Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

НОВОСТИ

Screenshot-2024-10-03-at-19.06.18

Стабилна ли е зградата во Чаир, ќе се вратат ли станарите дома: 30 часа беснееше пожарот, уште мириса на пластика

Повеќе од 30 часа гореше зградата на улица „Серава“ во Чаир, по што се отвори прашањето дали и колку е оштетена бетонската конструкција на зградата. Стотина жители, можат да останат без кров над глава, доколку се потврдат првичните сомнежи дека статиката на зградата е нарушена.На местото се уште мириса на изгорена пластика, а станарите беа спасувани преку покривот. Станарите се уште чекаат одговор дали некогаш повторно ќе можат да влезат во своите домови, додека сите хоспитализирани поради вдишување на чад се пуштени на домашно лекување освен две деца кои беа задржани на Детската клиника.Подрумите, односно магацинот каде избувна пожарот е преполн со вода. Од Обвинителството велат дека се очекува целосно завршување на истрагата, за потоа да се разјаснат деталите за причините за пожарот. Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на целосно расчистување на случајот.„Бевме тука до 4:30 часот наутро и потоа пожарот беше локализиран, немаше повеќе чад или горење. Најмногу изгореле кабли, приклучоци, лустери, пластика. Тука бевме три смени и работевме без престан 24 часа, имаше околу 40 пожарникари во три смени. Состојбата на повредениот пожарникар е стабилна“, рече Ерол Али – заменик командант на противпожарната бригада.

Скопје | пред 1 година

soobrakajka-prilep

Ден на жалост утре во Прилеп: градот тагува по тројцата доктори кој го загубија животот во сообраќајката

Прилеп утре ќе прогласи Ден на жалост за смртта на трите медицински лица кои рано утринава, на пат кон работа загинаа во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.„Со тага ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп. Прим. д-р радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василевски и технологот за радиологија Фанче Јованоска ги загубија животите одејќи да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа. Најдлабоко сочувство до нивните семејства, пријателите и колегите“, напиша министерот Арбен Таравари на Фејсбук.Тројцата загинаа на место на несреќата. Како и секое утро, двајцата лекари и ренген техничарка од Прилеп, тргнале на работа во битолска приватна болница. Некаде во близина на клучката Лагово, точно во 7 часот и 51 минута, нивната Тојота налетува на камионот Волво, кој доаѓал од спротивен правец, од Битола кон Прилеп. По судирот, двете возила изгореа речиси во целост. Медицинските работници останале во едното од нив.

Македонија | пред 1 година

20240929080257

(Видео) Во околината на Велес: Патници кршеле прозори за да излезат од автобус во кој се појавил чад

Патници кои се враќале од Грција со автобус на туристичка агенција, кршеле стакла за да излезат од автобусот откако возилото почнало да чади. Ова го пренесуваат повеќе македонски медиуми, кои јавуваат дека несреќата се случила во околината на Велес.Според информациите на ТВ21, кои пренесуваат сведоштво, возачот на автобусот прв алармирал да се кршат прозори и да се излезе, а вратите бил затворени.„Скопје1“ побара информации од МВР, од каде очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

Нападнат 17-годишник од неколку малолетници

Денеска (25.09.2024) во СВР Скопје е пријавено дека 17-годишник бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

mvr-1

Три лица во Тетово ја загрозиле сигурноста на службено лице

На 24.09.2024 година во 21:45 часот на улица ,,Илинденска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово поради загрозување на сигурност и спречување на службено лице во вршење на службени дејствиа ги лишиле од слобода Н.М.(40) А.К.(35) и И.Ф.(33) сите од Тетово. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и прoтив нив ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

slovenija

Маж од Македонија убил жена, па се самоубил во Словенија

Маж по потекло од Македонија пукал во 40-годишна жена, по што се самоубил. Ова се случувало во Словенија, односно градот Градац во текот на вчерашниот ден. „Скопје1“ дознава дека македонскиот државјанин е по потекло од прилепскиот регион и има околу 30 години.Словенечката полицика посочува дека мажот починал на лице место, додека жената во тешка здравствена состојба е пренесена во Општата болница на градот Градец, каде што починала.Неофицијално, пукањето се случило во индустриската зона Памече, објавија словенечките медиуми.На местото имало истражен судија и јавен обвинител. Детали се очекуваат од Одделот за криминалистичка полиција при полициската управа Цеље.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-51-8610PM

Горела бандера, треви, стрниште - најбарана вчера била полицијата, покажува извештајот на ЦУК

Имало вкупно 1 582 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 55,82%, а 44,18% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.Извештајот на ЦУК, интегрално:Кон полиција биле упатени 62,35%, кон Итната медицинска помош 29,15%, a кон пожарникарите 6,88% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 703 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало регистрирано само еден пожар на отворено на територијата на државата. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, дека: од 13.10 до 16.00 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1.000 m2 кај м.в. „Три Круши“ (Општина Кисела Вода); од 14.30 до 15.00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубре на мала површина покрај ул. „Скупи“ (Општина Карпош); од 15.55 до 16.40 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште и бандера на површина од 30 m2 кај с.Стајковци (Општина Гази Баба) и од 17.05 до 17.30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 300 m2 во населбата „Шуто Оризари“ (Општина Шуто Оризари).ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив, а секако и во речните корита.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-21-at-19.17.21

(Видео) Еве како се случуваат тешки несреќи во Скопје!

Без кациги, со над дозволена врзина и со поминување на црвено светло на неколку семафори.Вака се вози од страна на млади лица низ скопските улици и покрај многубројните несреќи, од кои дел завршуваат со фатални последици.Ова е снимено попладнево во Скопје, на булеварот „Партизански одреди“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-19-at-22.10.47

(Видео) Навивачи на Чаир со боксови нападнаа играч на ТФТ – МВР е на потег!

Подготвителниот меч кој се играше во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат во финишот поради масовна тепачка.Инцидентот се случи на две минути до крајот на мечот кога по еден прекршок од страна на кошаркар на ТФТ имаше реакција на клупата на чаирчани. Тензијата се прелеа и во публиката до степен да дојде и до тепачка.Најдебелиот крај го извлече капитенот на ТФТ, Едис Нури кој беше нападнат од неколку навивачи на Чаир кои со боксови се пресметаа со кошаркарот. Инцидентот е пријавен во полиција.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-43-4680PM

Жена настрада на скопската обиколница: се испревртела со автомобил, однесена е во болница

Тешка несреќа се случила утринава на скопската обиколница. Автомобил се излизгал и неколку пати се превртел.Според првичните информации, возачот е жена која итно е пренесена со Брза помош во болницата „св. Наум Охридски“ позната како градска болница. Карактерот на повреди засега не е познат.На терен излезе и полицијата која прави увид. Несреќата е во близина на клучката за селото Орман.

Скопје | пред 1 година

ambulanta

Ужасно претепување во Скопје: Малолетник прободен од група малолетници, итно однесен во болница

Ужасен настан се случи вечерва во Скопје, во близина на училиште.Според првичните информации, малолетник бил нападнат од неколку лица со остар предмет, со кој би прободен. Малолетникот бил и натепан, со што, неофицијално, се здобил со видвливи хематоми. Полицијата се сомнева дека групата која го нападнала биле исто така малолетници.Лицето е пренесено во комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување помош.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

crkva-gostivarsko

(Видео) Драма во гостиварско Галате, граѓани чистеле црква, дошла полиција: “Сакаат да нѐ приведат, сме узурпирале место“

По обилните дождови, граѓани ја чистеле црквата во атар на село Галате (Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар), а полицајци дошле да ги приведат, објавија тие преку снимка на социјалните мрежи. Според нив, полицијата им кажала дека постапуваат по насоки од обвинител, а причината била узурпација на земјиштето каде е црквата.„Сакале да нѐ приведат, сме узурпирале место. Или ќе нѐ приведат сите, или ниту еден. Ја чистиме црквата, ја средуваме, добиле насоки од обвинител да нѐ приведат сите, ако останеме, да го одземат багерот“, вели мештанин на снимката.Од видео-материјалот се гледаат десетина полицајци, од кои еден се расправа со мештаните. Полицијата дошла со три возила, од кои, едно возило е „марица“, која се користи и за приведување.

Македонија | пред 1 година

reels.09_52_47_25.Still008

(Вознемирувачко видео) Силувачот во Кисела Вода се обиде ладнокрвно да замине, додека жената не можеше да се соземе од шокот

Повеќе од две минути траел обидот за силување на 30-годишната скопјанка во Кисела Вода, покажуваат видео материјалите до кои дојде „Скопје1“. Ја спасиле врисоците, но и упорната борба со силувачот. Од снимките се слуша како жртвата извикува: „Помош, пушти ме“, а нападот врз неа се случува непосредно пред булеварот „Борис Трајковски“, кај црквата.Силувачот не се откажува и натаму ја држи соборена на земја, по што, доаѓа лице од страна кое му го одвлекува вниманието, а жртвата успева да избега. Откако жената поминува улица, истото го прави и силувачот, а тука излегува и уште еден маж кој ги слушна врисоците.Додека жртвата е исплашена и во шок, лицата кои и помогнаа на жената тргнаа да го фатат лицето и го совладаа. „Скопје1“, претходно објави снимки од тој момент.Засега е познато само дека станува збор лице со иницијали С.Г., кој има 31-година. Обвинителството побара, а судот му изрече 30 дневен притвор.*Жртвата е замаглена на снимката, а нејзиниот глас измутиран - со цел нејзина заштита.

Скопје | пред 1 година

IMG_3457

(Видео) Скопјанец се обидел да силува жена: го бркаа и фатија, па претепаа

Млад скопјанец кој се обиде да силува жена во Кисела Вода, среде полноќ. Обидот се случил на булеварот “Борис Трајковски” близу Општината Кисела Вода. Очевидци сведочат дека девојката барала помош, по што се стрчале кон силувачот и почнале да го бркаат. “Скопје1” дознава дека преминале преку булеварот и го стигнале на улица Пушкинова, па го тепале додека не дошла полиција.“Денеска во 00.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 - годишна жена од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.Instagram embed code generator.boxes3{height:175px;width:153px;} #n img{max-height:none!important;max-width:none!important;background:none!important} #inst i{max-height:none!important;max-width:none!important;background:none!important}

Скопје | пред 1 година

soobrakajka-k-voda

(Видео) Сообраќајка во Кисела Вода: распрскани делови, едно од возилата удрило и во бандера

Две возила се судрија на стотина метри после „Рампа“ во Кисела Вода, во текот на ноќта, после 12 часот.Според првичните информации, едно од возилата удрило и во бандера, додека двата учесници во несреќата имаат поголема материјална штета.. Засега не е позната состојбата на патниците.Увид правела и полицијата.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања