Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОБВИНИТЕЛСТВО

Screenshot-2023-01-22-at-11.24.01

Екс обвинител до обвинителство: Дали изјавите на Османи дека не е важна истрагата, туку тоа што изјавува наркодилерот го доживуваат како мешање во работата и зошто НЕ?

Во интервју за бугарската БТВ министерот Бујар Османи вели дека за него е битно само тврдењето на Пендиков и неговото семејство дека причина за нападот е етничката припадност, без разлика дали истрагата ќе утврди други околности.„Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики“, рече Османи во интервјуто, по што поранешниот обвинител Војо Димоски објави статус во кој вели дека ова е мешање во работата на обвинителстовто.„Од Обвинителството најавија прес за да објаснеле како осомничен за трговија со дрога, без особена причина летна на лечење во странство, дури тие незаинтересирано го проследија со поглед.Добро е некој новинар да искористи прилика и да ги праша: дали изјавите на Бујар Османи дека не била важна истрагата туку за него било важно што изјавува наркодилерот за настанот, ги доживуваат како мешање во работата на ЈО и зошто не?“, вели Димоски.

Коментари | пред 3 години

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Детали за кражбата на уметнички слики: 33 годишен маж го сторил делото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 33 години осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 26 и 27 јуни, два пати влегувал во книжарница на улицата „Ѓуро Стругар“ во Скопје, од каде противправно одзел 16 уметнички слики со вкупна вредност од 984.000 денари.На 26 јуни, во раните утрински часови, со употреба на погоден алат и физичка сила, тој го скршил катанецот на задната влезна врата на книжарницата и од ѕидовите откачил и зел 6 уметнички слики од уметникот Павле Кузмановски. Настанот бил пријавен и биле преземени полициски дејства на лице место за откривање на сторител. Меѓутоа, осомничениот следниот ден, на сличен начин го скршил катанецот на предната врата и од книжарницата одзел уште 10 уметнички слики од истиот автор.Oценувајќи дека постои опасност од бегство на лицето како и веројатност тој да го повтори делото, особено затоа што се работи за лице кое и претходно е осудувано за ист тип кривични дела во земјава, но и во Германија, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Нова истрага: Три лица фалсификувале документи за регистрација на луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои првиот е осомничен за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другите двајца за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, како и за поттикнување на првоосомничениот да изврши злоупотреба на службената положба.Во периодот од јули 2020 година до мај 2021 година, првоосомничениот како службено лице – референт во МВР – ОУР Скопје, поттикнат од другите двајца, ја искористил својата службена положба и овластување и со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Со тоа на осомничените им остварил значителна имотна корист од 174.052 евра.Вториот и третиот осомничен, во наведениот период, поднесувале фалсификувани документи за регистрација на луксузни автомобили на кои им било извршено прикривање и промена на оригиналните идентификациски броеви. Првиот осомничен, без да ги направи неопходните проверки на целокупната документација, им овозможувал да ги регистрираат возилата и потоа да ги препродадат на трети лица.За тројцата осомничени, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото за кое се осомничени.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања