„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ОНКОЛОГИЈА

onkologina345

Крвави дамки, револт, скандирање „убијци“: Истрага за Филипче и Васев, одговорност!

Под мотото „Правда за жртвите“, со запалени и измачкани фотографии со црвена боја, се одржа третиот протест по скандалот со Онкологија. Граѓаните се сообраа пред Влада, каде скандираа „убијци“.„Нема да има социјална правда додека не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има! Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев“, гласи пораката упатена од протестот.На протест се обрати и мајка која кажа: „Што ќе правам ако си го изгубам детето“.Протестот се случува откако „Фокус“ објави серијал текстови, во кои меѓудругото и тврдења дека на дел од пациентите им биле давани физиолошки раствори, додека скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. Организаторите истакнаа дека протестираат и поради признанието на доктор на Клиника за онкологија дека косовски државјани се лекувале како македонски државјани. Бараат одговор од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово.Предметот е во рацете на Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

filipce-nino-vasev

Главната сестра дели терапии, а не министерот - Васев е професоналнец но ако има сомнеж во работата треба да се истражи, вели Филипче

Пред собраниската анкетна комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, денес сведочат поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити.„Давањето, контролата на лекови е работа на менаџментот. Министерот не знае како се даваат терапиите. Тоа е работа на главната сестра, така било секогаш. Д-р Васев сметам дека е одличен професионалец, секогаш тука да помогне на секого. Ако постои сомнеж во неговата работа, тоа треба да се истражи“, кажа Филипче.Филипче пред пратениците кажа дека не бил запознаен со КАТО-системот кој со години е неупотребуван на Онкологија.За време на неговиот мандат, немало пропусти во работата на Клиниката, тврди ексминистерот.Прашан за паралелен увоз на лекови и дали е запознаен дека се увезувале и фалсификат лекови, Филипче одговори дека од 2018 година во Македонија се носат лекови со европски сертификат.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Васев за лековите на реверс: Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови за пациенти што веќе биле на терапија

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Никола Васев, пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти Хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се зеле лекови само во случаите кога не смееле да дозволат да им се прекине терапијата на пациенти што веќе почнале да ја примаат.„Прво, апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија што пациентите почнале да ја примаат. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите што веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира. И, второ, јас сум се обезбедил со писмо што ќе ви го доставам дека ако тие фирми изгубат на тендерот, тој лек ќе биде донација. Тоа писмо ќе го доставам кај вашата претседателка“, рече Васев укажувајќи дека три месеци пред да се потрошат лековите во резервите редовно ги известувале Фондот за здравство и Министерството за здравство.Поранешниот директор Васев како свој неуспех призна дека го смета и тоа што не успеал да воведе пракса за стручен колегиум, на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Тој рече дека на Онкологија стручен колегиум не се одржал 10 години.Васев имаше објаснување и за обвинувањата дека лично тој со потпис одобрувал кој пациент ќе добие терапија. Укажа дека раководителите на одделенија одлучувале кому ќе му дадат лек и не си се мешале едни на други во работата, а кај него на потпис стигнувале оти водел евиденција.„Докторите ги пишуваа историите со лекови, сестрите ги собираа историите, доаѓаа кај мене за потпис – не за тоа дали да зема или не, туку дека тој лек го има на Институтот и јас си водев евиденција да не надминеме количини што ни беа строго дефинирани. Не знам во кој случај било загрозено правото на пациентите да имаат пристап до биолошката терапија ако на сите пациенти им се одобрува терапијата“, рече поранешниот директор Васев.Денес прва прашање му постави претседателката на анкетната комисија, Рашела Мизрахи. Откога му прочита дел од наодите на Државниот завод за ревизија, кои укажуваат на лошото работење на Клиниката и сомнежот дека немале сите болни еднаков пристап до лекување, му постави само едно прашање: кој му дал согласност или насока за да направи таков хаос на Клиниката за онкологија?„Никогаш не ми била намерата да креирам хаос. Функцијата ја прифатив од министерот за здравство Таравари по долго убедување. Искрено, се мислев дали да ја прифатам, но како најстар доктор на Институтот чувствував малку и одговорност мислејќи дека ќе ја подобрам здравствената заштита на нашите пациенти. 35 години работам со онколошки пациенти, ниеден човек од мојата врата не сум вратил. Го читавме извештајот, за жал, го добивме откога не сум на функција. Не можевме да одговориме, веројатно сум имал право, не сум знаел за тоа. Сигурно ќе се обидев да одговорам на сите наводи“, рече Васев.Неговиот став, и покрај наодите на Државниот завод за ревизија, е дека ниту еден пациент не бил оставен без терапија.Васев беше директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија од 21 јуни 2017 година до 2 ноември 2022 година. 

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Нино Васев: Тој што напиша дека се давала физиолошка терапија наместо лек треба да понесе одговорност, ако не се докаже

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев, побара одговорност од новинарката која напишала дека пациенти наместо лек, добивале само физиолошка терапија. Тој кажа дека доколку тоа не се докаже, ќе треба да се понесе одговорност. Одговараше околу еден час на прашања од пратениците дел од Анкетната комисија.„За да се даде физиолошка терапија наместо лек, тој што тоа го напиша треба да го докаже и да понесе одговорност ако не е така“Тој пријавил две кражби извршени од медицинска сестра, која самиот тој по првата ја вратил на работа. Кажува дека било наложено, а случаите немале судска разрешница.„Пријавив два случаи, едниот јас, другиот со економскиот директор. Првиот беше кражба во дневната болница, ја пријавија три сестри со главната сестра. Викнавме служби, беше фатена со три кеси лекови по завршеток на смена. Случајот по шест месеци, кој не влезе во процедура, со адвокат таа (сестрата) беше вратена на работа, но не е ставена во дневна болница, туку на одделение да работи без можност да дојде во контакт со лекови. Истата особа, оваа година, го повтори делото со новото раководство и е отстранета од работа“, кажа Васев.Тој кажа дека ги почитувал сите министри кои раководеле со здравството.

Македонија | пред 2 години

filipce-nino-vasev

Филипче, Васев и Нухи одговорни во случајот на Онкологија, Мизрахи достави заклучоци за политичка одговорност на владини и здравствени функционери

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети.За ова, преку фејсбук статус информираше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.„Претседателката на Анкетната комисија за скандалот со онкологија, Рашела Мизрахи, достави заклучоци за политичка одговорност на владини и здравствени функционери, заради непостапување согласно законските надлежности, а на штета на здравствениот систем и многу пациенти на Клиниката за онкологија: Венко Филипче, министер за здравство во периодот од декември 2017 до јануари 2022 година, Нино Васев, медицински директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од јуни 2017 година до ноември 2022 година, Нехат Нухи, организационен директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од 2021 до април 2023 година, Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 2017 до август 2022 година, Стево Крстевски, директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од ноември 2020 до април 2022 година, Фатон Ахмети, втор директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од октомври 2020 година август 2023 година“, пишува Милошоски.Одговорноста според заклучоците, била утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.Според претседателка на Анкетната комисија, која објаснувајќи ги заклучоците, клучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година. Извештај, за кој, како што е посочено, ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а кој уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и директорите во ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Поранешниот директор на Онкологија, Васев, ослободен од обвинение

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Никола Васев и двајца доктори, се ослободени од обвинението за несовесно работење во службата, откако беше поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.Обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнесените докази во текот на потапката не е докажало делото што им се става на товар, кажа судијката Славица Наумовски.Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ најави жалба пред второстепениот суд. Таа тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.Предметот почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.Според обивнението, Васев како директор на Онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-9920PM

Претреси кај вработени на Онкологија - се бараат докази за кражби и злоупотреби

Обвинителството побара, а судот одобри претрес кај тројца вработени во Клиниката за онкологија и радиотерапија. Полицијата рано утрово упадна во нивните домови, каде со истражители од Обвинителството се проверува дали учествувале во злоупотреби и кражби правени од Онкологија. Засега, неофицијално е познато дека еден од претресите е во дом на раководител на сектор.Претресите се прават во рамки на веќе отворениот предмет за злоупотреби на оваа Клиника. Со месеци се истражува дали и како била крадена скапата терапија која треба да спасува животи на заболени од рак.„Скопје1“ побара детали од Обвинителството, но оттаму, бидејќи ацкијата е во тек, не споделуваат информации.„Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-10-30-at-13.12.16

„Онкологија“ пред крај: Приведен Нино Васев, има избегани, претреси кај осум лица

Според неофицијални информации, ексдиректорот на Онкологија и доктор, Нино Васев е приведен во полициска станица по налог на обвинителката која го води предметот за кражба на цитостатици. Освен него, во станица се и други лица опфатени со истрагата, а кај кои претходно беше извршен претрес.„Скопје1“ имаше обид да го добие телефонски, но иако телефонот ѕвонеше, никој не одговори. Потврда за ова побаравме и од Обвинителството, од каде не откриваат никакви информации и велат дека акцијата е во тек.Полицијата утрово влезе кај осум лица кои се опфатени во истрагата за злоупотреби во Клиниката за онкологија. Одземени се телефони, компјутери, документација.Има и лица кои се недостапни за органите на прогонот. Полицијата не успеала да ги лоцира на адресите кои ги дало Обвинителството.„Скопје1“ дознава дека по повеќемесечна истрага, предметот е пред завршница и донесување на јавнообвинителска одлука.Детали за денешните претреси, од Обвинителстовото не споделуваат. Дали Нино Васев и останатите уапсени ќе бидат задржени па пуштени од полициска станица или истите ќе бидат спроведени пред судија на претходна постапка - засега не е познато.

Македонија | пред 2 години

korge

(Фото) Нино Васев е уапсен на Онкологија, со лисици однесен во полициска станица

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев е приведен на почетокот од работното време во просториите на болницата, дознава „Скопје1“. Приведувањето е по налог на обвинител, а во склоп на истрагата за кражбата на цитостатици и нивна злоупотреба. Васев има статус на осомничен во овој предмет.Според информации на „Скопје1“ тој ќе биде задржан во полициска станица 24 часа, време во кое ќе треба да даде исказ пред полицијата и обвинител. „Скопје1“ се обиде да исконтактира со Васев, но иако телефонот и натаму ѕвони, никој не одговара.Од Обвинителството само кратко потврдуваат дека акцијата е во тек, а информации најавуваат по нејзино завршување.Претходно објавивме дека има и лица кои се во бегство.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања