Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

НОВОСТИ

Screenshot-2025-01-31-at-07.34.49

Поминал на црвено и удрил во Фросина: возачот Васил бил без возачка и со алкохол во крвта

Васил Ј. кој има 20-години и ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизанска“ кај Силбо, поминал на црвено светло, имал алкохол во крвта и бил без возачка дозвола. Ова се последните детали од Обвинителството. Со автомобилот „пежо 207“ сопственост на неговиот татко, не застанал на пешачкиот премин и удрил во сега починатата Фросина.„Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, велат од Обвинителството.За возачот Васил Ј. се бара притвор, за кој одлучува скопскиот Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Девојка загина на Партизанска: врсник ја удрил со “пежо”

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на нереќата.Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-2-2-copy-pretresi

Адеми од Судски совет сакаше со анкета да докаже дека судиите имаат поголема доверба од 2%, а откако им е најавено разрешување

Членот на Судскиот совет Селим Адеми кој се поврзуваше со судијата Енвер Беџети (дел од црната листа на САД), а стоеше зад „пучот“ на експретседателката Весна Дамева, побара од буџетот на Советот да се издвоеле пари за анкета за доверба во судството бидејќи не верувал во таа која утврди дека граѓаните имаат верба во судиите и обвинителите од едвај од 2 отсто. Предлогот на Адеми не доби поддршка, зашто невладините кои ја следат работата на судовите, веќе спровеле таква анкета, а резултатите ќе ги објават денеска.„Предлагам да се одвојат пари во буџетот на Судскиот совет за правење на анкета за довербата во судството бидејќи го слушаме само најлошото од другите институции. Реално довербата во судството не беше 2%, беше околу 20%, па предлагам да одвоиме пари и сами да направиме истражување на јавното мислење, па да видиме колкав е процентот на довербата на граѓаните. Ќе знаеме точно колку е довербата во судство, колку е довербата на судски совет и дефинитивно, да не се шпекулира со бројки, 2, 4, 11, 24. Тогаш ние ќе излеземе точно конкретно и може да кажуваме колку ни е процентот на доверба. Вака само слушаме од други институции што прават анкети и се прикажува само најлошото“, рече Адеми.Распуштањето на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието е една од мерките која ќе ја преземеме со цел исполнување на ветувањето кое го дадовме за подобрување на работата на судско-обвинителскиот совет, најави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека сега Собранието има можност да ја активира оваа опција и да ги распушти тие членови.„Граѓаните очекуваат акција од нас. Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика, посебно во услови кога не им го прифаќа извештајот за работењето. Така што, ги гледаме сите овие законски можности, се разбира дека ние нема да правиме ништо што е спротивно на законот и Уставот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

pukanje-cair

Помилуваниот припадник на нарко-кланот „Барон“ доби обвинение за пукањето во Чаир

Помилуваниот Акиф Равманоски, за кого медиумите пишуваат дека е припадник на нарко кланот „Барон“, доби ново обвинение. Ова се однесува на пукањето пред зградата на Општина Чаир:По спроведена истражна постапка и испитување на сите околности, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против вкупно четири лица за инцидентот кој се случи на 14.10.2024 година во близина на зградата на Општина Чаир, кога при пукање со огнено оружје – пиштол беше повредено едно лице.Првообвинетиот се товари за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, второобвинетиот за – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 и Учество во тепачка од член 132 став 1, додека двајцата останати за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.Обезбедениот доказен материјал упатува на дејствијата на секој од обвинетите поединечно, при што првообвинетиот при тепачка неконтролирано испукал еден куршум со пиштол и нанел тешка телесна повреда – огнострелна рана во левата потколеница кај оштетениот, кој пак на обвинетиот му нанел расекотина во главата со остар предмет. Останатите тројца обвинети претходно ја започнале вербалната расправија и тепачка со оштетениот. Во текот на целиот инцидент и второобвинетиот неконтролирано замавнувал со пиштол и испукал еден куршум во непознат правец, предизвикувајќи со тоа значителна опасност по животот и телото на луѓето.Првообвинетиот во времето на извршување на кривичното дело бил осудено лице кое користело поволности во установата каде ја извршува казната, па од тие причини уште при поведувањето на истрагата јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинението предложено е продолжување на притворската мерка.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka-avtobus

(Видео) Снимка од сообраќајката на Обиколница: три лица во болница

На Обиколница, правец Радишани-Стајковци ноќеска имаше сообраќајка. Три автомобили, камион и автобус се судриле. Три лица се повредени.“На 22.01.2025 околу 20.20 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Бутел кај Смилковско езеро кон Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички возила, товарно возило и паркиран автобус. Од незгодата со повреди се здобиле тројца учесници кои се пренесени во скопските клиники, наведуваат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Има оперативни информации кај е Груби, објави Тошковски

Оперативни информации има, но официјална потврда каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница, засега нема. Ова во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Станува збор за оперативни информации на оперативно ниво кои што ги добиваме и соодветно ги споделуваме со сите надлежни органи во рамки на други држави кои што, да речеме, имаме оперативни информации дека предметните лица се наоѓаат таму каде што сме ги добиле информациите. Од ден на ден сѐ повеќе и повеќе е сигурно дека се лага тврдењата дека осомничените се чисти како солза и дека имаат приватни обврски. Одделот за внатрешна контрола утврди дека направена е кардинална грешка од полицискиот службеник којшто требало да го запре, да го легитимира, да извести и да постапи по мерки од неговиот надреден во насока на напатствијата коишто ги дало Јавното обвинителство. Поднесена е кривична, постапено е од страна на Министерството, не е крив пајакот како на времето“, вели Тошковски.Груби ја напушти Македонија во средината на декември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-16-at-16.58.49

(Видео) Тешка несреќа во центарот на Скопје: делови од возилата распрснати по булеварот „Свети Климент Охридски“

Сообраќајна несреќа помеѓу комбе и автомобил се случи на раскрсницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ кој води кон Државна болница. На местото беше повикана Брза помош која интервенираше.Од снимките може да се види дека има значителна материјална штета, но засега, не е познато дали има повредени лица. Од силината на ударот, паднато е и едно од тркалата на автомобилот, кој удрил директно и во семафор. Делови од двете возила се распрснати по булеварот.Местото го обезбедуваше полицијата, а детали се очекуваат од МВР во текот на денот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-15-at-22.44.22

Исчезнатата Лидија Трајковска е починатата жена пронајдена во водите на Вардар

Телото на жената, кое минатата недела беше извлечено од водите реката Вардар кај селото Таор, Зелениково, е на исчезнатата 43-годишна Лидија Трајковска.Трајковска од семејството беше пријавена за исчезната на 8 ноември 2024 година. Последен пат беше видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери, каде и живееше.Потрагата по исчезнатата жена траеше два месеци, а нејзиниот брат и сестра бараа и меѓународна помош за да ја пронајдат.

Македонија | пред 1 година

kameri-brzina-bezbeden-grad

(Видео) Ако е жолто, а забрзувате - ќе си добиете казна; Како ќе се казнува со активирање на камерите низ Скопје

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ве стигне и и ќе ви стигне порака, а ќе ја добиете и во поштенското сандаче. Залудни ќе бидат сите вртења по телефон на пријатели бидејќи бројот на системот ќе го немате. Таков не постои. Камерите од „Сејф сити“ ќе снимаат околу 100-тина булевари и крстосници, помали и поголеми улици. 90 проценти од поставувањето и инсталацијата веќе е завршено, а за помалку од два месеца, полицијата ќе го постави целосно системот Безбеден град. Поминување на црвено и прекорачена брзина ќе бидат главните прекршоци кои ќе се санкционираат преку видео наздзорот и никој нема да може да избегне казна доколку не се придржува до сообраќајните правила и прописи, вели за Алфа, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Од кога е започнат процесот на поставување на новиот систем, тестирањата покажуваат дека прекршоците се намалиле неколку кратно, вели началникот, а очекувањата се бројката дополнително да опаѓа.-Ние имаме дневна бројка на прекшувања бидејќи ние секојдневно го тестираме. Но, ќе ни треба уште 30-40 дена, за да се дотестира и да се доусоврши, за да нема грешки нели или грешките да ги сведеме на минимум. Прeвенцијата ни говори дека, имаме поплаки од нови граѓани каде што се вршат проверки и од прилика на 10 до 15 локации нови ќе поставиме и тука ќе го заокружиме процесот некаде на 100-90 локации таков тип на камери каде што граѓаните нема да можат да видат дека некој го прекшува законот во делот на возењето во однос на поминување на црвено или прекорачена брзина. И тука превентивно ќе делуваме затоа што граѓаните ќе сфатат дека едноставно има камера, и камерата не може на никој да му прости“ вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.На законските измени се работи со полна пареа во Министерството за внатрешни работи. Експертската фела, професори по безбедност и сообраќај, началници, инспектори учествуваат во изработка на законот кој до март би требало да е готов. Откако ќе ги помине сите владини и собраниски процедури влегува во сила.-Јас сум член на една од Комисии каде што макотрпно се работи за законот. Морам да признаам дека на неколку состаноци таму видов луѓе кои се од сообраќајната фела од најразлични карактери, од професори до луѓе кои се бават цел живот со сообраќај и при крај се сите законските решенија кои ќе поминат во Собрание во некој нормален ред, овие месеци, мислам овие месец два и конечно ќе се заокружи тој процес каде што полноправно ќе може системот на Сејфт сити да профункционира и законски да кажеме и казните да течат за прекршителите, ако нема прекршители нема да има казни, вели Топаловски.Но, ова нема да биде единствената новина која ќе се регулира со новите законски измени. Полициски возила опремени со камери кои ќе бидат директно поврзани со системот Безбеден град, ќе патролираат по Скопје. Секое застанување на булевар каде што не е предвидено таканареченото „паркирање на пет минути“ ќе биде санкционирано.-За несоодветно паркираните, на паркиралиштата, на булеварите.. Сите оние кои ќе помислат дека ќе може да ја остават колата и некаде да отидат да завршат некоја рабоота, притоа да создадат гужва на таа сообраќајница, сега ќе имаат казна. Колите ќе вртат по цел ден, по неколку часа на различни локации. Морам да им кажам и една порака да испратам на тие кои планираат да бидат сообраќајни прекшители, тоа нема да биде исплатливо“, вели началникот Топаловски.Системот поседува 10 пати повеќе камери кои исто така работат и се користат за откривање на потешки криминални дела, вели началникот. Ставањето во функција на системот нема за цел намерно да се казнуваат граѓаните, туку да се зголеми сообраќајната култура и почитувањето на прописите. Идејата на Министерството за внатрешни работи е да го намали бројот на жрвтви од сообраќајни незгоди на половина, вели началникот. „Сејф сити“ ќе им биде од помош и на полицајците на терен, бидејќи една раскрсница ќе биде покриена од сите агли со камери и ќе ги регистрира сите пркшоци кои со голо око не можат да се забележат. Според плановите на МВР, ваков безбедносен систем до крајот на годината, треба да добијат поголемите градови во Македонија.Извор: Алфа телевизија

Македонија | пред 1 година

lesko-tufke

„Крупни пропусти од полицијата, истрагата треба да е насочена кон газдата на објектот“, Туфегџиќ ќе ја бара правдата за загинатиот Љупчо

Адвокатот Владимир Туфегџиќ ќе се бори семејството Лешко, чиј син Љупчо почина од струен удар на приватна забава, во изнајмен објект во Радишани. Тој смета дека постапката која ја води скопското Обвинителство треба да биде насокчена кон сопственикот и менаџерот на објектот, објаснувајќи дека го издавале без одобрение. Укажува дека има и пропусти од страна на полицијата.„Во конкретниот случај како адвокат на оштетеното семејството сметам дека постои основано сомневање за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност и истражната постапка во оваа смисла треба и мора да биде насочена кон сопственикот на објектот како и кон лицето кое го менаџирало објектот преку позната инстаграм адреса со издавање за настани на кои биле собрани поголем број луѓе и со ставање на неисправна и неиспитана музичка опрема на располагање, без одобрение и согласност од надлежен орган“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Тој смета дека полицијата делувала пристрасно, бидејќи игнорирале факти и докази. Поради недовербата која се зодала поради повеќе работи, Туфегџиќ вели дека му најавил на јавниот обвинител дека заедно со семејството активно ќе учствуваат во предметот.„Од прибраните податоци и докази ценам дека се направени крупни пропусти при увидот на лице место и наместо непристрасна и независна истрага полицијата очигледно имала однапред изградено мислење и теорија дека се работи за несреќен случај и тоа во криминалистиката е познато како пристрасност или заблуда на потврдувањето на состојби, докази и факти каде што се игнорираат сите факти и докази кои се противни на однапред изградениот став, школски пример како не треба да се постапува. На јавниот обвинител му најавивме активно учество во постапката со техничко лице од областа на електротехниката а со цел целосно расчистување на состојбата на работите“, додава тој.Обдукцијата покажа дека Љупчо починал од струен удар. Раде и Кети Лешко, родители на починатиот Љупчо Лешко трагаат по вистината. Го бараат виновникот. Во гостување во поткастот „Претрес“, тие ги раскажаа сите „случајности“.

Македонија | пред 1 година

vardar-potraga

Се трага по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар, детето е во стабилна состојба

Потрагата по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар од патот Расче-Кондово - трае. Полицијата добила пријава во 16 часот, и веднаш постапиле.-Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Во 21.05 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на река Вардар го извадија возилото „ауди”, во кое биле пронајдени три починати лица, соопшти МВР.Како што вчеравечер информираше Центарот за управување со кризи, од возилото кое било извлечено од Вардар биле извадени тела на три женски лица.Дететo е е згрижено во Детска хирургија. Тоа, неофицијално, е во стабилна состојба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-09.32.13

Мицкоски: Оставам до Обвинителството да допре гласот, па да видиме, дали тие ќе преземат некакви мерки

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува разврска во однос на вчерашната изјава од собраниска говорница дека бил следен како лидер на паравоена формација, изјави:„Финансиер. Инспиратор и финансиер на милитантна, вооружена, паравоена, параполициска и веќе не знам каква структура. Инаку она што е интересно, од тоа што можам да го кажам и да го споделам со јавноста е дека овие списи, извештаи или како да ги наречам, дебрифинзи се креирани на почетокот на 2020 година, кога е изборна година. Замислете една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која, располага со вакви информации, во која што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури, вооружени, а при тоа не го информира Министерството за внатрешни работи. И се поставува прашањето зошто не го информирала. Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше господинот Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин, преку монтажа, да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ. Останатото, еве оставам до Обвинителството, впрочем тоа зборувавме и со обвинителот на настанот. Да допре гласот на Обвинителството, па да видиме тие, дали овој глас ќе допре до нив и дали после ова допирање на овој глас, тие ќе преземат некакви мерки.“

Македонија | пред 1 година

aramii

(Фото) „Во Капиштец кружат крадци, денес околу 19 часот пробуваат да влезат по домови“ - скопјанка алармира на внимателност

Скопјанка сподели фотографии низ кои алармира за внимателност кај граѓаните кои живеат во Капиштец. Таа посочува дека крадци се обиделе да упаднат во нејзината куќа.„Во Капиштец кружат крадци, денес околу 19 часот пробуваат да влезат по домови“, објави скопјанката, која сподели и фотографии.[caption id="attachment_318448" align="alignnone" width="1238"] Screenshot[/caption]Засега не е познато дали овој обид за упад е пријавен во МВР.Во предновогодишниот период, кога граѓаните заминуваат на зимување и прослави, зачестени се ваквите појави.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-22-at-10.39.48

Шест месеци голгота: Уште ја нема Злата, семејството во исчекување, разочарани од полицијата

Поминаа шест месеци од исчезнувањето на Злата Јанкова, која последен пат е видена во селото Орел, Свети Николе. Семејството посочува дека нема никакво сознание за правецот во кој се движи истрагата. Член на фамилијата посочува дека немаат ниту помош од полицијата. Тие посочуваат дека Злата немала кавги со семејството, живееле во слога и разбирање, а немала ниту здравствен проблем.„Оставени сами да се молиме на Господ да ни помогне да е жива и здрава да се појави од некаде или пак некој добро намерен човек да ни помогне. Шест долги месеци тага и болка исчекување да се случи нешто позитивно, до толку тешко што животот е бесмислен! Наспроти нас имаме изгубено член и столб на семејството , и секако полицијата која до петиот месеци си ги помина многу убаво сите продолжени викенди, државни празници и летни одмори“, пишува Дарко Јанков, член на семејството.Според него, првпат потрага по Злата се направија по пријава во Внатрешна контрола.„Добро се наспаа цели пет месеци за да се појави внатрешна контрола по моја иницијатива и на нивно барање на пет месеци за првпат организираа претрага на исчезнато лице, жално, болно, но вистинито“, додава тој.Целото негово сведоштво:[caption id="attachment_317849" align="alignnone" width="702"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

nesrekja

(Видео) Сообраќајка на Партизанска: Делови од автомобил распрскани по булеварот, автомобил извртен од силината на ударот

Сообраќајна несреќа се случи вечерва после мостот „Обединети нации“ во правец Влае кон Карпош 4. Едно од возилата е со сериозни оштетувања и распрскани делови низ булеварот „Партизански одреди“, но засега нема информација за состојбата на патниците.Евидентно е дека станува збор за судир меѓу два автомобили. Од силината на ударот, едното од возилата се свртело во насока на спротивниот правец на движење.Местото се обезбедува од полицајци, кои вршат и увид.Детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања