Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Објавени докази за корупцијата во „Пулс“: Инспектори од МВР и УЈП предупредувале за контроли во замена за подароци и резервации, Обвинителството проверува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
puls-35

Иако судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште не е започнат, во јавноста излегуваат нови докази за лица кои воопшто не се опфатени со обвинението.

„Истражувачката репортерска лабораторија“ (ИРЛ) објави текстуални разговори кои упатуваат дека сопствениците на дискотеката однапред биле предупредувани од инспектори за претстојни контроли. Според ИРЛ, дел од инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи дури примале и скапи подароци за возврат, меѓу кои биле и часовник.

— реклама —

ИРЛ објави и текстуални пораки кои покажуваат дека сопствениците на дискотеката комуницирале со инспектори од МВР кои барале привилегии – меѓу нив и резервирани маси во клубот.

Додека институциите се оправдуваат, семејствата на загинатите и преживеаните продолжуваат да раскажуваат за нивната голгота.

— реклама —

„Кога стигнавме таму – гужва, дим, пламен. Немаше струја. Наидов на зид од деца, сите беа испреплетени, без свест. Моето дете не можев да го најдам. За 500 луѓе имаше еден излез од два метри – тоа е убиство“, сведочи Сашко Алексов, татко на починатата Сара.

За преживеаниот Јорданчо Ефтимов траумите се уште свежи, тој вели дека во еден момент бил помирен дека ќе умре:

„Додека лежев на земјата, само кога ја протнав раката, сфатив дека ме вадат од гомилата. Тоа беше чудо“.

Марија Петрушова, која го изгубила синот Андреј, раскажува за другиот син Кристијан:

„Вика – јас влегов, темно, некој ќе те фати за нога, ти го влечеш надвор, не гледаш кој е“.

Очевидци и родители опишуваат апокалиптична слика: преполни болници, мртви тела низ ходниците, крв и очај.

„Кога влегував, пазев да не згазам некое детенце“, потресено изјави Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче.

Градот Кочани останува во тешка траума.

„Нема веќе живот тука, сите бараме правда“, велат жителите.

Основното јавно обвинителство реагираше на сторијата на ИРЛ со соопштение дека сите докази се земени предвид и се проверуваат:

„При поднесување на обвинението и на средбата со семејствата на загинатите, појаснивме дека проверки се вршат и во однос на повеќе институции, вклучително и УЈП. Но законските надлежности на УЈП се однесуваат на даночни и финансиски прашања, а не на безбедност, па тие не беа опфатени во обвинението. Сепак, во контекст на евентуални коруптивни дела на поединци, постапките се во тек. Презентираната комуникација е веќе дел од доказниот материјал доставен до судот. Апелираме за воздржаност од изнесување непроверени информации кои можат да ја загрозат постапката“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Киднапирање како на филм во Демир Капија: Му ставиле црна ќеса на глава, му се заканувале со пиштол и со сила барале признание за силување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 3 седмици

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања