Промени тема
Контакт

Разбиена криминална група: Оружје од Косово, складишта во Сингелиќ и Брест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
oruzje-aracinovo-1
Илустрација / Скопје1

По повеќемесечна предистражна постапка, рано утрово под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, полициски екипи од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал извршија координирана акција на повеќе локации во селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Ченто и Чаир.

— реклама —

Во операцијата беа уапсени 12 лица осомничени за „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се товари и за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

— реклама —

По поднесената кривична пријава, јавниот обвинител отвори истражна постапка против сите 12 осомничени. Според обвинителството, групата делувала од април до декември 2025 година и била организирана со јасна структура и распределени улоги, со цел незаконска трговија со оружје – кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години.

— реклама —

Првоосомничениот, како што се наведува, од засега непознати лица од Косово нелегално набавувал огнено оружје и муниција, кои потоа ги пренесувал во Македонија. Нелегалниот арсенал бил складиран на локации во Сингелиќ и Брест. Тој давал инструкции за пронаоѓање купувачи и за посредување во продажбата, а останатите членови на групата биле задолжени за набавка на муниција, логистика и координација на испораките. Еден од приведените се сомничи и за продажба на кокаин.

— реклама —

Обвинителството соопшти дека се исполнети законските услови за определување притвор и најави дека до судијата на претходна постапка ќе поднесе предлог сите осомничени да бидат задржани во притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

Трагедија кај скопскиот аеродром: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Му се заканил дека ќе му ја укинат социјалната помош, па му зимал дел од парите: детали за случајот со поткуп во АВРСМ Прилеп

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Вработените во обвинителствата: Новиот закон не носи реформи, туку ги задржува старите слабости

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања