ОБВИНИТЕЛСТВО

dragan-kovacki

Драган Ковачки го критикува обвинителството: „Нема храброст да покрене обвиненија“

Драган Ковачки порачува дека јавното обвинителство мора решително да постапува, обвинувајќи за кршење на закони и злоупотреби за кои, според него, одамна требало да има обвинение.После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение!Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи!*Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката!**Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе.

Македонија | пред 4 месеци

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го чува во фиока „Рекет 2“ и ги штити функционерите на СДС и ДУИ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека судско-обвинителскиот систем продолжува да го прикрива криминалот на СДС и ДУИ, а Основното јавно обвинителство намерно го чува предметот „Рекет 2“ во фиока.„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од два отсто продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО верно им служи на оние кои го изгласаа – СДС и ДУИ,“ се наведува во партиското соопштение.Според информациите, постои предмет „Рекет 2“ за кој обвинителството отворило предистражна постапка, но целиот процес бил стопиран. Во него биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и уште тројца обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.„Македонската јавност заслужува да знае дали овој случај се држи во фиока затоа што се кријат и се штитат лица од СДС и ДУИ. Заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или за да ги штити своите наредбодавци,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се додава дека изминатата година не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери на СДС и ДУИ, а ЈО мора да ги оправда платите кои ги добива од граѓаните и да почне да истражува криминални дејствија, наместо да ги чува предметите во фиока.

Македонија | пред 4 месеци

kokain-marihuana

(Фото) Прилепчанец фатен со над 32 килограми марихуана на патот Битола–Прилеп

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против 36-годишен жител на Прилеп осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.Според Обвинителството, на магистралниот пат А3 Битола–Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полицијата запрела автомобил „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски таблички. При извршен преглед во багажниот простор биле пронајдени две патни торби во кои имало 35 најлонски пакувања со марихуана, со вкупна тежина од 32,575 килограми.Во рамки на истрагата, обвинителството ќе преземе дополнителни дејствија за откривање на лицето или лицата од кои осомничениот ја набавил дрогата, како и за идентификување на потенцијални сведоци поврзани со случајот.Со оглед на тоа дека постои опасност осомничениот да се обиде да прикрие или уништи докази, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, јавниот обвинител поднесе предлог до судија на претходна постапка при Основниот суд во Битола за определување мерка притвор.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-18.41.43

Почна истрага: Откупувале железо и акумулатори и си направиле пункт на Вардариште кое нонстоп се пали

Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во изминатите два дена се извршени претреси на локацијата Вардариште. Обезбедени се докази кои создаваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.Обвинителството денеска поведе истрага и предложи на осомничените да им биде определен притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Според обвинението, тројцата подолг временски период, заклучно со 2 септември годинава, на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, со што можеле да предизвикаат значително оштетување на почвата, воздухот и водата, како и опасност за животот и здравјето на луѓето.Осомничените вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и обоени метали на импровизирани отпадни пунктови без регистрирано правно лице и без дозвола од Министерството за животна средина. Доказите упатуваат дека тие непрописно складирале и транспортирале отпад, со што директно влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале закана по здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Се истражуваат незаконските следења и прислушувања: Обвинителството со став

Обвинителството засега не може да открие кои се лицата кои биле таргет на Агенцијата за национална безбедност, односно дали во известувањата за незаконско следење и прислушување се и имињата на премиерот Христијан Мицкоски, разрешената јавна обвинителка Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Известувањата од АНБ за кои покажувате интерес се доставени до ОЈО ГОКК на почетокот на минатиот месец. Обвинителството веднаш отвори предмет по кој активно се постапува во насока на испитување на наводите од известувањата, што подразбира дека во моментов станува збор за спроведување на предистражна постапка,“ велат од ОЈО-ГОКК.Оттаму нагласуваат дека, поради тајноста на предистражната постапка, во моментов не можат да се споделат детали за преземените и идните мерки и активности што ги спроведува надлежниот обвинител.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Извештаите за работењето на Стоматолошката комора доставени до Обвинителството

Министерството за здравство ја достави целокупната документација и извештаи од надзорните комисии за работењето на Стоматолошката комора до Јавното обвинителство, за натамошно постапување согласно законските надлежности, потврдија за МИА од Министерството.Станува збор за три извештаи изготвени од комисијата за надзор над законитоста на вршењето на јавното овластување на Комората – од 25 февруари, 15 мај и 21 мај 2025 година. Дополнително, доставено е и известување до Комората од 11 март годинава, како и целосната документација од секторот за стоматолошка здравствена заштита.Од Министерството за здравство за МИА потсетуваат дека, со оглед на тоа што привремено ги презедоа надлежностите за издавање и продолжување лиценци за докторите по стоматологија, потребната документација може да се достави во нивната архива, до секторот за стоматолошка здравствена заштита.

Македонија | пред 5 месеци

ivanovska

Кандидатката за градоначалник на Центар, Билјана Ивановска, утре ќе даде исказ во Обвинителството

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на општина Центар од движењето „Независни заедно“, утре ќе се појави во Јавното обвинителство поради кривична пријава поднесена против неа. Таа изјавува дека не знае кој ја поднел пријавата и за што конкретно станува збор.Обвинителството минатата недела соопшти дека станува збор за приватна кривична пријава, поднесена на 18 февруари годинава.Во изјава за „Независен“, Ивановска нагласи дека одбила да ја прифати понудата на Обвинителството распитот да биде одложен по завршувањето на локалните избори, бидејќи тоа би можело да се сфати како политички притисок.Кривичната пријава ѝ беше врачена истиот ден кога ја објави својата кандидатура за изборите, што во јавноста беше протолкувано како политичка порака. Таа откри дека полицијата ја побарала дома, а откако не ја затекнала, самата отишла во Обвинителството за да ја подигне пријавата.„Ме повикуваат на разговор на 19 август. Немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација“, изјави Ивановска.Таа додаде дека главната цел на нејзината кампања е враќањето на моќта кај граѓаните и заштита на нивното достоинство.

Македонија | пред 5 месеци

Pance-toskovski

Полицијата влезе во скопски општини по налог на обвинителство: Се собираат докази за дивоградби

Полицијата вчера извршила претреси во неколку скопски општини – Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода – со цел обезбедување на докази поврзани со бесправна градба. Акцијата е спроведена по наредби од Јавното обвинителство, а во неа учествувале повеќе оддели на МВР, меѓу кои и организиран криминал, криминалистичка полиција и СВР Скопје.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција истакна дека не станува збор за реакција на актуелниот интерес на јавноста, туку за редовни активности што Министерството ги спроведува секојдневно.– Ова не е нешто што се прави поради моментален интерес, туку е дел од тековната работа на МВР. Во моментов не можам да споделам детали околу обезбедената документација – изјави Тошковски.Тој додаде дека полицијата постапува строго по закон, а секој случај на утврдена дивоградба што претставува безбедносен ризик ќе биде предмет на постапка за уривање.Одговарајќи на новинарско прашање дали полицијата постапува по пријавите од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, министерот рече дека МВР работи по сите случаи каде што добива наредба од обвинителството.– За разлика од претходно, денес предметите не завршуваат во фиока. Континуирано се работи и се преземаат активности. Градоначалничката сите докази ги доставува до обвинителството за организиран криминал, кое пак, издава конкретни наредби до МВР. Секој треба да си ја врши работата во рамки на своите надлежности – нагласи Тошковски.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

danela-arsovska2

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска - познати сите детали од Обвинителството

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент на улицата „Севастополска“, при кој беше физички нападната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.Според обвинителството, првоосомничениот маж, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и ѝ се заканувал на градоначалничката, а потоа и физички ја нападнал додека таа, заедно со вработени од градските служби, вршела вонреден надзор на терен по добиена пријава.Инцидентот се случил во присуство на полициски службеници и членови на градската администрација. Откако бил спречен од присутните, со вербални закани се вклучил и второосомничениот, кој дополнително ја ескалирал ситуацијата.„Со своето однесување, двајцата осомничени предизвикале чувство на несигурност, загрозеност и страв кај присутните лица“, соопштија од обвинителството.Јавниот обвинител веќе доставил предлог до судот за определување мерка притвор за првоосомничениот, поради опасност од повторување на делото и можност за бегство. За второосомничениот се предложени мерки на претпазливост: забрана за приближување и контакт со оштетените, забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа и редовно јавување во судот.

Македонија | пред 6 месеци

ojo-gokk

Обвинение за директорот на Геријатрија за поткуп од 20.000 евра – фатени на лице место со примачот на парите

Обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против две лица за кривични дела поврзани со корупција, информираат од Обвинителството.Првообвинет во случајот е директорот на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, кој се товари за кривично дело примање поткуп, додека второобвинетото лице се товари за примање награда за противзаконито влијание.Според обвинението, директорот побарал поголема сума пари од сведок – давател на доживотна издршка, за да овозможи болнички прием на лице во тешка здравствена состојба. Иако се работело за службено дејствие што морал да го изврши, тој го условил со лична корист. Второобвинетиот ја примил договорената сума во негово име, со цел да изврши влијание и да го поттикне директорот да ја исполни својата обврска.При примање на дел од договорените 20.000 евра, второобвинетиот бил фатен на лице место од страна на полицијата.Обвинителството заедно со обвинителниот акт поднесе и посебен предлог за продолжување на притворот за двајцата обвинети, со образложение дека не постојат услови за поблага мерка.

Македонија | пред 6 месеци

Makso

Снемало докази, па се повлекле - Обвинителството се правда зошто се откажале од гонење на Максим Димитриевски

Основното јавно обвинителство Куманово го повлече обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со образложение дека не постојат докази за постоење на кривично дело.Во соопштението на обвинителството се наведува дека првичното обвинение се темелело врз вештачење кое укажувало на значителна имотна штета од над 3,3 милиони денари, поради непостапување по член 59 став 11 од Законот за градење. Штетата, според тогашниот обвинителен предлог, ѝ била нанесена на две правни лица.Сепак, по спроведената постапка и сослушување на вештаците, било утврдено дека откако било издадено одобрение за градење, штетата наведена во обвинението реално не постои. „Неспорно е дека повеќе не се исполнети законските обележја на кривичното дело“, наведува обвинителството.Понатаму, обвинителот испитувал и можност за постоење на друго кривично дело, но по двојна анализа на доказите – и на ниво на Основното обвинителство и на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија – било утврдено дека нема доволно докази за покренување било каква кривична постапка по службена должност.Со тоа, случајот против Димитриевски е затворен.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_3373

Обвинителството се повлече: Против Максим Димитриевски повеќе не се води постапка за злоупотреба

Основното јавно обвинителство Куманово, на само пет дена пред закажаните завршни зборови, се повлече од обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата, по пријава од двајца бизнисмени од Куманово за ненавремено издавање дозвола за градба.Основниот суд Куманово денеска објави дека донел пресуда со која обвинението против Димитриевски се одбива.„Основниот суд Куманово, имајќи предвид зголемениот интерес на јавноста за предметот К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово, за кривичното дело според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ја информира јавноста дека на 1 јули 2025 година донесена е пресуда со која се одбива обвинението, согласно член 402 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка, бидејќи јавниот обвинител на 30 јуни 2025 година го повлекол обвинението“, се наведува во соопштението на судот.Судскиот процес започна на 2 април 2024 година, а последното рочиште се одржа на 27 јуни. За 4 јули беше предвидено изнесување завршни зборови, што го најави и судијката Маја Денковска.Во обвинителниот акт се тврдеше дека Димитриевски, во својство на градоначалник на Куманово, од април 2023 година не постапувал по службена должност, односно не потпишал решение за одобрување градба и не ја изготвил пресметката за надомест за уредување градежно земјиште за фирмите „УПМ-ГРУП“ и „Хромак“ од Куманово. Според тужителите, на тој начин е направена штета во износ од 3,3 милиони денари.На денешната седница на Советот на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски изјави дека Обвинителството утврдило оти не постојат елементи на кривично дело, поради што обвинението било повлечено.„Како човек кој верува во системот, учествував во сите рочишта и верував дека постојат чесни луѓе и професионалци кои ќе донесат промени во судството. Но, секогаш сум ги критикувал оние кои се водат од политички мотиви и меѓусебни поврзаности, какви што има многу во Кумановскиот суд, но и во други судови во земјава. Времето ќе покаже кој е дел од тој механизам“, рече Димитриевски.Тој ќе се кандидира за трет мандат на локалните избори како претставник на коалицијата ЗНАМ, која е дел од владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 месеци

woman-using-smartphone-technology

Обвинителството ја отфрли пријавата против новинар за телефонско снимање – јавниот интерес е поважен од приватноста, велат од ОЈО Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против еден новинар и телевизиска куќа, кои беа пријавени за неовластено прислушкување и тонско снимање, поради објавена телефонска снимка со службеничка на Град Скопје во централниот дневник.Според обвинителството, нема елементи на кривично дело, бидејќи новинарот ја контактирал и снимил пријавителката во својство на раководител на Одделението за односи со јавност во Градот Скопје, со цел да добие став за сообраќајниот метеж во главниот град, предизвикан од нефункционална сигнализација.„Постои висок јавен интерес – граѓаните имаат право да знаат зошто улиците им се закочени“, стои во образложението. Новинарот, се нагласува, имал обврска да постави прашања и да ги повика на одговорност јавните функционери, а телефонското снимање, иако без согласност, било оправдано од јавниот интерес и не содржело невистинити или штетни информации.Обвинителството се повикува и на праксата на Европскиот суд за човекови права, особено на случајот Radio Twist против Словачка, каде што било потврдено дека тајното снимање во новинарството е дозволено доколку е пропорционално и насочено кон заштита на јавниот интерес.Одлуката на ОЈО Скопје е правосилна и веќе потврдена од Вишото јавно обвинителство. Како добар правен пример, решението ќе биде доставено до новинарски здруженија и организации за слобода на изразување, со цел поддршка на домашната пракса и поголема правна сигурност за медиумските работници.

Македонија | пред 7 месеци

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

„Ќе објасниме сѐ“ – Обвинителството прифаќа средба со родителите на загинатите во „Пулс“

Јавното обвинителство соопшти дека стои на располагање за директна средба со семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Оттаму додаваат дека, доколку има такво барање, во следните денови ќе организираат средба на која ќе ги информираат блиските на жртвите за сите аспекти од поднесеното обвинение, без да ја нарушат натамошната постапка.„Воедно, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во Обвинителството добија и директен контакт, и им беше посочено дека сите семејства можат во секој момент да се информираат директно во обвинителството во Кочани за текот на постапката“, велат од институцијата.Ова следи по јавниот апел на родителите на 62-те загинати, кои побараа од Обвинителството директно да им објасни кои лица се обвинети, а против кои е запрена постапката, бидејќи, како што велат, правната терминологија во соопштението не им е јасна и не може да ја заменува личната комуникација.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_2107

Обвинител ја чека Арсоска да ја сослуша за заканите, па да провери - за дивоградбите во Чаир очекуваат таа да соработува со нив

Обвинителството испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска: ако знае за криминал на градоначалникот на Чаир, Ганиу – нека го пријави! Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува по известување од СВР Скопје и издало повеќе наредби. Надлежните органи бараат јасни податоци за сомнителни парцели и згради, додека Министерството за внатрешни работи се вклучува поради наводните закани кон Арсовска.„Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија. Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал“, велат од Обвинителството.Се постапува и по заканите за кои Арсовска сведочеше во телевизиско интервју, дека ги добивала.„Во однос на заканите, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат. Основното јавно обвинителство Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања