ОБВИНИТЕЛСТВО

media-libraryfvs3ko4ojui4eDcDRAJ

„Пит бул” се здобил со тешки повреди од „американски стафорд“ во безмилосна борба со кучиња - Постапка против осомничени за „брутална забава“ во битолско

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите.Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, на 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале и изложиле на непотребни маки куче од расата „пит бул”, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата „американски  стафорд“, сопственост на осомничениот косовски државјанин.Во борбата кучето од расата „пит бул” се здобило со повреди – угризи од другото животно. Борбата ја следеле други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата во рингот веднаш по пристигнувањето на полицијата избегале од местото на настанот. Тие се идентификувани и по нив се трага.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за македонските државјани инволвирани во организација на забранетите борби. Сепак, Судот донесе решение со кое им определи мерка куќен притвор. Битолското обвинителство ќе вложи жалба на одлуката.

Македонија | пред 3 месеци

lisici

Тетовец се заканувал на Фејсбук дека ќе убие жена и функционери на политичка партија, судот му определи притвор

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв.Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и ја определи притворската мерка., соопшти ОЈО

Македонија | пред 3 месеци

Marihuana

Фатен Србин кој се обидел да пренесе 130 килограми марихуана скриена во ладилник на приколка на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопшти ОЈО

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydm330gh82fa22tey3aN

Директорот на „Комунална хигиена“ од вчера е во полициска станица, дали ќе се бара притвор зависи од пријавата од МВР

Директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахадин Рустеми, кој вчера беше приведен заедно со уште едно лице од раководството на претпријатието, и денеска се наоѓа во полициска станица.Според информации од Основното јавно обвинителство – Скопје, двајцата се осомничени за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ – дело предвидено во член 230 од Кривичниот законик, за кое е пропишана и казна затвор.„Во однос на ова, лицата се задржани и постапката е во тек. Штом имаме повеќе детали, сите ќе бидете известени“, изјавија за Скопје1 од Обвинителството.Приведувањата следуваат по неколкудневни активности на полицијата, која по наредба на Обвинителството обезбедуваше докази поврзани со управувањето со отпад и постапувањето на претпријатието во делот на заштита на животната средина.Од МВР се дознава дека се проверуваат постапки за складирање и транспорт на комунален и индустриски отпад, како и договори со приватни фирми кои се под сомнение дека не биле во согласност со законските процедури.Обвинителството најави дека по документирањето на случајот ќе се одлучи дали ќе се побара притвор за директорот и неговиот соработник.

Скопје | пред 3 месеци

lisici

Хорор во Кавадарци: Го убил сопствениот брат, па го влечел телото од домот во шупата за да го крие

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело- Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.-Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети, се вели во соопштението на обвинителството.Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Ако обвинителот калкулира со истрага за загрозување на јавното здравје – тогаш клуч на државава, вели Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ остро реагираше на социјалните мрежи во врска со, како што вели, молкот и калкулирањето на јавните обвинители околу истрагите поврзани со загрозување на јавното здравје во главниот град.„Јавен обвинител кој калкулира со истрага за загрозување на јавно здравје, чека прв, втор, трет круг, приговори и конечни листи од избори за да ги приведе одговорните, престанал да биде Јавен обвинител. Самиот си го урива угледот за кој согласно законот е во обврска да се грижи, како за себе така и за јавнообвинителската организација“, напиша Туфегџиќ.Тој посочи дека поради ваквото неделување на институциите, граѓаните сведочат на ситуација во која „најодговорните што требало веднаш да бидат приведени, денес на социјалните мрежи си делат правда меѓу себе“, без чувство на вина или страв од одговорност.„Ако јавен обвинител се плаши и тактизира со истрага за обична градска булумента која вршља по градов, со што го загрозува здравјето на луѓето и придонесува за ширење зараза, а никој ништо не им може – тогаш да ставиме клуч на државава“, порача Туфегџиќ.

Коментари | пред 3 месеци

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Обвинителството потврди: можно проширување на истрагата и кон Град Скопје, поврзано со нехигиената во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје ја проширува својата активност околу случајот со несобирањето на отпадот во главниот град. Оттаму за „Скопје1“ потврдија дека наредбите за проверки не се ограничени само на ЈП „Комунална хигиена“, туку можат да ги опфатат и други институции со надлежност во оваа област. До сето ова дојде откако Скопје повторно се „поплави“ во смет.„Наредбите за проверки се однесуваат на сите институции што имаат надлежност. Во прв момент тоа е ЈП Комунална хигиена, меѓутоа не е исклучено да бидат опфатени и други органи“, изјавија од Обвинителството, на прашањето дали во рамките на истрагата може да бидат опфатени и други институции како Град Скопје, со кој раководи градоначалничката Данела Арсовска, а кој е основач на претпријатието.Претходно, од ОЈО Скопје соопштија дека веќе постапуваат и преземаат дејствија за обезбедување докази за можни кривични дела поврзани со работењето на ЈП „Комунална хигиена“.Јавниот обвинител издал наредби до МВР и други надлежни органи за итно постапување и проверки, како и барања до комуналните инспекциски служби за спроведување вонреден инспекциски надзор и утврдување на моменталната состојба со собирањето и транспортирањето на отпадот.Со ова, истрагата влегува во поширока фаза, во која се очекува да се утврди дали пропустите во работењето на „Комунална хигиена“ и можната одговорност кај Град Скопје, како и дали има елементи на кривична одговорност.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryh83q5vtmc9j99SeSIkV

Обид за убиство во Скопје: маж си го претепал братот и легнал да спие

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе истрага против лице осомничено дека се обидело да изврши убиство на својот брат во семејниот дом во село Марино.Како што соопшти Обвинителството, настанот се случил на 18 октомври, кога осомничениот физички го нападнал братот, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и телото. Од ударите, оштетениот почнал да крвари и изгубил свест, по што осомничениот – наместо да повика помош – си легнал да спие.Следното утро, кога го забележал брат му како лежи во крв, не реагирал веднаш, туку повикал итна медицинска помош дури по речиси три часа.Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му биде определен притвор, имајќи ги предвид околностите и тежината на делото.Според Обвинителството, случајот се води како обид за убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од ЈО и Коцевски за случајот со дискотеката „Пулс“ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Јавното обвинителство и министерот Љупчо Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра или, како што се тврди во телефонска комуникација објавена во јавноста, поранешниот министер Оливер Спасовски интервенирал за да се избегне плаќањето.„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката ‘Пулс’ платила казна или Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање. Доколку казната не е платена, Спасовски итно треба да биде повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај“, стои во соопштението на владејачката партија.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е потребно да се стави крај на „калкулациите и заштитата на моќниците блиски до СДС“, нагласувајќи дека политичките влијанија во судството мора да престанат.„Дали Спасовски ја спасил ‘Пулс’ од казна и која е неговата улога во аферата? До кога ќе молчи ЈО и Коцевски? Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот.„Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството. Секој сомнеж мора да биде расчистен, а секој кој е вмешан треба да се санкционира. Време е за владеење на правото и правдата“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

puls-35

Објавени докази за корупцијата во „Пулс“: Инспектори од МВР и УЈП предупредувале за контроли во замена за подароци и резервации, Обвинителството проверува

Иако судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште не е започнат, во јавноста излегуваат нови докази за лица кои воопшто не се опфатени со обвинението.„Истражувачката репортерска лабораторија“ (ИРЛ) објави текстуални разговори кои упатуваат дека сопствениците на дискотеката однапред биле предупредувани од инспектори за претстојни контроли. Според ИРЛ, дел од инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи дури примале и скапи подароци за возврат, меѓу кои биле и часовник.ИРЛ објави и текстуални пораки кои покажуваат дека сопствениците на дискотеката комуницирале со инспектори од МВР кои барале привилегии – меѓу нив и резервирани маси во клубот.Додека институциите се оправдуваат, семејствата на загинатите и преживеаните продолжуваат да раскажуваат за нивната голгота.„Кога стигнавме таму – гужва, дим, пламен. Немаше струја. Наидов на зид од деца, сите беа испреплетени, без свест. Моето дете не можев да го најдам. За 500 луѓе имаше еден излез од два метри – тоа е убиство“, сведочи Сашко Алексов, татко на починатата Сара.За преживеаниот Јорданчо Ефтимов траумите се уште свежи, тој вели дека во еден момент бил помирен дека ќе умре:„Додека лежев на земјата, само кога ја протнав раката, сфатив дека ме вадат од гомилата. Тоа беше чудо“.Марија Петрушова, која го изгубила синот Андреј, раскажува за другиот син Кристијан:„Вика – јас влегов, темно, некој ќе те фати за нога, ти го влечеш надвор, не гледаш кој е“.Очевидци и родители опишуваат апокалиптична слика: преполни болници, мртви тела низ ходниците, крв и очај.„Кога влегував, пазев да не згазам некое детенце“, потресено изјави Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче.Градот Кочани останува во тешка траума.„Нема веќе живот тука, сите бараме правда“, велат жителите.Основното јавно обвинителство реагираше на сторијата на ИРЛ со соопштение дека сите докази се земени предвид и се проверуваат:„При поднесување на обвинението и на средбата со семејствата на загинатите, појаснивме дека проверки се вршат и во однос на повеќе институции, вклучително и УЈП. Но законските надлежности на УЈП се однесуваат на даночни и финансиски прашања, а не на безбедност, па тие не беа опфатени во обвинението. Сепак, во контекст на евентуални коруптивни дела на поединци, постапките се во тек. Презентираната комуникација е веќе дел од доказниот материјал доставен до судот. Апелираме за воздржаност од изнесување непроверени информации кои можат да ја загрозат постапката“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhlbo3c48rsfc2KyZ7HG

Мицкоски по пресудата за Теодора: Се чувствувам мачно, судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни овие плати

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше пресудата со која возачот Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која животот го загуби младата Теодора Ристовска во Тетово.„Моите ставови за Обвинителството и судството се одамна кажани и разговарани. И секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот за реформи, сакам јавноста да знае дека станува збор за шест закони кои се однесуваат на зголемување на буџетот, односно нивните плати. А ова го бараат тие кои имаат само два проценти доверба. Јас чувствувам мачнина, бидејќи тие не ги заслужуваат ни овие плати поради ваквите пресуди. Суштинската реформа е токму тоа – законите се за зголемување на буџетот. Не е проблем, ќе го зголемиме и за трипати, ама прво нека заслужат“, изјави премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6ucods7hhl2d1dZMKO7

Четворица обвинети за кражба и сквернавење на гроб на Бутелските гробишта, краделе бронзена биста од гробот на Стале и Бранка Попови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гроб, кривични дела казниви по член 236 и член 400 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничените на 17 септември влегле на градските гробишта во Бутел и дошле до алејата на заслужни граѓани. Со употреба на сила ја откорнале и урнале бронзената биста со два човечки лика во седечка положба, поставена на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.Иако бистата била зацврстена со анкери, тие ја разурнале и ја оштетиле платформата на гробното место, со што го осквернавиле гробот. Потоа бистата ја влечеле до жичаната ограда каде претходно направиле отвор, преку кој ја изнеле и ја натовариле во автомобил со намера да ја присвојат.Проценетата вредност на бистата, која е во сопственост на наследничка на починатите, изнесува околу 320.000 денари.Поради тежината на делото и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за сите четворица осомничени.

Скопје | пред 4 месеци

rosica

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – последното сведоштво на Росица за убиецот Илија, шест дена пред да биде убиена

За закани, киднапирање и тепање кои се случиле последните денови од 2024 година, сега убиената Росица Коцева, била повикана во Обвинителство пет дена пред да биде убиена, за да даде исказ. И таму кажала, дека убиецот Илија Стефановски, и се заканувал со зборовите „ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“. Сепак, Обвинителството не побарало притвор или построги мерки за обезбедување присуство, освен веќе изречената забрана за приближување, која не била испочитувана, а обвинител од Велес бил запознаен за ова уште во мај годинава.Ова е целиот исказ на Росица Коцева, даден пред Обвинителството:„Јас и сегапријавениот Илија бевме во вонбрачна заедница скоро три години, но од октомври месец 2024 година таквата заедница прекина и јас се вратив повторно да живеам во Велес, сепак декември месец 2024 година и покрај тоа што бевме разделени со пријавениот имавме повремена комуникација, па така истиот на 27.12.2024 година ме повика заедно со него да одиме до Софија, Република Бугарија, со оглед дека на истиот му беше потребна помош, а со оглед дека јас добро го владеам бугарскиот јазик, прифатив заедно да појдам со него и да му помогнам во неговите обврски. По завршување на обврските во Софија на враќање кон Скопје во еден момент настана кавга помеѓу нас, бидејќи пријавениот сакаше повторно да ја обновиме нашата врска, но од моја страна имаше негодување од таквото негово барање, при што во еден момент ми доба и ми се закани со зборовите „ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“.По ова продолживме на пат кон Скопје и притоа додека си идевме истиот побара од мене да ја поминам ноќта кај негео во Скопје, на што од моја страна му беше одговорено дека би останала само доколку истиот ја повика неговата мајка или пак доколку таа не може да одиме во мојот дом во Велес, и да преспиеме кај мојот татко, сепак, веднаш штом пристигнавме во Скопје, поточно во Ѓорче Петров каде што илија живее, истиот ја повика неговата мајка, но и во истиот момент почна со малтретирање кон мене, при што истиот ме удираше по целото тело, ме закличи во неговиот дом, но не можам да се сетам колку време бев затворена, со оглед да немав ни телефон со мене, ни саат за да можам да се ориентирам колку време сум затворена. Исто така тој почна насилно да се однесува и кон својата мајка, така што физички ја отргнуваше, а од моја страна истата беше молена да повика полциија, но и нејзиниот телефон беше одземен од негова страна, така што истата беше спречена да повика помош.Следниот ден некаде после  пладне, по краток разговор со Илија дека доколку ме пушти дека ќе одиме, ќе побараме помош за да ни успее врската, по што исиот се сложи да ме пушти. Со оглед дека бев истрауматизирана од ваквиот настан, истиот од моја страна по два три дена беше пријавен најпрво во ПС Ѓорче Петров, а оттаму бев препратена и до ПС Кисела Вода, каде го пријавив конкретниот настан, а исто така со оглед на траумите и повредите кои ги имав, по неколку дена од настанот се јавив и на Ургентен центар во Велес“.Обвинителството не гледа вина во своето постапување. Росица беше убиена во Велес, заедно со нејзиниот татко.

Македонија | пред 4 месеци

jancev

Пратеникот Јанчев од Левица осомничен за сообраќајна несреќа со тешко повредени малолетници: свртел лево, без да се увери дека е безбедно

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за сторување на кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 3, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, околу еден часот по полноќ во селото Марино, Јанчев управувал автомобил „Хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки спротивно на правилата за безбедност. Тој најпрво преминал на левата страна од коловозот, а потоа нагло свртел десно без да се увери дека тоа може да го направи безбедно. Во тој момент во десниот страничен дел од возилото удрил мопед „Јијинг“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник.Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои не носеле заштитни кациги, се здобиле со тешки телесни повреди. Полесни повреди добил и сопатникот во автомобилот на Јанчев.Извршените анализи покажале дека ниту кај Јанчев, ниту кај малолетниот возач на мопедот не е утврдено присуство на алкохол или други психоактивни супстанции. Автомобилот и мопедот се одземени и ќе бидат подложени на вонреден технички преглед, а ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.Јавниот обвинител, земајќи ги предвид сите околности, предложил на осомничениот да му се изречат мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа и возачката дозвола – со цел да се обезбеди негово присуство и непречено водење на постапката.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

ОЈО Скопје по пожарот во Трубарево: Нема радијација, контаминацијата е хемиска

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во врска со големиот пожар во складиште со отпад во Трубарево, засега не е детектирана радијација, туку станува збор за хемиска контаминација.„Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска. Обвинителството бара поддршка, не издава наредби на АРМ. На барањето беше веднаш одговорено и беше првично детектиран опасен периметар со ниво на загаденост по сектори и согласно тоа надлежни служби пристапија на евакуација. Резултатите од мерењата на инспекторатот за животна средина се уште не се доставени до обвинителството“, соопштија од ОЈО.Пожарот, кој избувна во саботата, предизвика густ токсичен чад што се прошири над повеќе скопски населби. Жителите алармираа за печење на очите и проблеми со дишењето, а дел од нив беа евакуирани. Институциите и натаму вршат мерења и проценки за последиците врз здравјето на населението и животната средина.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања