„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

otpad-2

Започна доделувањето на пластични садови за селекција на отпад за индивидуалните домаќинства во Општина Охрид

Започна доделувањето на пластични садови за селекција на отпад за индивидуалните домаќинства во Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Предвидено е да бидат доделени 500 садови од 120 литри на домаќинствата со непарни броеви од улиците: „Димо Хаџи Димов“, „Париска комуна“, „Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ и на домаќинствата со парни броеви од улицата „Момчило Јорданоски“.Оваа активност е дел од Програмата за заштита на животна средина и природа и има за цел да влијае на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Граѓаните ќе можат да ги подигнат садовите за депонирање во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„ Механизација“ на ул.„АСНОМ“. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Општина Охрид и оваа година ќе субвенционира трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици

Општина Охрид и оваа година ќе субвенционира трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.Според одлуката која ја усвои Советот на Општина Охрид на својата последна седница, субвенционирањето на трошоците за комунални услуги се однесува за периодот од 01.01.2021 година, заклучно со 31.12.2021 година.Вкупниот износ на субвенцијата ќе изнесува до 670,00 денари месечно за секој корисник и ќе се користи за наменско подмирување на месечните сметки од општинските јавни препријатија.Во текот на наредниот период ќе биде распишан јавен повик на кој ќе бидат прецизирани условите за аплицирање, напиаш на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Констентин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Јавен оглас за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид -Трпејца -Св.Наум - Охрид

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09–7951/10 донесена од општинскиот  Совет  на ден 11.06.2015 година, Oпштина Охрид објавува ЈАВЕН  ОГЛАС бр.01/2021За доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид 1. Предмет на овој оглас е доделување на дозволa за вршење на општински линиски превоз на патници за линија: Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид, за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)Возниот ред за горенаведената линија кој е прилог на овој оглас заедно со одлуката на Совет бр.09-7951/10 и останатите обрасци потребни за огласот  може да се  подигнат преку официјалната веб страна на Општина Охрид-www.ohrid.gov.mk. 2. Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност- вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;да е сопственик на минимум 2 регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила, да има од 20-32 места за седење  и најмалку 15 места за стоење, со исполнети посебни техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз  и потврда за еколошки стандарди на возилото ( најмалку ЕУРО 4) и за истите да поседува важечки извод од лиценца за  вршење општински линиски превоз;Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач  по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност иДа не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.Посебни услови:При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку 2 возила  кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. Двете возила се бараат бидејќи едно возило треба да биде во резерва во случај да се случи дефект на моторното возило со кое во моментот се врши превоз на патници.На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон. НАПОМЕНА: (За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола  заверена на нотар,  а додека за докажување на вработени возачи се приложува Список на вработени по обврзник издаден од ФПИОМ не постар од 60 дена ) Договорот за добивање дозвола за вршење превоз има важност 5 години согласно Законот за превоз.Договорот ќе ги содржи минимум следните одредби:Економскиот оператор(превозникот) се обврзува дека ќе вози на горенаведената релација за максимална цена односно цена пониска од максималната утврдена со Одлука на Совет(член 25-а од Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10);Општината го задржува правото за промена или дополнување на линиите назначени во возниот ред заверен во општина Охрид притоа превозникот нема да има право на приговор ниту да превзема некакво правно дејство;Превозникот е должен во целост да ги почитува дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(член 22-б) односно во склоп на општинскиот линиски превоз да врши и превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето во работни денови за период за кој се склучува договорот.[член 22-б од дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(Сл.весник на Р.М бр.163/18)] 3. Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз:Дозволата ќе биде доделена на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас 01/2021, понудил највисок паушал за користење на автобуски постојки за реализација на пакет линијата за период од 5 години и ги потпишал изјавата за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид  и Изјавата со која неотповикливо се согласуваат дека во целиот период на важност на дозволата ќе ги почитуваат дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.весник на Р.М бр.163/18) и ќе вршат превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето. Најповолниот превозник за огласената линија ќе биде избран по одржување на електронското наддавање кое ќе се врши врз основа на првично изготвената ранг листа на датум и термин определен од Комисијата формирана за спроведување на огласот. Како почетна цена на електронското наддавање ќе се смета највисоко понудената цена за користење на автобуски постојки за период од 5 години утврдена во почетната ранг листа. Почетната вредност на понудениот годишен надоместок за користење автобуски постојки согласно Одлуката за вршење општински линиски превоз изнесува: РелацијаМинимален надоместок за користење на автобуски постоки за период за кој се издава дозволата(5 години)/денариОхрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид10.000,оо Начинот на одвивање на електронското наддавање ќе биде определен со правилник кој на понудувачите ќе им биде поделен на денот на отворање на понудите.Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од пет години.Начинот на подмирување на надоместокот за користење на автобуски постојки ќе биде определен со договорот за добивање дозвола за вршење на превоз на одредена релација. 4. Појаснување на критериуми Во врска со критериумите утврдени во овој оглас, превозниците имаат право да постават прашања во писмена форма на следната електронска адреса: komunalen.razvoj@ohrid.gov.mk.Краен рок з апоставување прашања: 10.02.2021 година до 12 часот. 5. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понуда во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:е адресиран со точна адреса на договорниот орган,го содржи бројот на огласот, делот за кој аплицираво горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите. Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:,, Не отворај”                                                                  ЈАВЕН ОГЛАС БР.1                                                                                              Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид                                                                                                                                                                                   До                                                                                                 Општина Охрид                                                                                                    ул. ,,Димитар Влахов” бр.57 Понудата за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:Полн назив, седиште и адреса на превозникот;Матичен број и адреса на превознокот;Пополнет образец на понуда;Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од точка 2(два) од јавниот оглас;Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници) иИзјава со која неотповикливо се согласуваат дека во целиот период на важност на дозволата ќе ги почитуваат дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.весник на Р.М бр.163/18) и ќе вршат превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето. Во образецот понуда во делот надоместок, превозникот самиот го наведува износот на годишниот паушал за користење на автобуски постојки.Понудите  кои нема да ја содржат целокупната барана документација нема да бидат предмет на евалуација.Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.Заинтересираните превозници своите понуди треба да ги достават во затворен коверт со назнака за Јавен оглас 01/2021, најдоцна до 12.02.2021 година до 13:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за спроведување на оглас бр.01/2021 за релација-Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид. Отворањето на понудите ќе се спроведе јавно, на ден,  место и по протокол кој дополнително ќе биде утврден од страна на општината. Информацијата за отворањето на понудите ќе биде објавена на општинската веб страна.фото: Архива  

Македонија | пред 4 години

samoilova-tvrdina

(ФОТО) Самоиловата тврдина светна во знак на поддршка на ретките болести

Самоиловата тврдина светна во знак на поддршка на ретките болести. Денеска и официјално започнува едно месечната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“.Во најкраткиот месец во годината кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“ поради ретките 28 дена, јавноста ќе биде запознаена со различните и специфични дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата држава. За таа цел се изработени 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови на македонски и албански јазик, наапиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Целта на проектот е да се подигне јавната свест кај граѓаните но и јавните институции за подобро да се запознаат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести. Да зборуваме гласно за дијагнозите и ретките болести бидејќи споделувањето информации не носи кон нови технологии и нови терапии.Да бидеме солидарни, да поддржиме, да помогнеме.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Plasticni-kanti

Ќе се доделуваат пластични канти за отпад

Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Димо Хаџи Димов“, „ Париска комуна“, „ Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ – само непарни броеви и „Момчило Јорданоски“ – само парни броеви.Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„ Механизација“ на ул.„ АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од Ј.П. „ Охридски Комуналец“. Кантите ќе може да се подигнат секој работен ден ( од понеделник до петок ) во период од 01.02. до 28.02.2021 година, од 07.00 до 13.00 часот.Граѓаните кантите за отпад треба да ги оставаат на лесно достапни места за возилото за собирање на отпад согласно предвидената динамика за собирање на отпадот од наведената улица.Целта на оваа активност е да се укаже на пробламите од областа на екологијата и да се влијае на подигање на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Во голема мера отпадот се собира во нестандарна амбалажа, а со собирање во пластични канти се подобруваат хигиенско – санитарните услови, заради тоа што нема непријатни миризби и нема разнесување на отпадот и формирање на диви депонии.

Македонија | пред 4 години

1111

(ФОТО) Уредена е нова пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата

Уредена е нова пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата.Овие активности се дел од програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на Општина Охрид и за оваа намена од општинскиот буџет беа издвоени 600.000 денари. Работните активности на терен ги изведуваа екипите на ЈП „Градски гробишта“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

54_Sednica_01292021001-768x438-640x360

Заврши педесет и четвртата седница на советот на Општина Охрид

Советниците на денешната педесет и четврта седница на советот на општина Охрид, ги усвоија предлог програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година, предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година, предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година, предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид, предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.По исцрпувањето на дневниот ред, заврши педесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид.фото: PRTSC

Македонија | пред 4 години

1-8

ЈП "Охридски Комуналец" го за расчистија градежниот шут во близина на "Горна Порта“

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" по налог на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид утрово спроведоа активности за расчистување на градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле во непосредна близина на "Горна Порта", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на животната средина и јавните добра, особено на ваквите локации кои имаат големо значење за нашата историја и култура.На археолошкиот локалитет "Горна Порта" пронајдени се дел од највредните археолошки артефакти во нашата држава, златната маска, златна ракавица и сребрени предмети кои имаат непроцелива културна вредност.

Македонија | пред 4 години

ohrid-7

Горгиески: Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари

Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари, како резултат на успешниот процес на раздолжување. Враќањето на финансиската стабилност e еден од најважните приоритети на оваа локална власт и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија постигнат е евидентен успех, кој има огромно значење за идниот развој на општината.Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните на Охрид, напиша на својот ФБ градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

zimska-oprema

Георгиески на презентација на опрамата за спасување во зимски услови

Градоначалникот Константин Георгиески во придружба на евроамбасадорот Дејвид Гир , министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на општинската организација на Црвен крст Сашо Точков, присуствуваше на презентација на специјалната опрема за спасување во зимски услови што денес се одржа на кејот од Охридското Езеро .Опремата беше обезбедена преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам “ финансиран од Европската Унија преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Проектот го спроведуваат Црвен Крст- Охрид, општинина Дебрца ,општина Грамш од Албанијаи и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

4-5

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир со силна поддршка на Општина Охрид за исполнување на препораките на УНЕСКО

Ми претставува огромна чест што нашите заложби како локална и централна власт во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион, добија силна поддршка од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.Природното и културното наследство имаат универазална вредност за сите нас и ќе вложиме максимални напори за негова заштита со цел да го сочуваме за идните генерации, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.  

Македонија | пред 4 години

kosta-6

Честитка на градоначалникот Георгиески до српската заедница по повод празникот Св.Сава

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава.-Дозволете ми, на сите припадници на српската заедница во Охрид и во Република Северна Македонија да им го честитам празникот посветен на големиот просветител, Св. Сава.Посакувам овој ден да ви помине во добро здравје и убаво расположение во кругот на семејството. Негово одбележување е придонес кон почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество. Само така создаваме традиција на негување на меѓусебните односи и почитување на различностите.Српската задница е значаен дел од нашето општество и придонесува во целокупниот општествен, економски и политички развој на нашава земја. Уверен сум дека со меѓусебно разбирање и почитување ќе продолжиме да градиме напредна и развиена држава која се стреми да биде дел од Европското семејство.Честитајќи Ви го празникот, ви посакувам добро празнично расположение, здравје, среќа и бериќет– стои во честитката на градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

kosta-izjava-po-glasanje

Градоначалникот Георгиески задоволен од бројот на доделени стипендии

На мое големо задоволство годинава Општина Охрид додели рекорден број на ученички и студентски стипендии.Вкупно  стипендии за ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општината од кои: стипендии за основци и средношколци кои живеат во потешки социјални услови стипендии за ученици со посебни постигнувања стипендии за талентирани основци и средношколциВкупно  стипендии за редовни студенти на додипломски студии кои студираат на државните универзитети во нашата држава.Официјалните списоци од добитниците на стипендии може да се проверат на веб страницата на општината, напиша градоначалникот во својата објава на фејсбук.

Македонија | пред 4 години

ekoloska-akcija

Град Скопје со донација за опремување на противпожарен брод во Охрид

На утрешната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за давање донација на едно противпожарно возило и две мобилни лафетни млазници на здружението ЕКО ФАП од Охрид. Ова здружение дејствува доброволно и организира еколошки акции за расчистување диви депонии во градот Охрид и во околината. Исто така, организира самоиницијативно учество во гасење пожари, помош на населението при елементарни непогоди и хаварии на вода и давање помош на социјално загрозени семејства.Преку донацијата на возилото, ЕКО ФАП ќе има можност да ги прошири своите активности. Целта е оптимално одговарање на предизвиците при расчистување на дивите депонии на брегот на Охридското езеро и во Националниот парк Галичица.Мобилните противпожарни млазници, пак, би биле употребени во опремување на противпожарен брод во рамките на здружението.Предлогот за давање донација на еколошкото здружение од Охрид е во согласност со политиките на Град Скопје за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Градот ја цени и поздравува иницијативноста на ова здружение и, преку оваа соработка, сака да мотивира слични дејства кои ќе придонесат за развивање на сите општини, заедничка соработка и активирање на граѓанските организации.Секторот за заштита и спасување на Градот Скопје, нема повеќе потреба од опремата која треба да се донира, а истата е веќе испишана со завршниот попис за 2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Opstina_Ohrid_030

Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2021година

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес на своите граѓани на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2021 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид, како и давање на можност средставата кои определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој секако би носел бенефит за градот Охрид во областа на социјалната политика и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.– Под правни лица се подразбираат установи од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, асоцијации и слично, регистрирани во Република Македонија кои се занимаваат со активности од областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на јавниот повик за добивање средства од Буџетот на општина Охрид се:– Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации;– Да спроведуваат активности од минимум една година;– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес кои се од областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик  и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби ;– Да не добиле средcтва или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Општина Охрид во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со општина Охрид.Аплицирањето се врши на стандардизирани обрасци кои се задолжителни за секој апликант и се составен дел на документацијата од самиот јавен повик.Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријава се превзема од веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk) и се пополнува со впишување на податоци на означеното место со потпис и печат на овластеното лице. За секој проект/програма се пополнува одделна пријава.Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2021 година.Апликантите покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:– Фотокопија од документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија– Копија од потврда за отворена и активна жиро сметка (за правни лица) или копија од трансакциска сметка (за физички лица)– Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на Јавниот повик треба да достават и копија од уверение за државјанство на Република Македонија.Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави. Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2021 година“ или лично во архивата на Општина Охрид.Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето. https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc-2/

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања