„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Krvodariteli

Во среда крводарителска акција во Охрид

Општина Охрид, Црвен Крст – Охрид и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје  на 27.05 2020 година (среда), организираат крводарителска акција во спортската сала при ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Акцијата започнува во 9 часот наутро  и ќе трае до 14 часот. Се повикуваат  сите хумани граѓани кои се во добра здравствена состојба да бидат дел од овој хуман настан.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ramazan

Георгиески: Посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и расположение со уверување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови радости

Честитка од градоначалникот Константин Георгиески до сите граѓани со исламска вероисповед. Во честитката се вели:На сите граѓани со исламска вероисповед како и на претставниците на Исламската заедница во Република Северна Македонија најискрено им го честитам големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам .Овој празник нека ви донесе радост, мир и среќа во домовите и нека духот на Рамазанскиот месец го покаже врвот на своето значење и суштина преку добрите меѓусебни односи , искреност, хуманост и простување. Посакувам празничните денови да ги минете весело и среќно со своите семејства и драги луѓе, внимавајќи на своето и здравјето и сигурноста на другите луѓе.Во време исполнето со големи предизвици, најбитно е да се покаже човечност, слога и солидарност. Најголема доблест во време со искушенија е да се има сила . Искрено посакувам овој голем празник ви донесе семејно единство и општествена солидарност. Денеска како никогаш досега ни е потребно едни со други да подаваме рака и да помагаме со дела. Посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и расположение со уверување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови радости.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/603322000273407/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Кирил и Методиј, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет

Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Секое одбележување на денот на сесловенските просветители одново ја потенцира симболиката во пораките кои тие ги испраќале од нашиот свет Град. Нивното дело нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Кирил и Методиј, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет, литература и култура, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески. Сите ние, треба достојно да ја почитуваме нивната жртва, но и да го продолжиме нивниот аманет во борбата за сопствениот јазик, бидејќи нивното дело никогаш не згасна, одолжувајќи преку работата на Светите Климент и Наум и преку работата на Климентовиот универзитет од каде произлегле илјадници ученици кои токму од Охрид, ја продолжиле мисијата за ширење на сесловенската писменост.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/603371386935135/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

paketi

(ФОТО) Градоначалникот Константин Георгиевски подели пакети за Рамазан Бајрам

Заради кризата со Ковид 19 оваа година не се одржа традиционалната Ифтарска вечера на отворено, па градоначалникот на Охрид денес подели пакети за социјално загорезни лица од муслиманската вера.Во официјалното соопштение на општината стои:Во духот на меѓусебното почитување и соживот, Општина Охрид традиционално години наназад организира Ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед.Поради моменталната ситуација, денеска во присуство на Муфтијата Семет Ајдари, донирани се 100 социјални пакети на Исламската верска заедница.Пакетите ќе бидат поделени на социјално загрозените граѓани.Ова е само мала порака за хуманост и солидарност во овие тешки денови и има за цел зајакнување на односите на граѓаните во Општина Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.602968130308794/602967926975481/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

kosta-1

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод меѓународниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ,  упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Охрид и  Република Северна Македонија по повод 23 Мај –  Националниот ден на Власите.– Влашкиот народ како посебна етничка и културна заедница, има особено значење  во нашава земја. Власите се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја. Нивната култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое  се темели на меѓусебно разбирање и  почит.Одбележувајќи  го овој празник покажуваме дека ги  почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници во нашава држава. Тоа е влог во заедничкиот просперитет и напредокот  во нашава  татковина која нуди подеднакви можности за сите нејзини граѓани– се вели во честитката на градоначалникот Георгиески,  по повод 23 Мај-  Националниот ден на Власите.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Познати добитниците на наградите за најдобри ликовни творби посветени на светите Кирил и Методиј

По завршувањето на распишаниот Општински награден ликовен конкурс за поттикнување на ликовното творештво на учениците од основните и средните училишта, Жири –комисијата во состав: проф. Жанета Стаиќ Митреска (претседател), проф. Звонко Целески (член) и проф.Димитрија Ристески(член)  донесе одлука за избор на најдобрите  од вкупно пристигнатите 40 ликовни  творби  посветени на Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј.Жири –комисијата одлучи :Првата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)да  ѝ се додели на ликовната творба   под шифра: „Супер мува”.Втората награда во првата категорија – за  ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да ѝ се додели  на ликовната творба   под шифра: „Просветители 13”.Третата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да им се додели на   ликовните творби под шифрите: „458 ЛП ”  и  „Виножито 5” Првата награда во втората категорија – за ученици од  предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ   се додели на ликовната творба под шифра:  „Светители”.Втората  награда во втората  категорија – за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)  да ѝ се додели  на  ликовната творба под шифра: “hope x6”.Третата награда во втората категорија –за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на  ликовната творба  под шифра:  „16012008”. Првата  награда во  третата категорија – за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да  ѝ се додели  на  ликовната творба под шифра: „Bruno 0505”.Втората награда во третата категорија – за ученици  во средно образование од прва до четврта година) да ѝ  се додели  на ликовната творба под шифра:  „ Амајс”.Третата награда во третата категорија – за ученици во средно образование од прва до четврта година да  ѝ се додели  на ликовната творба под шифра:  „1996КЈ”. Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид  на ден 26.05.2020 година, најдоцна до 12.00 часот  и со себе да понесат копија/фотографија од ликовната творба со која конкурирале  за да го докажат своето авторство.Наградените ликовни  творби ќе бидат објавени на официјалната страна на Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на светите Кирил и Методиј

По завршувањето на распишаниот Општински награден литературен конкурс за поттикнување на творештвото на учениците од основните и средните училишта, Жири –комисијата во состав: проф.Славка Јанеска (претседател), проф. Кире Стојаноски (член) и проф.Христина Наумоска (член)  донесе одлука за избор на најдобрите  од вкупно пристигнатите 49 литературни творби  посветени на Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј.Жири –комисијата одлучи :Првата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)да  ѝ се додели на песната: „Браќата” под шифра „Апостоли”.Втората награда во првата категорија – за  ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да ѝ се додели на песната: „ПЕСНА” под шифра:„ Ѕвездено небо”.Третата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)  да ѝ се додели на песната : „Свети Кирил и Методиј –просветители наши” под шифра „Ангели 305”.Првата награда во втората категорија – за ученици од  предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ   се додели на песната:  „Св.Кирил и Методиј”  под шифра: „ Велосипед”.Втората  награда во втората  категорија – за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)  да ѝ се додели на песната : „Живата реч над Охрид” под шифра: “Ростислав 2020”.Третата награда во втората категорија –за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)да  ѝ се додели на песната : „Светите Кирил и Методија” под шифра:  „Дизниленд”.Првата  награда во  третата категорија – за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да  ѝ се додели на песната:  „Светите Кирил и Методиј –наши први учители” под шифра: „Потомци”.Втората награда во третата категорија – за ученици  во средно образование од прва до четврта година) да ѝ  се додели на песната:   „Словенска писменост” под шифра:„ 120804”.Третата награда во третата категорија – за ученици во средно образование од прва до четврта година да  ѝ се додели на песната: „Кирил и Методиј “под шифра:  „Ананас 1”. Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид во текот на утрешниот ден, најдоцна до 12.00 часот  и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале  за да го докажат своето авторство.Наградените творби ќе бидат објавени на официјалната страна на Општина Охрид на 24-ти Мај –Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј. 

Македонија | пред 5 години

asfalt

(ФОТО) Завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани

Како дел предвидените активности за подобрување на инфраструктурата во повеќе населени места во Општина Охрид, денеска е завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани.Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици во селата Рача, Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.601112960494311/601112833827657/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески до матурантите: Само доколку бидете упорни ќе го реализирате она што сте го поставиле како животна цел

Драги матуранти, еден период од вашиот живот завршува , а друг почнува.Една врата се затвора, а се отвора друга. Се надевам дека со себе ќе ги понесете најубавите мигови од средношколските денови и ќе продолжите да го градите својот живот најдобро што знаете и умеете. Уживајте во секој нареден момент што следи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Реката ја пробива карпата не поради својата моќ туку поради својата упорност. Само доколку бидете упорни ќе го реализирате она што сте го поставиле како животна цел . Не е битно дали ќе се одлучите да го продолжите своето образование или не. Битно е на патот кон кој сте тргнале да бидете упорни, истрајни и одговорни. Не е битно дали ќе бидете доктор, адвокат, архитект , занаетчија, земјоделец... битно е работата да ја правите со љубов и посветеност. Само така ќе бидете успешни и среќни, а нашето општество напредно и подобро за сите нас.Уживајте во годините кои се пред Вас и никогаш не заборавајте ги своите соништа. Јас знам дека сте доволно храбри, чесни и добри луѓе и дека имате доволно сила да одговорите на секој нареден животен предизвик. Пред вас се отворени сите патишта, одберете го оној што најмногу ви се допаѓа и нема да погрешите. Не одете по патеките по кои друг минал, одете таму каде никој не поминал и направете свој препознатлив траг.Посакувам секој ден да научите нешто ново, а оние кои ќе се одлучат да студираат да го осетат вистинското волшебство на студентските денови , крај себе да ја почувствувате правата љубов , а стекнатите диплома нека ви обезбеди најдобар живот и сигурност.За да ви се исполнат соништата не треба само да планирате туку и да верувате... Иднината останува на оние кои веруваат во убавината на своите соништа. Затоа продолжете да верувате во себе како што ние веруваме во Вас затоа што иднината на оваа земја останува во Ваши раце.Вие сте идни градители на овој Свет, напиша градоналникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/601048003834140/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Gradiste-kosta

(ФОТО) Георгиески: Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“

Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид, објави на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.599854973953443/599854793953461/?type=3&theaterфото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

ruisenje

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) „Самар Тајм“ сама си го урива парапетчето

По притисокот на јавноста, но и  решението на инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, денеска инвеститорот „Самар Тајм Експорт Импорт Љубаништа“ на градбата во непосредна близина на Охридското Езеро во Авто кампот Градиште сам го руши. Инаку по фотографиите кои синоќа се споделуваа на социјалните мрежи се огласи и градоначалникот кој на ФБ напиша:Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник. Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот. Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме дале или имаме намера да дадеме одобрени за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство, информира Георгиески.фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

ohridski-region

(ВИДЕО) Сезоната непочната негативната кампањата за Охрид започна – зошто?

Сигурно се сеќавате на насловите: Наезда на змии во Охрид, Охридското Езеро е загадено… и ред други вакви наслови. Сите објавени во месец мај различна година. Зошто некој упорно и медиумски сака да го нападне Охрид?Годинава најнова вест која ја слушнавме е дека кафето во Охридските кафетерии ќе биде 350 ден. Кафичите неотворени некој им ги скрои цените. Зошто?Низа негативни коментари денеска и на емисјата на национална телевизија на која водителот потенцира дека кафето ќе биде 350 ден.https://www.facebook.com/111220626921688/videos/2677969259099126/?v=2677969259099126Имено, согласно препораките на Владата се очекува овој период да се отворат угостителските објекти во земјава. Но, тие ќе мора да работат според одредени протоколи. Имено неофицијално ќе работат само отворените тераси,  масите ќе мора да бидат на растојание од над 2 метри, нема да смеат да седат повеќе од двајца/тројца гости на маса, а  бројот на гостите ќе зависи од квадратурата и слично. Но ова се само неофицијалните препораки, за тоа како ќе работат угостителските објекти официјално како ќе биде ќе соопштат од комисијата за заразни болести, кога ќе ги презентираат официјалните препораки.Од познатата и омилена  на Охриѓани кафетерија ПЛАН Б велат:-Чекаме официјално да дадат дозвола да ги отвориме објектите, а цените нема воопшто да поскапат од оние кои беа пред вонредната состојба. Цените во План Б ќе останат исти, категорични се од менаџментот од План Б.Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски е човекот кој наназад постојано апелира, кризата ќе заврши а после да летуваме во Македонија.– ПОТСЕТЕТЕ СЕ ШТО ЗНАЧИ ДОМА! Ќе го истражам Охрид на поразличен начин! Велосипед на Галичица, Посета на заливот на коските, ќе уживам во зајдисонцето од Канео , кафе на св.Наум, ѓомлезе во локален ресторан знаејки дека покрај убавите моменти помагам за зачувување на триесетина илјади работни места во туристичкиот сектор. Знам дека ќе видам многу пријатели кои ќе го направат истото во многу дестинации на Македонија. Потсетете се што значи Дома си е дома, вели Јаневски за Охрид 1.   И додека некој се мачи да го оцрни Охрид, оние кои навистина го сакаат веќе пристигнаа во Балканскиот Ерусалим. Денеска колони возила пристигнаа во Охрид. Охриѓани велат добредојдовте, Охрид вака го личи, раздвижен и со гости.И секако на крајот да потсетиме дека денеска претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба овој пат во трање од 14 дена. Активни се сите мерки од Владата за носење заштитни маски и држење на дистанца. Почитувајте ги мерките на Владата и повелете во Охрид.

Македонија | пред 5 години

zapisuvanje-prvo

Запишувањето на деца во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/21 год. ќе се реализира во јуни 2020 год.

Согласно Уредба со законска сила за измена и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба и насоките од Министерството за образование и наука, запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во месец јуни,2020 година.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ohrid-velosiped

Општина Охрид ќе објави втор повик за субвенционирање за купување велосипеди

Поради големиот интерес на охриѓани за искористување на субвенции за купување на велосипед, каде за неполни 24 часа се пристигнати повеќе од 110 барања, Локалната самоуправа одлучи во ребалансот на буџетот, кој ќе биде ставен на дневен ред на наредната седница, да одвои дополнителни средства за оваа намена.Ги охрабруваме сите кои периодот од објавување на првиот повик заклучно со денес, купиле велосипед потребните документи да ги достават до општина Охрид за добивање на субвенција.Сите оние кои што нема да бидат опфатени во првиот повик, ќе имаат приоритет во вториот повик кој ќе веднаш по изгласувањето на ребалансот на буџетот ќе биде објавен.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

basket-ohrid

Баскет игралиште во населбата „Црногорци“ - Охрид

Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија  наскоро започнуваат со реализација на крупен спортски проект, изградба на  Баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“ .Игралиштето сместено во делот за спорт и рекреација  ќе биде со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него ќе има специјална подлога за играње кошарка, а ќе бидат поставени рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.Игралиштето ќе биде наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“, а според  планираното Општина Охрид  во иднина предвидува овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања