ОБВИНИТЕЛСТВО

Screenshot-2024-12-06-145619

20 години затвор за убиецот од Стајковци

Врз основа на поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје и по спроведена судска постапка, Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда со која Љ.К. од Стајковци го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од 20 години за сторени две кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава поднесе Обвинителен акт со кој обвинетиот го товареше дека на свиреп начин и при вршење семејно насилство на 14.05.2024 година со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи. По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.

Македонија | пред 1 година

oruzje

Обвинение против две лица за поседување оружје и муниција во Скопје

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите на 17 октомври беа откриени дека во стан на улицата „Саса 18“ заедно држеле поголемо количество на огнено оружје и муниција, вклучувајќи и оружје кое на граѓаните им е забрането.Полицијата кај нив пронашла една автоматска пушка со две рамки, еден револвер марка „Smith & Weson 5“, еден пиштол марка „Sig Suer“ P 226, еден пиштол марка „P.Bereta“ , една ловна пушка марка „ТОZ” и вкупно 414 куршуми со различен калибар.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Македонија | пред 1 година

komisija

Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители.До крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-30-at-14.31.05

Поради обид да запали албанско знаме, предложен притвор за 20-годишник

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 02.12.2024 година, во вечерните часови,се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-at-23.52.02

„Известен е јавниот обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот“, велат од Обвинителството по вчерашното сквернавење на македонското знаме

Денот на албанското знаме се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. Но додека тоа се славеше, на две места е снимено и сквернавење на македонското. Едната локација е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено. Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од што доаѓаа.Од Обвинителството велат дека е известен јавниот обвинител и дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.Од таму додаваат дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

Македонија | пред 1 година

carsija

Изградил хотел во Скопската чаршија без да поседува одобрение за градење: поднесено обвинение против 60-годишник

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 60-годишник, во текот на 2018 и 2019 година, во својство на инвеститор, во Старата скопска чаршија, на постоечки објект – дуќан од 93 м2 во негова сопственост, извел надградба од ходници, скали, лифт, рецепција и други простории, а на соседна парцела извршил целосна изградба на објект – хотел со подрум, 4 ката и поткровје, без да поседува одобрение за градење од надлежното министерство, но и без основен конзерваторски проект и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Заменик-член на избирачки одбор се обидел да гласа во име на неговата сопруга: поднесено обвинение за обид за злоупотреба на избирачко право

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на избирачко право од член 161 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот законик што значи дека станува збор за кривично дело сторено во обид.Обвинетиот 72-годишен скопјанец, на 24 април годинава, за време на последните претседателски избори, на гласачко место во Основното училиште „Хасан Приштина“ во Чаир, се обидел да гласа наместо друг. Тој бил заменик-член на избирачки одбор и откако го остварил сопственото гласачко право, неовластено скинал уште едно гласачко ливче од кочанот со намера да гласа во име на неговата наводно болна сопруга. Се потпишал во име на сопругата во единствениот избирачки список, но не успеал во намерата да го стави ливчето во гласачката кутија, бидејќи бил спречен од страна на членовите на избирачкиот одбор.

Македонија | пред 1 година

kocevski-rokas

Коцевски се сретна со амбасадорот на Европската унија во земјава: Обвинителството презема активни чекори за подобрувања во сите области наведени како препораки во последниот извештај на ЕК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, на која го информираше дека обвинителството веќе презема активни чекори за подобрувања во сите области кои се наведени како препораки во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја, како и дека интензивно работи на подготовка за задачите од Реформската агенда која наскоро треба да започне да се реализира.Меѓутоа, како клучен предизвик кој го наведе, а кој и Европската комисија го констатира во извештајот, се недоволните ресурси кои и се овозможуваат на институцијата за сите активности кои ги реализира.„Од нас се бараше во предлог буџетските проекции за 2025 година да ги изразиме потребите и финансиските импликации за сите овие реформи. Тоа и го направивме. Но за реформите што како држава сме ги ветиле, а се однесуваат на работата на Јавното обвинителство, не се предвидени речиси никакви дополнителни средства во предлог-буџетот за следната година. Повторно и годинава, наместо законски одредениот износ на буџетот за обвинителството во висина од 0.4% од вкупниот државниот буџет, ни се одредуваат околу 14 милиони евра или нешто повеќе од 0,2%, што е половина од законскиот минимум“, рече Коцевски.Тој го запозна евроамбасадорот Рокас и со предизвиците од аспект на кадровска неекипираност на обвинителствата, односно недостатокот и од јавни обвинители и од јавнообвинителска служба, како и застареноста на опремата.Соговорниците разговараа дека буџетските приоритети мора да бидат во согласност со приоритетите и планот за работа на Јавното обвинителство и реформите за владеење на правото воопшто, за да се постигне напредок во областите на владеење на правото и борбата против корупцијата. Ова е клучно за земјата да се движи кон ЕУ. Двете страни се согласија да продолжат со напорите за пренесување на овие пораки до одговорните органи во земјата.Европската комисија во последниот извештај за нашата земја посочува дека за зајакнување на перформансите во борбата против корупцијата треба да им се овозможат дополнителни човечки ресурси и финансиска поддршка на обвинителствата и на нивните истражни центри. „Растечкиот дефицит во ресурси во правосудството ја зголемува загриженоста дека ќе влијае врз квалитетот и ефикасноста на правдата“, стои во Извештајот на ЕК, со кој обвинителството како институција целосно се согласува.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Со нож избодел двајца малолетници: побаран притвор за 15-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

Македонија | пред 1 година

pistol_001

Како се планирало убиството во тетовско: Обвинителството со детали

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сега 41-годишни жители на селото Порој, од кои првиот е директно осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик сторено во 2013 година, додека другиот му помогнал во извршување на убиството и бил соучесник во – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.Првоосомничениот, на 12 октомври 2013 година, на излезот од селото Пирок, со умисла лишил од живот лице од Тетово поради претходни нерасчистени недоразбирања. Второосомничениот го ставил на располагање својот автомобил и двајцата заеднички набавиле автоматска пушка која на граѓаните им е забранета.Откако се сретнале со оштетениот, првоосомничениот веднаш започнал да пука, испукал повеќе куршуми, нанесувајќи му телесни повреди со огнено оружје на кои оштетениот им подлегнал. Двајцата осомничени се дале во бегство.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата. Согласно донесеното решение, за првоосомничениот притворот е ефективен веднаш, а за второосомничениот, кој е во бегство, притворската мерка ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-11-141423

Истрага против јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи, донесена одлука за оддалечување од функцијата

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување.По приемот на известувањето за поведена истрага, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за оддалечување од функцијата за јавниот обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против него.Мустафа Хајрулахи

Македонија | пред 1 година

oruzje

Автоматски пушки, куршуми, двоцевка и друго оружје пронајдени во селото Грешница, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Грешница за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска состав 3 од Кривичниот законик.Во простории во сопственост на друго лице, а кои ги користел осомничениот, полицијата извршила претрес и пронашла поголемо количество оружје, делови и компоненти од огнено оружје и муниција – три автоматски пушки, 188 куршуми со калибар за автоматска пушка, една ловна пушка и 10 ловни патрони, како и една пушка – двоцевка.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, како и можност да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

134301833

Вработен во „Национални шуми“ четири години, секој месец добивал 200 евра за да не изврши контроли, отворена истрага

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден.По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-0540PM

Во обид да избега, од автомобилот фрлил автоматската пушка со вграден бајонет, истрага против гостиварец, побаран е притвор

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за едно лице дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи, согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.Осомничениот 30-годишен гостиварец, на 6 ноември управувал автомобил „Мерцедес –А класа“ по магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар. Кај асфалтната база – каменолом „Јефута“ полициски службеници му дале знак да застане заради контрола и преглед на возилото. Но, тој не ја почитувал дадената наредба и со голема брзина се упатил кон Гостивар. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри.Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да се обиде да влијае врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-06-190043

Истрага против 28-годишник од Велешта за детска порнографија: осомничениот споделувал снимки и фотографии од полови дејствија со малолетници

За продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 28-годишен жител на Велешта.Од ноември лани до мај годинава, осомничениот пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем. Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица. Во наведениот период тој и за себе прибавувал детска порнографија која била откриена на неговиот мобилен телефон кога му бил одземен.Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања