„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Нема фотографија

Георгиески: Не чувствувам лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид

Не чувствувам лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во вечерашното гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.Тој посочува дека откако е дојден на функција  на 5 мај во 2019 спроведени се многу работи, но сепак сегашната состојба е поради проблемите кои претходно се таложеле. Забелешките до Унеско ќе бидат испратени, но не очекува големи промени на извештајот.Првиот човек на Охрид причината за сегашната состојба ја лоцира во минатото и проблемите кои се таложеле.Негова соговорничка во емисијата беше Донка Барџиева од Ценатрот за културно наследство која за одговорна ја смета Владата.

Македонија | пред 4 години

kosta-3

Георгиески: Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна

Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна. И покрај обилните врнежи од дожд кои во текот на изминатите денови го зафатија Охридскиот регион, нивото на реките и каналите засега е нормално и до сега не е детектиран ниту еден проблем со излевање на вода од канализациониот систем, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:Екипите на Јавните претпријатија денеска направија увид на сите критични места и интервенирано е само на еден потег на улица „Железничка“, каде што дел од куќите се на пониско ниво и самото тоа придонесува за поплавување на одредени локации.

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid_030

Општина Охрид: За само 18 месеци направивме значајни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО

По бурните реакции во јавноста и информацијата за констатираните забелешки од страна на УНЕСКО, нотирани на неверојатни 200 страници, од општина Охрид денес излегоа со став дека „за само 18 месеци направиле значајни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО.“– Општина Охрид во изминатите 18 месеци континуирано беше посветена на заложбите за имплементирање на сите препораки на УНЕСКО и успеа да направи многу значајни чекори за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион. Како локална власт, во постојана координација со останатите надлежни институции и со поддршка на Владата на Република Македонија покажавме вистинска грижа за нашето непроценливо национално богатство. И покрај тоа што се работи за еден сложен процес, кој бара огромен ангажман, време и средства, преку заедничко делување и соработка започнавме да спроведуваме сериозни активности со кои ставаме крај на децениската деградација на овој регион и овозможуваме услови за поголема заштита. За прв пат е донесен сеопфатен План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион кој ги има опфатено сите аспекти во делот на управувањето со езерското крајбрежје, урбаните и руралните средини. Беа стопирани штетните проекти за изградба на Ски Центар на планината Галичица и изградба на експресен пат Охрид- Св. Наум. Започна реконструкцијата на Колекторскиот систем на Охридското Езеро и формирано е ново Јавно препријатие кое е задолжено за контрола на системот на отпадни води. Исто така, за прв пат е воспоставена платформа за соработка со Република Албанија за заштита на сливот на езерото во двете соседни држави, стои во дописот до медиумите.Додаваат дека согласно препораките кои биле во надлежност на Општина Охрид, биле изготвен инвентар на бесправно изградени објекти и бил воведен времен мораториум за градба на целата територија на општината.– За прв пат, по 17 години беа спроведни низа активности за отстранување на бесправни градби во делот на крајбрежниот потег и на неколку други локации. Активностите за отстранување на дивоизградените објекти ќе продолжат и во текот на наредниот период. Сите градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети. Со цел да се исполнат препораките на УНЕСКО во сферата на урбанизамот, Општина Охрид започна процес за изготвување на Урбанистички планови за 18 охридски села, како еден од најефикасните начини за борба со дивоградбите, обезбедување на соодветни услови за градење и развој на руралните подрачја. Во делот на исполнување на останатите препораки од УНЕСКО, Општина Охрид воспостави нов режим на сообраќај со електронска евиденција на возилата во стариот дел на градот и беше воведена постојана пешачка зона на дел од улица „Кеј Македонија“. Исто така, беше изготвена „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“ и беа спроведени активности за отстранување на рекламните билборди и неавтохтони насади -палми. Најновиот нацрт-извештај на УНЕСКО кој е резултат на реактивната мониторинг мисија од месец февруари 2020 година и е сублимат на забелешките од сите претходни мониторинг мисии кои биле реализирани во овој регион, веќе е пристигнат до сите надлежни институции на централно и на локално ниво. Општина Охрид во предвидениот рок ќе испрати коментари на оваа првична верзија на извештајот, а официјален став околу нотираните препораки и заклучоци, ќе биде соопштен во јавноста откако ќе пристигне конечната и финална верзија на извештајот. Исполнувањето на препораките на УНЕСКО продолжува да биде еден од најважните приоритети на Општина Охрид, а целокупниот процесот за спроведување на активностите кои се во интерес на зачувување на светското природно и културно наследство, остануваат важен дел од работната агенда на градоначалникот Константин Георгиески и надлежните општински служби, потенцираат од општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

bozik

Честитка на градоначалникот Георгиески за Божик

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитки до православните христијани по повод најголемиот христијански празник, рождество господово –Божиќ.– Упатувам  најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник- Божиќ.  Ова е најрадосниот ден  меѓу христијаните, денот кога секој од нас во кругот на нашите семејства најмногу треба да се радува и да биде со Бога. Нека празникот ви дарува полно срце, чиста мисла  и бистар ум. Бидете среќни, а душата и срцето нека ви бидат исполнети со топлина и милост . Во мир и хармонија со  најблиските да го пречекаме празникот и пораките кои тој ни ги носи, да правиме добри дела, да имаме разбирање и да бидеме љубезни еден кон друг.Градејќи заедница  врз вистинска божја љубов со која сме ги негувале највисоките духовни вредности, продолжуваме  заеднички да реализираме проекти кои се за доброто на сите нас .Со желба за здравје и благосостојба што ќе траат во целата година, ви го честитам овој голем христијански празник.  – стои во честитката на градоначалникот Георгиески. 

Македонија | пред 5 години

kej

(ФОТО) Започна подготовката за реконструкција на кејот во Охрид

Започнаа активности за реконструкција на кејот во Охрид. Со ова Езерскиот кеј во Охрид ќе добие нов изглед. Станува збор од проектите на актуелната власт во општина Охрид, кејот, едно од најпрепознатливите обележја на градот по долг период ќе биде целосно реконструиран.– За овој проект дел од средствата во висина од 38 милиони денари веќе се обезбедени со одлука на Владата за реконструкција и целосна обнова на кејот во Охрид. Се прават напори во соработка со Владата да се обезбедат уште дополнителни 45 милиони денари, со што целосно ќе се затвори финансиската конструкција за овој капитален проект – изјави неодамна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Од секторот за урбанизам на општина Охрид највуваат дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона.Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бекатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи.Проектот за обнова на кејот вклучува и замена на канделабрите и на клупите за седење. Целиот кеј е планиран да биде партерно и хоритикултурно уреден. Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик а градот ќе добие јавни површини достојни за еден културен и туристички центар.Реконструкцијата на кејот, за која има целосна документација, се очекува да започне во пролетните месеци од 2021 година и да трае околу една година. Ќе се гради во фази за да се обезбеди нормално функционирање на овој фреквентен дел од градското крајбрежје- појасни градоначалникот Георгиески. Тој изрази благодарност за поддршката на Владата која помогна во раздолжувањето на општината, во реконструкцијата на улиците „ 15 Корпус“ и „ Абаз Емин“ и најавената реконструкција на улиците „ Македонски просветители“ и „ Гоце Делчев“, како и во други заеднички проекти.

Македонија | пред 5 години

dete

Георгиески:Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2021 Година во Охрид

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2021 Година во Охрид. Бебенцето на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски.Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

kosta-4

(ВИДЕО) Новогодишна честитка од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески

Оваа година донесе многу неизвесност за сите нас, соочувајќи се со пандемија која тектонски го промени нашето секојдневие. Комуницираме, се дружиме и работиме на сосема различен начин, промени кои беа тешки, но нижни за да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Сепак покрај сите тешки моменти оваа година научивме важни лекции и се потсетивме на вистинските вредости.Се потсетивме дека здравјето е најважно и дека мора да го чуваме, дека солидарноста и меѓусебната поддршка се вредност која мора да ја негуваме. Научивме дека во животот промените доаѓаат неочекувано и мора да ги прифаќаме. Научивме дека и секоја криза е нова можност, од која треба да извлечеме поука за да продолжиме сите заедно напред.Драги граѓани, покрај сите предизвици горд сум на сработеното во 2020 год., истакна во дел од новогодишната честитка градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение честитката од градоначалникот ...

Македонија | пред 5 години

Sednica_53_12292020002

Педесет и трета седница на советот на Општина Охрид, еве што изгласаа советниците

На педесет и третата седница на Советот на општина Охрид, предлагачот на дневниот ред ги повлече предлог програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година и предлог одлука за ослободување од плаќање надоместок за користење на спортки терен, додека дневниот ред беше надополнет со предлог заклучок за утврдување на сообраќаен режим на улицата „Железничка“ кој беше усвоен и предлог за давање согласност за утврдување на тарифа за собирање на отпадни води 2021 – 2023 кој не беше усвоен.На седницата беа усвоени предлог одлуките за верификација на мандат на член во советот на општина Охрид, за именување член во комисијата за верификација, избори и именувања, за именување член во комисијата за урбанизам, за именување член во комисијата за финансии и буџет, за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2021 година.Во текот на расправата по однос на точките за усвојување на предлог програмите беше прифатен амандманот на предлог – програмата за социјална заштита за 2021 година.Советниците ги усвоија предлог програмите за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за период 2021 – 2023 година, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2021 година, за заштита на животната средина и природата за 2021 година, за спорт и рекреација за 2021 година, за млади и невладини организации за 2021 година, за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2021 година, за детска заштита за 2021 година, за социјална заштита за 2021 година, за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2021 година, за одбележување празници и манифестации во 2021 година, за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2021 година, за работа на Советот на општина Охрид за 2021 година, за уредување градежно земјиште за 2021-2023 година, за енергетска ефикасност за 2021 година, за јавно осветлување за 2021 година, за одржување на јавна чистота за 2021 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2021 година, за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2021 година, за други комунални услуги за 2021-2023 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година, за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2021 до 2023 година, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2021 – 2023 година.На денешната седница на советниците го усвоија предлог буџетот на единицата на локалната самоуправа за 2021 година.Беа усвоени и предлог одлуките за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2021 година, за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година. Исто така на денешната седница беа усвоени предлог програмите за усвојување на Програмата за работата на ЈП „Водовод“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на програмата за работа и развој на ЈП „Билјанини извори “ – Охрид за 2021 година, за усвојување на Планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на Програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на План Програмата за работа и развој на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2021 година, годишна програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година, оперативна програма за организирање и функционирање на службата за зимско одржување на патишта и улици на подрачјето на општина Охрид за 2021 година, за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ – Охрид.На денешната 53. Седница беа усвоени предлог одлуките за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ООУ “Григор Прличев“ – Охрид, за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОСУ “Св. Климент Охридски“ – Охрид, за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр. 4035/1,4036/1, 4037/1, 4038/1,4036/2 и 4037/3 за КО Охрид 4, за формирање локалeн совет за превенција за подрачјето на општина Охрид, за ослободување од плаќање надоместок на превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот за услуги на ЈП „Нискоградба“ – Охрид, за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Водовод“ – Охрид за 2021 година, за дополнување на одлуката за утрдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори – Охрид, за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ -Охрид за регулиран период 2021-2023 година.Точката за предлог одлука за преземање на водоводот од МЗ Куратица и отстапување на ЈП„Водовод“ – Охрид, не беше усвоена.

Македонија | пред 5 години

Kosta-voda

Георгиески: Лично не би поддржал промена, поточно покачување на цената на водата, базирана на закон донесен од претходната власт од 2016 година

На дневен ред на денешната седница на совет е ставена точката за поскапување на водата. Станува збор за точката која е за спроведување на одлуката од регулаторна комисија. Законот за водоснабдување е дециден дека градоначалникот е должен во рок од 60 дена да започне постапка за давње согласност на одлуката која ја донесла регулаторна комисија.„Ние имаме решение од регулаторна комисија од седми месец годинава. И јас едноставно сум должен да започнам постапка да ја ставам на совет, а советот да се изјасни дали ќе даде согласност во однос на тоа решение или не. Доколку советот не даде согласност, следниот чекор од законот е дека во рок од 150 дена после објавувањето, регулаторна комисија ќе донесе решение за започнување на постапка за донесување на регулаторна тарифа а тоа ќе мора да се спроведува“, истакна градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот го соопшти и својот личен став по однос на ова прашање, кое изминатиот период крена голема „прашина“, кај охриѓани.„Не би поддржал јас промена, поточно покачување на цената на водата, базирана на закон донесен од претходната власт од 2016 година. Цаната на водата треба да ја регулира советот на општината, а не регулаторна комисија. Но, затоа што бев обврзан со закон точката ја ставив на дневен ред и им сугерирам на советниците да не ја прифатат“, вели Георгиески.Градоначалникот додава дека регулаторната комисија носи решенија за секој град посебно.„Веројатно ќе добиеме ново решение од регулаторна, затоа што таков е законот, во моментов. И други општини имаа ваков проблем. Според сегашниот начин можеби е подобар, затоа што со фиксниот надоместок партиципираат во решението и сите оние кои не користат вода и имаат викенд станови. А доколку го немаме тој фиксен надоместок ако цената е сега 43 денари за кубик, тогаш ќе биде 60, затоа што ќе го немаме фиксниот надоместок и ќе плаќаме само ние охриѓани“, истакна градоначалникот.

Македонија | пред 5 години

Kosta-voda

(ВИДЕО) Георгиески: Буџетот планира рекордни 98.7 милиони денари за реконструкцијата на улиците и патиштата во општина Охрид

Пред почетокот на седницата на Советот на општина Охрид, градоначалникот Константин Георгиевски за медиумите даде изјава во врска со буџетот на општина Охрид за 2021 година.– Почитувани сограѓани. Денес Советот на општина Охрид треба да гласа по предлог буџетот кој ние како општина го предлагаме за 2021 година. Овој буџет е во голема мера посветен на урбанизмот и уредувањето на градежното земјиште, локалниот економски развој и развојот на туризмот, образованието и животната средина. Вкупните приходи во предлог- буџетот се проектирани на износ од нешто повеќе од 1.2 милијарди денари, додека приходите само на основниот буџет се проектирани на 685 милиони денари.Буџетот планира рекордни 98.7 милиони денари за реконструкцијата на улиците и патиштата во општината. Улиците „Јане Сандански“, „7-ми Ноември“, „ Будва“, „ Прилепска“, „ Славеј Планина“ и други ќе добијат нов лик, а ќе им се придружат и кејот „ Македонија“ и улицата „Македонски просветители„ за чија реконструкција средствата се веќе обезбедени од владата на РСМ и Светска банка. Планирано е продолжување на уредување на речни корита, на велосипедска инфраструктура како и изградба на нови и обновување на веќепостоечки детски игралиште во општината.Дел од средствата во буџетот се планирани за локален економски разој и развој на туризам преку субвенции на неколку категории како што се занаетчиите, општинските линиски превози и различни туристички дејности.Имаме рекордно висок износ обезбеден за стипендии на ученици и студенти во износ од 6.3 милиони денари, а се продолжува со инвестирање во реконстукција на основните и средни училишта низ општината.Во делот на социјалната заштита сакам да напоменам дека Општина Охрид комплетно го презема финансирањето на дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ односно обезбедува средства за континуирано извршување на секојденвните активности на овај центар.За жал, и овој пат, опозициската ВМРО ДПМНЕ преку нејзината советничка група не најде начин да биде конструктивен партнер кој работи во интерес на граѓаните. Тие не учествуваа во составувањето на буџетот за 2021, но решија на самата седница да го попречуваат донесувањето на буџетот со небулозни амандмани – рече градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Водоснабдувањето во Лескоец треба да се нормализира во текот на денов, најдоцна утре

Неколку денови во Лескоец има проблеми со водоснабдувањето. Градоначалникот го објаснува проблемот.„Јас синоќа до 1:30 бев во Лескоец со екипите на ЈП Водовод. Настанат е дефект при ископ во приватна парцела од страна на физичко лице, дефектот е саниран, но настанати се компликации со испразнување на резервоарот и навлегување воздух во водоводната линија. Од денеска испратени се цистерни и флаширана вода за жителите кои останаа отсечени. Треба во текот на денешниот или утрешниот да се нормализира водоснабдувањето“, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

kosta-6-1

(ФОТО) Доделени наградите на 57. Државен натпревар за млади техничари и природници

Секоја додатна мотивација за младите таленти во земјава е секогаш добредојдена.Ја имав таа чест да сум дел од доделувањето на наградите на 57. Државен натпревар за млади техничари и природници во организација на Народна техника на Република Северна Македонија и Сојузот на клубови на млади техничари и природници.На добитниците имам да им порачам едно а тоа е дека со својата посветеност, постигнувања и талент се на вистински пат кон подобра иднина, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Modularna

Продолжуваат градежните активности за подготовка на просторот за поставување на модуларната болница во Охрид

Општина Охрид продолжува со градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19. Деновиве беше расчистен пределот околу општата болница а на истата локација, потоа беше изведено тампонирање и бетонирање на делот каде ќе биде поставена болницата. Во текот на вчерашниот и денешниот ден, работните активности продолжуваат со асфалтирање на пристапните патеки, односно влезот и излезот до монтажната болница како и просторот околу самиот објект.Понатамошни обврски на општина Охрид секако ќе се да се обезбеди соодветен довод и одвод како и поврзување на електричната мрежа за дистрибуција. Модуларната болница која ќе биде поставена на оваа локација, ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во Охридскиот регион. 

Македонија | пред 5 години

Kosta-cestitka-katoicki-bozik

Георгиески: На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто не води да правиме чесни дела

Со голема радост и задоволство, на сите припадници на католичката вероисповест, им го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ.На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто не води да правиме чесни дела, да се сакаме себеси и да ги сакаме и почитуваме другите. Божиќ е празник на љубовта, на среќата и семејството, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата градоначалникот додава:Празнувајте во мир и хармонија и со љубов примете ги пораките на овој ден. Правете добри дела и имајте разбирање еден со друг. Само така ќе го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта и спасението на човековиот род.Со чиста верба кон Бога обединети и сложни имаме можност за заеднички напредок.Нека Бог дарува љубов, нека има успех и бериќет во секое поле од значење за Охрид и нашава држава. Заеднички да се радуваме и да го славиме овој голем христијански празник.

Македонија | пред 5 години

zeleznicka

Георгиески: Немам зборови да ја опишам тагата и болката која ја чувствувам, општината и јас стоиме на располагање да помогнеме за сѐ што е потребно

Ова е ужасна вест. Немам зборови да ја опишам тагата и болката која ја чувствувам, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески за тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа.Градоначалникот додава:Се молам двете братчињата да се изборат. Целата општина Охрид и јас лично стоиме на располагање да помогнеме за сѐ што е потребно на семејството на братчињата во овие тешки мигови.Господ нека ги чува.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања