ОБВИНИТЕЛСТВО

462571285_1686930788539721_3628474925073644468_n

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите и влијание врз нивната работа

Јавниот обвинител на Република Сееврна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на настанот посветен на одбележувањето на Меѓународниот ден за ставање на крај на неказнивоста на нападите врз новинарите, што се одржа во просториите на Здружението на новинарите на Македонија.„Кога се подготвувавме за овој заеднички настан со Здружението на новинари и Министерството за внатрешни работи, сметав дека во едно кратко обраќање ќе ги изложам напорите што како обвинителство ги вложуваме за подобрување на безбедноста на новинарите и за спречување на неказнивоста на нападите врз новинари. Но, со оглед на случувањата од изминатите денови, чувствувам обврска, наместо декларативните заложби за унапредување на заштитата на слободата на говор, да започнам со едно лично обраќање со кое на дело ќе ја покажам позицијата на институцијата што ја предводам по ова прашање.До вашата колешка, новинарката Мирослава Симоновска, која верувам е присутна тука денеска: Мирослава, Основното јавно обвинителство Скопје интензивно постапува по твојата кривична пријава. Те уверувам дека обвинителството презема се за да го расчисти случајот. Знам дека целиот твој случај добива на тежина поради инволвираноста на јавен обвинител, но те уверувам дека јавното обвинителство има механизми со кои ќе обезбеди независно и објективно постапување по твојата пријава“, кажа Љупчо Коцевски.„Сакам на сите да биде јасно дека ја осудувам секоја постапка со која новинарите се предмет на незаконско следење и снимање. Јавно ја осудувам и секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите и влијание врз нивната работа. Таков однос кон новинарите е и ќе биде недозволен додека јас сум државен јавен обвинител.Сакам јавноста да знае дека приоритет на јавното обвинителство е заштитата на јавниот интерес и правата и слободите на граѓаните и затоа јас како државен обвинител ниту одобрувам, ниту толерирам притисоци и закани, без оглед од кого и да доаѓаат и сум одлучен да ги преземам сите законски мерки со кои моите вербални заложби ќе се покажат на дело.Во изминатиот период Јавното обвинителство вложи огромна енергија во јакнење на транспарентноста и во активностите за промоција на безбедноста на новинарите и слободата на изразување. Во четири јавни обвинителства низ државата – Скопје, Штип, Битола и Тетово се назначени обвинители кои го следат постапувањето во предметите поврзани со нарушување на безбедноста на новинарите. Како јавно обвинителство се вклучивме и изработката на прирачник за безбедност на новинари, активно соработуваме со новинарските здруженија и со новинарите на јакнење на јавната свест за нетолеранција на нападите врз новинарите. По моето доаѓање на функцијата, транспарентноста е дополнително зајакната и ќе продолжи со уште поголем интензитет. Јавното обвинителство поведува постапки и постапува само врз основа на докази.Измените на Кривичниот законик со кои новинарите добија заштита како службени лица при вршењето на своите работни задачи активно се применуваат и веќе се изречени неколку пресуди за сторено кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие во ситуации кога нападнати се новинари или медиумски работници.И за останатите регистрирани кривични дела против новинари активно се постапува и се преземаат дејствија против сторителите. Се разбира, полесно оди идентификација и процесуирање на сторителите на физичките напади, додека кога станува збор за онлајн и интернет закани и заплашувања, се уште во голема мера сме условени од меѓународната соработка со соодветните интернет провајдери и социјални мрежи, што понекогаш ни ја усложнува постапката. Меѓутоа и на тој план во последно време имаме значително подобрување, така што имаме и такви предмети во кои веќе се изречени пресуди против сторителите.Затоа би рекол дека активно работиме на унапредување на безбедноста на новинарите во нашата земја. Нема да дозволиме овој наш заеднички ангажман да падне во сенка на неодговорно однесување на поединци. Заедно сме посилни во одбрана на слободата на изразување како највисоко демократско право!“, изјави јавниот обвинител Коцевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во која три лица се лишени од слобода и против кои е донесена наредба за спроведување на истражна постапка. Осомничените во периодот од декември 2019 година до март 2021 година извршиле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Оддавање на службена тајна, дополнително прво и третоосомничениот сториле и кривично дело Попречување на правдата, а на првоосомничениот му се става на товар и кривичното дело Противправно стекнување и прикривање имот.Осомничените, од користољубие, се поврзале со организираната криминална група „Дуќанџик“ од с.Грчец и како припадници со посебна улога, поттикнати со умисла од првосомничениот во предметот „Грчец“, пренесувале службени информации. Во наведениот период осомничените од кои двајца поранешни главни инспектори за имотни деликти, односно недозволена трговија со дрога, преку третоосомничениот за криминалната група прибавувале, пренесувале и споделувале информации за постапки што се од значење за јавната безбедност, како и за безбедносни и разузнавачки активности на државните органи. За ваквото неовластено откривање со кое предизвикале штета во работењето и ефикасноста на истражните органи и органите на прогонот и го отежнувале или оневозможувале обезбедувањето на доказите, осомничените добивале награда.Според содржината на наредбата за истрага осомничените, заедно или поединечно, со информациите што ги споделувале, го отежнале докажувањето во кривичните постапки и тоа:– за кривично-правен настан случен во декември 2019 година, секој посебно заканувајќи се дека повторно ќе биде нападнат тој или членовите на неговото семејство, влијаеле врз оштетен – жртва на обид за Убиство по нарачка, а сега починат, да ја смени изјавата дадена пред овластени полициски службеници;– за Убиство во месец август 2020 година осомничените споделиле значајни информации за криминалната група;– во текот на втората половина од 2020 година осомничените споделувале службени информации за примена на посебни истражни мерки за тогаш актуелно криминалистичко истражување под кодно име „Планина“ во кое беа опфатени лица од оваа организирана група;– за кривично – правен настан случен во септември 2020 година во кој петмина беа осомничени за кривично дело Грабнување биле пренесени информаци за обезбедените докази и изјави на сведоции задржани лица;– за двојното убиство од март 2021 година во Скопје за кое биле пренесени информации кој е задржан во полициска станица, кои активности се преземаат и кои службени лица се вклучени во криминалистичкото истражување.Првично обезбедените материјални докази за првоосомничениот упатуваат дека тој и членовите на неговото семејство поседуваат недвижен и движен имот и штедни влогови, што во големи размери ги надминуваат неговите законски приходи како полициски службеник.Осомничените денес ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје на кој јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите ќе му предложи да им биде определена мерката притвор.

Македонија | пред 1 година

granica-carina

Странец осомничен за давање поткуп на Блаце, доставен предлог за притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Давање поткуп согласно член 358 став 1 од Кривичниот законик.На 30 октомври, на граничниот премин “Долно Блаце”, при влез во државава, осомничениот 50-годишник директно на службено лице му дал подарок за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши.Откако претходно, при пасошка контрола и проверка, полицискиот службеник констатирал дека осомничениот веќе престојувал во Република Северна Македонија 90 дена во изминатиот период од 180 дена, по што му одбил влез, осомничениот за 20-тина минути се вратил на граничниот премин и директно на раководителот на смена му дал парични средства во износ од 100 евра со цел да му дозволи да оствари влез во државава.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин кој нема регулиран престој во земјава и дека постои реална опасност од бегство.

Македонија | пред 1 година

5-1536x864-1

ОЈО Штип го расчистува случајот со опожареното возило на медиумски работник, се проверува дали има видео-снимки

Основното јавно обвинителство Штип постапува и издава наредби и насоки за расчистување на случајот со опожарено возило на медиумски работник – уредник на локална телевизија.Наредбите се да се извршат соодветни вештачења со кои ќе се утврдат причините за пожарот и идентификација на можен сторител на евентуално кривично дело. По наредбите и насоките постапува Министерството за внатрешни работи и вешто лице од Дирекцијата за заштита и спасување.Дополнително, дадени се насоки да се изврши проверка дали постојат евентуални снимки од видео надзор на подрачјето каде е опожарено возилото.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Продавачки на билети во ЈСП добија обвинение: присвоиле 23 милиони денари, проневера правеле со уплати во билетари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица кои ги товари за продолжено кривично дело – Проневера во службата според член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тие заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист.Две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложи и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Јавен клинч на републичкиот со вишиот обвинител: Стигнаа пријави за закани, притисоци и недолично однесување

Како Јавен обвинител на Република Северна Македонија ги отфрлам неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје за кои тврдења до овој момент не е презентиран ниту еден доказ, вели јавниот обвинител Љупчо Коцевски„Согласувајќи се дека јавноста има право да ја знае целосната вистината, укажувам дека:– Контролата во Вишото јавно обвинителство Скопје ја опфаќа работата на сите јавни обвинители во тоа обвинителство, а обвинителите кои чесно и одговорно си ја вршеле работата немаат ниту реакции, ниту стравувања, бидејќи знаат дека контролата се спроведува согласно закон.– Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам.– Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи! Кога ја презедов функцијата јавен обвинител дадов заклетва дека оваа функција ќе ја вршам чесно и одговорно и ветување дека ќе ја вратам довербата во јавнообвинителската организација. Тоа и ќе го направам. Сите сознанија до кои ќе дојдам по извршената контрола и сите информации кои деновиве продолжуваат да пристигнуваат до мене имам намера да ги објавам веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство.– До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда“, изјави Коцевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

За двајца осомничени за тепачката со пукањето во Чаир се бара притвор, еден е во бегство, а за четвртиот се прибираат докази

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“.

Македонија | пред 1 година

oruzje

Пиштоли, рамки, шаржер за пиштол, околу 1000 куршуми, бомби и хероин пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот и подрумските простории во сопственост на 48-годишен скопјанец, полициски службеници на 14 октомври пронашле поголемо количество оружје и муниција кои тој ги држел неовластено.Во домот на улица „Козјак“ биле пронајдени три пиштоли, рамки, шаржер за пиштол како и околу 1000 куршуми со различен калибар. Освен тоа, осомничениот поседувал две рачни шок бомби и една рачна флеш бомба кои на граѓаните им се забранети. При претресот била откриена и наркотична дрога – хероин во вкупна нето маса од 7,75 грама, како и сива дигитална вага со остатоци од хероин.Врз основа на обезбедените докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 став 5 во врска со став 3, како и за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и сведоците, како и оправдан страв дека осомничениот би можел да го повтори делото.

Македонија | пред 1 година

semejno-nasilstvo

„Ја удирал по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи“, покрената постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштетената за коса, ја извадил од такси возилото и ја удрил со глава во челото со што и ја пукнал левата аркада. Потоа продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи.Според проценката на јавниот обвинител, во конкретниот кривично-правен настан се исполнети законските претпоставки за определување на мерка притвор – опасност од бегство и можност да го повтори семејното насилство кон оштетената. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

biloski-lekovi

Им дал алкохол на тинејџери, па потоа таблети „за подобро расположение“, обвинение против скопјанец

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 40-годишен скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и четири кривични дела – Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава, во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година. Тој заедно со децата почнале да конзумираат алкохол првично на летниковец во дворот, а потоа во текот на ноќта и во дневната соба од куќата. Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Дел во таблети, а дел изронети за да можат да се земат преку шмркнување со носот, им ги понудил на оштетените деца „за подобро расположение“. Иако бил свесен дека од ваквата комбинација на лекови и алкохол може да настапи штетна последица, тешко им го нарушил здравјето на децата. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди.Обвинетиот ги оставил децата и си заминал да спие во спалната соба. Утрината кога станал повторно ги затекнал како лежат во безсознание и ги оставил без каква било помош, иако претходно самиот го довел во опасност нивниот живот.При интервенција по пријава за нарушен ред и мир, полицијата ги пронашла децата паднати на подот во дневната соба со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај нив било констатирано присуство на бензодијазепини во зголемена концентрација, како и присуство на “карбамазепин“, “диазепам“, „нордазепам“, „циталограм“, „темапзепам“ и „парацетамол“ во крвта.

Македонија | пред 1 година

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Скопјанец истепа припадник на ЛГБТ заедницата, обвинетиот го призна насилството, изречена условна казна

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина против 30-годишен скопјанец за кривично дело – Насилство во квалификаторен облик сторено од омраза, казниво според член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Сега осудениот Ф.Г. ја призна вината онака како што беше наведено во поднесеното обвинение, односно се изјасни дека делото го сторил од омраза кон оштетениот заради неговата сексуална ориентација и припадност кон ЛГБТ заедницата. Грубото насилство го извршил на 31.08.2022 година, на плоштадот „Скендер-бег“ во Скопје за време на јавен собир на граѓани за солидарност и поддршка во врска со насилство врз 11-годишно девојче од Косово. Додека чекале собирот да почне, Ф.Г. му се приближил на оштетениот, почнал да го навредува, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото и нанесувајќи му телесни повреди. Со насилството предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други лица присутни на местото.Основниот кривичен суд Скопје го огласи Ф.Г. за виновен и му изрече условна осуда – казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело три години по правосилноста на пресудата. Исто така, определена му е и алтернативна мерка – заштитен надзор во период од две години по правосилноста на пресудата за која е определено да ја врши надлежната пробациска канцеларија на подрачјето на Основниот кривичен суд Скопје и за надзорот да го известува судот. Доколку осудениот во наведениот период не ја исполнува обврската за користење на слободното време според оцена на надлежниот орган согласно закон, судот ќе ја отповика условната осуда, соопшти Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

samka

Условна казна за Самка Ибраимоски кој се закануваше на уставен судија, предлага Обвинителството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик.На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема оштетена – судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со законот за застареност на долгови, обвинетиот објавил пост со закани дека ќе го стори кривичното дело, директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Со казнениот налог обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата.

Македонија | пред 1 година

ujp

Петнаесет лица вработени во УЈП обвинети за даночно затајување и перење пари

И покрај поднесениот Обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот обвинител Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предметниот јавен обвинител продолжи со постапување. Постапката е како резултат на индиции што произлегоа од доказите што обвинителството ги достави до судот со поднесување на обвинителниот акт во предметот „Синџир“. Врз основа на дополнително обезбедениот доказен материјал денеска до Основниот кривичен суд Скопје обвинителството поднесе Обвинителен предлог против петнаесет лица вработени во Генералниот даночен инспекторат на УЈП и Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола и Прилеп. На сите обвинети им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.1 и чл.45 од КЗ.Станува збор за службени лица во Управата за јавни приходи кои во посочениот период биле главни генерални инспектори или вршители на должност, нивни заменици, управници на регионалните дирекции, началници на даночни инспекторати и раководители на Одделенијата за регистрација и утврдување на даноци во регионалните дирекции, членови на телата за одобрување на ДДВ побарувања со барање за враќање при регионалните дирекции, самостоен даночен советник за анализа на ризик и планирање на контроли и инспектор за даночни обврзници.Според дејствијата содржани во диспозитивот на предлогот обвинетите во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2021 година како службени лица во Управата за јавни приходи, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, не ја извршиле својата службена положба и овластување со намера да прибават за друг значителна имотна корист или на друг да му нанесат значителна имотна штета. Притоа, постапиле спротивно на одредбите од Законот за даночна постапка, Законот за управата за јавни приходи, Правилникот за систематизација на работни места во Министерството за финансии, Управа за јавни приходи, Процедурата за надворешна контрола, Упатството за одобрување и враќање на даночно побарување за ДДВ и Правилникот за внатрешна организација на Управата за јавни приходи. Така, во зависност од нивните службени овластувања не ја организирале и координирале работата на Генералниот даночен инспекторат со функциите на Регионалните даночни инспекторати во Скопје, Прилеп и Битола, за дел од даночните обврзници не извршиле соодветно рангирање според степенот на ризичност и самостојно не издале налози за контроли, не изготвиле предлог листи на даночни обврзници за вршење надворешна контрола, иако дел од обврзниците според степенот на ризик припаѓале во ризични даночни обврзници каде задолжително било потребно да се извршуваат надворешни контроли. Така, за дел од кривичноодговорните правни лица опфатени во предметот „Синџир“ кои како даночни обврзници поднесувале задолжителни даночни пријави и годишни завршни сметки во Регионалните дирекции Прилеп, Битола и Скопје, по основ на непресметан и неплатен данок прибавиле значителна имотна корист во износ од 167.918.419 денари предизвикувајќи штета на УЈП во вкупен износ од 206.456.437 денари.Заедно со Обвинителниот предлог, имајќи ги предвид околностите сврзани за личноста на обвинетите, околностите под кои е сторено делото, особено имајќи предвид дека обвинетите се службени лица кои во вршење на својата служба го имаат сторено кривичното дело и дека може да бидат недостапни на органите на прогонот и на тој начин да го оневозможат непреченото водење на постапката, предметниот обвинител поднесе и посебен предлог со кој предлага судот спрема обвинетите да определи мерки на претпазливост. Воедно, укажувајќи дека во Специјализирано судско одделение за судење на кривични дела од областа на организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје веќе се постапува по предмет оформен по обвинителен акт на ОЈО за ГОКК од 22.01.2024 година против физички и правни лица обвинети за кривични дела Злосторничко здружување од чл. 394 ст1 и 2, Даночно затајување од чл. 279 ст. 2 в.в ст. 1 чл.45 и Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 од КЗ, предметниот обвинител достави и посебен предлог да се спроведе единствена постапка и поднесениот обвинителен предлог да биде споен во веќе оформениот предмет. Како образложение на предлогот обвинителството укажа дека постои меѓусебна врска помеѓу извршените кривични дела сторени од страна на обвинетите наведени во обвинителниот предлог и кривичните дела сторени од страна на обвинетите наведени во поднесениот Обвинителен акт, како и дел од доказите кои веќе се доставени со претходно поднесениот обвинителен акт.​

Македонија | пред 1 година

DSC_0104

Посебни обвинители ќе гонат сериозен криминал во Скопје: ова било потребно поради многу вакви предмети кои ги имаат од годинава

Во координација со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донесе дополнување на Годишниот распоред за работа на јавните обвинители во тоа обвинителство, со кое формираше посебно одделение за сериозен и сложен криминал.„Ова одделение ќе постапува по предмети за кривични дела за кои е пропишана казна доживотен затвор со поголем број обвинети и обем на докази, предмети во кои се спроведуваат финансиски истраги, сложени предмети со поголем број кривични дела, обвинети или обем на докази и предмети од исклучителен интерес на јавноста.Со одделението формирано согласно член 15 и член 25 од Законот за јавното обвинителство ќе ракови јавниот обвинител во ОЈО Скопје Владимир Милошески, а покрај него се распоредени уште седум јавни обвинители од скопското обвинителство со повеќегодишно искуство во постапувањето против вакви кривични дела.Потребата од организациска промена во работата на Основното јавно обвинителство Скопје и формирањето на новото одделение се наметна поради забележаните состојби и приливот на предмети во текот на 2024 година, кои опфаќаат сериозни и сложени облици на криминал изразени преку неколку индикатори:– Измените на Кривичниот законик, особено во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, предизвикаа промени во однос на стварната надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради што голем дел од предметите во претходна постапка за член 353 став 5 од КЗ се доставуваат на стварна и месна надлежност на ОЈО Скопје.– Понатаму, земена е предвид измената на членот 98-а за проширена конфискација во истиот закон, што бара поинаква внатрешно – институционална поставеност и зголемен ангажман на јавните обвинители уште во предистражна постапка, заради навремени финансиски истраги– При тековното предметно работење и следење на состојбите по однос на криминалитетот, забележани се облици на сериозен и сложен криминалитет, првенствено поврзани со кривични дела против животот и телото, кривични дела против здравјето на луѓето, кривични дела против службената должност и кривични дела против јавните финансии на територијата под надлежност на ОЈО Скопје. Главна одлика кај овие кривични дела е голем број инволвирани лица и правни субјекти, сложеност на дејствијата кои треба да се испитаат и утврдат и воедно да се детектираат во целина настапените штетни последици како законско обележје на кривичните дела. Имајќи предвид дека сторителите се почесто користат разни механизми за прикривање и на кривично – правните дејствија и на непосредната и посредната противправна имотна корист од казнивите поведенија, тоа ја усложнува истражувачката активност и бара дополнителни познавања и посебна посветеност на јавните обвинители за истражување и гонење на овие облици на криминал.– Одделението со квалитативен и квантитативен капацитет за гонење на сериозен и сложен криминал треба да даде соодветен стимул и на правосудната полиција во нејзината откривачка функција, како и на сопствените истражителски капацитети во истражниот центар, преку ефективно насочување на дејствијата и мерките во предистражна постапка.Крајната цел на новоформираното одделение е адекватна кривично – правна заштита на граѓаните и ефикасен институционален одговор на сложените облици на кривични дела“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

IMG_6542

Кај 22-годишник од тетовтско пронајдени 107 гранки канабис

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Истрагата е поведена бидејќи полициски службеници на 9 септември кај осомничениот во селото Јажинце пронашле 107 гранки со лисја и вршунки во делумно свежа состојба од растението канабис сатива.До судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставен е предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања