Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОБВИНИТЕЛСТВО

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Пет лица осомничени за насилство во дворот на Клинички центар, удирале со тупаници и метални шипки

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице.По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син.Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Скопјанец обвинет за убиство на сопствената баба, додека јадела почнал да ја удира по главата и телото

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4358

Коцевски на форум на државни обвинители од Западен Балкан во Будва

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски вчера во Будва, Р.Црна Гора, учествуваше на консултативниот форум на државни јавни обвинители и јавните обвинители од специјализираните обвинителства за гонење организиран криминал и корупција од земјите од Западен Балкан. Форумот го организираше црногорското Врховно државно обвинителство и Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан.„Кога станува збор за борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои ги разјадуваат општествените ткива на нашите држави, предизвиците не се ниту малку на број, ниту пак лесни за справување“, рече Коцевски, наведувајќи го недостигот на материјални и кадровски ресурси, но и законските измени со кои се ограничуваат директните механизми за справување со корупцијата, преку намалување на санкциите, а со тоа и на роковите за застареност на најважните коруптивни кривични дела.Меѓу напорите кои македонското обвинителство ги вложува во овие области, тој ги наведе истражните центри во скопското, тетовското и кумановското обвинителство, како и во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, јакнењето на капацитетите за финансиски истраги, плановите за дигитализација и за јакнење на транспарентноста на обвинителското постапување.„Меѓутоа, и покрај сите овие напори тешко би дошле до вистински резултати во борбата против организираниот криминал без ефикасна меѓусебна соработка. Сторителите на кривични дела лесно ги прошируваат и префрлаат своите дејствија од една во друга држава со што се обидуваат да го избегнат кривичниот прогон. Наша обврска како истражни органи е да им застанеме на патот, а најефикасно оружје за таа цел е нашата меѓусебна координација. Како јавни обвинителства имаме обврска да ги негуваме и дополнително да ги развиваме можностите во оваа насока, особено во нашиот регион“, рече Коцевски.Заедно со него на форумот учествуваше и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, како и обвинителката за врски со Европравда Ленче Ристоска.На маргините на форумот, Коцевски оствари билатерални средби со претседателот на Европравда Ладислав Хамран, како и со црногорскиот врховен државен обвинител Милорад Марковиќ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-34-4250PM

Се подигаат траги, се бараат докази: потрагата по убиецот од Пластичарска трае

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.

Скопје | пред 1 година

IMG_3331

Јавното обвинителство одржа состанок за подобрување на регулативата за спроведување дисциплински постапки

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, членовите на Советот на јавни обвинители и членовите на Дисциплинската комисија при Јавното обвинителство вчера одржаа работен состанок организиран од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ Компонента 1 на тема Дисциплински постапки во Јавното обвинителство на која беше презентиран извештајот за дисциплинските постапки и се дискутираше за потребата од измени на Правилникот за начинот на спроведување на постапка за утврдување на одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда.Учесниците на состанокот ја истакнаа потребата од понатамошно подобрување на постоечката регулатива во спроведување на дисциплинските постапки во согласност со европските стандарди.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Немаат разрешница: За два месеци, седум убиени во Македонија - двојното убиство во кумановско е последно во низата

Двојното убиство во кумановско е последно во низата, а во Макеоднија имаше дури седум жртви, во последниве два месеци, како последица на крвопролевање. Сите се случија од средината на ноември до средината на јануари.Син кој беше пуштен од Психијатрија-Бардовци го уби татко му во Кисела Вода во ноември минатата година. И по два месеци, обвинителот тврди дека го нема обдукцискиот наод. А за тоа што синот бил пуштен од болницата – нема да има одговорност.„Во текот на истрагата е утврдено дека пациентот е пуштен на викенд во домот врз основа на потпишано барање од родителот“, велат од Обвинителството.Следуваше најгрозоморното киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пет осомничени во притвор, но осомничениот планер и реализатор Љупчо Палевски-Палчо – илјадници километри далеку од Македонија. Обвинителството тврди истрагата е во сериозна фаза, адвокатот Владимир Туфегџиќ кој го брани таткото на Вања бара реконструкција.„Очекувам да се преземе дејствие за реконструкција на настанот. Убеден сум дека во оваа постапка е направена уште една голема трагедија“, рече Туфегиќ за „Скопје1“.Најмладата жртва е двегодишното девојче од Кичево. Почина како последица на скршена коска на черепот, крварење на мозокот и скршеници на двете ребра. Обвинителот собра докази, осомничениот во притвор – случајот и натаму во се истражува.План за убиство на четири лица, а убиени две, имаше во Челопек на два дена пред Нова Година. Од јавното Обвинтиелство велат: „Притворот за осомничениот е продолжен за нови 30 дена. Основното јавно обвинителство Тетово ги очекува резултатите од наредените вештачења, а во меѓувреме сослушува сведоци“.И јануари беше крвав месец. Имаше пукање пред Клиничкиот центар во Тетово. Во овој случај, осомничениот убиец е на слобода.„За осомниченото лице кое веднаш по настанот избегало од местото и до овој момент е недостапно е доставен предлог за притвор. Ќе биде лишен од слобода кога ќе биде најден“, велат од Обвинителството.Последното убиство беше на крајот од јануари, во Ново Лисиче. Внук ја уби сопствената баба. „Скопје1“ објави детали за случајот и тоа кој е внукот. Бабата била тепана и задавена. Осомничениот се бранел и тврдел дека не го сторил делото. Тој е зад решетки.Заедничко за сите случаи е што ниту еден не е стигнат ниту до обвинение со кое осомничените ќе одговараат пред македонските судови.И овие убиства не се единствените. Останаа нерасчистени и неколку ликвидации и обиди за ликвидации во Скопје – како што е пукањето во „Шиша бар“ и двојниот обид за убиство на Раде Трајковски-Штекли.

Македонија | пред 1 година

kocevski1

Новиот државен обвинител почасти стотина гости за изборот: пола забава платена од државна сметка, пола од џеб

Новиот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски си направил забава за добредојде во куполата на Јавното обвинителство, а ги поканил колегите, претставници на стручна фела, невладини организации и државни институции. Коцевски трошел од државната каса за да ги угости со кетеринг, а пијалаците ги платил од сопствен џеб. Есапот излегол околу 80.000 денари, тврди Обвинителството. На собирот ја повикал и Вилма Русковска, иако таа беше разрешена поради незаконско постапување од Комисијата за дисциплински повреди, чиј претседател беше токму Коцевски. А на собирот биле поканети актуелни и поранешни обвинители, меѓу кои, и неговиот претходник, Љубомир Јовески, како и други пензионирани обвинители.„Скопје1“ дознава дека забавата била минатиот четврток, а имало над 100 гости. За оваа информација побаравме потврда и од Обвинителство, кои пак велат: „Обвинителството не поседува листа на гости кои се одзвале на поканата“. Прашавме и кој ја правел листата на пожелни гости кои треба да му посакаат успешен старт на Коцевски, но и на тоа прашање нема одговор.„По состанокот беше организирана и неформална средба на јавниот обвинител и останатите јавни обвинители со претставници на стручната фела, невладини организации и на повеќе државни институции“, стои во кусиот одговор од Обвинителство на прашања за поканетите гости.Обвинителството можело да ја плати и целата сметка за забавата на Коцевски, но новиот државен обвинител решил дел да подмири сам. Доказ за уплатата на храната, Обвинителството достави до „Скопје1“. Колку чинеле пијалоците – не е познато, но од Обвинителството велат дека и тие ги донел Коцевски.„Иако Јавното обвинителство, врз основа на законски прописи и одобрен Буџет од Министерството за финансии има спроведено јавна набавка за кетеринг услуги и има предвидени средства за таа намена, од тие средства беа искористени само 39.102 денари, односно помалку од половина од сметката за храна. Останатиот дел од сметката во висина од дополнителни 40.698 денари, како и трошоците за пијалаци послужени за време на неформалната средба ги плати лично Јавниот обвинител Коцевски“, додаваат од Обвинителството за „Скопје1“.Според уплатницата која ја достави Обвинителството, Коцевски долгот кон фирмата која ги гоштевала гостите го платил денеска на пладне. Иако имало над сто гости, тој платил од својот џеп за 51 лице. За останатите, парите се издвоени од буџетот.

Македонија | пред 1 година

244466876_1265174603930666_8619855635729761302_n

Обвинителите креваат бунт за намалувањето на платите: Вака не се придонесува во нашата независност

Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители смета дека со измените на Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители не се придонесува во насока на креирање на финансиска независност на Јавното обвинителство во целина согласно меѓународните стандарди.„Ова особено поради фактот дека токму постоењето на посебни закони за плати на јавните обвинители во кои е наведена забрана за какво било намалување на платите со измени во закон, треба да ја гарантира независноста на јавните обвинители во вршењето на функцијата. Примањата по основ на плата се единствени приходи на јавните обвинители, имајќи ги предвид законските ограничувања за вршење на каква било друга дејност.Здружението на јавните обвинители го поддржува повикот на Здружението на судии во врска со Законите за плати на судиите и Законот за плати на членовите на Судскиот совет и во иста насока реагира на измените во Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители“, велат од Здружението на јавните обвинител.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Сите што упаднаа во М-НАВ да ги пуштат на слобода, побара Обвинителството, а судот прифати

Сите осомничени за упадот во М-НАВ, треба да бидат на слобода. Ова е ставот на скопското Обвинителство.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за 6 лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за претпазливсот“, велат од Кривичен суд и додава:„Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка, го прифатија предлогот на Јавниот обвинител и донесоа решенија со кои за А.О., Р.Б. и Љ.Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, додека за С.Ш., О.А. и Е.С. ја укинаа мерката притвор и им определија мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т.1,2.3 и 6 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица. Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-15-at-11.13.26

Вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе се тресе поради издавање документи без „северна“ изминатите пет години

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дека ќе биде транспарентен, но веќе на првото прашање за отворање на предмет поради издавање на документи без „северна“ – немаше одговор. Вети дека ќе биде отчетен, но не кажа дали Обвинителството ќе започне предистрага за лицата во МВР кои изминатите пет години нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и не овозможиле издавање на документи со новото уставно име, како што било пропишано.„Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста е за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка“, рече Коцевски во првата изјава за медиумите.За потсетување, адвокатот Владимир Туфегџиќ посочи дека за ова треба да има одговорност.„Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02.2024 сабајле во 08,00 треба да биде во Јавно обвинителство“, напиша Туфегџиќ пред три денаПо заклетвата, новиот државен обвинител посочи дека ќе постапува според Уставот и законите, па додаде дека искуството ќе му помогне да биде одговорен шеф.„Со моето долгогодишно знаење мислам дека можам да одговорам на функцијата. Во програмата која ја дадов, основните начела се транспарентноста, а тоа ќе ја поттикне ефикасноста кај јавните обвинители и ќе ја подобри довербата кај јавноста. Тоа треба да биде единствениот орган кој се бори со корупцијата. Ова што го ветувам ценам дека ќе го исполнам. Сега пред јавноста изјавувам дека Обвинителството и јас ќе бидеме отворени за јавноста, ќе бидеме во секое време отворени за информации“, додаде Коцевски.Неговата биографија не е јавно објавена. Познато е дека ако не беше избран на функцијата, за неколку месеци ќе беше пензиониран.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Коцевски го наследува Јовески - за новиот државен обвинител малку се знае

Власта смогна сили и изгласа Љупчо Коцевски да биде нов републички јавен обвинител. Собраниското мнозинство на СДСМ и ДУИ го излгасаа со 62 пратеници, па сега, тој ќе го наследи Љубомир Јовески кој претходно ја извршуваше функцијата пред Соња Симовска да биде именувана за в.д. државен обвинтител.Изборот на Коцевски доаѓа откако Советот на јавни обвинители ја исфрли од игра обвинителката Фатиме Фетаи и кажа дека немала комплетна документација. Лидија Раичевиќ не ја доби поддршката од колегите кои сметаа дека не е обвинител кој треба да стане републички.За човекот од заднина малку се знае. Љупчо Коцевски во Државното обвинителство дојде од Вишото јавно обвинителство во Гостивар во јануари 2022. Работел како адвокат, а бил и дел од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-03-18-at-00.24.43

Уште пред да ги изберат, се знаеше дека ќе бидат тие: Пеливанов и Сарамандова си одат во Вишо

Обвинителите Наташа Сарамандова и Трајче Пеливанов се избрани за обвинители во Вишо обвинителство, како што најави „Скопје1“ утринава пред седницата. Нивниот избор беше договорен уште пред седницата, за што брифираа извори од Советот на јавни обвинители за „Скопје1“. На седницата по кратките пофалби, двајцата обвинители го добија само мнозинството гласови.Изборот на Пеливанов во повисокото обвинителство доаѓа во период кога за него беше објавен скандл. „Алфа“ пишуваше дека додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – а пораки го открија пријателството. За него има дисциплинска постапка и пред Советот на јавни обвинители, истото тело кое денеска планира да го избере во Вишото обвинителство-Скопје. Тој е познат и како „наследникот на Русковска“, бидејќи беше в.д. шеф кога Вилма беше супсендирана поради дисциплинската постапка која се водеше против неа. Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, минатиот април, Пеливанов беше дел до тимот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Обвинителот Пеливанов, како обвинител од СЈО во група со обвинителката Ленче Ристоска и Артан Ајро го застапуваше обвинението за масовното незаконско прислушување, но и за нелегалната набавка на британска опрема за следење за кои Сашо Мијалков.Сарамандова пак, се обиде да стане обвинтиелка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но неуспешен. Сарамандова е позната по четири предмети, од кои едниот е поврзан со гонењето на Здравко Савески поради фрлањето боја за време на шарената револуција врз државните фасади. Второто обвинение покренато од неа е против поранешниот судија кој сега е во затвор Владимир Панчевски за злоупотреба на АКМИС-системот. Последно во низата е обвинението против Емил Јакимовски за заканите против новинарки и семејно насилство, каде беше досудена дваесетмесечна затворска казна. Последниот е поврзан со гонење на десет лица од кои пет се од МВР, осомнични за шверцување на лускузнзи автомобили.Пеливанов и Сарамандова на чекор до Вишо – кои предмети ги водеа, за да сега бидат унапредени - Скопје1.мк (skopje1.mk)(Видео) Додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – пораки го открија пријателството - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 2 години

saramandova

Пеливанов и Сарамандова на чекор до Вишо - кои предмети ги водеа, за да сега бидат унапредени

Обвинтиелите Трајче Пеливанов од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Наташа Сарамандова од Основното јавно обвинителство-Скопје на чекор да бидат избрани во Вишото обвинителство-Скопје, неофицијално дознава „Скопје1“ од свои извори. Во Советот на јавни обвинители, седницата за избор ќе се одржи денеска, а се чини дека уште пред да се излезе пред јавноста за дискусија и гласање, сите детали се усогласени.Изборот на Пеливанов во повисокото обвинителство доаѓа во период кога за него беше објавен скандл. „Алфа“ пишуваше дека додека тимот на Катица Јанева го гонеше, Пеливанов се допишувал со сега избеганиот Исмет Гури од ДУИ – а пораки го открија пријателството. За него има дисциплинска постапка и пред Советот на јавни обвинители, истото тело кое денеска планира да го избере во Вишото обвинителство-Скопје. Тој е познат и како „наследникот на Русковска“, бидејќи беше в.д. шеф кога Вилма беше супсендирана поради дисциплинската постапка која се водеше против неа. Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, минатиот април, Пеливанов беше дел до тимот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Обвинителот Пеливанов, како обвинител од СЈО во група со обвинителката Ленче Ристоска и Артан Ајро го застапуваше обвинението за масовното незаконско прислушување, но и за нелегалната набавка на британска опрема за следење за кои Сашо Мијалков.Сарамандова пак, се обиде да стане обвинтиелка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но неуспешен. Сарамандова е позната по четири предмети, од кои едниот е поврзан со гонењето на Здравко Савески поради фрлањето боја за време на шарената револуција врз државните фасади. Второто обвинение покренато од неа е против поранешниот судија кој сега е во затвор Владимир Панчевски за злоупотреба на АКМИС-системот. Последно во низата е обвинението против Емил Јакимовски за заканите против новинарки и семејно насилство, каде беше досудена дваесетмесечна затворска казна. Последниот е поврзан со гонење на десет лица од кои пет се од МВР, осомнични за шверцување на лускузнзи автомобили.Седницата во Советот на јавни обвинители ќе се одржи во 10:30 часот.

Македонија | пред 2 години

IMG_4387

Дете од Скопје преживеало хорор во градинка, го изгубило и говорот: негователка го влечела за коса и му се обраќала со погрдни зборови

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка за која постои основано сомнение дека сторила продолжено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.„Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кон осомниченото лице: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана за посетување на детската градинка и сите објекти кои се дел од истата детска градинка, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување на контакти или врски со со оштетеното дете, со неговите родители и со сведоците, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно оддалечување од работното место“, велат од Обвинителство.

Скопје | пред 2 години

sudija

Амбасадата на Австрија со критики за македонскиот правосуден систем, бара да се разрешат сите судии и јавни обвинители

Преку допис, амбасадата на Австрија го критикува македонскиот правосуден систем, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „Дена трејд“ за производство на корнишони.Австриската компанија, како што стои во информацијата во случајот не може да си наплати долг од 4,5 милиони евра во меѓународна арбитража.Според појаснетото во соопштението, станува збор за компанија која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи, која има побарувања во висина од 4,5 милиони евра од „Дена“.Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, со критики до македонското правосудство, бара да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „ДЕНА трејд“ за производство на корнишони, поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.Во отвореното писмо од Амбасадата на Австрија во Македонија се опишува проблемот:„Основниот граѓански суд во Скопје на 7 јуни годинава издаде времена мерка во корист на компанијата AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија, високо ценет индустриски снабдувач на зеленчук во регионот на Југоисточна Европа, првенствено ангажиран во трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи. Со забраната се замрзнува недвижниот имот на фирмата ДЕНА ПРОДУКТ Увоз Експорт Велес (ДЕНА) во сопственост и управуван од г-дин Атанас Костов од Валандово до признавање и извршување на арбитражна одлука во износ од приближно 4,5 милиони евра дадени на 3 јануари 2023 година во фер и транспарентен процес од реномиран меѓународен арбитер, во корист на АММА. Не е изненадувачки што мерката е обжалена.Испаѓа дека патот до извршување на меѓународна арбитражна одлука во Северна Македонија е тежок и комплициран, и ги загрозува инвестициите преземени од австрискиот инвеститор. Во случајов времето е значителен фактор, со оглед на тоа што ДЕНА уште од почетокот, со поддршка на сродни компании, извршители и нотари, презема разни активности за да ги избегне и спречи легитимните побарувања од АММА, и тоа на следниве начини:– најголемиот дел од својот имот го префрли на ГЛОБАЛ ТРЕЈД ДММ ДООЕЛ Валандово, (ГЛОБАЛ), поврзана компанија која е во сопственост на г-ѓа Емилија Заева Костова, сопруга на г-дин Атанас Костов, и братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев,– помогнала во спроведување на две извршни решенија против сопствените стакленици и имот во Валандово, при што има јасни докази дека официјалниот јавен катастар е изманипулиран како поддршка на овие акции, и трето,– спровела јавно наддавање на сопствена стаклена градина во Богданци на 10 јули 2023 година, иако е во тек граѓанска постапка и кривична истрага.Со последното закажување на јавното наддавање на 10 јули 2023 година, во корист на компанија поврзана со ДЕНА, АММА речиси сигурно нема да може да си го наплати отштетниот износ од 4,5 милиони евра.Зошто австриски инвеститор мора да ангажира три адвокатски канцеларии и да поднесе повеќе од десет тужби за признавање на арбитражна одлука во Северна Македонија? Како е можно да се манипулира со информациите од Централен катастар, официјалниот јавен регистар? Како може да продолжат извршни постапки, кога во исто време против некоја фирма се изречени привремени судски мерки, а против неа се води истрага? Зошто надлежните институции во државата, најважно, се Советот на јавни обвинители, Државниот јавен обвинител, Вишото јавно обвинителство – Скопје, се целосно неактивни и воопшто не го истражуваат случајот?Дали ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробија судството и службениците (извршителите и нотарите)?Како последица на тоа, австрискиот амбасадор Георг Вуцас побара од Судскиот совет и Советот на обвинители во неодамнешното писмо итно да ги отстранат сите неспособни или пристрасни судии и обвинителите во овие случаи. Секој притисок и влијание се некомпатибилни со независноста на судството и мора да се пријават за понатамошно постапување. Покрај тоа, амбасадорот Георг Вуцас ги повикува надлежните Комори на извршители и Комора на нотари да ги укинат лиценците на нотарите и извршителите кои ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во конкретниот случај.Австриската амбасада будно ќе ги следи понатамошните случувања во оваа работа, вклучително и сите нерешени правни барања до судовите и до јавното обвинителство. Ние ги изразуваме нашите големи надежи и очекувања дека правосудниот систем во Северна Македонија ќе дејствува самостојно и правично и ќе дозволи владеењето на правото да преовладува во разумна временска рамка.Австриската амбасадата ги повикува сите одговорни медиуми во Северна Македонија да бидат сведоци на јавната аукција во просториите на извршителот Ангел Костадиновски во Кавадарци, на 10 јули во 12:00 часот. На аукцијата ќе присуствува и амбасадорот Георг Вуцас, а тој ги повикува сите одговорни граѓани кои се залагаат за владеење на правото, особено државниот јавен обвинител, да му се придружат. Ако заложбите за борбата против корупцијата и организираниот криминал се искрени, сега е време да се обрне внимание, а не да се гледа настрана“, се вели во писмото од амбасадата на Република Австрија во Македонија.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања