Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

НОВОСТИ

pozar-Blis-trgovski-Bitola

Пожар во Битола во новиот трговски комплекс „Блис“

Пожар избувна попладнево во новиот трговски центар „Блис“ во Битола, додека објектот се подготвуваше за големото отворање на 5 август. Пожарот зафати североисточниот дел од објектот, а противпожарната единица од Битола веќе интервенира.Трговскиот комплекс е приватна инвестиција и се наоѓа во непосредна близина на маркетот „Лидл“, кој е во фаза на изградба. Денеска се асфалтираше новата улица за потребите на двата трговски објекти.Во објектот веќе се поставува стоката на трговските брендови, но засега не е познато што сè зафатил огнот и колкава е материјалната штета.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-torta-feat-768x978-1

Ахмети добил мејл дека ќе го бесат: Спремете се!

Пратениците од ДУИ вчера пријавиле дека добиле смртни закани од е-маил адреса чиј корисник е непознат. Во неа стоело „Спремете се за бесилка“. Според Алијсанта на Албанците кои и јавно се пожалија и го осудија потегот, пораката е испратена до Али Ахемти, Блерим Беџети, Рина Ајдари, Садула Дураку, Арбана Пашоли, Дијана Тоска, Илир Хасани и Исмаил Јахоски.Во неа, меѓу другото стои: „Кучиња од ДУИ, спремете се да ви ја сечеме главата и телото на парчиња, да ве сечеме. Бесилка за вас е спремна, со се фамилијата што ви мрда. Исто бесилка и куршуми за вас“.Вчера, полицијата извести дека работи на пронаоѓање на испраќачот на мејлот.

Македонија | пред 1 година

51345134

Пораки од телефонот на Наќе Георгиев доведoa до претрес во Академијата за судии: земени досиеја на кандидати

Телефонот на врховниот судија Наќе Георгиев кој беше уапсен поради земање 10.000 евра со цел да намести случај во полза на обвинет, откри и други можни кривични дела. Од него, обвинителката утврдила дека имало и ургенции во Академијата за судии и обвинители, со цел, кандидати кои треба да судат и обвинуваат положат испити.„Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело.Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата.Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети. За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

zena-vardar-udavi

Пријавена за исчезната, па најдена удавена во канал

Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена неговата мајка М.Ј.(89) од с.Оризари, за која еден час претходно пријавил дека се оддалечила од домот.Телото на починатата било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт без видливи траги на насилство.По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Убиство во Гостивар, тројца уапсени

Убиство се случи во Гостивар, пред еден час. Според првичните информации, чинот бил планиран, а полицијата со навремено постапување уапси 3 лица инволвирани во настанот.Засега ова убиство не се поврзува со претходните кои се случија изминатиот период.Познати имињата на поврзаните со убиството:

Македонија | пред 1 година

pandov-andov

Изброени десет, пријавен еден избеган од затворот во Шутка: Клинч меѓу Андов и Пандов

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вчера извршил контрола во затворот „Скопје“ во Шутка, каде констатирал дека 10 лица не биле во собите, а едно било во бегство. Пандов не сака да коментира за „Скопје1“ и посочува дека во понеделник ќе одржи и прва прес-конференција. Според информации на „Скопје1“, сите десет лица за кратко време се појавиле, но и иако првично не биле најдени, денеска не им се одземени привилегиите кои ги уживаат и се со истиот третман.Директорот на затворот, Филип Андов посочува дека е на одмор и дека за состојбата бил запознаен од командирот. Тој посочува дека има забелешка зошто ако немало 10 лица, само еден е пријавен во полиција за по него да се трага.„Имам забелешка. Како недостасуваат 10 лица, а само еден е пријавен во полиција? Известен сум од командирот дека од Управата биле на проверка, каде по завршувањето, директорот не успеал да ги забележи во собите овие десет лица и се појавиле отпосле. Моето прашање е, ако десет лица биле во бегство или 11, зошто не се пријавени или нема постапка? И зошто нема постапка за сите останати 10 лица, за да се префрлат во приемно одделение, да им се одземат сите права? Дотолку повеќе, што, по сознанија, денеска пак можат да ја напуштат институцијата. Ако има за сите службени белешки, ова е тежок престап и треба да се обезбедат луѓето во приемно одделение додека не се заврши постапката за сите лица, ако како што тврди тој, затворениците не се најдени во своите соби“, вели Андов.Пандов не сака да коментира за „Скопје1“, но за други медиуми посочил дека затворениците биле повикани да се вратат по телефон.

Македонија | пред 1 година

650418

Во Македонија уапсен екс припадникот на ОВК–косовското МНР бара негово ослободување

На влез во државава, на граничкиот премин со Косово „Јажинце“ синоќа во 16 часот македонската полиција го уапсила Блерим Рамадани, поранешен припадник на УЧК, кој се бара со потерница од Интерпол Србија.Како што информираа од МВР тој бил уапсен при пасошката контрола откако системот јавил дека лицето се евидентира со мерката „АПСИ“, по што бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово.Во меѓувреме, Србија бара Рамадани да им биде испорачан, додека од Косово порачуваат да не се екстрадира во Србија каде што е баран за извршени воени злосторства за време на војната 1999 година.-Многу често се случува земјите да уапсат некого, а потоа да не го екстрадираат. Ако некој навистина сака да се бори против воените злосторства, ако има документирани обвиненија, тогаш секако очекуваме да биде екстрадиран за да одговара за злосторствата,- Ивица Дачиќ - Вицепремиер на Србија и МВР.

Македонија | пред 1 година

ubistvo

Почина бизнисменот Чедомир Радимировиќ, пронајден со раскрварен глава и пиштол до него во скопски Орман

Доцна вечерва е убиен познат бизнисмен, основач на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“.Тој е пронајден доцна вечерва со тешки повреди покрај возило кај скопското село Орман.Според информации на Скопје 1, бизнисменот Чедомир Радомировиќ бил пронајден со раскрвавена глава а до него имало пиштол и чаура.Радомировиќ, тешко повреден бил пренесен со Итна помош на скопските клиники, но им подлегнал на повредите.Повеќе детали МВР ќе соопшти утре.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

Биле надрогирани, имаат повреди во пределот на главите: Се освестиле четворицата малолетници на Токсикологија

Малолетниците кои вчера завршија на Клиниката за токсикологија не биле пијани, туку надрогирани. Станува збор за четири лица на возраст од 14 до 17 години, кои имале пореметена свест, но и низа повреди по телото кои не се посериозни.Според последните информации од Клиниката, малолетниците ќе бидат задржани неколку денови на лекување. Сите се контактибилни иако повредите им се и во пределот на главата. Станува збор за две момчиња и две девојчиња.Сите четири лица биле пронајдени откако во МВР било пријавено нарушување на јавен ред и мир. Тие се наоѓале во куќа на 40-годишен скопјанец.Детали од МВР засега нема.

Македонија | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Почина момчето од Скопје кое се самозапали под принуда, непознато дали насилниците се најдени

Почина 24-годишното момче кое во четвртокот било киднапиран во скопската населба Ченто и принудено да се самозапали. Извршена е обдукција која ќе треба низа одговори и да лоцира одговорност. Телото е предадено на семејството.„Денеска (04.07.2024) во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од нас.Ченто до Ќојлија“, беше објавено пред четири дена од МВР.Непознато е дали лицата кои го извршиле делото се најдени и приведени.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-4930PM

Убиецот не се знае се уште, земен е видео надзор за да се најде - детали за убиството во Тетово

Тетовското обвинителство работи на расчистување на вчерашното убиство, уверуваат оттаму. Досега не е откриен сторителот.„Извршен увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител“, велат од Обвинителство.Убиството се случило после населбата Мема. Ова е продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница.Причините кои довеле до престрелката се уште не се познати, но според неофицијални информации што ги има Tetova Sot, починало едно лице со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Убиство во Тетово: продолжение на битката која почна пред болницата?

Пред неколку минути се случи убиство во Тетово, пишува Алсат. Според информациите, станува збор за едно починато лице, додека полицијата е веќе на местото на настанот.Убиството се случило после населбата Мема.„Ова е продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница“, јавува репортерот на ТВ21 од лице место.Причините кои довеле до престрелката се уште не се познати, но според неофицијални информации што ги има Tetova Sot, починало едно лице со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.

Македонија | пред 1 година

pance-mickoski

Мицкоски седна до Тошковски: Испраќам порака дека ќе има одговорност за криминалот, кој е рак рана на општествово

„Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема. Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда - борбата против корупцијата.Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето.Доаѓа време на правда.Само така државата ќе направи повеќе за народот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-01-10-at-08.24.29

Македонка загина: тешка несреќа кај Солун

Почина 30-годишна македонска државјанка, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајната несреќа што се случи денеска на патот Игнација, надвор од Нисели во близина на Солун. Според информациите на сајтот Вериотис.гр, 30-годишна жена е мртва, две од нејзините сопатнички се пренесени во болницата во Верија, а третата во Солун.Според грчките медиуми, во болницата во Верија се пренесени 27-годишна жена во тешка состојба која моментално е на операција и 25- годишна жена која е вон животна опасност. Покрај тоа, четвртата жена од првото возило во кое биле македонските државјанки, била интубиирана од спасувачите на ЕКАБ на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка. Во болницата во Верија со полесни повреди е пренесен и 74-годишен маж, возач на вториот автомобил.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

Утре посебен режим на сообраќај поради одржување на „Парада на гордоста“

На 22.06.2024(сабота) во 17.00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централно-градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15.00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања