„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Нема фотографија

Георгиески: Честитки за историскиот успех на Охридскиот ракометен клуб во Супер лигата

Честитки за историскиот успех на Охридскиот ракометен клуб во Супер лигата.Продолжете со ❤️ за Охрид , напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

opstina

Општина Охрид на прво место по индексот на отвореност на општините

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество.Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореностИндексот на отвореност ги проценува перформансите на локалната власт во областа на добро владеење со тоа што се фокусира на четири принципи:пристапностефикасностинтегритет итранспарентност со еден заеднички домен присутен во сите четири принципи, а тоа се отворените податоци.Општина Охрид има висок процент на исполнителност во сите четири принципи на отвореност, а најдобри резултати има во делот на транспарентноста на организациски информации, јавни набавки, буџет и јавните консултации.На регионалната онлајн презентација извештајот за отвореност, посветена на Општина Охрид присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кои истакна дека во текот на работењето Општина Охрид постојано се стреми да достигне високо ниво на транспарентност и максимално да го почитува принципот на отвореност со тоа што редовно се споделуваат сите информации кои се во интерес на јавноста и редовно се информираат граѓаните за сите детали од работењето. Тој потенцираше дека општината ќе ги прифати сите забелешки и заклучоци кои произлегуваат од ова истражување и ќе ги спроведе сите мерки за подобрување по одредени параметри на транспарентноста.Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк  

Македонија | пред 5 години

Plostad_dec

Започна новогодишното украсување на Охрид

Деновиве започна новогодишното украсување на Охрид. Во услови  на здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, а со цел да се заштедат финансиски средства, локалната власт одлучи украсувањето да се реализира со намален буџет во однос на изминативе години.  Ќе се користат постоечките реквизити кои се сопственост на општината, а китењето ќе биде во централното градско подрачје и главните „улични артерии“.Годинава   ѕвезденото небо ќе блесне само на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и на улицата „Македонија“  спроти кејот каде ќе се постават и  декоративни мразулци.  Со мразулци годинава ќе биде накитена и чаршијата .Кружните токови  на булевар „Туристичка“  и  кај гимназијата  „Св. Климент Охридски“ ќе бидат разубавени со новогодишни фонтани.Според планираното  украсувањето на Охрид  треба да заврши кон средината  на месец декември.

Македонија | пред 5 години

kosta-2-1

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Висок процент на исполнителност е евидентирана во сите четири принципи на отвореност: пристапност, ефикасностинтегритет и транспарентност, а најдобри резултати имаме во делот на транспарентноста на буџетот, јавните набавки, јавните консултации и организациските информации.И понатаму ќе продолжиме да одржуваме високо ниво на транспарентност и редовно да споделуваме информации кои се во интерес на јавноста, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

bolnica-2

Општина Охрид ги започна градежните активности каде што ќе биде поставена Модуларната болница

Општина Охрид ги започна градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата "МН-АС Констракшн" од Струга, за реализирање на градежните активности.На просторот каде што ќе бидат поставени монтажните објекти ќе биде извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, ќе биде извршено поставување на водоводна и канализациона мрежа и ќе се спроведат приклучоци за електрично напојување, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:Во текот на денешниот ден екипите на општинските јавни претпријатија спроведоа активности за чистење и подготовка на просторот.Модуларната болница ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во Охридскиот регион.

Македонија | пред 5 години

Sv_Kliment_Ohridski_patron

(ФОТО) Охрид се поклони пред заштитникот Св. Климент Охридски

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Константин Георгиески положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Светителот и заштитникот на Охрид на  градскиот плоштад што го носи неговото име. Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов меѓу кои и од   охридската гимназија и  битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.По традиција,градоначалникот Георгиески им  врачи парични награди и  примероци од книгите „Антологија за Прличев“и „Дојди во Охрид“ на учениците од охридските училишта кои учествуваа на Конкурсот за најдобра поетска творба што претходно го распиша општината по повод празникот.  Првата  награда   во прва категорија за ученици од одделенска настава   ја освои  Климент Укоески за  песната  „За Климент“. Придружната награда ја доби   Максим Георгиески   за песната „Учителот“ и Кирил Шапкароски   за   „Охриде“.Првата награда во  втора категорија   за ученици од предметна настава  ја доби   Надица Новеска автор на песната  „Охридска вечност“. Придружната награда беше доделена на  Надица Тасеска  за   „Охрид раскажува за Св. Климент“ и  Симона Димитриевска  за песната „Климентово дело“.Годинава наградата во третата категорија за ученици во средно образование од прва до четврта година не беше доделена откако тоа претходно  го одлучи   стручната Жири-комисија. Затоа  наградата се подели како придужна  на првонаградените во претходните категории.  

Македонија | пред 5 години

sv-kliment

(ФОТО) Доделени највисоките општински признанија “Св.Климент Охридски – патрон на градот“

Со пригодна свеченост, денес беа доделени највисоките општински признанија наградата и повелбата “Патрон на градот –  Св.Климент Охридски “. Поради актуелната ситуација со пандемијата, свеченоста беше одржана во присуство на лауреатите и мал број на граѓани.Пред присутните се обрати градоначалникот Константин Георгиевски.– Почитувани дами и господа, драги сограѓани, уважени добитници на Свети Климентовите наградиДенес во изменети услови и околности го чествуваме великиот Свети Климент Охридски, закрилникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и нашиот Охрид, сесловенскиот учител и светител. Нека ни е честит и вековит празникот.Почитувани присутни,Повеќе од сигурно е дека никој во милениумското битисување на Охрид, не оставил таква силна трага и влијание како Свети Климент Охридски. И после повеќе од 11 века неговото присуство чиниш може да се допре. Ние си го имаме Свети Климента – секој ден, секој час, секој миг. Да не држи поблиску до Бога, до вистината, до човекољубието. Да не поддржи кога ни е тешко, да не укори кога сме горделиви, да не награди кога сме чесни кон другите и кон себе. Ете, така охриѓани и Македонците го чествуваат и чуствуваат својот Свети Климент Охридски.Драги сограѓани,Од многуте дела посветени на Свети Климент Охридски, дозволете ми да издвојам само една реченица, која ми се чини е најсоодветна за премрежјата низ кои денес поминуваме како генерација, а е запишана од неговите ученици – “Само од добар корен, никнува здрава фиданка“. Верувам и убеден сум дека денешната генерација Македонци, се здравите фиданки на Свети Климентовиот корен на просветлението, вистината и човекољубието и дека како такви ќе опстоиме и успешно ќе одговориме на денешните предизвици. И како народ и како држава.Ги упатувам моите најискрени честитки до Македонскиот народ, до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и до моите охриѓани. Искрени честитки и за годинашните добитници на Климентовите признанија: Академик  Вера Битракова Грозданова, добитник на Свети Климентовата награда – неуморен истражувач, универзитетски професор и еминентен научник од областа на археологијата и историјата на уметноста и добитниците на повелбата: ЈЗУ “Општа Болница“ Охрид – како главен носител на борбата со пандемијата на Ковид 19, д-р Мимоза Влаши Хиса – специјалист по гинекологија и акушерство и Проф. Д-р Рубин Земон, универзитетски професор, долгогодишен активист во невладиниот сектор за промоција на мултикултурализмот и толеранција.Нека ни честит и вековит Светиклиментовиот ден. Ви благодарам.Од името на наградените се обрати Академик Битракова Грозданова, која заблагодарувајќи се на наградата, рече дека со восхит и трепет ја прима оваа награда и посака и идните генерации охриѓани да бидат посветени и да го почитуваат делото и ликот на Свети Климент Охридски. Свеченоста заврши со доделување на специјално признание на НУ “Фестивал Охридско Лето“, за 60 годишното успешно работење и промовирање на Охрид и Македонија во светот. 

Македонија | пред 5 години

Sv-Kliment-Ohridski-patron-8

(ЖИВО) Свечено доделување на наградата и повелбата Св. Климент Охридски - Патрон на Охрид

На пригодна свеченост што поради актуелната здравствена ситуација ќе се одржи со ограничено присуство, денеска напладне, ќе бидат доделени наградата и повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот. Настанот ќе биде емитуван во живо на официјалниот профил на градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески на Фејсбук, а ќе може да се проследи и тука. 

Македонија | пред 5 години

Kosta1

Георгиески: Имав можност да ја следам виртуелна Zoom-дебата на култниот магазин „TIME“ во пресрет на откривањето на „TIME person of the Year“ за 2020 година

На мое големо задоволство имав можност да ја проследам денешната виртуелна Zoom-дебата на култниот магазин „TIME“ во пресрет на откривањето на „TIME person of the Year“ за 2020 година.Настанот беше составен од две панел дискусии и секоја беше модерирана од Бен Голдбергер, извршен уредник на „TIME“ и директор на „TIME person of the Year“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгески.Во продолжение на објавата градоначалникот додава:Говорници беа д-р Селин Гаундер; експерт за инфективни болести и член на Ковид-19 работната група на Претседателот Бајден, д-р Леана Вен, лекар и застапник за јавно здравје; Џесика Бирд, партнерка на Three point strategies; Емануел Ачо поранешен играч на NFL и Хозе Андрес, основач и сопственик на ThinkFoodGroup.

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Јавна расправа за нацрт програмите и нацрт буџетот на Општина Охрид за 2021 година

Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Охрид организира Јавна расправа по Нацрт програмите и Нацрт буџетот на општината за 2021 година.Јавната расправа ќе се одржи во периодот од 10-ти до 17-ти декември 2020 година.Со оглед на актуелната состојба со здравствената криза предизвикана од пандемијата на вирусот КОВИД 19, Јавната расправа нема да може да се одржи со физичко присуство на заинтересираните лица.Се повикуваат сите заинтересирани физички и правни лица во перидот од 10-ти до 17-ти декември 2020 година да ги достават своите предлози преку дигиталната алатка „Вклучи се-Граѓански буџет“ која е поставена на општинската веб страница и да го пополнат поставениот прашалник.Нацрт програмите и нацрт буџетот на Општина Охрид се достапни за разгледување на следниот линк:НАЦРТ ПРОГРАМИ И БУЏЕТ 2021 (ZIP file 964 KB)

Македонија | пред 5 години

ohrid

(ФОТО) Георгиески: Инвестициите во сообраќајната инфраструктура се нашиот приоритет

Инвестициите во сообраќајната инфраструктура се нашиот приоритет.Во завршна фаза се градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ во населбата „Видобишта“. Деновиве беше поставен завршниот асфалтен слој на коловозот, а претходно се изведуваа работни активности за поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна на улицата.Во текот на наредниот период планирано е поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.

Македонија | пред 5 години

crven-ksst

Мобилните тимови на локалната самоуправа и ЦК од Охрид околу девет месеци секојдневно укажуваат помош и поддршка на ранливите категории на граѓани

По повод Меѓународниот ден на волонтерите кој се одбележува денеска сакам уште еднаш да упатам јавна благодарност и признание за сите членови на Мобилните тимови на локалната самоуправа и Црвениот крст од Охрид кои околу девет месеци секојдневно укажуваат помош и поддршка на ранливите категории на граѓани од нашата општина, напиша на својот ФБ профил градоначлникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на својата објава градоналникот додава:Нивната неуморна работа и нивните несебични напори за ублажување на последиците од кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 се вистински пример за хуманост и човечност и имаат непроценливо значење за заедницата.Деновиве овие мобилни тимови спроведоа уште една голема хуманитарна акција при која што беа доставени вкупно 100 пакети со прехранбени производи до социјално ранливи семејства од Охрид и околината.Прехранбените пакети беа обезбедени преку донација од позната трговска компанија.

Македонија | пред 5 години

ohrid-asfaltiranje-1

(ФОТО) Поставен првиот асфалтен слој на улицата „Абас Емин“

Како резултат на истрајната и максимално посветена работа на сложениот инфраструктурен проект за реконструкција на улицата „Абас Емин“, на мое големо задоволство, денеска беше поставен првиот асфалтен слој на дел од коловозот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Тој во објавата додава:Согласно предвидената динамика, претходно, во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција, на овој потег беше поставена нова атмосферска, фекална и водоводна линија со ископ во длабочина од 3,5 метри и ширина од 2 метри и беше извршено преприклучување на корисниците. Исто така беа реализирани активности за соодветно тампонирање и поставување на рабници.Паралелно со асфалтирањето на коловозот тековно се изведуваат градежните активности за поставување на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа на останатиот дел од улицата. Според планираното, доколку дозволат временските услови, во текот на овој месец ќе биде поставен асфалт на коловозот, на потегот до пресекот со улицата „Охридска Бригада“.Со подеднаква посветеност како и до сега, продолжуваме да работиме за успешна реализација на целокупниот проект.

Македонија | пред 5 години

kukicki-3

(ФОТО) Во Охрид нови типизирани куќарки за улична продажба на јавни локации во централното градско подрачје

Со цел да се обезбедат посовремени услови за улична продажба на јавни локации во централното градско подрачје и да се подобри урбаната слика во градот, Општина Охрид преку ЈП „Градски пазар“ набави 10 типизирани куќарки(урбана опрема).Куќарките имаат автентичен изглед, изработени се од соодветен дрвен материјал и располагаат со сите потребни сегменти за продажба. Куќарките ќе се поставуваат на јавни локации во градот согласно потребите и Програмата за поставување на урбана опрема. Според планираното, во иднина Општина Охрид ќе дозволува продажба на отворено само во вакви куќарки и нема да биде дозволена продажба на отворено на монтажни тезги од секаков вид.Куќарките ќе бидат поставени за прв пат на градскиот плоштад во Охрид за потребите на Новогодишниот базар. Поради економската криза која ја предизвика светската пандемија и со цел да им се излезе во пресрет на локалните трговци, Општина Охрид донесе одлука во текот на Новогодишниот базар, куќарките да бидат изнајмени промотивно и без закуп. Во текот на наредните денови ќе биде објавен наменски јавен повик за изнајмување на куќарките.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Охрид има неколку успешни бизнис приказни, кои се вистински пример за развој на локалната економија

Охрид има неколку успешни бизнис приказни, кои се вистински пример за развој на локалната економија.Заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот Царинската управа, Ѓоко Танасоски денеска ја посетивме компанијата "АСП-ПАК" која постојано инвестира во развој и унапредување на производствениот процес, континуирано отвора нови работни места и освојува нови пазари.Како локална самоуправа, во доменот на своите ингеренции, секогаш стоиме на располагање за поддршка на локалните бизниси кои го зајакнуваат економскиот потенцијал на Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања