Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОБВИНИТЕЛСТВО

media-libraryi5ish1vu6ijf1MpZrZW

„АНБ и МВР проценија дека Груби не е безбеден во притвор“, Обвинителството ја префрла „топката“

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи.„Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка.За обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид.Надлежните јавни обвинители во предметот постапуваат одговорно и во согласност со законските надлежности. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет, но апелира за воздржаност на коментарите во однос на легитимно донесените јавнообвинителски одлуки за да се овозможи ефикасна и правична постапка“, велат од Обвинителството

Македонија | пред 4 часа

media-libraryqrodofdlt9go94LBppP

20-годишник од Мала Речица се заканувал за напад со „калашников“, инспирација му било момче од САД кој убил 26 лица

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.2.2026 година под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и асистенција на САЕ Тигар извршија претрес на дом и други простории во Мала Речица.При претресот кај осомничениот се пронајдени и одземени секира, пет ножа со различна должина, телескоп, седум Iphone мобилни телефони и компјутер. Исто така, од таткото на осомничениот е одземен пиштол за кој поседува дозвола и повеќе парчиња муниција. Останатото пронајдено оружје – пиштол и автоматска пушка, дедото на осомничениот ги поседувал без дозвола и за него е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и со Решение мерката е определена во траење од 30 дена.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Детали од обвинителот за убиството на жената во Челопек: постојат сомневања дека можниот убиец правел и други дела изминатиот период

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот.Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот.Во врска со настанот, едно лице е лишено од слобода под сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство. Постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било инволвирано и во други кривични дела на подрачјето на кумановско, поради што, по наредба на јавен обвинител, се преземаат интензивни дејствија за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу настаните.Од Обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази ќе биде поведена соодветна постапка против осомниченото лице.

Македонија | пред 1 седмица

voda

Енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителство отвори предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.„Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки“, известуваат од ОЈО.По пет дена криза со загадена вода во Струга, вчера директорот на ЈП „Водовод“ Меџијаит Јусуфоски поднесе оставка од морални причини. Градот останува со целосна забрана за користење на водата поради екстремната заматеност.Од чешмите во Струга тече темнокафеава вода, а анализите покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

Македонија | пред 1 седмица

dete-siluvanje

Невиден ужас во неготинско: Четири лица злоставувале 13-годишно девојче, удирајќи ја и навредувајќи ја

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Македонија | пред 3 седмици

zena-noz

Пијана жена го прободела сопругот со нож во рамо, па го гребела по вратот и телото

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryk8g9svjj7tuo9TT1kKD

Дилер на хероин фатен кај Петровец, обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и можности повторно да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 1 месец

media-library8qgn6989t5870pAPAMF

Се знае ли однапред: Анел Фидоски кој го гонеше Бучковски се споменува како иден шеф на скопското Обвинителство, уште пред да го изберат

Денеска се одржува изборот за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, постапка што уште пред формалното гласање е проследена со шпекулации и сомнежи во јавноста дека одлуката е однапред договорена. Како најчесто споменувано име за наследник на актуелниот шеф Гаврил Бубевски, се појавува Анел Фидоски, иако официјалната одлука допрва треба да ја донесе Советот на јавни обвинители.Покрај Фидоски, како потенцијални кандидати за раководната позиција се споменуваат и обвинителите Дејан Петрески, Спасенка Андонова, Тања Трајчевска, како и самиот Бубевски. Советот треба да одлучи кој ќе го преземе раководењето со најголемото и најоптоварено обвинителство во државата, институција што постапува по најголем број и најсложени кривични предмети.Изборот се случува во период на зголемена институционална чувствителност, по оставката на поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на вршител на должноста Анита Тополова Исајловска. Во ваков контекст, скопското обвинителство добива ново раководство во момент кога довербата во правосудниот систем е под силен јавен притисок.Анел Фидоски е обвинител со препознатливо присуство во неколку високопрофилни случаи. Тој беше вклучен во гонењето за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, како и во предметот против поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“, кој застаре поради преквалификација на делото. Во периодот додека ја водеше истрагата, еден од обвинетите, Јетон Љужа, избега од државата. Фидоски беше дел и од постапката против повеќе лекари и членови на комисии во случајот со малата Тамара од Велес, која почина чекајќи државна помош за лекување во странство.Дејан Петрески е обвинител кој работел на предмети поврзани со напади врз новинари и безбедносни инциденти. Тој го водеше случајот за упадот во М-НАВ, каде што осомничен беше Беким Незири, како и истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. За овој предмет, поранешната обвинителка, денес адвокатка Лејла Кадриу, јавно изнесе критики дека Петрески бил користен како посредник преку кој се насочувале истражните дејствија и се штителе одредени лица.Тања Трајчевска го водеше предметот за убиството на ракометарот Денис Тот, во кој обвинетите беа осудени на по 18 години затвор. Таа постапуваше и во случајот за смртта на диџејот Љупчо Лешко, по кој родителите на починатиот изнесоа сериозни забелешки за непокренување обвинение против сопствениците на објектот. По јавните реакции, Вишото јавно обвинителство наложи повторно преиспитување на предметот.Спасенка Андонова беше дел од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и го водеше предметот „Двојник“, поврзан со незаконско издавање патни исправи на странски криминалци, во кој судските пресуди резултираа со релативно благи казни. Таа подоцна не беше реизбрана во ова обвинителство.Гаврил Бубевски, актуелниот шеф на скопското обвинителство, дојде од поранешното Специјално јавно обвинителство, каде што беше именуван во 2015 година по избор на Катица Јанева. Таму работеше на предмети како „Трансмет“, „Шамарите во Центар“, „Титаник 2“, „Моќник“, како и на истрагите за „Актор“ и „Подарок“, а беше вклучен и во постапката за случајот „Монструм“. Во јавноста беше обвинуван дека со непостапување овозможил имот на Сеад Кочан и компанијата Трансмет да биде префрлен на трето лице, наместо да биде конфискуван, што тој јавно го негираше.Кандидатите зад себе имаат обвинителско искуство кое се движи од шест до повеќе од дваесет години и низа предмети со силен јавен одек и контроверзии. Одлуката што ќе ја донесе Советот на јавни обвинители ќе биде внимателно следена, бидејќи изборот на нов шеф на скопското Обвинителство се смета за еден од клучните тестови за насоката, независноста и кредибилитетот на обвинителскиот систем во период на сериозни институционални превирања.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg2hfnt9p5bu5bEiRA0G

Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, казниво според член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.Според наводите на обвинителството, осомничениот на 13 јануари во својот дом во Чучер Сандево неовластено држел автоматско оружје STEN MKII, кое е целосно забрането за поседување од страна на граѓани, како и 71 куршум муниција со калибар 9 милиметри „Пара“, наменета за испалување од таков вид автоматско оружје.Оружјето и муницијата биле пронајдени откако сопругата на осомничениот ги известила полициските службеници кои пристигнале во домот по пријава дека тој ѝ се заканувал нејзе и на нивните две ќерки, родени во 2006 и 2010 година, дека ќе ги убие. Според пријавеното, најпрво упатувал закани кон сопругата дека ќе ја запали, по што искршил дел од покуќнината и со нож им се заканувал и на ќерките.Поради ваквите дејствија, со кои кај оштетените предизвикал чувство на сериозна загрозеност и страв, осомничениот се гони и за кривично дело загрозување на сигурноста, согласно член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имајќи ја предвид тежината на делата, опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 месец

apsenje

Финансиска истрага на 16 локации: 20 осомничени за штета од 4,8 милиони евра врз буџетот

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, до доцните вечерни часови вршеа претреси на вкупно 16 локации низ државата. При претресите биле пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.Како што информираат од обвинителството, акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по известување од Агенцијата за национална безбедност, при што биле обезбедени докази за основано сомнение за сторени кривични дела од финансиска природа. Врз основа на прибраните докази, обвинителството отворило предмет и донело наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица, кои, според сомневањата, го оштетиле државниот буџет за 297.733.844 денари, односно околу 4,8 милиони евра.Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале организирана група со цел извршување кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службената положба. Во периодот од 2023 до 2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.Според наодите на истрагата, со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош на даночни службеници, во периодот 2023–2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица поднесувале лажни барања за враќање данок за нерезидентни правни лица, кои осомничени вработени во УЈП неосновано ги одобрувале, со што на буџетот му била нанесена штета од 31.175.168 денари.Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на пари прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари. Досегашните докази укажуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, меѓу кои и лица на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба нанеле вкупна штета на Буџетот на Република Северна Македонија од најмалку 162.980.076 денари.Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, утврдил дека се исполнети условите за определување мерка притвор за десет осомничени. До судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор за осум лица, додека за две лица мерката притвор веќе е определена во друг предмет поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За преостанатите десет осомничени предложени се мерки за обезбедување присуство, меѓу кои и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичните дела, како и забрана за извршување службени должности во Управата за јавни приходи.

Македонија | пред 1 месец

siluvanje-1-640x432-163518

Сексуална злоупотреба на деца во Тиквешијата: возрасни лица под истрага за допирање, наведување со пари и полови дејствија

ОЈО Кавадарци води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик.Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик.Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка. Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

(Фото) Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку Табановце, распишана потерница

На официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи е објавена централна и меѓународна потерница за лицето осомничено за сообраќајната несреќа со смртен исход што неодамна се случи во скопската населба Капиштец.Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. По него се трага по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, казниво по член 300 од Кривичниот законик.Потерницата е распишана откако осомничениот, по сообраќајната несреќа во која беше смртно прегазена жена, го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот. Надлежните институции апелираат до граѓаните, доколку имаат сознанија за неговото движење или престој, веднаш да ја известат полицијата.Од МВР информираат дека потрагата се води интензивно, во координација со домашни и меѓународни служби, со цел осомничениот да биде лоциран, лишен од слобода и изведен пред лицето на правдата.Детали за несреќата:

Македонија | пред 1 месец

media-librarynmcgn90kvuoadjOnktj

Немал возачка, возел брзо, преку спротивна лента - ја усмртил и побегнал преку Табановце: нови детали за трагедијата во Капиштец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишно лице осомничено за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со сообраќајната несреќа во која на 9 јануари во скопската населба Капиштец беше усмртена пешак.Според наводите на обвинителството, осомничениот, како учесник во сообраќајот, не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и животот на другите учесници. Тој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата „Народен фронт“ и извршил непрописно поместување налево, навлегувајќи во коловозна лента наменета за сообраќај од спротивен правец, без да се увери дека тоа може да го стори без опасност. Возилото го управувал со брзина која не била прилагодена на состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите услови, а притоа немал ниту важечка возачка дозвола.Во такви околности, со возилото удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот, при што од ударот и падот на асфалтот се здобила со тешки телесни повреди. Наместо да ѝ укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото на несреќата. Повредената била пренесена во Ургентниот центар, каде и покрај укажаната медицинска помош, подоцна починала.Обвинителството информира дека уште две лица, маж и жена, се осомничени дека му помогнале на возачот по извршувањето на кривичното дело, така што го пренеле со свој автомобил преку граничниот премин Табановце и му овозможиле да ја напушти државата. По нивното враќање во земјава, тие се лишени од слобода, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.Притвор е побаран и за осомничениот возач, кој сѐ уште е во бегство, при што мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази, ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување.

Скопје | пред 1 месец

media-librarykpkv72gk1ldc5ZiHa3j

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое почина на Клинички, по повреда на новогодишната ноќ

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава им подлегна на повредите на Клиниката за детска хирургија во Скопје. И покрај интензивните напори на медицинските тимови, лекарите констатирале смрт, потврдија од надлежните институции.Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во однос на случајот е издадена наредба за обдукција на телото, со цел целосно расветлување на причините и околностите под кои настанала трагедијата.Според досегашните сознанија од истрагата, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум. По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница, најпрво во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите било итно транспортирано на Детската клиника.Лекарите утврдиле тешки повреди на мозокот и состојба директно опасна по живот. Детето било сместено на одделението за интензивна нега, но повредите се покажале како фатални.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно потврди дека случајот е под истрага и дека надлежните служби ги испитуваат сите можни сценарија.„Станува збор за тешко телесно повредено детенце од две години, со присуство на метален фрагмент. Во овој момент не можеме со сигурност да кажеме како точно дошло до повредата. Постојат повеќе теории и јавноста ќе биде информирана откако ќе се утврдат фактите“, изјави Тошковски.За инцидентот засега не се соопштуваат официјални податоци за точната локација и конкретните околности под кои настанал, ниту лични податоци за семејството, со цел заштита на истрагата.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

(Фото) Од 25 до 31 година имаат лицата кои се гонат за сексуална продажба на малолетничка, која ја терале и да се дрогира

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против пет лица од Тетово, поради основано сомнение за сторени тешки кривични дела поврзани со трговија со дете и сексуално насилство. Кривичната пријава е поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, односно Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Според МВР, првопријавениот Ф.М. (25) се товари за кривично дело трговија со дете, додека И.Д. (56), А.С. (30) и Л.С. (28) се пријавени за учество во истото кривично дело, а Р.М. (31) за полов напад и силување, согласно одредбите од Кривичниот законик.Од досега документираните сознанија произлегува дека во периодот од мај 2023 година до крајот на 2024 година, првопријавениот, злоупотребувајќи ја довербата на тогаш 15-годишно дете, лажно претставувајќи се како потенцијален љубовен партнер, преку сериозни закани и уцени ја принудувал жртвата да користи опојни дроги и да биде сексуално експлоатирана. Со цел стекнување противправна имотна корист, тој, по претходен договор со останатите пријавени и со вклучување и на други засега неидентификувани лица, овозможувал вршење полови дејствија врз детето-жртва на повеќе локации во Тетово.Петтопријавениот, кој имал улога да се грижи за безбедноста на детето, ја злоупотребил својата позиција и спротивно на волјата на жртвата извршил полов однос, со што дополнително ја продлабочил кривичната одговорност во овој случај.По наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, биле извршени претреси на четири локации на подрачјето на Тетово, при што биле пронајдени и привремено одземени мобилни телефони и СИМ-картички. Сите пет лица се лишени од слобода, а истрагата продолжува со цел целосно расветлување на случајот и утврдување на целосната одговорност.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања