ОБВИНИТЕЛСТВО

IMG_6510

(ВИДЕО) Општина Врапчиште поднело пријава против лицата кои ја чистеле црквата, кажале дека се вршат недозволени градежни работи

Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице.Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат. Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело.

Македонија | пред 1 година

ubistvo

Јавното обвинителство ќе спроведе истрага за убиството во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени, по претходна расправија, лишиле од живот едно лице, нивен сосед, удирајќи го повеќе пати со тврди предмети и нанесувајќи му повреди по целото тело.По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена.

Македонија | пред 1 година

image-214543

По несреќата каде татко и син ги загубија животите: Итно запирање над работите на автопатот Скопје-Куманово

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син.„По надзорот, изготвен е записник и донесено е решение со кое се задолжува правното лице веднаш да ги запре сите градежни работи до добивање на одобрение од надлежен орган за времена измена на режимот на сообраќај за изведување работи на левата – брза сообраќајна лента. Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.Непосредно по тешката сообраќајна несреќа, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Проверките за целосно испитување на кривичната одговорност за настанот се во тек, а по краткотрајниот притвор од 48 часа, по предлог на јавниот обвинител, на двете лица им се определени мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.Categories

Македонија | пред 1 година

IMG_2106ll

Обвинителството „замижува“ или „глувее“? Арсовска нема потреба да се вознемирува, засега...

Неработата односно нефунцкионалноста на скопските претпријатија и Градот Скопје предводен од градоначалничката, Данела Арсовска, засега не го засега скопското Обвинителство. Тие сметаат дека овие проблеми треба да ги решаваат инспекторатите. Иако Скопје е претворено во мини-депонија, ЈСП не функционира, приватните превозници нема да возат, „Водовод“ го закочи проектот за прочистителната станица – Обвинителството не гледа злоупотреба на службената положба и овластување кај ниту еден од функционерите.„Јавното обвинителство постапува секогаш кога во конкретен настан има обележја на кривично дело. Проблемите кои ги наведувате се во надлежност на соодветни инспекторати и на органите од правосудната полиција кои се надлежни за детектирање, откривање на кривични дела и нивно натамошно процесуирање до Јавното обвинителство или до прекршочен орган. Предмет по допрен глас би можел да биде отворен доколку Јавното обвинителство процени дека во конкретен настан има кривично-правни дејствија, а инспекторатите и органите од правосудната полиција не постапуваат согласно своите надлежности за процесуирање“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Во поткастот „Претрес со Ландов“, во јули, Умејр Мухамеди, екссоветник на Арсовска, сподели информации за кои посочува дека се точни и вистинити, а се однесуваат на злоупотреби од градоначалничката. Стануваше збор за наводни злоупотреби со јавни набавки, пари за патувања, лица на платни списоци на сметка на граѓаните. Обвинителството и тогаш рече дека ги следи информациите, но „глас“ не допре до нив. Тогаш, за „Скопје1“ посочија дека ќе чекаат пријава.„Јавното обвинителство ги следи информациите. Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (во конкретниот случај Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) достават известување или пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности. Инструментот на допрен глас се користи доколку органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности. Исто така, секој што има сознанија за сторено кривично дело истото треба да го пријави кај истражните органи“, кажаа од Обвинителството на 16 јули за „Скопје1“.Од тогаш до денеска, Арсовска смени десетина директори, Скопје е во уште полоша состојба, жителите остануваат без превоз. Решение не е на повидок, бидејќи Советот не и верува на Арсовска за да се изгласа одлука за набавка на нови автобуси, а програмите кои ги излгасаа тешко дека ќе го решат проблемот со мини-депониите.Кривична пријава за Арсовска, најави министерот за локална самоуправа, Златко Пирински. Тој кажа дека тоа ќе го направи како граѓанин, бидејќи смета дека Арсовска прави злоупотреба на службената положба и овластување.Арсовска на прашање од “Скопје1”, дали се плаши од кривична одговорност, на прес одговори со “не”, бидејќи според неа, не сторила ништо спротивно на закон.Бонус видео:

Скопје | пред 1 година

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Повисоки казни се бараат за осудените за несреќата кај Ласкарци: Судот погрешно ги ценел одговорноста и околностите

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд Скопје изјави жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци.Според јавниот обвинител, во овој случај, првостепениот суд донесе извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажа дека никој не може да ја дерогира и супституира судската улога во процесот на одлучувањето.“Преку критичка оценка на доказите, поединечно и во нивното содејство, првостепениот суд не дозволи судската пресуда да зависи само од осамено и на ништо непоткрепено мислење на вештаци вклучени во супервештачењето, кои не успеаја да изградат јасен став за клучни прашања, а ја пролонгираа главната расправа повеќе од една година”, наведува јавниот обвинител Дарко Јакимовски, истакнувајќи ги доказите врз основа на кои Судот правилно и целосно ја утврдил фактичката состојба и го применил Кривичниот законик кога нашол дека во дејствијата на сите обвинети се содржани сите битни елементи на кривичните дела за кои се огласени за виновни.Меѓутоа, жалбата е поднесена поради одлуката за висината на кривичните санкции изречени за четворица од обвинетите.Имено, Основниот кривичен суд Скопје, како првостепен кривичен суд, со пресудата од 26.12.2023 година, обвинетиот Д.Б. го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.2 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 4 години, во која казна му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетиот Р.М. судот го огласи виновен за истото кривично дело и го осуди на казна затвор во траење од 6 години, во кои му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетите И.Ѓ., Г.Д. и Ј.Б. виновни за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.299 ст.1 вв со чл.22 од Кривичниот законик беа осудени на затворски казни во траење по пет години, во кои е засметано времето поминато во притвор и куќен притвор. Возачот М.Т., за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.1 од КЗ, беше осуден на казна затвор во траење од 14 години, во кои се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор.Според јавниот обвинител, во однос на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д., Судот погрешно ги ценел олеснувачките и отежнувачките околности, како и индивидуалната одговорност на обвинетите за случувањето на тешката сообраќајна несреќа, во која загинаа 16 лица, а уште 38 беа повредени.“Животите на патниците кои се превезувале не само во предметниот автобус, туку и во другите автобуси и останатите учесници во јавниот сообраќај биле директно загрозени од начинот на кој обвинетите ги извршувале своите законски обврски”, истакнува јавниот обвинител во жалбата.Тој потсетува дека во континуитет предметниот автобус бил прогласуван за технички исправен иако воопшто не бил прегледуван, а 16 дена по последниот наводно извршен технички преглед, превозникот “Дурмо турс” вршел јавен превоз на патници со тој автобус без да биде сообраќајно регистриран. Манипулација со брзината на движење и “штелување” на тахометрите, за да не се плаќаат казни не само на предметниот автобус, туку и на други автобуси, било исто така прифатено како правило.Имајќи го предвид степенот на кривична одговорност и придонесот кој го имал секој од обвинетите во настапување на тешките последици, јавниот обвинител ја обжали пресудата.За возачот М.Т. според надлежниот обвинител соодветна е високата затворска казна со оглед на неговата одговорност, но и непокажаното жалење за тешките последици во текот на судскиот процес. За обвинетиот Ј.Б. чиј придонес за несреќата бил најмал, јавниот обвинител оцени дека е доволна определената затворска казна. За останатите четворица, не е извршено санкционирање сразмерно со тежината на делото, јачината на загрозувањето на заштитните добра, како и степенот на кривична одговорност кај обвинетите чии пропусти доведоа до најтешките човечки загуби во патниот сообраќај на територијата на нашата држава.Од тие причини, за овие обвинети, јавниот обвинител предлага Апелациониот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност.Categories

Македонија | пред 1 година

mavrovka1111

Познати сите детали за убиството кај Мавровка: Од сопругата на убиениот украден алат, лаптоп - убијците избегале со ,,ауди”

По поднесена од кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 во врска со став 1 точка 4, кривично дело – Убиство по член 123 во врска со член 19 (во обид) и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 20 август, со пиштол марка „ГЛОК“ со калибар 9 милиметри, што го поседувал без дозвола, осомничениот на паркинг просторот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, позади ТЦ „Мавровка“, со умисла и од користољубие лишил од живот едно лице, по што од сопругата на жртвата одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил „Ауди“ без ргистарски ознаки. На местото пристигнало и второ возило „Цитроен“ со белгиски регистарски ознаки, од кое излегло засега непознато лице и од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат и исто така се оддалечило. Автомобилот „Цитроен“ вториот осомничен го оставил во Гази Баба и се качил во автомобилот „Ауди“, по што продолжиле да се движат, но на улицата „Стојна Стефкова“ биле пресретнати од полициски службеници. Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачка врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат. Четворицата полициски службеници во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот. Другото лице се дало во бегство и по него се трага.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Македонија | пред 1 година

kocevski-tufegdzik

Туфегџиќ го повика Коцевски: Ги знаете, само одважете се, одземете им ги телефоните и ќе ги најдете „проектите“ на расцутеното судство

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е поранешен кривичен судија, го повика државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да собере храброст и да ги прибере доказите во четирите апелациони подрачја за криминалите во правосудството, па посочува: „убеден сум и знам дека и тој ги знае“.„После ваков блам со врховниот судија, државниот Јавен обвинител има животна шанса да ги стави работите во ред. Не треба многу, треба уште денеска да свика итен колегиум и да даде зелено светло веднаш и без одлагање да се издадат наредби за постапување и одземање на мобилни телефони спрема 10-тина примероци како врховниот судија во четирите апелациони подрачја.Убеден сум и знам дека и тој ги знае, само треба да се одважи и да ги прибере доказите за кои му треба само еден мал чекор, бидејќи тие луѓе во последните години не е тајна дека не се ни криеа, а во нивните телефони ќе ги најде сите договорени и реализирани проекти на проектантите на расцутеното судство како и проектите што се во тек“, вели Туфегџиќ.Ова пак, предизвика коментари во правосудните кругови, но и загрижност. Според информации на „Скопје1“, стравот е дека евентуален ваков чекор на Коцевски ќе предизвика хаварија во правосудството и дека треба особена внимателност. Од друга страна, граѓаните бараат расчистување на корупцијата во судството и обвинителствата.

Коментари | пред 1 година

fotografii-ucena

Девојка принудувана на секс од битолчанец, со закани дека ќе објави слики од неа

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед.Преку профил на социјална мрежа тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Обвинение за групата на Шеваљ кој е во Дубаи: подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде убиен!

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица.Според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава.Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија.На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2021 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него.Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото.Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

Македонија | пред 1 година

IMG_4935

Се вештачи дали автобусот кој удри во жарденери кај Мавровка бил исправен

Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот “Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и презема дејствија за испитување на настанот.Надлежниот јавен обвинител ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Поднесено обвинение против 31-годишник за загрозување на сигурноста на новинарка: Упатувал заканувачки пораки преку социјални мрежи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно и се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи кои ги презела во рамките на своите овластувања.Со намера да ја вознемири и исплаши, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил на една социјална мрежа, барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв.По издадени наредби на јавен обвинител, МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е запретена затворска казна од една до пет години. Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармираше Здружението на новинари на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмети, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Пет лица осомничени за насилство во дворот на Клинички центар, удирале со тупаници и метални шипки

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице.По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син.Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Скопјанец обвинет за убиство на сопствената баба, додека јадела почнал да ја удира по главата и телото

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4358

Коцевски на форум на државни обвинители од Западен Балкан во Будва

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски вчера во Будва, Р.Црна Гора, учествуваше на консултативниот форум на државни јавни обвинители и јавните обвинители од специјализираните обвинителства за гонење организиран криминал и корупција од земјите од Западен Балкан. Форумот го организираше црногорското Врховно државно обвинителство и Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан.„Кога станува збор за борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои ги разјадуваат општествените ткива на нашите држави, предизвиците не се ниту малку на број, ниту пак лесни за справување“, рече Коцевски, наведувајќи го недостигот на материјални и кадровски ресурси, но и законските измени со кои се ограничуваат директните механизми за справување со корупцијата, преку намалување на санкциите, а со тоа и на роковите за застареност на најважните коруптивни кривични дела.Меѓу напорите кои македонското обвинителство ги вложува во овие области, тој ги наведе истражните центри во скопското, тетовското и кумановското обвинителство, како и во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, јакнењето на капацитетите за финансиски истраги, плановите за дигитализација и за јакнење на транспарентноста на обвинителското постапување.„Меѓутоа, и покрај сите овие напори тешко би дошле до вистински резултати во борбата против организираниот криминал без ефикасна меѓусебна соработка. Сторителите на кривични дела лесно ги прошируваат и префрлаат своите дејствија од една во друга држава со што се обидуваат да го избегнат кривичниот прогон. Наша обврска како истражни органи е да им застанеме на патот, а најефикасно оружје за таа цел е нашата меѓусебна координација. Како јавни обвинителства имаме обврска да ги негуваме и дополнително да ги развиваме можностите во оваа насока, особено во нашиот регион“, рече Коцевски.Заедно со него на форумот учествуваше и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, како и обвинителката за врски со Европравда Ленче Ристоска.На маргините на форумот, Коцевски оствари билатерални средби со претседателот на Европравда Ладислав Хамран, како и со црногорскиот врховен државен обвинител Милорад Марковиќ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-34-4250PM

Се подигаат траги, се бараат докази: потрагата по убиецот од Пластичарска трае

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања