. Мотоцикл, пак, од силината на ударот е поделен на два дела.На лице место дошла Брза помош, а лицето веднаш било пренесено во болница, откако му била укажана прва помош. Засега не е позната состојбата на другите двајца возачи и евентуални сопатници.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде изелгоа со првични информации.„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од улиците “Скупи” и “Ацо Шопов” се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила и мотоцикл. Две лица со ИМП се пренесени во болница за укажување помош. Во моментов се врши увид на местото на настанот“, велат од МВР за „Скопје1“.Местото го обезбедува полиција, а улицата е затворена за сообраќај.

Скопје | пред 10 месеци

soobrakajka-partizanska

(Видео) Тешка несреќа на „Партизанска“: амбуланта се преврте, откако се судрија со автомобил

Тешка несреќа се случи ноќеска на булеварот „Партизански одреди“, каде се судриле „Тојота јарис“ и амбулантно возило.Од терен, познато е само дека од силината на ударот, амбулантното возило се превртело, но непознато е дали во него имало пациент и каква е состојбата на возачот, но и другите ко се превезувале.Не е позната ниту состојбата на возачот кој бил во автомобилот, чии делови се распрскале по булеварот.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваме одговор.

Македонија | пред 10 месеци

instagram-devojcinja

(Фото) Девојчиња исмејувани и наведувани на лажен „Инстаграм“ профил: „Криви заби“, „многу акни“

Девојчиња од Македонија се најдоа на мета на лажен „Инстаграм“ профил. Читатели кои го испратија до нашата редакција, велат дека истиот предизвикал вознемиреност кај родители. Првите објави се пред пет часа, а според нашиот читател, едно од девојчињата кои ги препознал на профилот е од Гостивар. Неофицијална и непотврдена информација која беше споделена со нас е дека едно од девојчињата е и ќерка на судија.Навредите се на лична основа, а најмногу од нив се однесуваат на нивниот изглед. Па така, меѓудругото на профилот (кој нема да го објавиме за да нема двојна виктимизација), на фотографиите од девојките стои: „многу акни, си бара прст во уста“, „криви заби, мора да е центар на внимание, се клешти на секоја слика“, „магарето од Шрек, можеш да пиеш кафе со нејзината неталентирана сестра“, „има што да се фати, дури премногу, татко и е месар па секој ден многу јаде од месото“.На профилот засега има пет фотографии од девојчиња, го следат шест лица, а следи 64 лица. „Скопје1“ ќе упати прашања до МВР дали до нив стигнала пријава од евентуалните жртви на овие навредувачки коментари.

Македонија | пред 11 месец

moped-pregazen

Дете-пешак удредно зад „Скопјанка“ од 23-годишник со мопед - однесено е во болница, има повреди

На еднонасочната улица позади трговскиот центар „Скопјанка“, постојано се вози двонасочно алармираат жителите откако дете било удрено од мотор. На улицата, бараат да има и соодветен пешаки премин.„На оваа улица позади т.ц Скопјанка која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секој дневно од тука идат и се вракаат ученици од О. У Браќа Миладиновци и е опасно за нив денес беше удрено дете од мотор а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес“, се вели во апелот на жител кој живее овде.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде велат дека пешакот има повреди.„На 24.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бојмија“ во Скопје мопед „хамачи“ управуван од И.А.(23) од Скопје удрил во дете-пешак од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР за „Скопје1„.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Синот на прегазениот пешак: Возачот избегал, го управувал возилото без дозвола

Синот на повредениот 52-годишен скопјанец во кого удри „волво“, вели дека по несреќата, возачот избегал сосе возило. „Скопје1“ побара детали од МВР, од каде ни посочија дека ќе достават информација кој го управувал возилото и дали има возачка дозвола. Од извори во истрагата дознаваме дека полицијата има траги кои ги следи поврзани со избеганиот возач.„Ова се случи вчера околу 23.30 часот каде што беше прегазен татко ми, пешак, па пренесен во државна болница. Без жал, ниту застанал, ниту ништо. Избегал и го управувал возилото без возачка дозвола. Ова нема крај, ќе изгинеме како ништо во државава“, пишува синот на пешакот под објавата на „Скопје1“.Инфорацијата дека возачот немал возачка дозвола, остана непотврдена од институциите.Пешакот по укажаната помош во болница, изутринава бил пуштен на домашно лекување. Тој, според неговиот син, има набиеници на телото и трауми од вчерашната сообраќајка.Инаку, според информациите од МВР, возачот управувал возило „волво“ со кое удрил во семафор, па во пешакот.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-18-at-16.11.52

„Информации собрани еден тон, ние сме на 0“ - 20 дена го нема Миле Тодоров

Александар Најдов, дел навивачката група Винари, вели дека 20 дена, Миле Тодоров го нема ни под дрво ни под камен. Оваа објава на респодели сестрата на исчезнатиот, Марија Атанасиевиќ.Ти се губи човек на пат од 12км кој спојува два града, 20 дена со целосната истрага, пребарување на се живо и диво што би рекле, информации собрани еден тон, ние сме на 0, а Миле Скечо го нема ни под дрво ни под камен...Веќе по портали, вести слабо врте неговата слика, останаме уште ни екипата и неговите блиски да го споделуват да не се забораве ликот негов доколку некој негде го сретне, да знае дека уште очајно се бара...“, пишува Најдов.Тој додава: „Не можиме да се лутиме и хејтаме некој, а да величиме друг во време кога очајно сите го бараме, легнуваме и се будиме и прво нешто шо правиме гледаме во телефонот дали стигнала некоја вест и дали братот се вратил дома жив и здрав...Во ситуација ваква како шо сме сите, во потрага у која е превртен цел крај у тиквешијата, само не ширите дезинформации и не отежнувајте со рекла-казала муабети и измислици, ако имате нешто шо е 100% сигурно споделите може да помогне многу, сите се надеваме и веруваме дека Миле ќе се врате...“, додаде Најдов.Најдов на крајот посочува дека нема да се откажат се додека Тодоров не биде најден.

Коментари | пред 11 месец

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Подолг период малолетникот возел со „аудито“ низ Скопје пред да прегази пешаци, се сомнева обвинителот и истражува како дошол до автомобилот

Обвинителството во Скопје ќе собира докази и за полнолетно лице, за кое се сомневаат дека подолг временски период му давал да го вози „аудито“ на малолетникот од Косово, кој е жител на Скопје, а со кое прегази пешаци. О„Бидејќи се утврдени основи на сомнение дека полнолетно лице подолг временски период му овозможувало на малолетникот без дозвола да управува со автомобилот, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и против тоа лице и ќе ги испита и тие околности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Малолетникот нема документи од Македонија, но, тука го завршил и неговото образование. Обвинителството побара, а судот му одреди мерки за обезбедување присуство. Ќе се брани од слобода, но не смее да ја напушта Македонија, задолжително ќе треба да се јавува на суд и не смее да управува возизло. Тој немал возачка дозвола.„Против пријавениот малолетник, кој не е државјанин, но е со постојано престојувалиште во нашата држава, е поведена постапка согласно Законот за правда за децата и се предложени мерки на претпазливост“, додаваат од Обвинителството.Според последните информации, двајцата пешаци кои се негови врсници, се во добра здравствена состојба и немаат посериозни повреди. Тинејџерката на возраст од 17 години е пуштена на домашно лекување и немала никакви скршеници.Несреќата се случи во петокот околу 22 часот на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје. Поточно, станува збор за Шуто Оризари.Обвинителството прибира докази материјали по што ќе одреди и за кое кривично дело ќе го гони малолетникот.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-03-at-22.31.48

Две недели го нема Миле од Неготино: исчезна на 30 јануари, му се губи секој траг

Ни трага ни глас од 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино. Семејството 15 дена трага по него, но, велат дека не стигнуваат до никаква информација. Познато е само каде е виден последен пат и во што бил облечен. Во потрагата е вклучена полицијата, но и неговите роднини и пријатели.„По изминати две недели сѐ уште немаме никаков траг ниту глас од нашиот брат Миле Тодоров (Скечо), кој исчезна на 30 јануари (четврток), последен пат виден во с.Марена во Кавадарци, околу 10 часот, носејќи работничка облека со бело палто и црн елек, а од тогаш до денес немаме добиено никаква информација околу неговото движење, ниту траг кој би помогнал во наоѓањето на Миле. Ве молиме за споделување со цел да јавноста да знае дека потрагата е сѐ уште во тек!“, напиша неговата сестра, Марија Атанасиевиќ.Ако го забележите лицето, контактирајте ја полицијата или на 075-691-727.

Македонија | пред 11 месец

brza-pomos-nokje-3

Средношколки прегазени од мотоцикл во Скопје - семејството: Возачот свесно не закочил

Две средношколки биле прегазени од мотоцикл додека оделе кон училиште минатиот вторник, сведочи семејството на едно од девојчињата за „Скопје1“. Тие посочуваат дека мотоциклот свесно не закочил, а не им укажал ниту помош. Според сведочењето на девојчињата, помош им укажале лица кои се движеле со камионче. За кратко, лицето со мотоциклот се вратило, па и кажало на прегазените дека можат да се договорат, да не помислуваат да викнат полиција. Девојчињата со Брза помош биле однесени во болница. Настанот се случил кај Цементара во правец кон средното училиште „Марија Кири Склодовска“.Ирена Стојчевска, мајка на една од средношколките раскажа што се случило и на што се сомневаат.„Тој што го возел моторот и бил позади нив свесно не закочил и удрил во нив по што не им укажал помош и си продолжил.Девојчето е со огромни болки модрици и рани, контузии користејќи цело време Бруфени за да се ублажат болките. Полицијата ги пронашла двете момчиња и ги идентификувала. Интересно е дека патеката која има сообраќаен знак за велосипеди во поголем дел е единствена патека. Над неа има патека за пешаци која по стотина метри завршува како влез во зграда, а долу на патот останува една заедничка тесна патека која е и единствен тротоар и патека за велосипед. При што од полицијата е укажано дека смее да се движат мотори од 50 кубика, а тоа е единствен тротоар на кој што може да се движат и пешаци“, вели Ирена Стојчевска, мајка на едно од девојчињата.„Скопје1“ побара став и од МВР, од каде велат дека направиле увид на местото и составиле записник.„Во врска со вашето прашање околу случена сообраќајна незгода од 04.02.2025 година на булеварот „Србија“ во Скопје ве информираме дека од страна на ОУСН при СВР Скопје е извршен увид на лице место, односно од страна на полициски службеници биле превземени сите увидни дејствија. Воедно, поднесено е и писмено известување до ОЈО-Скопје и во понтамошната постапка ќе следи соодветна пријава по комплетирање на целокупниот увиден материјал“, велат од МВР.Мајката посочува дека револтот кај нив е голем од причина што девојчињата се удрени и никој не чувствува вина за настанот.„До кога вака малолетниците ќе дивеат по скопските улици и тротоари и прашањето ми е дали требаше некој да биде жртва во ситуацијата за да се преземаат соодветни мерки против сторителите?“, прашува мајката Стојчевска.Семејството и само водело истрага, па успеало да стигне и до лицата за кои се сомневаат дека биле на мотоциклот. Оттука, се наметнува можноста, тие да се и малолетни.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-11-at-10.17.33

Убиениот Хебиб е син на поранешен функционер на ДУИ

Лицето кое загина вчеравечер на територија на Чаир е Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, а сега вработен во Општина Чаир, кој во 2013 година беше и директор на Државната техничка инспекција. Пријателите на Хебиб се простуваат од него на социјалните мрежи.„На Аллах му припаѓаме и само на Него ќе се вратиме! Хебиб Буњаку, најдобриот син на нашето маало во Серово, познат по широкото пријателство низ фудбалот, и по многу други атрибути, почина и Хебиб беше син на Екрем Буњаку. Како соседи кои ги делеле истите неволји во едно маало и во знак на почит, изразувам сочувство до чичко Екрем и целото негово семејство! Бог да ви даде трпение, а Аллах да му даде на Хабиб највисоките чинови од Неговиот Рај“, се вели во една од објавите.[caption id="attachment_321584" align="alignnone" width="753"] Screenshot[/caption]Од него се прости и фудбалскиот клуб „Футсал Скопје“.„Со скршено срце и длабока болка ја примивме веста за смртта на нашиот поранешен играч, нашиот пријател Хебиб Буњаку. Извонреден човек, кој зад себе остави незаборавни спомени за сите што го познаваа. Нашето најискрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите оние кои имаа среќа да го запознаат. Аллах да ве помилува!“, стои во нивната објава.[caption id="attachment_321590" align="alignnone" width="715"] Screenshot[/caption]Повреденото лице со две прострелни рани е Аритон Далишта, кој е задржан на лекување но е вон животна опасност.Деталите од МВР: 

Коментари | пред 11 месец

Habib-Bunaku-960x573-1

Караница за сообраќај резултирала со вадење пиштоли и убиство во Чаир

Недоразбирање во сообраќај е причината за расправијата во Чаир. По караницата, почнало пукањето. Неофицијално, според дел од медиумите, кавгата поточно била за паркинг место.Во пукањето, Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, бил погоден со еден куршум што го усмртил на лице место. Другото лице, има две прострелни рани, но не е во животна опасност. Има и трето повредено лице кое е на лекување на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Пукањето се случило на полноќ.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-10-20-at-11.40.34

(Видео) Нема предмет за јавувањето на Заев кај Вилма со барање за „27 април“ да ги гони за друго дело

Јавното обвинителство нема оформено предмет за Вилма Русковска и нејзиното сведоштво дека експремиерот Зоран Заев и се јавил за да изврши преквалификација на делото за „27 април“. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски за „Алфа“ изјави дека не се сеќава да завеле ваков предмет.„Колку што се сеќавам, не. Затоа што, доколку го кажала требало да дојде и да го пријави во ЈО. Такви сознанија немам дека е заведен предмет на таа околност“, рече Коцевски.Од изјавата на Русковска во поткастот „Претрес со Ландов“, поминаа три месеци. Таа кажа дека Заев и се јавил во моментите кога се одвивале уставните измени односно промената на името. И тој побарал од неа, да изврши преквалификација. Иако мешањето на извршната во судската власт претставува притисок, таа посочи дека не го почствувала така.Коцевски, пак, во неколку наврати се пофали во јавноста дека се отворале предмети по негова иницијатива. Но, ова не било случај кога во прашање е Русковска и Заев.

Македонија | пред 11 месец

sudski-sovet-1

Нема како членовите на Судски совет да бидат разрешени, но борбата ќе биде со јавниот притисок, вели премиерот

Нема начин за со сила да биде разрешен Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација, можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе бидат со јавен притисок.„Органот кој ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење. И со тоа што не го прифатил нивниот извештај, дал свое мислење. Пратениците можат да поднесат интерпелација за членовите кои тие ги избрале. Но тоа не значи дека им престанува мандатот, тие може да речат дека не поднесуваат оставка и да останат понатаму да го водат судството со 2%. Нас тоа нема да нѐ изненади. Со сила не можеме ништо да им направиме, до последно ги штити законот. Тие можат да решат да не поднесат оставка“, рече Мицкоски.Сепак, тој посочи дека се надева на нивни оставки.„Новите членови ќе се бираат според тоа кој закон ќе биде во сила. Ценам дека јавноста не е задоволна од Советот, ќе се бориме со јавноста, со јавен притисок“, додаде Мицкоски. 

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-09-at-12.21.21

11 дена без Миле: се трага по спротистот од Неготино

Единаесетти ден нема ниту трага ниту глас од Миле Тодоров, кој последно е виден на 30.01.2025 година. Семејството заедно со полицијата и пријателите трагаат по него, но до овој момент нема нови моменти кои би и помогнале на истрагата. Тој тргна пеш од Кавадарци кон Неготино, а телефонот му беше најден кај реката Луда Мара.Се пребаруваше во манастири и цркви. Полицијата ангажираше хеликоптер. Семејството алармира до секој што има било каква информација за Миле, да ја контактира полицијата или нив на 078-909-481, 075-691-727. Тој е спортист, висок околу 185 сантиметри, со кратка коса. 

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања