НОВОСТИ

Screenshot-2025-07-09-at-18.54.00

(Видео) Вознемирувачка снимка: Монструозно малтретирање дете – врзано со јаже околу врат и раце, случајот е наводно во струмичко

Дете врзано за врат и раце со јаже, обесено на цевка, снимано и малтретирано оти украло пари од маалски дуќан – ваква снимка е објавена на социјалните мрежи која предизвика голема вознемиреност кај граѓаните. Засега нема детали за случајот, а објавувачот посочува дека истата е направена во струмичко Ново село.На почетокот, лицето кое го врзало детето, го прашува „Зошто си така врзан?“, тоа вика „Земав пари“, тој вика „Зема или украде?“, а тоа одговара „Зема“.Потоа, го прашува детето што им направил на парите, а тоа одговара „земав да јадам“. На потпрашање „каде се другите пари“, тоа одговори...Детето вели дека секојпат крадело, па вели дека нема да краде.„Нема да крадам, пушти ме“, вели детето, а тој одговара „нема пуштање, кажах ти“.Се слуша како детето вика и плаче, додека човекот го снима и испрашува.„Можеш ли малку да ме олабавеш?“, прашува детето, а тој вели „Не“.„Скопје1“ го испрати видеото до полицијата, оттаму чекаме детали. Од објавувачот на видеото, побаравме детали каде било првично споделено и од кое лице, како и кога е снимено.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-06-at-19.39.42

(Фото) Чистење пред чистка: Кривичен суд добива нов лик однадвор, а можеби и нова внатрешна поставеност

Пред да започнат евентуалните кадровски промени, викендов започна темелно чистење на надворешниот дел од Кривичниот суд во Скопје. Зградата и дворот беа средени – заменети се старите знамиња, шалтерите се исчистени, а тревата покосена.[caption id="attachment_342308" align="alignnone" width="1600"] Фото: Skopje1.mk[/caption]Овие активности доаѓаат само неколку дена по изборот на новата в.д. претседателка на судот, Даниела Димовска. Иако засега не е познато дали ќе следува и внатрешна „чистка“ меѓу позиционираноста на судиите согласно годишниот распоред, некои ја гледаат акцијата како сигнал за поинаков пристап и нова слика за институцијата која во изминатите години беше постојано мета на јавни критики.[caption id="attachment_342309" align="alignnone" width="1602"] Фото: Skopje1.mk[/caption]Дали симболичното чистење е само почеток на подлабоки реформи во Кривичниот суд – останува да се види.[caption id="attachment_342310" align="alignnone" width="1592"] Фото: Skopje1.mk[/caption]

Македонија | пред 6 месеци

skopje

(Видео) Скопје: Удрил во две паркирани возила и си заминал – д-р Маја Кирјас: „Се срамам каде живеам“

Сведоштво од познатата докторка Маја Кирјас разоткри уште една несовесност на улиците во Скопје. Според нејзината објава, неидентификуван возач во раните утрински часови со своето возило удрил во две уредно паркирани коли – едната од нив нејзиното „Нисан“ – и потоа го напуштил местото на несреќата.„Возилото е мое! Поточно, уште на лизинг… Паркирано уредно. Позади паркирано друго возило. Во 6 часот од гостилница 'Дукат' се слуша силен удар од трето возило кое ги удира возилото позади мене и моето Нисан возило!“, напиша д-р Киријас, потенцирајќи дека снимката од безбедносните камери „за жал покажува сè“.Несреќата се случила пред зградата каде што таа живее, а како што тврди, иако нејзиното возило било правилно паркирано, штетата е значителна.Докторката упати и остри критики до дел од порталите кои, според неа, ја злоупотребиле несреќата за сензационализам: „Одредени портали на несреќата на граѓаните прават шоу. Се срамам каде живеам. За порталите би дала сугестија – не пренесувајте лажни вести, за да ни оставите барем трошка верба во тоа што го читаме!“Случајот е пријавен и се очекува полицијата да го идентификува и санкционира возачот кој избегал од местото на настанот.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-12.56.35

Се огласи ќерката на загинатиот скопјанец: Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, ќе има ли крај на ова?

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера околу 19:30 часот на пешачката патека во близина на улицата „Ленинова“ во Скопје, кога моторцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ј.Н. (68) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.По ударот, мотоциклистот го напуштил местото на несреќата. Од силината на ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде за жал подоцна им подлегнал на повредите.По објавувањето на трагичната вест, на социјалните мрежи се огласи и ќерката на загинатиот скопјанец, која сподели трогателна порака:„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, пред сопствениот прозор. Се зацрни уште една фамилија. Дали ќе има крај на ова, до кога се прашуваме, до недоглед!!! Дали е тоа место за возење на мотори!? Ќе ми фалиш бескрајно, еден дел од мене засекогаш згасна“, напиша таа, додавајќи дека семејството ќе бара правда за својот татко.

Коментари | пред 7 месеци

motor-soobrakajka

(Фото) Скопјанец усмртен на кејот кај „Жабарот“ на пешачка зона, прегазен под прозорецот на станот каде живеел

Излегол на улица, а смртно бил прегазен под прозорецот на станот каде живеел. Ваква судбина доживеа скопјанецот Југо, кој вчера го загуби животот на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата. Неговите роднини за „Скопје1“ посочуваат дека сѐ се случило околу 20 часот кога имало преку 30 деца во близина. На моторот, според нивните информации, имало две лица, кои бегале од полиција.„Го убија на пешачка зона“ вели роднина на загинатиот Југо.Преку социјалните мрежи од него се простуваат и пријателите.„Да умрам недалеку од местото кај што се родив, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените... Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше. Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот. Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, вели неговиот пријател Дончо Наумовски.„Скопје1“ побара детали од МВР. Оттаму очекуваме одговор.

Скопје | пред 7 месеци

sudir

(Фото) Семафор искршен, перничиња активирани, интервенира Брза помош – судар кај Собранието

Сообраќајна несреќа се случи на раскрсницата кај Собрание. Очевидци посочуваат дека автомобил марка „ауди“ и „алфа“ се судриле, а веднаш била повикана и Брза помош бидејќи еден од возачите се жалел на повреди.Од фотографиите може да се види дека поголеми оштетувања има автомобилот „алфа“ во кои се отвориле и воздушните перничиња. Од силината на ударот, искршен е и семафорот.Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 7 месеци

gruevski-nikola-543

Огласена продажбата на луксузните станови на Никола Груевски – државата нуди имот вреден над 2,4 милиони евра

Пет станови. за кои судот посочи дека се на поранешниот премиер Никола Груевски, а кои беа конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“, се официјално ставени на продажба, објави Фокус.Агенцијата за управување со одземен имот го огласи недвижниот имот, кој вклучува три ексклузивни стана во комплексот „Панорама“ на Водно, со вкупна површина од 750 м² и вредност од над 2,4 милиони евра. Становите се луксузно уредени со пространи балкони, од кои се пружа панорамски поглед кон Скопје.Стан 1: 155 м² + 95 м² балкон – 760.000 евраСтан 2: 199 м² + 48 м² балкон – 847.000 евраСтан 3: 200 м² + 48 м² балкон – 851.000 евраПокрај имотот на Водно, на продажба се и два стана во Кисела Вода, во зградата каде Груевски живееше пред бегството. Едниот од 57 м² се продава за 63.000 евра, а другиот од 38 м² за 44.000 евра.Становите се нудат согласно новиот Закон за управување со одземен имот, усвоен во март 2025, со кој се забранува учество на членови од семејството на поранешните сопственици на јавни аукции. Оваа законска измена доаѓа откако дел од имотот на Сашо Мијалков беше купен од неговиот син, што предизвика критики и потреба од правни измени за да се спречи враќањето на имотот кај осудени лица или нивни блиски.Продажбата на имотот на Груевски се смета за симболичен, но важен чекор во напорите на државата за враќање на средствата стекнати преку криминал и зајакнување на принципот на правна држава.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-23-at-19.45.03

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Скопјанка, сподели видео на кое се гледа како татко претепува сопствено дете. Снимката е вознемирувачка, а таа прашува „Зарем вакво детство заслужува едно дете“. Видеото е дел од доказите на Обвинителството, кои побараа, а судот одобри притвор за насилникот.Zarem vakvo detstvo zasluzuva edno dete?Bez pricina, zatoa shto ima bolni umovi i ne razmisluvaat vo momentot, nashle...Posted by В. Ѓ. on Monday, June 23, 2025„Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца. Ако возрасните имаат проблеми, што се виновни децата? Стресно е и за другите – 3 сестрички се, 3, 4 и 9 години. Се случува во саботата сабајлето, вечерта он веќе е во полициска станица, а сега во притвор. И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам. Детството е најубавиот период и некој вака да им го уништи... не може. Детето има телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми...“, напиша скопјанката која сподели и фотографии..Обвинителството вчера соопшти дека го гони 28-годишниот скопјанец за нанесување телесна повреда.„Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие. Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.ВИДЕОТО ТУКА.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-09.46.50

Уапсен бизнисменот Крмзов, кого го поврзуваа со Заеви

Рано утринава, полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов. Апсењето било по најлог на јавен обвинител, а откако за него беше отворена истрага при која пред неколку месеци беа направени претреси и беше одземена документација. Последните информации од премиерот Христијан Мицкоски, кажани на новинарски брифинг, беа дека Крмзов направил злоупотреби тешки 15 милиони евра, а шемата допира до политичари.Еуростандард банка, ископ на јаглен во РЕК Битола, случајот „Синџир“, шверц на брендирана гардероба, поврат на ДДВ... Ова се дел од случаите со кои изминативе години, медиуми и тогашната опозиција – ВМРО-ДПМНЕ – директно или индиректно го поврзуваа струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов.Од партијата ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека Крмзов е близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, а неговиот хотел „Вила Парк“ во Струмица го нарекуваа „омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет“.Во емисијата „Код“, Крмзов изјави дека неговите проблеми започнале на самиот крај на минатата 2023 година, кога Управата за јавни приходи започнала да спроведува контроли во негови компании. Меѓутоа, контролите постојано се одложувале и инспекторите не доаѓале во контрола, со цел, според него, државата да има изговор да не ги префрлува парите. Инаку, тогаш директорка на УЈП беше Сања Лукаревска, актуелна пратеничка на СДСМ.„Работам 31 година, овој бизнис го работам од 1993 година. Ова го прават од повеќе причини. Едноставно им сметам и во транспорт и во градежништво и во се. Цела таа акција започна за време на СДСМ, се е на локално ниво. Одредени локални моќници кои мислат дека државата е нивна и можат да прават што сакаат, оркестрираат лажни и инфилтрирани податоци до министри, премиери, служби, за јас да бидам криминалец. Океј, има институции, ќе се провери дали е така или не“, рече тој.

Македонија | пред 7 месеци

koamndant-breza

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, кој беше во бегство од 2003 година, вчеравечерта е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тој бил осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избегал од Македонија и се барал со меѓународна потерница.Според информации на „Скопје1“, тој бил апсен во скопско Ченто односно местото викано Камник, а за доизлежување има уште пет години затвор.Во 2005 година, при претреси кај командатот Бреза беа најдени купишта оружје. Од униформи, минофрлачи, гранати за РПГ, тенковски гранати до тешко воено оружје и 300 илјади парчиња куршуми.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-11.34.57

(Видео) Пак прскалки во затворена просторија, организаторот казнет

Со пиротехника се прославила победата на кошаркарскиот клуб „Маџари“ кој издвои победа над клубот „Ангели“, иако Собранието донесе измени на Законот за прекршоци против јавниот ред, со кои, се забранува употреба на прскалки во затворени простории. Натпреварот се одиграл во затворена сала, а зад лед дисплејот, покрај конфетите, се гледаат и прскалките.Побаравме став од Кошаркарската федерација на Македонија, дали се тие организатори, но и дали знаат дека употребата на пиротехника во затворени простории е казниво – до овој момент не добивме одговор. Го контактиравме и кошаркарскиот клуб кој славеше победа за употребените прскалки – но и од таму молк.Од Министерството за внатрешни работи, посочуваат дека постапиле и дека ќе има прекршочна пријава за организаторот.„Констатирано е дека организаторот нема пријавено до МВР користење пиротехника, согласно закон за пиротехника. СВР Скопје го повика организаторот при што ќе му биде поднесен прекршок согласно новиот закон за користење на пиротехника“, велат од МВР за „Скопје1“.Со измените не е дозволена употреба на пиротехнички средства во објекти и простории од затворен тип, а двојно се зголемени и прекршочните глоби за физичките и правните лица кои постапуваат спротивно на забраната. Доколку прекршокот се повтори, се предвидува затворска казна. Овие измени дојдоа по големата трагедија во Кочани, каде при употреба на прскалки, искра го зафати таванот и изби пожар, по што загинаа 62 лица.Инаку, кошаркарскиот клуб „Маџари“ славеше победа за влез во првата лига со трофеј.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-20-092531

(Фото) Запален автомобил на политичар во Битола

На паркинг во Битола, ноќеска, се запалени два автомобили. Според неофицијални информации, едниот е сопственост на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски.Од полицијата потврдуваат дека се опожарени две возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата и спречиле пошироко проширување на огнот. Немало повредени лица.Христо Кондовски важи за еден од најпознатите бизнисмени во Битола.

Македонија | пред 8 месеци

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Ужас во кичевско: со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“.„Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите, а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР.Од Обвинителството велат дека лицето е задржано.„Во врска со настанот во кичевско каде маж со секира ги нападна родителите, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево изврши увид на лице место во семејната куќа во селото Србјани, прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Лицето е задржано и текот на денот ќе следи постапка“, велат оттаму.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_4872

(Видео) Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во Штип

Уапсен е турскиот државјанин кој вчера извади пиштол и уби друго лице во Штип. За ова извести Обвинителството кои додаваат дека е најден и пиштолот.„Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено од слобода. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“, велат од Обвинитлството.Детали тука:Снимки тука:

Македонија | пред 8 месеци

IMG_4872

(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Лицето кое пукало и ранило едно лице во кафуле во Штип, по извршениот напад, се дало во бегство. Во меѓувреме, протекоа снимки од надзорните камери од објектот, каде се гледа како во еден момент, лицето пука од пиштол, а останатите гости панично бегаат. Сѐ се случува во неколку секудни. Потоа, лица кои случајно се нашле на местото, пробале да му дадат прва помош на повредениот кој бил во животна опасност.Брзо по пукањето, неколку полициски екипи, со најмалку десетина полицајци тргнале во потера по лицето кое пукаше, кое според неофицијалните информации, е турски државјанин. Неговиот автомобил бил забележан на патарината кај Миладиновци. Полицајците му дале знак да застане, но наместо тоа, тој, ја пробил патарината.„Стој, стој“ се слуша на снимката, покрај уклучените полициски сирени.Според неофицијалните информации, лицето кое пукало и бегало, возело возило марка „БМВ“.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања