„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

ulica-ohrid

Георгиески:Жителите на улицата „Спас Банџов“ во Охрид ќе добијат подобри услови за водоснабдување

Жителите на улицата „Спас Банџов“ ќе добијат подобри услови за водоснабдување. ЈП „Водовод“, денеска започна работни активности за поставување на нова водоводна линија со димензии на инсталацијата од ф110мм, ф63мм и ф25мм. Оваа инвестиција е дел од годишната програма за водоснабдување на Општина Охрид и за оваа намена од општинскиот буџет се издвоени 910.759 денари, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. 

Македонија | пред 5 години

Partizanska

(ФОТО) Ќе се реконструира улицата „Македонски просветители“ како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта“

Реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ е главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид ќе го реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, орабени со камени гранитни рабници. Тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см, а на велосипедската лента ќе бидат поставени гранитни камени коцки со димензии  5/5/8см. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни. Повеќе детали за проектот може да се рагледаат во рамки на приложената документација.ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТАСогласно планираните тендерски процедури и потребниот временски период за подготовка на документацијата, реконструкцијата на улицата се очекува да започне во текот на пролетните месеци од 2021 година.Со одлуката за алоцирање на средства во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта” на Општина Охрид и се одобрени и ќе и бидат доделни вкупно 1.073.218 евра. Според пропишаните услови, средствата треба да бидат наменети за градежни работи, надзор и проектирање во делот на подобрување на локалната патна инфраструктура со која ќе се овозможат подобри услови за граѓаните од општината. Врз основа на направените анализи и проценки на локално ниво, во текот на наредниот период ќе биде одлучено дали со овие одобрени средства, покрај реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ ќе бидат реализирани и дополнителни инфраструктурни проекти.На повикот за доставување на апликации за финансирање на проекти од страна на Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид аплицираше и со проектот за реконструкција на улицата „7 Ноември“ од пресекот со улица „Егејска“ до пресекот со улица „Железничка“; проектот за изградба на локален пат од село Свиништа до црквата „Св. Богородица“; проектот за Реконструкција на локален пат за село Куратица; проектот за реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино и проектот за реконструкција на локалниот пат што води од регионалниот пат Охрид ‒ Св Наум до автокампот Љубаништа. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Подготвен сум да го ставам на располагање својот професионален капацитет и знаење за помош на колегите од јавното здравство

Ја поздравувам и ја поддржувам иницијатавата за вклучување на докторите интернисти од приватните здравствени организации за помош и поддршка на здравствениот систем во борбата со КОВИД 19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Тој во својата објава додава:На денешниот он-лајн состанок со колегите и членовите на Лекарската комора на Република Северна Македонија заклучивме дека согласно препораките и одлуките на здравствените власти треба да излеземе во пресрет на здравствениот систем за полесно надминување на кризата.Подготвен сум да го ставам на располагање својот професионален капацитет и знаење за помош на колегите од јавното здравство. Сметам дека се работи за сериозни кризни моменти како во нашата држава така и во целиот свет и секој придонес е важен.Уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од КОВИД 19. Да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца и лична хигиена.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Забрана за сообраќај на крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“

Се известуваат жителите на Општина Охрид дека на 27.10.2020 година (вторник) ќе се врши хоризонтално обележување на кружната крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.За реализација на овие активности, во временскиот период од 08:30 часот до 12:00 часот, улицата „Железничка“ на потегот од клучката за влез во Охрид од насока на Струга до кружната крстосница кај „Здружение на возачи“ ќе биде целосно затворена за сообраќај. Возилата ќе се пренасочуваат кон булевар „Туристичка“ од една страна и улицата „ 7-ми Ноември“ од друга страна.За останатиот сообраќај, забраната на движење ќе важи од крстосницата на улица „Железничка“ со улица „Кленоец“ и тоа во насока кон Струга и од клучката за влез во Охрид во насока кон Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата „Железничка“ и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка“.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Охридскиот кризен штаб: Засега состојбата со здравствената криза во Охрид е стабилна

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа он-лајн состанок на кој беа вклучени сите постојани членови. На состанокот беа донесени следните заклучоци.➡️Засега состојбата со здравствената криза во Охрид е стабилна. Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 170 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. На Инфективното одделение и одделот за геријатрија во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 40 пациенти. Во моментот се подготвува план за реорганизација по други одделенија при евентуален поголем прилив на заразени во текот на наредниот период, кои би имале потреба од болничко лекување. Доколку се јави зголемена потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти, би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општината;➡️Се упатува препорака до сите компании, трговски, угостителски, сместувачки капацитети и сите останати работни организации, за максимално почитување на препораките за превенција од корона вирусот КОВИД 19 и преземање на навремени мерки за изолирање на сомнителни случаи помеѓу вработените;➡️Се упатува препорака до матичните лекари на ниво на општината максимално да се вклучат во давање на препораки и соодветно третирање на пациентите по утврдените протоколи, како и во делот на давање на препораки за самоизолација;➡️Се упатува апел до сите граѓани кои се во изолација да имаат поголемо трпение и да ги почитуваат мерките за превенција со цел да го заштитат здравјето на останатите граѓани;➡️Се упатува апел до жителите на Охрид и до туристите кои во текот на викендите го посетуваат градот, максимално да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција, да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција. 

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Градоначалникот на Охрид во изолација, неговите родители се позитивни на КОВИД 19

И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика.Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација.Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Делата на македонските револуционери оставиле неизбришливи траги во македонската историја и се основата на сите подоцнежни триумфи и победи

Чествувајќи го денешниот ден како држава и нација го славиме делото за слободна, самостојна и суверена држава.Со својата пожртвуваност македонските револуционери Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев станаа основоположници на македонската држава која преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 –ми Септември се надградува и осовременува, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Делата на македонските револуционери оставиле неизбришливи траги во македонската историја и се основата на сите подоцнежни триумфи и победи .Славејќи ја нивната пожртвуваност за слобода и независност, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ продолжува да чекори напред.Нивните дела не поттикнуваат, да ја градиме нашава слободна, суверена и самостојна земја како економски просперитетна држава која се стреми да биде рамноправна единка во големото европско семејство.Нека е честит 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/704385926833680/

Македонија | пред 5 години

bista

Спомен бистата на Прличев во Охрид, поставена на нова локација

Заврши дислокацијата на спомен – бистата на Григор Прличев на новиот простор помеѓу двете национални установи што го носат неговото име.По налог на Општина Охрид градежните работи за уредување на просторот и постаментот ги изведоа вработени на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.Идејата за дислокација е уште од мигот кога до поранешната локација на бистата беа поставени подземните контејнери а јавноста излезе со бурни реакции.Сега следува хортикултурно уредување на просторот околу бистата, зафат на кој ќе биде ангажирано ЈП „Охридски комуналец“. Како крајна фаза според проектот на општината останува соодветната илуминација на спомен – бистата на големиот поет и преродбеник од 19 век, Григор Прличев.

Македонија | пред 5 години

konkurs

Општина Охрид објави конкурс за доделување стипендии

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува:КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНАКОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА ОХРИД ЗАПИШАНИ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА C.МАКЕДОНИЈА И НА ДРЖАВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА

Македонија | пред 5 години

deratizacija

Ќе се врши превентивна систематска дератизација во Охрид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ 66/2004, 139/2008,  99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на Одлука на Советот на општина Охрид, на 20.10. и на 21.10.2020 година (вторник и среда) ќе се спроведе превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка.Според планираното, екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ќе извршат системска дератизација во стариот дел од градот, населбите „Билјанини Извори“, „Гоце Делчев“, „Воска“ и „Далјан“, на булевар .„Туристичка“ и на улиците „Питу Гули“, „Железничка“, „Јане Сандански“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“ и „Момчило Јорданоски“.

Македонија | пред 5 години

pumpi

(ФОТО) Реконструирани пумпните станици во Трпејца и Љубаништа

Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС„Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“).Реконструкцијата е извршена согласно стандардите за водоснабдување DIN 1988 и DIN EN 806 за транспортирање на вода од напоен до потисен резервоар, а сите делови на постројката се од материјали отпорни на корозија и со (WRAS/ KTW/ ACS) одобренија за вода за пиење.Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 4.120.000 денари, а средствата се обезбедени од Агенцијата за рурален развој во соработка со Општина Охрид. Покрај поставувањето на нови пумпи, извршена е и целосна замена на електричната и водоводна инсталација во објектите.Новите пумпни станици значително ќе придонесат за ефикасно водоснабдување на двете населени места и на угостителските и сместувачките капацитети на овој потег. Исто така, според пресметките, со замена на пумпните постројки ЈП „Водовод“  годишно ќе заштеди околу 540.000 денари за потрошена електрична енергија и значително ќе ги намали средствата за редовно одржување на истите.  

Македонија | пред 5 години

MOBILNI_TIMOVI_16.10-2

Седум месеци непрекината поддршка за ранливите категории

Mобилните тимови на Црвен крст Охрид и на Општина Охрид непрекинато седум месеци се вклучени во напорите за ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19. Овие тимови им укажуваат поддршка на ранливите групи граѓани од градот и од неговата околина, а во првите месеци од кризата им пружија поддршка и налицата кои беа сместени во државните карантини во Охрид.Започнувајќи од 16.03.2020 година, заклучно со вчерашниот ден 15.10.2020, овие тимови одговориле на 670 барања за набавка и достава на прехранбени продукти, на средства за хигиена и на лекови, како и за други видови асистенција на постари и изнемоштени лица, лица со хронични заболувања, самохрани родители, лица со попреченост и други граѓани на кои им била неопходна поддршка. Дополнително, во соработка со Министерството за здравство, Клиниката за онкологија и Црвен крст на Град Скопје, мобилните тимови доставиле хронична и онколошка терапија во 127 наврати.Исто така, мобилните тимови беа ангажирани и за дистрибуција на хуманитарна помош до социјално загрозени граѓани. Во изминативе кризни месеци, овие тимови доставиле 955 пакети со прехранбени продукти и 882 пакети со хигиенски средства, обезбедени од Црвен крст Охрид, Општина Охрид, општествено одговорни компании и организации и хумани граѓани.Покрај тоа, во текот на хуманитарната акција на Општинскиот кризен штаб и на „Жито леб“, која се реализираше од средината на април до средината на јуни, мобилните тимови дистрибуирале 881 мал пакет со леб и печива до домаќинства на лица во социјален ризик. 

Македонија | пред 5 години

ohrid

Јавен оглас за формирање на партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на Општина Охрид

Врз основа на член 46 став (1) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ Бр.32/2020) за формирање на партиципативно тело за подрачјето на Општина Охрид, Градоначалникот на Општина Охрид на ден 15.10.2020 година објавува ЈАВЕН  ОГЛАСЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД 1. Предмет на овој јавен повик е: Формирање на партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање за подрачјето на општина Охрид,Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината. 2. Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот. 3. Документи кои се поднесуваат:Пријава за член на партиципативно тело за подрачјето на општина Охрид (образецот е во прилог на повикот),Кратка автобиографија,Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот),Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот).Релевантен писмен доказ за исполнување на условите за учество од точка 2 на огласот (копија) 4. Рок и место на поднесување на пријави: Пријавите по јавниот оглас со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57 Охрид 6000 или во едношалтерска канцеларија на општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.На пријавата да се наведе: „Пријава по јавен оглас за формирање на партиципативно тело за подрачјето на општина Охрид“ 5. Обврски на членовите на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.Членовите на партиципативното тело согласно Законот за урбанистичко планирање, не ги следува надоместок за вршењето на работа. 6.Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во Деловникот на партиципативното тело што го донесува Советот на единицата на локалната самоуправа, при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен. 7. Дополнителни информации на: 075/38 46 42 Татјана Стојческа, Општина Охрид. Прилог:ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИДОБРАСЦИ ЗА ПРИЈАВА

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Тагата е огромна! Трајче ти благодарам за твојата голема поддршка! Чест ми е што те познавав

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“. Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.Емотивна порака поради прераната смрт на Нешковски  на својот ФБ профил напиша градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.-Денеска згасна еден млад живот, изгубивме голем човек, посветен доктор и вистински другар! Тагата е огромна! Трајче ти благодарам за твојата голема поддршка! Чест ми е што те познавав, почивај во мир! Сочувство до фамилијата.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.697900574148882/697900554148884

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески во посета на Корча, Република Албанија

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денес престојуваше во официјална посета на Општина Корча, Република Албанија.Како една од главните теми на кои се разговараше на работниот состанок со градоначалникот Сотираќ Фило беше процесот на утврдување на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на Европската Унија за периодот од 2021 до 2027 година.На состанокот се разговараше за потребата од дефинирање на заедничка стратешка визија за развој на општините Охрид и Корча која ќе биде во насока на иден прогрес на прекуграничниот регион.Двајцата градоначалници се согласија дека креирањето и имплементирањето на заеднички проекти треба да биде во корелација со регионалните политики и истите треба да имаат позитивни придобивки за граѓаните од меѓуграничниот регион на двете држави. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања