„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

opstina-Ohrid

Познати добитниците на студентски стипендии

Согласно одлука на градоначалникот општина Охрид изврши  распределба на парични средства од Програмата А0 од Буџетот на Општина Охрид врз основа на Ранг -листата од 05.01.2021 година на студентски стипендии во академската 2020/2021 година изготвена од страна на Комисијата за постапување по Конкурсот бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, во академската 2020/2021 година и тоа на делот Б) од истиот Конкурс кој се однесува на доделување стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во РСМ за академската 2020/2021 година и живеат во потешки социјални услови.https://ohrid.gov.mk/https-ohrid-gov-mk-wp-content-uploads-2017-08-%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5/

Македонија | пред 4 години

ucenici

Доделени стипендии на ученици од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид

Во врска со објавен Конкурс за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2020/2021 година познати се добитниците на ученички стипендии и на ученици кои не исполнуваат услови за доделување на стипендија.Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши 04.02.2021 до 10.02.2021 година во Општина Охрид. За добитниците (малолетни лица) на стипендии задолжително е присуство на родител.Согласно член 10 од Правилникот бр. 09-9375/1 од 21.10.2020 г. за доделување ученички стипендии за ученици од основните и средните училишта во Општина Охрид за учебната 2020/2021 г., против одлуката на Градоначалникот може да се поднесе приговор во рок од 5 (пет) дена, од денот на објавувањето за извршениот избор.https://ohrid.gov.mk/%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82/

Македонија | пред 4 години

1-5

За учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ обезбедени се посовремени услови за настава

За учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ обезбедени се посовремени услови за настава.Неодамна е опремен нов кабинет за практична настава, кој располага со угостителска и компјутерска опрема, нагледни средства и наставни помагала кои значително ќе придонесат за поголема ефикасност на обуките и подобрување на квалитетот на ученичката пракса.Опремувањето на оваа училишна просторија беше овозможено преку средства од проектот за Локална и регионална конкурентност од фондовите на ЕУ и со кофинансирање од буџетот на Општина Охрид, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

pomos

(ФОТО) 120 те хуманитарни пакети, доставени до охридските семејства со социјален ризик

Сите 120 хуманитарни пакети кои ги донираа Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија како дел од овогодинешните богојавленски чествувања, во текот на изминатите денови беа доставени до нашите сограѓани со социјален ризик.-Упатувам благодарност до Мобилните тимови на Општина Охрид и екипите на Црвен крст кои се погрижија оваа хуманитарна активност да биде навремено реализирана.- Ги поттикнувам претставниците на бизнис секторот и останатите институции да бидат хумани и во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што е најпотребно, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

3-3

(ФОТО) Георгиески: Со низа инвестиции ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби комплетно нов лик.

Со низа инвестиции ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби комплетно нов лик.Деновиве финишираше реконструкцијата на подовите во сите училишни простории. Поставени се нови подни облоги од пвц материјал со вкупна површина од околу 1000 м2. За оваа намена од општинскиот буџет беа издвоени 1,3 милиони денари, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Со цел да се овозможи поголема функционалност на он-лајн часовите за учениците од ова училиште, со средства од Општина Охрид деновиве беа набавени 20 десктоп компјутери.Продолжуваме континуирано да работиме за подобрување на уловите за учениците.

Македонија | пред 4 години

kovaceski

Сеќевања -15 години од смртта на Зоран Ковачески

Како дел oд Програмата за одбележување на настани од областа на културата и годишниот календар, Општина Охрид денеска му оддава почит на големиот охридски и македонски писател Зоран Ковачески.Зоран Ковачески (1943-2006) детството и младоста ги минува во Охрид, каде што завршува основно и средно образование. Правен факултет завршува во Белград. Извесно време престојува во Скопје, а потоа се враќа во Охрид и тука останува до крајот на својот живот. Автор е на збирките раскази „Охридски приказни“, „Аристотел од Ресен“, „Пејач“, „Кога не пеат петли“ и на романите „Семејна фреска“, „Летачи на метли“, „Одмазда“, „Историја на светото дело“. Романот „Семејна фреска“ е преведен на српски јазик, а одделни раскази на англиски, француски, турски, германски и други јазици. Добитник е на повеќе литературни награди и признанија.„Расказите на Зоран Ковачески од критиката често се именувани како „градски“ односно „охридски раскази“, а него го сметаат за раскажувач за Охрид….Ковачески трага по тој и таков рај, фрлен на маргините на една целосно заборавена космичка провинција: неговиот топос, што тој го именува, сосема акцидентално како Охрид….Ковачески е раскажувач на паланечкиот дух, а не на паланката, затоа што веќе се кажа, паланечкото е состојба на духот, а не место. Иако бесмилосно ги критикува слепилото и незнаењето, простотијата и душевната беда на својот паланечки џган, тој, како што се виде, во вториот круг на неговите имаголошки набљудувања, ни ја покажува и паланечката свест на Европа и светот……“, пишува меѓудугото познатиот писател, есеист, критичар и книжевен теоретичар Венко Андоновски во предговорот на книгата „Охридски раскази“.По повод 15 години од смртта на Зоран Ковачески, го објавуваме расказот „Чинар“ кој е дел од неговиот значаен творечки опус.ЧИНАР – Зоран Ковачески

Македонија | пред 4 години

paketi

Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства

Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија денеска доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината. Оваа активност е дел од одбележувањето на богојавленските празници, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата на градоначалникот се додава:Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до семејствата од страна на екипите на Црвен крст и мобилните тимови на Општина Охрид.Нашата заедничка грижа нека биде поттик за останатите институции, компании и граѓани за повисока општествена одговорност и обезбедување социјална поддршка онаму каде што е најпотребна.Покрај хуманите активности, со дел од средствата кои беа предвидени за богојавленската прослава, оваа година беше поддржано креирањето на веб страницата www.bogojavlenie-ohrid.mk , на која се поместени низа содржини за празникот Богојавление-Водици во Охрид.

Македонија | пред 4 години

3-1

(ФОТО) Најмладите жители на населбата „Воска“ добија уредено катче за забава

Најмладите жители на населбата „Воска“ добија уредено катче за забава. Со средства од буџетот на Општина Охрид поставено е ново детско игралиште кое е опремено со најсовремени детски реквизити со гумирана подлога. Просторот е соодветно ограден и уреден со урбана опрема, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиски.Георгиески во објавата додава:Со цел да се подобрат условите за забава на децата, претходно беше извршена реконструкција и санација на детските игралишта на неколку локации во општината.

Македонија | пред 4 години

kosta-3-1

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески ја продолжи традицијата и годинава се искапи во осветената Езерска вода

Во духот на христијанските вредности, во "Долна Влашка Маала" на "Мазија" ја продолжив мојата Богојавленска традиција!Нека ни е за многу години Водици, здравје и радост за сите! Бог се јави, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

kosta-4

Георгиески со апел за Водици: Да се воздржиме од масовни собири и групирања, сега здравјето е најважно

Драги сограѓани, ја користам оваа прилика да ви го честитам утрешниот празник Богојавление-Водици, а воедно и да апелирам се воздржиме од масовни собири и групирања при негово прославување. Оваа година поради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржуваат само утрински богослужби во црковните храмови и во таа прилика потсетувам на задолжително придржување на препораките за заштита од вирусот Ковид-19.Сега здравјето е најважно, оваа година да празнуваме со најблиските, а следната во поголем број да ја продолжиме традицијата, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

1-2

(ФОТО) Охрид во знакот на Водици, се поставуваат државни и верски знамиња

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.Од утрово екипи на ЈП "Охридски Комуналец" поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби.Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

Македонија | пред 4 години

krst

Георгиски: Упатувам апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото за Водици

Годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид.Поради пандемијата од Ковид 19, празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода, со која ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.Упатувам апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

16

(ФОТО) Охрид се расчистува од снегот

Оперативните служби на ЈП "Охридски Комуналец" беа на терен во текот на целата измината вечер. Активностите за чистење на снегот од улиците и останатите јавни површини во градот интензивно продолжуваат и денеска.Заради поголема ефикасност на механизацијата и посоодветно отстранување на снегот од потесните улички и приоди во градот, се упатува апел до граѓаните да ги отстранат паркираните возила, напиша на својот ФБ профил градоначалнкот на Охрид, Константин Георгиески.  

Македонија | пред 4 години

6

Георгиески: Се преземаат интензивни активност за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки ...

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" на терен.Се преземаат интензивни активност за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки и останатите јавни површини во градот. Целта е поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот.Ставена е на располагање целокупната механизација како и моторните чистачи за снег со дувалка, кои минатата година ги набави Општина Охрид, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Kontenjer

(ФОТО) Со општински пари во Охрид се поставуваат полу-подземни контејнери

Обезбедуваме посовремени услови за одржување на јавната чистота во нашиот град. Започна поставувањето на полу-подземни контејнери кои поседуваат најсовремени стандарди и карактеристики за депонирање отпад, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во продолжение на објавата пишува:Во првата фаза, вакви контејнери ќе бидат поставени-Пред влезот на „Горна Порта“;-На пресекот помеѓу улица „Јане Сандански“ и улица „Славеј Планина“;-На пресекот помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Даме Груев“ и-На кеј „Македонија“.Овие активности се финансирани од општинскиот буџет. Продолжуваме да работиме за почист и поубав Охрид.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања