„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

kosta

(ВИДЕО) Изјава на градоначалникот Георгиески за ребалансот на буџетот на Општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 51-та седница на Советот на Општина Охрид.-Буџетот кој беше изгласан на 26.12.2019 година, уште од самиот почеток на оваа календарска година беше изложен на предизвикот со кој се соочи нашата држава и целиот свет, а тоа е пандемијата од корона вирусот КОВИД 19.И покрај тоа што бевме изложени на еден ваков предизвик кој донесе низа социо-економски турбуленции, кои траат повеќе од осум месеци, среќен сум што Охрид успеа да заокружи една исклучително успешна година, со значајни капитални инвестиции во инфраструктурата и во образованието, но и да овозможи навремено сервисирање на процесот на раздолжување.Согласно мојот принцип на транспарентност во работењето, сакам да ја информирам јавноста дека со ребалансот на буџетот се кратат дел од средствата кои се планирани и се во тек на реализација, а за наплата ќе пристигнат во новата 2021 година. Со оглед на тоа, нивото на вкупниот буџет е намалено за 9% и изнасува 1.113.433.751 денар, додека основниот буџет изнесува 548.300.000 денари.Остварувањето на носечката програма во Буџетот за 2020 година-Уредување на градежно земјиште заклучно со 31.10.2020 година изнесува 70%. Ваквото високо ниво на реализација на оваа програма се должи на успешното завршување на реконструкцијата на улиците „Охридска Бригада“, „Прва Македонска Ударна Бригада“, улицата во населбата „Христо Узунов“ и улицата која минува низ поранешната касарна.Исто така беше реализирана изградбата на тротоари и велосипедски патеки на улица „15 ти Корпус“, беше извршено асфалтирање на тесни улици во повеќе села и населби, а во тек е релизацијата на големиот инфраструктурен проект за реконструкција на улица „Абас Емин“. За реализација на овие инвестициски проекти и голем број други проекти во делот на инфраструктурата, од општинскиот буџет беа издвоени околу 92 милиони денари.Со донесениот ребаланс на Буџетот се овозможува реализација на проектите за кои се завршени тендерските постапки, склучени се договори и се очекува во текот на последните два месеца од годинава да започнат со реализација. Дел од овие инфрструктурни проекти ќе се исплаќаат и во текот на 2021 година.Тука би сакал да ги издвојам проектите за реконструкцијата на улицата „Марко Цепенков“; изградба на коритото на река „Грашница“ во делот од булевар „Туристичка“ до улица „Железничка“; Изградба на резервоар за водоснабдување на селото Горно Коњско; изградба на потпорен ѕид во стариот дел на градот, поставување на подземни контејнери на повеќе локации во општината; набавка и поставување на типизираните тезги за продажба на сувенири и други предвидени програмски активности. Во делот на образованието продолжуваме со инвестициски активности во речиси сите основни и средни училишта.Оваа прилика сакам да ја искористам да упатам одговор и појаснување на неколку дезинформации, кои деновиве беа изнесени од страна на опозицијата:Како прво, привремените вработувања за 2020 година со предложениот ребаланс на буџет ги намалуваме од првичните 8,5 милиони денари на 5 милиони денари. Односно, општина Охрид во 2020 година за привремени вработувања ќе потроши нешто помалку од оваа сума. Врз основа на овој факт, смешна е изјавата на опозицијата дека се предвидуваат нови средства на оваа ставка.Не обвинуваат за враќање на стари долгови, а не го вреднуваат она што е најголем успех на оваа локална власт, а тоа е раздолжувањето на општината. Доколку не знаат еве да ги потсетам, долгот од 1.600.000.000 денари кој го наследивме во 2017 година, го сведовме на ниво 470 милиони денари по сите основи.Ова е податок што пред неколку дена го соопшти и Министерството за финансии, па така по скоро две децении, општина Охрид повеќе не е на првото место на листата на најголеми должници како локална самоуправа.Опозицијата треба да знае дека тие 40.000.000 кои ги споменуваат се по спогодби кои се потпишани и со нивно непочитување, се крши законот и се создава ризик за нови судски процеси и нови долгови за општината. Општина Охрид константно го намалуваа својот долг и не генерира нови долгови, тоа е за секое поздравување, а не за неосновани и празни критики. Се работи за инвестиција во иднината. Се работи за еден процес кој од самиот старт е јасен и транспарентен. Уште еднаш потенцирам дека за нецели две години долгот на општината е намален за фантастични 1,2 милијарди денари.На оваа тема, јавно би го запрашал господинот Сашо Донев, кој во име на опозицијата често изнесува невистини – Дали е грев што општина Охрид го исплати наследениот долг кон ЈП „Нискоградба“ во износ од 13.600.000 денари, од времето кога тој беше на челната позиција во тоа јавно претпријатие?Во делот на непродуктивните расходи, сакам да истакнам дека Општина Охрид оваа 2020 година ќе ја заокружи со нула трошоци за ресторански услуги и репрезентација и со реализација само на една исплата на име на трошоци за обележувањето на 8-ми декември 2019 година. Исто така, во програмата Градоначалник патните и дневните расходи со овој ребаланс се скратени за 355.000 денари.Воедно сакам да информирам дека сите средства што ми се исплатени на име патни и дневни расходи во 2020 година на крајот на годината ќе ги уплатам на сметката на Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“.За обвинувањата на опозицијата кои беа изнесени за намалувањето на средствата за изработката на просторни и Урбанистички планови, сакам да нагласам дека јавноста беше навремено информирана и дека оваа година се склучија четири договори со економски оператори за изработка на урбанистички планови во вредност од 9.858.421 денари. Се работи за подготовка на урбанистички планови за речиси сите села на подрачјето на општината.Би сакал да појаснам дека во програмата Изградба на системи за водоснабдување со донесениот ребаланс намалени се средствата за реконструкција на пумпната станица во Метропол во износ од 17.000.000 денари. Оваа програмска активност е во тек и за истата финансиските импликации ќе бидат во буџетот за 2021 година.Јас како градоначалник и оваа локална самоуправа, продолжуваме да работиме посветено и одговорно во остварување на сите планови и програми кои се во насока на исполнување на ветувањата кои се дадени пред граѓаните. Убеден сум дека и во иднина ќе оствариме значајни резултати во сите сегменти, кои ќе овозможат подобар развој и подобра иднина за нашата општина, изјави Георгиески за медиумите.

Македонија | пред 5 години

7_Noemvri_11072020007

Цвеќе по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Охрид

Делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во Паркот на револуцијата, а повод одбележувањето на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов. 

Македонија | пред 5 години

MAGRADA_KADRISELMAN_

Награда за Кадри Селман од градоначалникот Георгиески

На предлог на група граѓани, а по повод 7 ноември, празникот со кој се одбележува ослободувањето на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески, донесе решение за парична награда во висина од 20 илјади денари за Кадри Селман, вработен во ЈП “Охридски Комуналец“.Наградата му се се доделува за посветено и професионално работење во одржувањето и уредувањето на градските паркови и зеленило. Колегите на Селман, едногласни дека наградата оди во вистински раце. Кадри вели дека е искрено среќен за наградата и очекувал дека некој ќе знае да ја цени неговата 36 годишна работа во јавното претпријатие, односно во РЕ “Паркови и зеленило“.Селман наградата ќе ја прослави со колегите од ЈП “Охридски Комуналец“, кои денес го одбележуваат својот празник.

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid_030

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод денот на ослободувањето на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.– Почитувани сограѓани ви го честитам 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор и неговите сојузници. Денеска празнуваме и чествуваме за храброста и делата на  сите борци  кои   ги положија своите животи за слободен град.  Пишаната историја го забележала овој датум  како симбол  за градење   слободен, мирен и современ Охрид. Борбата  и пожртвуваност  на нашите претци се наш аманет и завет   дека нивните херојства и жртви нема никогаш да бидат заборавени, а слободата за која се бореле ќе ни биде вечна.Нашиот Охрид нека ни биде вечен , а ние да се стремиме кон создавање модерен развиен и европски град. Со корисни идеи и успешни општествени проекти заеднички да го доградуваме и осовременуваме.Нека ни е честит 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид. 

Македонија | пред 5 години

igralista

Превентивно затворени детските игралишта во Охрид

Сите детски игралишта на подрачјето на Општина Охрид од денеска ќе бидат времено затворени и нема да може да се користат.Оваа мерка е преземена согласно препораките за заштита од ширењето на Корона вирусот КОВИД 19. Претходно, согласно истите препораки беше извршена целосна дезинфекција на игралиштата.Се упатува апел до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка и да избегнуваат непотребни групирања и на други отворени локации.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба

По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува: НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА Темата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент ОхридскиПо овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:  I  За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение); II  За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);III За ученици во средно образование (од прва до четврта година). Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари;Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари;Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари. Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот  на Општина Охрид.Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2020 година, треба да се доставуваатна следната адреса:Општина Охрид, – ул.”Димитар Влахов“бр.57 (со назнака : За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.Авторството се докажува со четвртиот примерок.Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид.  

Македонија | пред 5 години

Sv_Kliment_1280

Конкурс за доделување повелба – патрон на градот “Св.Климент Охридски”

Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признинија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” По повод 8-ми Декември – “Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2020 година. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Северна Македонија и во светот, во период од една година.Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.”Димитар Влахов” бр.57, за Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)   

Македонија | пред 5 години

Sv_Kliment_1280

Конкурс за доделување општинска награда – патрон на Градот “Св.Климент Охридски“

Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува: КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ По повод 8-ми Декември–“Св.Климент Охридски”, градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2020 година.Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Северна Македонија и светот.Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.Наградата “Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.Пријавите да се достават на адреса: ул. “Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”). 

Македонија | пред 5 години

mak-prosvet

Јавна расправа за планот за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА), реконструкција на „Македонски просветители“ во Охрид

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ „План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности, Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Охрид организираат јавна расправа која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео-конференција на 12 ноември (четврток) 2020 г. со почеток во 12.00 часот. Линк до објавата:https://we.tl/t-qRcqVzmRXV

Македонија | пред 5 години

ribar

Информација за ОН-ЛАЈН обуки за рибарство

Амбасадата на Израел задолжена за Република Северна Македонија во соработка со Општина Охрид објавува информација за учество на он-лајн обуки за рибарство на тема „Интензивно одгледување на риби“.Обуките се организирани од Израелската агенција за меѓународна соработка-МАШАВ и Центарот за земјоделски обуки-МАТЦ и се наменти за професионалци од надлежните институции, универзитетите, истражувачките институти, приватните компании и невладините организации од областа на рибарството.Оваа серија на предавања има за цел да сподели со учесниците некои аспекти на израелското искуство за развој на секторот за одгледување на риби. Исто така, обуките имаат за цел да создадат рамка за интернет дебата, овозможувајќи им на учесниците да ги проценат можностите за имплементација на новите стратегии и технологии во нивните локални услови.Он-лајн обуките ќе бидат организирани во периодот од 26.11-17.12.2020 година и ќе се одвиваат на англиски јазик. Сите лица кои се заинересирани за учество на обуките, можат да достават пополнета апликација до Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид на електронската адреса info@ohridler.gov.mk заклучно со 12.11.2020 година (четврток).Повеќе информации за обуките може да се прочитаат во приложената брошура.БРОШУРААПЛИКАЦИОНА ФОРМA

Македонија | пред 5 години

dezinfekcija-2

Се врши дезинфекција на јавните површини во Охрид

Од утринава ЈП „Охридски Комуналец“, врши дезинфекција на јавните површни низ градот. Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците низ целиот град, градскиот кеј, пешачките патеки, просторот во и околу болничкиот комплекс и сите фреквентни локации во градот.Дополнително се изврши дезинфекција во околните охридски села.Ваквата активност ќе продолжи и во наредниот период.

Македонија | пред 5 години

opstina

Јавен повик за прибирање на барање и интерес за финансиска поддршка и кофинансирање од општина Охрид за 2021 во областа на спортот

Јавниот повик се однесува на прибирање на барања и интерес за финансиска поддршка и кофинансирање од Општина Охрид за 2021 година на спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, индивидуални спортисти, други правни лица од областа на спортот, граѓански здруженија, образовни институции и поединци поврзани со развојот и унапредувањето на спортот и вредностите на спортот на територијата на општина Охрид.Како главни приоритети се сметаат развој и поддршка на масовниот и рекреативниот спорт, психофизички развој, социјална инклузија, економски развој, заштита на животната средина и афирмација и промоција на градот Охрид.Право на учество на Јавниот повик имаат спортски клубови, спортски здруженија (сојузи и асоцијации), индивидуални спортисти, други правни лица од областа на спортот, училишни спортски клубови и сојузи, спортски школи, образовни институции и граѓански здруженија чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Охрид и спортски федерации и клубови чиешто регистрирано седиште не се наоѓа на подрачјето на општина Охрид, но имаат соработка со локален спортски правен субјект (потпишан договор за соработка) за реализацијата на проектот, активноста или манифестацијата.Барањата по однос на Јавниот повик ќе можат да се достават најдоцна до 17.11.2020 година до 12 часот.Повеќе информации може да најдете на www.ohrid.gov.mk

Македонија | пред 5 години

literaturen

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на објавениот конкурс на тема “Природата нашата мајка раскажува топла есенска бајка”

Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.Од пристигнатите литературни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари Симона Димитриеска , VII одделение од ОУ „ Кочо Рацин ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари, Марија Трајаноска IX оддение, од ОУ„ Св.Климент Охридски “ , ОхридТрета награда во висина од 3.000,00 денари, Петар Илоски, VI одделение, од ОУ „Koчо Рацин “, ОхридОд пристигнатите ликовни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари Александра Шуканова , II одделение, од ОУ „Св.Климент Охридски “, ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари Емануела Дукадиновска, VIII одделение, од ОУ„ Братство Единство“ , ОхридТрета награда во висина од 3.000,00 денари Лана Џајкоска , III одделение , од ОУ„ Григор Прличев“ , населба Рача ОхридСе молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид , на ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 18.00 часот

Македонија | пред 5 години

sovet-Ohrid

Охридските советници ја изгласаа Предлог одлуката за давање на трајно користење на недвижен имот, од ЈП Градски пазар

Советниците на Советот на Општина Охрид ја изгласаа Предлог одлуката за давање на трајно користење на недвижен имот, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Градски пазар“ Охрид како единствена точка од дневниот ред на педесеттата седница на советот која беше одржана денеска.По гласањето за оваа предлог одлука беше исцрпен дневниот ред на седницата.

Македонија | пред 5 години

filipce-2

Георгиески: Со заеднички сили, силна посветеност и конкретни мерки можеме да ги ублажиме последиците од вториот есенски бран на вирусот

Се интензивираат активностите за дефинирање на начинот и планот за вклучување на докторите интернисти од приватните здравствени организации за помош и поддршка на здравствениот систем во борбата со КОВИД 19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата уште додава:На вториот он-лајн состанок кој го одржавме денеска со колегите од Лекарската комора и министерот за здравство Венко Филипче, уште еднаш беше потенцирана важноста од ангажирање на поголем број стручни здравствени работници кои би дале придонес во надминувањето на здравствената криза.Само со заеднички сили, силна посветеност и конкретни мерки можеме да ги ублажиме последиците од вториот есенски бран на вирусот и да овозможиме посоодветен третман на пациентите во нашата држава.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања