НОВОСТИ

pozarna

Доби притвор: Влегол со бензин во битолско казино и го истурил врз слот машини, па го запалил

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери.По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице.

Македонија | пред 1 година

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Нов пункт за документи од среда, проблем остануваат машините за принтање, документи се чекаат по повеќе од месец

Од среда се отвора нов пункт за вадење на лични документи. Тој ќе биде во Идризово, каде четири лица ќе работат во една смена. Ќе можат да се фотографираат 250-300 луѓе дневно, а кога ќе се воведе втора смена, ќе се фотографираат 500 луѓе. Но проблем останува тоа што има две машини за печатење.„Околу 600.000 активни треба да се изработат. Минимум месец до месец и половина треба да поминат за изработка, многу се чека. Брзата постапка треба да е ден два, а потребни се 5-6 дена“, вели министерот за МВР, Панче Тошковски кој кажа дека се бара начин да се врати брзата постапка каква што законски треба да биде.Според него, 95.000 луѓе, имаат добиено нови термини за да не се фотографираат во септември и да чекаат документи во ноември.„Од април па натаму, ќе видиме што ќе правиме со пунктот Пролет. Не го чекпаме тој пункт за ако случајно не го сменат законот, за да има каде граѓаните да се сликаат за да имаат некаков докуемнт, ако немаат никаков“, посочи Тошковски.

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Притвор се бара за ексградоначалник на СДСМ и седум лица кои вчера веа уапсени од МВР

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денес (3.3.2024 година) од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица. На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 ст.3 в.в. ст.1 од од КЗ.Во текот на вчерашниот ден, под раководство на предметниот јавен обвинител полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност, спроведоа успешна координирана полициска операција под кодно име „Чибук“. Беа извршени претреси на повеќе локации во Струмица, Гевгелија, Демир Капија, Струга, КПУ Затвор Прилеп и неговата околина и притоа беа приведени 8 лица и пронајдени 13 јутени бели вреќи со 193 вакумирани кеси со наркотична дрога марихуана во количина од 99 кг и 630 грама.Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка во која е утврдено дека во периодот од октомври 2023 до март 2024 година, осомничените заедно, како повеќе лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба. Во текот на овој период групата организирала и реализирала продажба на поголема количина на наркотична дрога марихуана што неовластено била набавувана од НН правни субјекти од Струмица и Демир Капија, од Р.Албанија, како и од правен субјект со дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица.Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за осумтемина осомничени. Останатите двајца осомничени се наоѓаат на издржување на затворската казна во КПД Затвор Прилеп од каде го сториле кривичното дело што им се става на товар.

Македонија | пред 1 година

mitko-bojmacaliev-2

Нема хаос во МВР, стигнаа нови 85.000 обрасци за пасоши, објави Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер, Митко Бојмацалиев, објави дека стигнале нови 295.000 обрасци за пасоши во рок од еден месец.„Би сакал да ве информирам, како што најавив при посетата на СВР Тетово, во текот на вчерашниот ден во Републила Северна Македонија пристигнаа 165.000 обрасци за лични карти и 85.000 обрасци за пасоши, а денеска по завршувањето на сите формално-правни процедури, истите се предадени во МВР.Досега пристигнаа 295.000 обрасци за пасоши во рок од еден месец - на денот на примопредавањето на мандатот во МВР стигнаа 50.000 обрасци, подоцна 20.000, четвртокот навечер 140.000 обрасци, и денешните 85.000 обрасци.Вкупно досега пристигнати се 1.734.000 обрасци.Уште еднаш потенцирам дека нема никаква саботажа или хаос во Министерството за внатрешни работи. Процесот на промена на лични документи се одвива непречено, МВР ги создаде сите услови“, напиша Бојмацалиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Немаат разрешница: За два месеци, седум убиени во Македонија - двојното убиство во кумановско е последно во низата

Двојното убиство во кумановско е последно во низата, а во Макеоднија имаше дури седум жртви, во последниве два месеци, како последица на крвопролевање. Сите се случија од средината на ноември до средината на јануари.Син кој беше пуштен од Психијатрија-Бардовци го уби татко му во Кисела Вода во ноември минатата година. И по два месеци, обвинителот тврди дека го нема обдукцискиот наод. А за тоа што синот бил пуштен од болницата – нема да има одговорност.„Во текот на истрагата е утврдено дека пациентот е пуштен на викенд во домот врз основа на потпишано барање од родителот“, велат од Обвинителството.Следуваше најгрозоморното киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пет осомничени во притвор, но осомничениот планер и реализатор Љупчо Палевски-Палчо – илјадници километри далеку од Македонија. Обвинителството тврди истрагата е во сериозна фаза, адвокатот Владимир Туфегџиќ кој го брани таткото на Вања бара реконструкција.„Очекувам да се преземе дејствие за реконструкција на настанот. Убеден сум дека во оваа постапка е направена уште една голема трагедија“, рече Туфегиќ за „Скопје1“.Најмладата жртва е двегодишното девојче од Кичево. Почина како последица на скршена коска на черепот, крварење на мозокот и скршеници на двете ребра. Обвинителот собра докази, осомничениот во притвор – случајот и натаму во се истражува.План за убиство на четири лица, а убиени две, имаше во Челопек на два дена пред Нова Година. Од јавното Обвинтиелство велат: „Притворот за осомничениот е продолжен за нови 30 дена. Основното јавно обвинителство Тетово ги очекува резултатите од наредените вештачења, а во меѓувреме сослушува сведоци“.И јануари беше крвав месец. Имаше пукање пред Клиничкиот центар во Тетово. Во овој случај, осомничениот убиец е на слобода.„За осомниченото лице кое веднаш по настанот избегало од местото и до овој момент е недостапно е доставен предлог за притвор. Ќе биде лишен од слобода кога ќе биде најден“, велат од Обвинителството.Последното убиство беше на крајот од јануари, во Ново Лисиче. Внук ја уби сопствената баба. „Скопје1“ објави детали за случајот и тоа кој е внукот. Бабата била тепана и задавена. Осомничениот се бранел и тврдел дека не го сторил делото. Тој е зад решетки.Заедничко за сите случаи е што ниту еден не е стигнат ниту до обвинение со кое осомничените ќе одговараат пред македонските судови.И овие убиства не се единствените. Останаа нерасчистени и неколку ликвидации и обиди за ликвидации во Скопје – како што е пукањето во „Шиша бар“ и двојниот обид за убиство на Раде Трајковски-Штекли.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Инспектор Џафери „упадна“ во канцеларија во СВР Тетово: Колку луѓе работите овде?!

Во улога на инспектор, техничкиот премиер, Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово. Тој во една канцеларија затекна куп луѓе, а на прашање колкумина работат во таа просторија, доби одговор дека станува збор за седуммина. Кога праша еден од присутните што чека, тој на албански одговори дека му треба финансиска потврда.Кога Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па и одговори: „20 години сум поминал во војска, 22 години сум во Собрание и знам што е барањето и потребата. Каде ви е барањето на колегата му треба потврда?“, рече Џафери, а службеничката му возврати: „Не ве разбирам“.„Затоа што не ме разбирате, тој кажува дека му треба ппотврда финансиска, а не му треба. Ни ти ни тој не кажувате тоа што треба. Јас знаеш колку такви потврди сум потпишал? Он не треба да дојде овде, треба да поднесе таму кај што треба, а ти ќе го повикаш и ќе дојде“, рече Џафери алудирајќи дека го лажат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

По повеќе од две години, ќе се знае дали ќе има одговорност за изградбата на изгорената модуларна болница во Тетово

За кратко време ќе се знае дали ќе има одговорност за начинот и материјалите од кои беше изградена модуларната болница во Тетово. Случајот кој во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се води повеќе од две години, веќе има и вештачење.Овој случај ја испитува изградбата на сите 19 модуларни болници во Македонија. Иако немаше индиции за злоупотреби, а институциите укажуваа дека е градено спроед проект и по највисоки медицински и безбедносни стандарди, предмет беше отворен.„Сега сме во фаза на донесување на одлука. Јавниот обвинител го проучува предметот. Сакаме да го запознаеме Републичкото обвинителство и да донесеме одлука“, беше кажано на брифингот со новинарите од страна од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Предметот беше од обвинителката Вилма Русковска, а го водеше Елизабета Јосифовска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

Спасовски нема вина, ниту има поврзаност незатворањето на техничкиот преглед со несреќата во Буарија, одлучи обвинителката

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не прекршил закони, па обвинителката од ОЈО-ГОКК, Катерина Коларевиќ, која го затворила случајот кој беше покренат против него за „Виа Комерц“. Ова го соопшти шефот на обвинителството, Ислам Абази. Со ова, Спасовски не треба да се плаши од кривично гонење бидејќи има резолуција дека кај него нема вина.Случајот беше покренет по анонимна пријава. Истрагата покажала дека немало поврзаност помеѓу непотпишувањето на документот за техничкиот преглед и несреќата во Бугарија на автобусот „Беса Транс“. Според нив, вештачењето покажало дека автобусот немал никакви технички проблеми, а со тоа, „Виа комерц“ легално дозволила негова регистрација.Во овој предмет се испитуваше зошто Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.15.26

Антикорупционерите јавно ги прозваа функционерите: Пријавете си го имотот

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја известува јавноста дека почнувајќи од 01.01.2024 година, е ставен во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.„Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk , а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.Исто така, ДКСК ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави на новиот образец . Оваа обврска се однесува на лицата кои веќе поднеле анкетни листови и изјави на интереси како и на оние лица кои не ја исполниле оваа обврска.Напоменуваме дека поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси по избор односно именување на функцијата преку новиот електронски систем е неопходно од причина што без поднесување на изјавата не може да се пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да се поднесе изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата“, велат од ДКСК.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тешко до термин и преку страницата на МВР оти дава „ерор“

Страницата на МВР за електронско закажување и натаму со проблеми при обид за добивање на термин. Поедноставена од претходната, со помалку кликови и попрегледна, но сепак, преоптовареноа. Откако се обзнани дека од сега на неа може електронски да се добие термин, почнаа да се појавуваат проблемите поради голем број на обиди.Кога ќе се внесе матичен број и ќе се избере каква исправа треба да се замени - информациите не се праќаат до МВР бидејќи се појавува „ерор“.И по неколку обиди, пораката која страницата ја враќа е иста.Доколку барањето е успешно испратено, тогаш прикажува и таква порака, а операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

Македонија | пред 1 година

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

За документи со „северна“ се закажува и електронски

Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.„Имено, во оваа секција наречена “Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.„Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request

Македонија | пред 1 година

244466876_1265174603930666_8619855635729761302_n

Обвинителите креваат бунт за намалувањето на платите: Вака не се придонесува во нашата независност

Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители смета дека со измените на Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители не се придонесува во насока на креирање на финансиска независност на Јавното обвинителство во целина согласно меѓународните стандарди.„Ова особено поради фактот дека токму постоењето на посебни закони за плати на јавните обвинители во кои е наведена забрана за какво било намалување на платите со измени во закон, треба да ја гарантира независноста на јавните обвинители во вршењето на функцијата. Примањата по основ на плата се единствени приходи на јавните обвинители, имајќи ги предвид законските ограничувања за вршење на каква било друга дејност.Здружението на јавните обвинители го поддржува повикот на Здружението на судии во врска со Законите за плати на судиите и Законот за плати на членовите на Судскиот совет и во иста насока реагира на измените во Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители“, велат од Здружението на јавните обвинител.

Македонија | пред 1 година

IMG_3348

СДСМ и ДУИ против Законот за продолжување на пасошите, за опозицијата ова се граничи со лудост

СДСМ, ДУИ и НСДП, гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. Законот кој го поднесе опозицијата, со мнозинство гласови не беше усвоен. За гласаа 46 пратеници, а против 54.,,Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата што свесно и намерно ја создадоа со пасошите” вели Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, во 21 век да се ограничува слободата на движење на луѓето, да се кршат уставните права за влез и излез од сопствената држава, свесно да оневозможувате право на лекување болни надвор од нашата држава, да се ограничува правото на секој да може да избира и да биде избран се граничи со лудост.

Македонија | пред 1 година

mitko-bojmacaliev-4

Бојмацалиев ги повика пратениците да го изгласаат Законот за продажба на станови во државна сопственост

„Дозволете ми во свое и во име на МВР да го истакнам значењето на Законот за продажба на станови кои се во државна сопственост, а кој моментално се наоѓа во собраниска процедура. Овој закон претставува значаен чекор напред кон подобрување на условите за живот и работа на нашите вработени. Тоа е израз на признание за нивната неуморна посветеност, труд и жртва што ја прават во секојдневното извршување на полициските работи“, рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и додаде:Верувам дека оваа мерка ќе придонесе кон мотивација и задоволство на нашите вработени, а со тоа и кон понатамошно зајакнување на нашата институција.Почитуван претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Бојан Стојановски,Почитувани пратеници од македонското Собрание,Од круцијална важност е да се одблокира процедурата за донесување на овој закон којшто е пуштен во собраниска процедура уште во 2021 година, поточно 6 јули 2021 година, а кој моментално е заглавен во Комисијата за финансирање и буџет. Овој закон овозможува лицата вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и оние кои се стекнале со право на пензија во МВР, да ги откупат државните станови кои ги користат подолг период, со што го решаваме нивното станбено прашање.Недозволиво е некој во македонското Собрание некој дрши активна блокада и да делува наспроти интересите на граѓаните и на вработените во МВР. Затоа, ве повикувам да застанете на висина на задачата и законот да биде изгласан во интерес на сите нас.

Македонија | пред 1 година

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Ќе се издаваат пасоши по приоритетна постапка, ама само за професионални возачи со валиден сертификат

Владата, на денешната седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба да им издава патни исправи во приоритетна постапка, по редовна цена и врз основа на доставено барање и список од страна на Министерството за транспорт и врски.Одлуката за воспоставување брза лента за издавање патни документи на професионалните возачи е донесена по информацијата од Министерството за транспорт и врски за одржаниот состанок со превозници кои вршат превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.Со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи, и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните документи, со цел континуирано извршување на работните обврски.Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски, кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања