ОБВИНИТЕЛСТВО

media-library4cs1nq6ofkh13QXNepr

Ноќна полициска акција: Приведен и ексдиректор на ДУИ за финансиски проневери

Во ноќна полициска акција е уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги, дознава „Скопје1“.Заедно со Дардишта се уапсени уште неколку лица, а паралелно се извршени и претреси на повеќе локации низ државата. Од Јавното обвинителство засега не соопштуваат детали за идентитетот на другите приведени.Бујар Дардишта е кадар на ДУИ и во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираат дека акцијата се спроведува под раководство на јавен обвинител, а во неа учествуваат полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР.„Од ноќеска се преземаат координирани активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од финансиско-економска природа“, соопштија од ОЈО ГОКК.Од Обвинителството најавуваат дека повеќе информации ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.

Македонија | пред 1 месец

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Пациентот кој упадна во Инфомакс бил пресметлив кога тргнал да ги напаѓа: поднесено обвинение

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во дневно-информативниот онлајн медиум „Инфомакс“, како и спрема гостин во нивната емисија, со што ги спречил во вршење на професионалната дејност.Додека емисијата „Тешки муабети“ се емитувала во живо на YouTube и на социјални мрежи, обвинетиот пишувал навредливи и заканувачки коментари за еден од новинарите поради критиките што во емисијата биле упатувани кон премиерот.  Потоа обвинетиот дошол на адресата на која се наоѓа студиото, ја обил влезната порта, ги искршил и влезната врата од објектот и вратата на студиото, па како резултат на тоа емисијата била прекината.Еден од оштетените се обидел да го задржи обвинетиот да не влезе во студиото, но тој продолжил да вика и да им се заканува по живот, ги пцуел и ги навредувал присутните, а се обидувал и физички да ги нападне, замавнувајќи со рацете и фрлајќи со чаша кон нив. Оштетените повикале полиција, додека во меѓувреме успеале да го смират обвинетиот и да го извадат надвор на улица.Со насилничките дејствија обвинетиот предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените и други присутни лица. Медицинското вештачење на обвинетиот покажа дека и покрај неговата претходна душевна здравствена состојба, тој делото го извршил во состојба на пресметливост. Согласно тоа, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.Основното јавно обвинителство Скопје приоритетно постапува во сите предмети кои се однесуваат на евентуални напади врз новинари и загрозување на слободата на говор.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Љупчо Коцевски заминува во историјата како државен обвинител со најкраток мандат по осамостојувањето на Македонија – неполни две години на функцијата, и покрај повеќекратните јавни уверувања дека оставка нема да поднесе.Со неговото заминување, повторно се отвора едно од најчувствителните прашања во правосудниот систем – како се избира нов државен обвинител и кој ќе се нафати да го преземе „жешкиот костен“. Функцијата е клучна за функционирањето на правната држава, но и исклучително изложена на политички притисоци. Не случајно, еден од поранешните обвинители, Прчевски, кој поднесе оставка во знак на револт, јавно изјави: „Јас ќе бидам последниот будала кој се нафатил на оваа функција“.Иако позицијата формално е престижна, јавни аспирации засега нема, а во правните и политичките кругови кружат само шпекулации околу можните наследници на Коцевски.Измените на Законот за јавно обвинителство од 2020 година имаа за цел да ја зајакнат независноста на државниот обвинител и да спречат негово разрешување со секоја промена на власта. Сепак, практиката покажа дека законските одредби не се доволно прецизни. И изборот и разрешувањето се вршат со исто мнозинство – 61 пратеник, што, според дел од правната фела, остава простор за политичко влијание.Поради тоа, сè погласни се размислувањата дека е потребно воведување построги и поконкретни критериуми за разрешување, со цел вистинска заштита на независноста на функцијата.Процедурата за избор на наследник на Коцевски започнува уште денес. Собранието треба да распише јавен оглас за именување државен јавен обвинител, кој се објавува во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника, од кои еден мора да биде на јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните.Заинтересираните кандидати имаат рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот да поднесат пријава.По истекот на рокот, Владата бара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати. Советот е должен во рок од 15 дена да достави писмено образложено позитивно или негативно мислење.Од кандидатите кои ги исполнуваат законските услови и добиле позитивно мислење, Владата избира еден и го предлага до Собранието. Изборот, исто како и разрешувањето, се врши со 61 глас „за“, а кон предлогот задолжително се доставува и мислењето на Советот.Доколку Советот не достави мислење во предвидениот рок, истиот може да се продолжи за уште 15 дена. Ако и тогаш нема мислење, се смета дека тоа е позитивно.Процесот може да се искомплицира доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден кандидат. Во таков случај, Владата нема основ да предложи кандидат, па ќе му предложи на Собранието да распише нов јавен оглас.Законот прецизира дека за државен обвинител може да биде избрано лице со најмалку 10 години непрекинат работен стаж како јавен обвинител или судија од областа на кривичното право. Мандатот трае шест години, со можност за повторен избор, без оглед на возраста.Доколку изборот се одолговлечи, Советот на јавните обвинители именува вршител на должност од редот на обвинителите во ЈОРМ, кој ќе ја извршува функцијата до изборот на нов државен обвинител.Изборот на нов државен обвинител е еден од најважните процеси за функционирањето на правната држава, со директно влијание врз борбата против криминалот и корупцијата. Но, во услови кога „хартијата трпи сè“, вистинскиот тест допрва следува – дали овојпат клучни ќе бидат професионалноста, интегритетот и квалитетот на кандидатот, или повторно политичката математика.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

(Видео) Децата тепани со боксови во Сарај имаат повреди по глава, скршеница на носот: ќе одговараат за брутално насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе барање до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје за поведување подготвителна постапка против пет деца во судир со законот, поради сомнение дека сториле кривично дело насилство од член 386 од Кривичниот законик. Станува збор за малолетници на возраст од 14 и 15 години, кои заедно со уште едно дете помладо од 14 години, кое поради возраста не може кривично да одговара, групно извршиле грубо насилство врз двајца нивни врсници.Инцидентот се случил на 12 декември во дворот на основното училиште „Дитурије“ во скопско Сарај. Според наводите на Обвинителството, двете оштетени деца, исто така на возраст од 14 години, тргнале да си заминат дома кога на излезот од училишниот двор биле пресретнати од групата напаѓачи. Малолетниците започнале да ги удираат со тупаници и клоци по главата и телото, при што едното дете се здобило со површинска повреда на главата, а другото претрпело тешки телесни повреди, меѓу кои контузија на главата, скршеница на носот и повеќекратни хематоми по телото.Со насилното однесување, сторителите предизвикале чувство на страв и несигурност и кај други деца кои во тој момент го напуштале училишниот двор, наведуваат од Обвинителството. Имајќи ја предвид возраста на осомничените, но и потребата од непречено водење на постапката и заштита на оштетените, јавниот обвинител предложил судот да определи мерки на претпазливост, меѓу кои редовно јавување во суд, одземање на патни исправи и забрана за приближување и воспоставување каков било контакт со децата-жртви.Постапката ќе продолжи во согласност со законските одредби за постапување со деца во судир со законот, при што приоритет ќе биде заштитата на жртвите и спречување на понатамошно насилство.Претходно:

Скопје | пред 1 месец

media-library2hl79ehjdajiadU7zoW

(Видео) Нови детали: Жената во гостиварско била убиена со пиштол, пред да ја закопаат во дупката

Обдукцијата на починатата жена, чие тело беше пронајдено закопано во атарот на гостиварското село Неготино, е завршена и според првичните наоди, таа била лишена од живот со огнено оружје, соопштија од Обвинителството. По наредба на надлежен јавен обвинител, во тек е вештачење на трагите подигнати од повеќе локации, а паралелно се спроведуваат претреси и други истражни дејствија со цел целосно расветлување на случајот.Краткотрајниот притвор од 48 часа за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, додека јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување истата мерка и за второто лице кое претходно беше задржано во полициска станица.Случајот излезе на виделина откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во текот на ноќта, изврши увид на терен каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Поради сомневања дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции за противправно лишување од слобода, беше наредена обдукција, идентификација на телото и прибирање материјални докази од лице место.Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни активности, по што за едно лице беше определен краткотраен притвор за обезбедување докази, додека уште едно лице беше задржано на дополнителни проверки. Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува интензивно и дека се преземаат сите законски мерки за целосно испитување на околностите под кои е сторено убиството.ВИДЕО ОД ПРОНАОЃАЊЕТО:

Македонија | пред 1 месец

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Пронајдено тело закопано во атарот на гостиварско Неготино, постои сомнеж дека станува збор за жена која е пријавена за исчезната

Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека во текот на ноќта јавен обвинител извршил увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде било пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Според првичните информации, постојат сомненија дека се работи за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции дека можела да биде противправно лишена од слобода.Обвинителот наредил итна обдукција и идентификација на починатото лице, како и прибирање траги и материјални докази од лице место. Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни дејствија, меѓу кои и обезбедување лица за кои постоеле сомневања дека се во врска со настанот.За едно лице е определена мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбедат докази и да се спречи можност за влијание врз текот на истрагата. Уште едно лице е задржано, а за него во моментов се вршат дополнителни проверки.По наредба на јавниот обвинител, истрагата продолжува со преземање активности за целосно расветлување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со смртта на починатото лице.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-02-03-at-09.58.20

Ужас во Скопје: Брат го претепал брат си и го оставил во локва крв, сторил обид за убиство

Основното јавно обвинителство Скопје, по завршената истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „Убиство“ во обид, согласно член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Обвинетиот, 37-годишен жител на Марино, за време на семејно насилство во семејниот дом со умисла се обидел да го лиши од живот својот брат, удирајќи го со дрвена ногарка во пределот на главата.Иако оштетениот бил тешко повреден и паднал во бесознание, обвинетиот не се обидел да му помогне. Напротив, легнал да спие. Следното утро, кога забележал дека брат му и понатаму лежи на подот во локва крв, повторно го оставил без никаква интервенција и го пријавил настанот дури по неколку часа. На повредениот му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди кои го довеле во животно-загрозувачка состојба.Јавниот обвинител до судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор.

Македонија | пред 1 месец

oruzje-aracinovo-1

Разбиена криминална група: Оружје од Косово, складишта во Сингелиќ и Брест

По повеќемесечна предистражна постапка, рано утрово под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, полициски екипи од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал извршија координирана акција на повеќе локации во селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Ченто и Чаир.Во операцијата беа уапсени 12 лица осомничени за „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се товари и за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.По поднесената кривична пријава, јавниот обвинител отвори истражна постапка против сите 12 осомничени. Според обвинителството, групата делувала од април до декември 2025 година и била организирана со јасна структура и распределени улоги, со цел незаконска трговија со оружје – кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години.Првоосомничениот, како што се наведува, од засега непознати лица од Косово нелегално набавувал огнено оружје и муниција, кои потоа ги пренесувал во Македонија. Нелегалниот арсенал бил складиран на локации во Сингелиќ и Брест. Тој давал инструкции за пронаоѓање купувачи и за посредување во продажбата, а останатите членови на групата биле задолжени за набавка на муниција, логистика и координација на испораките. Еден од приведените се сомничи и за продажба на кокаин.Обвинителството соопшти дека се исполнети законските услови за определување притвор и најави дека до судијата на претходна постапка ќе поднесе предлог сите осомничени да бидат задржани во притвор.

Македонија | пред 1 месец

noz-ubistvo-napad

Пред очите на децата - со шприц се обидел да и вбризга пестицид на сопругата, па ја нападнал и со нож: Струмичанец осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга.  Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им.Оштетената успеала да влезе во бањата, но осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да и нанесува посекотини на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат.Во својот исказ пред јавниот обвинител жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала тоа да го пријави. Од тие причини, според јавниот обвинител, постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои и помогнале на оштетената и ја однеле во болница. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 месеци

kocevski-1

Мицкоски најави можност за смена на државниот обвинител: Јавноста не е задоволна од неговата работа

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека е незадоволен од работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, нагласувајќи дека истото чувство го дели и јавноста. Тој рече дека, поради тоа, логичен след на настаните би бил неговата смена.„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека „најголемиот дел од граѓаните, акламативно, мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро“, иако, како што посочи, буџетот кој го добива Обвинителството е поголем од оној што го имаат дури 75% од земјите членки на Европската Унија.„Ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај во кој ќе бидам критикуван, тогаш мислам дека некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави“, додаде премиерот, оставајќи простор за можноста за промени во раководството на обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Пет лица уапсени – директорот на Агенцијата за финансиска го фатиле на лице место како зема мито од 400 евра, а требало да добие вкупно 50.000 евра

Пет лица се уапсени во акција спроведена под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), соопштија од Обвинителството. Меѓу приведените е и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).„Вчера во попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар и полициските службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица“, наведуваат од Обвинителството.Првосомничениот, управител на приватна фирма, се товари за продолжено кривично дело „давање поткуп“ и „давање награда за противзаконито влијание, а тројца посредници – меѓу кои даночен референт од УЈП и државен службеник од Министерството за земјоделство – за „примање награда за противзаконито влијание“. Петтото лице, според Обвинителството, сторило продолжено кривично дело „примање поткуп“.Сомневањето е дека управителот на фирмата, од февруари годинава до денот на апсењето, во повеќе наврати директно или преку посредници му ветил подарок – 50.000 евра – на директорот на Агенцијата, за да обезбеди потпишување на договор за користење на финансиски средства од ИПАРД програмата, иако неговото правно лице не ги исполнувало условите на јавниот повик.Во текот на вчерашниот ден, директорот го потпишал договорот и примил дел од ветените пари – 400 евра, кои биле пронајдени и одземени при претресот, стои во соопштението.Обвинителството смета дека се исполнети условите за определување мерка притвор и предложи судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да ја одреди за сите осомничени.

Македонија | пред 2 месеци

media-library64igmk16bdlgaC3rvLw

Обвинителите нема да отворат предмет по допрен глас за вработените во „Комунална хигиена“ – ќе чекаат...

Јавното обвинителство засега нема намера да отвори предмет по допрен глас за случајот со 731 лице во „Комунална хигиена – Скопје“ кои, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, земале плата без да одат на работа. Обвинителите велат дека ќе чекаат постапување од МВР и Финансиската полиција, кои се надлежни институции за утврдување на кривични дела.„Надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР, Управата за финансиска полиција, инспекторатите... До обвинителството до овој момент не е доставена ниту пријава, ниту известување,“ соопштија од Обвинителството.На прашањето дали има основа да се отвори истрага по допрен глас, од таму одговорија:„Доколку не постапат надлежните институции, тогаш би имало основ.“Обвинителството прецизира дека може да постапува само кога ќе добие конкретни сознанија дека во одреден настан има елементи на кривично дело, додавајќи дека обврските на сите други органи се прецизно утврдени во Законот за кривична постапка.Во моментов, истрага се води само за последниот директор на „Комунална хигиена“ и уште едно лице, кои се наоѓаат во притвор. Тие се осомничени за загрозување на животната средина поради хаосот со несобраниот отпад што го зафати главниот град во текот на претходните недели.

Скопје | пред 2 месеци

media-library3ggn23nrove70a2CCvA

Му пукале во глава - Откриен еден од убијците на Ѓело Ѓошев во Чашка – покрената истрага против осомничен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против едно лице осомничено дека учествувало во убиството на велешанецот Ѓело Ѓошев, кое се случи на 5 ноември во близина на селото Бусилци, во месноста Поројница. Обвинителството има основано сомнение дека тој бил соизвршител на кривично дело – убиство, предвидено во член 123 став 1 од Кривичниот законик.Според првичните сознанија, осомничениот го намамил Ѓошев и со сопствен автомобил го однел на локацијата каде, заедно со друго сè уште неидентификувано лице, пукале кон него со огнено оружје. Жртвата добила прострелна рана во главата и починала на местото на настанот.Осомничениот, кој и претходно бил казнуван за разбојништво, по убиството се обидел да ги прикрие трагите за да ја попречи истрагата, соопшти обвинителството.Со оглед на сериозноста на делото, опасноста од бегство, влијание врз сведоци и можноста повторно да изврши кривично дело, јавниот обвинител предложи мерка притвор.Министерството за внатрешни работи, по наредба на обвинителството, продолжува со интензивна истрага за откривање на вториот соизвршител и утврдување на мотивите за убиството.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Поради претекнување се случил судирот кај Плетвар каде загинаа две лица

Основното јавно обвинителство Прилеп соопшти дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случи во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман.Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во сударот животот го загубиле две лица, меѓу кои и возачот на едното возило, а петмина се здобиле со повреди.Обвинителот издал наредби за прибирање на траги од местото на несреќата, како и сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобила.„Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испита евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата“, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3ggn23nrove70a2CCvA

Убиениот Никола Тимев бил тепан со метална шипка половина час, имал десетина скршеници на рацете, нозете и на черепот: Осомничен за неговото убиство е жител од Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал. Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања