Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

НОВОСТИ

vjosa-gasi

Кабинет на Османи: „За жалење“ е начинот на кој е разрешен инцидентот на скопскиот аеродром

Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи се огласи по вчерашната прес-конференцијата во Скопје, на премиерите на Република Северна Македонија и Република Косово Мицковски и Курти.Од кабинетот повторно реагираа за инцидентот на скопскиот аеродром. Оттаму велат дека претседателката на Република Косово никогаш не побарала пречекорување или прекршување на процедурите, туку почитување на меѓународните правила, како што се прави во целиот свет.Според соопштението, претседателката на Косово ја претставува државата внатре и надвор. И покрај екстремно строгите безбедносни правила на аеродромите во голем број земји, тие го прифаќаат претседателот на државата како највисок претставник на државата и никогаш не бараат да се скенира ниту личната торба, камоли телефонот, а уште помалку да бараат скенирање на целото тело бидејќи тоа, меѓу другото, би значело дека тие го третираат шефот на државата, значи и државата како потенцијален ризик од тероризам, стои во соопштението.Прес-конференција на двајцата премиери, Мицковски и Курти, според Кабинетот на Османи била за жалење.„Начинот на кој беше претставен инцидентот во Скопје на вчерашната прес-конференција е за жалење бидејќи уште повеќе придонесе за пропагандата против Република Косово. Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во светот, па затоа Претседателството очекува да биде известено за преземените мерки во врска со овие прекршувања, како што беше истакнато во протестната нота упатена од Република Косово“, се вели во соопштението на кабинетот на Вјоса Османи.Од кабинетот на косовската претседателка велат дека го поздравуваат изразувањето жалење од страна на премиерот Христијан Мицкоски.„Иако го цениме изразувањето жалење од страна на премиерот на Северна Македонија, за жал, досега институциите на Северна Македонија во ниту еден момент не се осврнаа на прашањата покренати во протестната нота поврзани со кршењето на меѓународното право во однос на Републиката Косово. Напротив, отворено и без никакво двоумење прифатија такво прекршување. За ова не се потребни дополнителни извештаи и истраги за ниту една фактичка состојба бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Северна Македонија дека ваквото правило е намерно наметнато, и покрај јасните барања на меѓународното право“, стои во соопштението на кабинетот на Османи и посочуваат дека претседателката Османи во текот на својата политичка кариера, а особено во текот на мандатот како претседател на државата, придонела за развој и продлабочување на позитивните односи со Северна Македонија, но таа не може никако да го прифати потценувањето на Република Косово.Од кабинетот на Османи додаваат дека оваа ситуација лесно може да се надмине доколку се има политичка волја од официјално Скопје.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој проверува што ќе каже Кузевска, или чита што ќе и дојде под рака?

ВМРО – ДПМНЕ преку соопштение предупреди, Кузеска и СДСM да внимаваат што зборуваат, да не треба пак да се извинуваат.Ова доаѓа по прес-конференцијата на СДСМ и барањата Мицкоски да ги објави наводите за дестабилизација на државата.,,Кузеска и СДС да внимаваат што зборуваат на прес конференции, да не треба после пак да се извинуваат, кој ќе им го гледа срамот. Дали некој во СДС проверува што ќе каже Кузеска или чита што и дојде под рака? За разлика од времето на СДС кога немаше одговорност, сега во време на ВМРО-ДПМНЕ има експресна акција од институциите и никој не е поштеден. Одговорност има за секој кој се огрешил пред законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ја разбираме нервозата во СДС затоа што слични инциденти имало и во минатото кога тие биле власт, но тогаш се заташкувале и се молчело, за разлика од сега, кога им акција и одговорност за секого. Има разлика. Државата е управувана од луѓе кои работат за подобра иднина на народот, за разлика од СДС и ДУИ кои работеа за себе”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Pres-Bogdanka-Kuzeska

СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши

СДСМ бара итна смена на собранискиот спикер Африм Гаши.СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, во кој учествуваше неговиот шеф на обезбедување кој доби кривична пријава и отстранување од работното место.,,Тошковски удира по самарот и го штити својот коалициски партнер Африм Гаши на сметка на неказнивост, самоволие и непочитување на македонските закони”, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.Портпаролката на СДСМ, Кузеска посочи дека како партија го повикуваат обвинителството да покрене постапка и го повика премиерот Христијан Мицкоски да излезе во јавност и да побара политичка одговорност од Гаши.„Овој случај не може да се смета за затворен додека сите инволвирани во него не понесат одговорност. Институциите се должни итно да започнат постапки. На Мицкоски му порачуваме наместо да се нуди да биде ексорт на ВИП личности на скопскиот аеродром, да обезбеди почитување на правото кое не го вади од уста. Нека го доведе Гаши до одговоност за случајот“, изјави Кузеска.Според извештајот на МВР стои дека „Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание“ и дека „Санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши се поради извршување незаконска наредба“, рече Кузеска.

Македонија | пред 1 година

347424231_10231008205608041_3654637411719901467_n

Митровски:Одлично е што Панче го суспендирал и гони каубоецот на Гаши, но кој ќе го суспендира Гаши?

Се заоструваат реакциите околу инцидентот со претседателкатата на Косово Вјоса Османи на скопскиот аеродром.Со свој став се огласи и адвокатот Јанаки Митровски. Еве што напиша на ФБ:„Африм Гаши чија Алтернатива пред да стане дел од ВРЕДИ беше на ниво на статистичка грешка, го крши Законот и праќа вооружени битанги да претат на овластени службени лица. Одлично е што Панче го суспендирал и гони каубоецот на Гаши, но кој ќе го суспендира Гаши?Алтернатива не тежи повеќе од 10.000 гласови, сега е време Мицковски и Меџити да му ја покажат излезната врата на Гаши и да бе убедат дека над Законот навистина никој не е”, напиша Митровски.

Македонија | пред 1 година

272805272_268309175433840_3108812876655375720_n

Големата кашлица се враќа, регистрирани 25 нови случаи

Повторно демне опасноста од голема кашлица. Институтот за јавно здравје соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август 2024 година биле пријавени 25 нови случаи на голема кашлица.Најголем број се пријавени во Скопје-13, 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово.Тројца од заболените се хоспитализирани.Возраста на заболените се движи од 2 месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 0 до 4 години.Од ИЈЗ додаваат дека 17 од заболените се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.

Македонија | пред 1 година

Capture-18

Левица бара Гаши да виде сменет, поднесоа интерпелација за работата на собранискиот спикер

Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши.– Пратеничката група на Левица денеска во Парламентот поднесе интерпелација за работата на спикерот Африм Гаши. Споре Левица, тој воведува непринципиелни политики во Собранието.Во интерпелацијата се наведени седум точки, образложени на десет страници.Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор, односно на почетокот на септември, на првата наредна седница по истекот на 10 работни дена.Првите две точки се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.Во однос на групната молитва Апасиев рече дека е „нешто без преседан во историјата на македонското Собрание“.Втората основа е повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече Апасиев.Основи на барањето Гаши да се отповика од функцијата, според Левица, се и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, како што рече Апасиев, „свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци“, потоа повреда на правилата за употреба на државните инсигнии со тоа што во пленарната сала, спротивно на законот „нелегално стојат уште две други знамиња, знамето на НАТО и знамето на ЕУ каде што ние се уште не сме членки“.Повредено е, рече, и начелото на инкомпатибилност на функциите, односно го повикуваат на политичка одговорност Гаши затоа што не констатирал престанок на мандатот на новоизбраниот пратеник Талат Џафери „кој илегално ги извршуваше функциите премиер и пратеник“.Шестиот основ е повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам, со тоа што сопругата на Гаши патуваше со него во Вашингтон повреден е Законот за спречување на корупција и е направена тешка дисциплинска повреда на етичкиот кодекс за пратениците.И последниот основ е повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците поради тоа што не се почитуваат императивните рокови за закажување седници, поради тоа што продолжува лошата пракса на шверцување закони по скратена постапка и поради тоа што не се обезбедени низа деловнички гаранции за нормално функционирање на пратениците, соопшти Апасиев.

Македонија | пред 1 година

454351802_891946249636135_5755913769194404711_n

„За две минути изгоре, пожарна дојде по час и пол, шок“, се огласи семејството чиј автомобил изгоре кај Гевгелија

Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија сака да изрази голема благодарност до сите луѓе кои застанаа и помогнаа, односно се обидоа да го изгаснат пожарот.„Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два против пожарни уреди и не вреди. И луѓето застанаа да помогнат, но немаше цел. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, се е исправно. Немам поим што се случи, за 2 минути се изгоре. Битно е дека сме ок, останатото е помалку или повеќе. Само полицијата и пожарникарите кои дојдоа по час и пол,” велат од семејството, додавајќи со шега: „Да, маж ми, шегата на страна… Полека излегувам од шок…“Откако почнале да чувствуваат чад од вентилацијата, тие го запреле автомобилот и скокнале, што им ги спасило животите во оваа ситуација.Им посакуваме брзо закрепнување од шокот и изразуваме огромна благодарност до сите кои застанаа да помогнат.

Македонија | пред 1 година

monstrum-kosovo-makedonija

„Дискутиравме, сѐ ќе биде во правец на законите“ - Екстрадицијата на осудените од Монструм и припадниот на УЧК на маса пред Курти и Мицкоски

Екстрадицијата Блерим Рамадани (припадник на УЧК) од Македонија и екстрадиција на Алил Демири и Африм Ислаилови од Косово (осудени за петкратното убиство што се случи пред 12 години на Смилковското езеро) биле тема на разговор меѓу премиерите на Албин Курти и Христијан Мицкоски.„За овие две прашања дискутиравме. Нашите соодветни министри за правда ќе бидат во постојан и директен контакт. Се ќе биде во правец на општата вредност заснована на Уставот и законите, но и во рамки на добрососедските односи кои се евроспки и сакаме да ги негуваме. И за Рамадани случајот е разгледан и се надеваме што побрзо ќе бидат затворени двата случаи, за законите да бидат спроведени, но и нашите добрососедски односи да бидат запазени и да се негуваат“, рече Курти.Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека минситрите за правда ќе соработуваат како за случајот за Блерим Рамадани, така и за двајцата бегалци од случајот „Монструм“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-04-at-19.02.07

(Видео) Гужви кон Скопје: критично кај Гостивар, километарски колони

Со завршувањето на продолжениот викенд, а по празникот Илинден, Охрид почна да се празни. За тоа сведочат и гужвите, кои традиционално, како и секоја година, ги има на пат до Скопје.Стандардно, и оваа година најголеми гужви се создаваат од Стража кон Гостивар, каде има километарски колони. Проблемот е во семафорот, кој иако исклучен, сепак прави застој, а возилата стојат и во место.Традиционално, почетокот на август се намалуваат и гужвите низ главниот туристички центар.

Македонија | пред 1 година

images-1

Несреќа во близина на Стража го блокираше сообраќајот, во прекин и возењето на патот Штип-Кочани поради сообраќајка

Поради несреќа на патот Гостивар-Стража, сообраќајот е во прекин, а исто така прекин има и на патот Штип-Кочани.Нема информации дали во близина на Стажа има повредени лица. Несреќата се случи утрово (09:30), се судрија три возила, поради што, лентите се непроодни. Несреќата е кај раскрсницата за исклучување кон Маврово.Од 07:40 ч. сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е исто така во прекин поради случена сообраќајна незгода.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-03-at-09.35.47

Мртов е пронајден скопјанецот Томе, по кого се трагаше скоро цела недела

Скопјанецот Томе Божиновски, лице со деменција по кое се трагаше скоро цела недела, е пронајден мртов. Веста ја објави неговата ќерка Мерима Божиновска, која се прости од татко и. Нема детали што точно се случило и каде е пронајден.„Драги соседи,пријатели,познаници огромна благодарност што изминатите 5дена бевте овде со нас, не бевме сами сите кој го баравме неуморно. Денес на 02.08.24 Нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски беше пронајдено неговото безживотно тело“, објави Божиновска вчеравечер.Сега починатиот е лице со деменција кој на 29.07 излезе од дома и не се врати.

Скопје | пред 1 година

dfasd

(Снимки) Што се случувало пред и во ноќниот клуб во Охрид: забавата завршила на полноќ, поради пијанства имало Брза помош, немало тепачки ниту убиства

Ниту починати, ниту избодени, ниту истепани во охридскиот клуб каде беше српскиот рапер. Ништо од ова не е регистрирано како пријава во охридската полиција, ниту пак, Брзата помош реагирала по пријави за вакви случаи. Забавата траела до полноќ, кога клубот бил испразнет по претходни безбедносни проценки. „Скопје1“ се информираше од повеќе извори за тоа што се случувало вчера во охридскиот клуб каде настапуваше Војаж. Наспроти информациите дека имало хаос, институциите се децидни дека се поминало во мирна атмосфера.Интервенција на полицијата имало точно на полноќ, но не за тепачки и убиства, туку за да се испразни клубот. Ваква одлука била донесена бидејќи надлежните органи направиле проценка и констатирале дека има преголема посетеност, но и многу малолетници. Затоа, не дозволиле забавата да продолжи до раните утрински часови. Затоа, покрај сцената во клубот, имало полициски службеници.Брзата помош реагирала само во два случаи. Но не при тепачки пред или во клубот, туку при пијанство на две лица. Истите, биле дехидрирани, па биле повикани доктори за да ги пренесат во охридската болница, што и се случило. Полиција се движела пред возилата за Брза помош, бидејќи пред клубот имало стотици лица кои претходно излегле, но и кои сакале да влезат на забавата.И МВР, официјално, соопшти дека немало нарушување на јавниот ред и мир. Посочија дека се шекулации и дезинформации објавите во кои се тврди дека имало починати, масовни тепачки, повредени. За ова сведочат и снимките. На ниту една која ја доби „Скопје1“ од различни извори не се гледа тепачка и неред.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-14.15.48

„Нема ни прободени, ни мртви, ниту инциденти“, вели охридската полиција по тврдењата за инциденти на настап во Охрид

Охридската полиција не интервенирала на никаков начин во охридскиот клуб каде настапи српскиот рапер Војаж, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид за „Скопје1“. Според него, немало ниту пријави, ниту било какви инциденти од било каков карактер. Посочува дека објавите за наводни прободени со ножеви се лажни вести.„Имало интервенција само на медицинска екипа, еден два случаи на алкохолизираност. Полицијата нема никаква интервенција во тој објект. Нема ниту пријавено нарушување на јавен ред и мир“, вели Димоски за „Скопје1“.На социјалните мрежи од утринава се споделуваат објави за наводо прободени лица, како и голем број починати. Ова направи вознемиреност кај јавноста.Дополнително, српскиот рапер објави и дека му бил прекинат настапот.

Охрид | пред 1 година

IMG_0602-1

(Фото) „Интервентна полиција прекина забава во Охрид“, српскиот рапер се пожали дека го симнале од сцена

Познатиот рапер Војаж кој наполни охридски клуб до последно место, морал да го прекине настапот. За ова соопшти самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека причината е интервенција на полицијата. Неточни се шпекулациите за било какви инциденти со убиства.„Поради претераната посетеност и безбедносната проценка на државните органи, Интервентната едниница реагираше и го прекина мојот настап и ме симна од сцена“, објави тој.Војаж и се заблагодари на публиката.„Охрид, бевте прекрасни, навистина ми е жал што настапот беше прекинат бидејќи енергијата беше неверојатна. Но не можеме против одлуките на државните органи. Јас се надевам дека наскоро ќе можеме да го надохнадиме ова, и да направиме поголем спектакл“, додаде тој.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-13.00.30

Драма во затворот во Шутка: Затворски полицаец кој обезбедувал притвореници заврши во притвор, фатен е со дрога

Затворски полицаец од затворот „Скопје“ во Шутка заврши во притвор, откако кај него била најдена дрога, дознава „Скопје1“. Според информации до кои дојдовме, завчера вечерта, командир на смена во јакна на полицаецот нашол материја за која констатирал дека е дрога. Сѐ се случувало во дежурната просторија во притворскиот дел.Тој ги известил надлежните органи, по што дошла и полиција, а полицаецот бил приведен. „Скопје1“ дознава дека обвинител од одделение за униформирани лица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарал притвор, кој бил одобрен од судија на претходна постапка во Кривичниот суд.Детали за случајот се очекуваат од полицијата.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања