ОНКОЛОГИЈА

IMG_4754

(Фото) Онкологија е хаос од пациенти, се чека од зори, пациентка со порака: За нас пациентите УТОПИЈА, по цели денови се чека

Онколошката пациентка Анџелика Колева објави фотографија на кока се гледа дека на Клиниката за Oнкологија има огромни гужви. Ова е секојдневна слика како што и предходно во поткастот ,,Претрес со Ландов” говореше новинарката Катерина Цаневска која се бори со ракот.,,Дали ви изгледа ова нормално?Или се заборави Онкологија?Секое чудо за три дена нели!!Ова е фотографија од утринава во 7h и 30min.објавена од моја соборка.Замислете што е во 14h.Оние што сеуште работат таму(способните)изгинаа од работа!!За нас пациентите УТОПИЈА,по цели денови се чека.Ги враќаат од терапии затоа што неможе да се постигне(нема кадар)Ајде доста ви беше избори,па оформување влада па дрн,дрн.Фаќајте се за работа и решавајте го проблемот.Смачено ни е од чекање.Во најмала рака свесен човек и здрав ќе појде барем еднаш во годината на Онкологија,во Лудница и на Гробишта.Чисто да види дека не е таму.За повеќе да го цени сопствениот Живот и да види колку е Среќен!"Емпатија"-што ли е тоа?Решавање на проблемите на Клиника под ИТНО!,оти и вие нема долго да траете!”, пишува Колева.За состојбите на Онкологиjа зборуваше и Катерина Цаневска.?si=L7aS6bdzZ0pqfweW

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-5680PM

Нема грижа за онколошките пациенти ниту по скандалот на Oнкологија, ќе покажеме што значи стручност, најави Николов

„Помина речиси половина година од објавата на скандалот на Онкологија и речиси една година од објавата на ревизорскиот извештај за оваа Клиника кој јасно и недвосмислено укажа за низа неправилности“, вели Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Денес повторно нема систем кој за пациентите ќе овозможи континуирана терапија, следливост на терапијата, нема ништо од ветувањето за децентрализација на областа на онкологија, нема зајакнување на кадарот ниту на Клиниката за онкологија каде што се третираат најтешко болните пациенти со канцер. За пациентите нема гаранција дека за извесен период од денес ќе има лекови, не се знае дали ќе бидат почитувани законските процедури за набавка, дали ќе има доволно буџет за современата терапија.Пациенти кои се третираат на Клиниката за онкологија ни реагираат дека нема доволно медицински сестри на Клиниката, а дневната болница работи само со половина капацитет.Нејасно е како надлежните институции како што се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување не обезбедуваат медицински кадар за оваа институција, во исто време додека без проблем предизборно течат огласи за административни вработувања, во исто време не се води грижа за медицинскиот персонал.Пациентите од Клиничката болница во Битола реагираат дека се трошат последните количини на лекови по што ќе биле препраќани на Клиниката за онкологија во Скопје, бидејќи за Битола не е планирана набавка.Показател за немање на системска грижа за пациентите со малигни заболувања се отсликува и во секојдневниот предизвик за борба за основни лекарства со што заради неспособноста и негрижата на Владата на ДУИ и СДС не враќаат 20 години наназад во однос на третманот на овие пациенти.Истовремено се јавува и недостиг на терапија и кај пациентите со ретки болести, кај пациенти со дијабет, невролошки заболувања, како и друга категорија на заболени.Во ГОБ „8 Септември" иако после 10 сечења ленти и 10 промоции, се уште не е во функција акцелераторот за зрачна терапија кој е набавен уште во 2016 година, а денес осум години потоа повторно фаќа прашина и не е на располагање на пациентите.Почитувани,Не смееме да дозволиме да има „онкологии" и во другите здравствени институции.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со дела ќе покаже што значи да има стручност, да се лекува по протоколи и прецизирани постапки за лекување.Дополнително, приоритет ќе биде и дигитализацијата која што последните години застана, вклучувајќи и апдејтирање на протоколите, како и следливоста на третманотНема да дозволиме третман и лекување кое ќе се заснова на нечија индивидуална желба и волја.Со воспоставување на правила ќе почне враќањето на довербата во здравствениот систем и унапредување на условите за третман на пациентите за што е потребен комплетен рестарт на целиот здравствен систем кој што започнува веднаш по преземањето на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

lazarov

Секој бел мантил има горчлив вкус, грозно е ова на Онкологија, медицинари се предмет на незаслужени напади, реагира доктор Лазаров

Дел од медицинската фела е згрозена од деталите кои вчера Обвинителството ги обзнани во врска со случајот „Онкологија“ каде според обвинителката имало незаконски набавки на скапа терапија, дозирање со вишоци за кои не се знае каде завршиле, аплицирање на лек кај пациенти кои според медицинскиот протокол не требало да го добијат. Докторот Ненад Лазаров посочува дека е грозно тоа што се случувало.„Грозно е ова на Онкологија што се случувало. И верувам дека секој еден во бел мантил деновиве има горчлив вкус во устата особено зошто сите медицинари деновиве се предмет на незаслужени напади и навреди по интернетов. А проблемот има име и презиме, и има и други активни истраги,ова не е се. Поголемиот дел од здравстврните работници чесно си ја работат работата а се константно демотивирани од секој аспект, ова треба итно да се промени зошто се помалку луѓе сакаат да ја работат оваа работа“, напиша доктор Лазаров.Пет лица се под сомнение дека сториле злоупотреби на Клиниката за онкологија. Ова го соопшти шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Меѓу осомничените е и ексмедицинскиот директор на Клиниката, Нино Васев кој се сомничи за седум кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и за измама во службата. Осомничен е и организацискиот директор Нехат Нухи, кој се сомничи за измама во службата. Останатите лица се доктори.Повеќе:

Коментари | пред 2 години

anzelika-reakcija

Пациент на „Онкологија“ сведочи: Вчера се згрозив, се влегува ли така да апсите? Не знаевте да им упаднете дома?!

Академскиот сликар Анжелика Колева која како онколошки пациент ги минуваше ходниците на Клиниката за онкологија ги искоментира вчерашните апсења во кругот на болничките соби. Таа ги прашува Обвинителството и МВР кои координирано влегоа да го уапсат докторот Нино Васев и го изнесоа со лисици дали помислиле на пациентите кои се лекуваат таму кога ја спроведувале акцијата. Потоа додава: „Не знаевте да им упаднете по дома“. Колева е само еден од пациентите кои остро реагираа на акцијата. Изминативе денови, истите тези се коментираат и на Онкологија.„Одамна немам напишано нешто во врска со Онкологија и правдата таму. Од причини што "искрено" дигнав раце и оставив некоја друга сила да суди,затоа што овде никој нема да пресуди како што треба. Но вчера се згрозив со тоа што се случи на Онкологија. Воопшто не ги ставам на дневен ред приведените доктори од причини што ја бараме правдата и реално треба да има правда, но не така како вчера бе неписмени едни! Се влегува ли така да апсите? Не сте ништо помалку добри од тие што сте ги уапсиле! Помисливте ли на пациентите кои лежат таму и чекаат по цел ден за терапии? Помисливте ли на чесните луѓе кои работат таму?Свесни ли сте какви трауми доживеале?Баш ви е гајле! Не знаевте да им упаднете по дома? Или требаше сите во несвес да паднеме какво сценарио направивте!?Бруки!“, реагира Колева.Му порача и на министерот Меџити да не се најавува кога оди во посета на билницата, па да го види безредието таму.А да...Избори идат! Како можевме тоа да го заборавиме. И друга работа: Министерот Меџити што дава изјави дека е се во ред и под ред и ќе се доведе во ред... Пред да оди на Онкологија нека не се најавува дека ќе оди (па да се прави чистка). Нека им упадне исто онака како што вчера се упадна, па да види какво безредие е,и нека не не тапша дека ќе има терапии и дрн, дрн а воедно магнетот се злоупотребувал. Истиот тој апарат за кој што чекаме термин со месеци! Преку такво веќе! За што не третирате бе вие нас онколошките случаи? Дека сме готови па ај ќе не мувате уште? Еден Господ нека ви суди од прв до последен за све што сте направиле и што не сте направиле!И не сме задоволни од постапката!Нема шанси само 5 луѓе да направат таков криминал. 30 милиончиња-хелоуу“, додава таа во реакцијата.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-10-30-at-13.12.16

Не се бара притвор за Нино Васев, туку оддалечување од работно место, одземање на пасош

Не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија. Ова го соопшти обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска. Таа кажа дека е постапувано спротивно на протоколите за лекување, во однос на дозирањето на лековите. Засега не се бараат притвори, туку мерки на претпазливост за ексдиректорите Нино Васев и Нехат Нухи. За тројцата доктори не се бараат мерки.„Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа“, рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.За Нино Васев е побарна уште една мерка.„За медицинскиот директор има побарано и мерка за оддалечување од работно место“, додаде обвинителката.Според неа, нема лица кои се во бегство, но кажа дека истрагата ќе се проширува.ДЕТАЛИ:

Македонија | пред 2 години

nino-vasev

Нино Васев доби забрана да работи на Онкологија, остана и без пасош

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со случајот на Онкологија, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот, донесе решенија, со кои: се прифаќа предлогот и на Н. В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст. 1, т. 1, 2, 3 и 7 од ЗКП, односно забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска за јавување на службено лице во судот, одземање патна исправа и забрана за издавње нова и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.„На Н. Н. му се определуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗКП, односно забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска за јавување на службено лице во судот, одземање патна исправа и забрана за издавње нова“, известуваат од Основниот кривичен суд Скопје.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-5680PM

Терапијата од Онкологија не завршувала на косовски црн пазар, каде се вишокот препишани лекови не се знае

Скапа биолошка терапија не завршила на црниот пазар во Косово, ниту косовски пациенти ја примале на Клиниката за онкологија, утврдила истрагата на скопското Обвинителство. Досега е утврдено само дека се препишувани поголеми дози од скапата терапија, но не се знае каде таа завршувала - дали е аплицирана или пак, завршувала во нечиј џеб.„Препишана но не е утврдено до каде е стигната“, рече шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски на брифинг со новинарите.Побарана била и меѓународна правна помош.„Од страна на Косово се прибавени докази, се анализираат, но не произлегуваат сознанија дека терапијата од Онкологија завршувала на така наречен косовски црн пазар или дека пациенти од таму примале терапија. Од Албанија чекаме“, додаде Бубевски на брифингот.Финансиската истрага која се води паралелно со предметот за злоупотребите на Онкологија, треба да покаже дали има или нема богатење на поединци, со какви средства располагаат, но и што имот поседуваат.

Македонија | пред 2 години

nino-vasev

Нино Васев се сомничи за осум дела, осомничени се и тројца доктори-онколози заедно со организацискиот директор

Пет лица се под сомнение дека сториле злоупотреби на Клиниката за онкологија. Ова го соопшти шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Меѓу осомничените е и ексмедицинскиот директор на Клиниката, Нино Васев кој се сомничи за седум кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и за измама во службата. Осомничен е и организацискиот директор Нехат Нухи, кој се сомничи за измама во службата. Останатите лица се доктори.„Наредбата е за едно лице за седум кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и едно кривично дело измама во службата, едно лице се сомничи за измама во службата, а за три лица за помагачки дејствија за измама во службата. За овие дејствија има истражна постапка, предвидени се повисоки казни. И затоа денеска се носи наредба за истражна постапка“, рече Бубевски.Медицинскиот и организацискиот директор набавиле лекови на реверс пред склучување на договор за јавна набавка, без согласност од ФЗОМ во период кога постапките за јавна набавка сѐ уште не биле спроведени од Министерството за здравство. Васев се гони за седум злоупотреби оти направил седум јавни набавки без објавување на оглас.„Фактурите за вака набавените лекови биле изготвени и доставени до Клиниката по склучување на договорите за јавна набавка, без почитување на начелото на конкуренција. Набавени се лекови по склучување на договор со добавувачите без согласност од ФЗОМ. За да сите овие набавки и склучени договори предизвикаат правно дејство мора да имаат согласност од ФЗОМ, без неа, немаат правно дејство. Во периодот од 2018 до 2021 година, осомничениот медицински директор не ги фактурирал лековите од биолошката терапија кон ФЗОМ, биле преземани обврски над определениот годишен буџет, Клиниката вршела делење на набавката на ист лек и спроведувала постапка со преговарање без објавување на оглас во неколку наврати за краток временски период. Она што е карактеристично за оваа постапка е недостатокот за транспаретност и субјективно однесување на учесниците во постапката. Ова отвора можност за коруптивни практики. Оваа постапка за преговарање без оглас се смета за постапка која не треба да се користи освен доколку ситуацијата не дозволува спроведување на други постапки за доделување на договори за јавни набавки“, рече обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска.Таа кажа дека спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата. Прегледани се повеќе од 500 истории, а повеќе од 25.000 електронски записи на пациенти.„Тоа не значи дека е кратена или не е давана терапија, бидејќи во овој момент такво нешто не се докажа. Ова значи, народски кажано дека е требувана вишок терапија на име на пациентите. Раздолжувана е терапија повеќе од тоа што треба пациентите да го примат. Биле издавани (препишани) скапи лекови од новите генерации на имуно терапија на ден пред смртта на пациентот - а ова значи дека кога веќе било очигледно дека од апликацијата на таквиот лек дека нема да има бенефит поради статусот на пациентот, тие биле давани. Дали се дадени или не се дадени ние не можеме да тврдиме“, додаде обвинителката.Тие објаснија зошто биле направени претходните претреси пред неколку месеци. Предметот го водат двајца обвинители.„Се влегува во истражна постапка по предметот ‘Онкологија’. Според пишувањата во медиумите почнаа некакви сомненија на ниво на основи на сомненија за злоупотреби по различни начини од страна на претходните раководни лица по однос на лекувањето и злоупотреба на народните пари односно кражба на финансиски средства поврзани со буџетот. По таа основа на сомнение даваше за право да се основа предмет за криминалистичко истражување за да се даде повеќе информации и доказен материјал. Се формираше предмет во полиција, одлучија дека треба да се влезе во Онкологија бидејќи имало сознанија дека доказен материјал може да биде предмет на контаминација и уништување. Тоа е до тогаш“, рече Бубевски.

Македонија | пред 2 години

onkologina345

Крвави дамки, револт, скандирање „убијци“: Истрага за Филипче и Васев, одговорност!

Под мотото „Правда за жртвите“, со запалени и измачкани фотографии со црвена боја, се одржа третиот протест по скандалот со Онкологија. Граѓаните се сообраа пред Влада, каде скандираа „убијци“.„Нема да има социјална правда додека не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има! Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев“, гласи пораката упатена од протестот.На протест се обрати и мајка која кажа: „Што ќе правам ако си го изгубам детето“.Протестот се случува откако „Фокус“ објави серијал текстови, во кои меѓудругото и тврдења дека на дел од пациентите им биле давани физиолошки раствори, додека скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. Организаторите истакнаа дека протестираат и поради признанието на доктор на Клиника за онкологија дека косовски државјани се лекувале како македонски државјани. Бараат одговор од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово.Предметот е во рацете на Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

filipce-nino-vasev

Главната сестра дели терапии, а не министерот - Васев е професоналнец но ако има сомнеж во работата треба да се истражи, вели Филипче

Пред собраниската анкетна комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, денес сведочат поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити.„Давањето, контролата на лекови е работа на менаџментот. Министерот не знае како се даваат терапиите. Тоа е работа на главната сестра, така било секогаш. Д-р Васев сметам дека е одличен професионалец, секогаш тука да помогне на секого. Ако постои сомнеж во неговата работа, тоа треба да се истражи“, кажа Филипче.Филипче пред пратениците кажа дека не бил запознаен со КАТО-системот кој со години е неупотребуван на Онкологија.За време на неговиот мандат, немало пропусти во работата на Клиниката, тврди ексминистерот.Прашан за паралелен увоз на лекови и дали е запознаен дека се увезувале и фалсификат лекови, Филипче одговори дека од 2018 година во Македонија се носат лекови со европски сертификат.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Васев за лековите на реверс: Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови за пациенти што веќе биле на терапија

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Никола Васев, пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти Хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се зеле лекови само во случаите кога не смееле да дозволат да им се прекине терапијата на пациенти што веќе почнале да ја примаат.„Прво, апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија што пациентите почнале да ја примаат. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите што веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира. И, второ, јас сум се обезбедил со писмо што ќе ви го доставам дека ако тие фирми изгубат на тендерот, тој лек ќе биде донација. Тоа писмо ќе го доставам кај вашата претседателка“, рече Васев укажувајќи дека три месеци пред да се потрошат лековите во резервите редовно ги известувале Фондот за здравство и Министерството за здравство.Поранешниот директор Васев како свој неуспех призна дека го смета и тоа што не успеал да воведе пракса за стручен колегиум, на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Тој рече дека на Онкологија стручен колегиум не се одржал 10 години.Васев имаше објаснување и за обвинувањата дека лично тој со потпис одобрувал кој пациент ќе добие терапија. Укажа дека раководителите на одделенија одлучувале кому ќе му дадат лек и не си се мешале едни на други во работата, а кај него на потпис стигнувале оти водел евиденција.„Докторите ги пишуваа историите со лекови, сестрите ги собираа историите, доаѓаа кај мене за потпис – не за тоа дали да зема или не, туку дека тој лек го има на Институтот и јас си водев евиденција да не надминеме количини што ни беа строго дефинирани. Не знам во кој случај било загрозено правото на пациентите да имаат пристап до биолошката терапија ако на сите пациенти им се одобрува терапијата“, рече поранешниот директор Васев.Денес прва прашање му постави претседателката на анкетната комисија, Рашела Мизрахи. Откога му прочита дел од наодите на Државниот завод за ревизија, кои укажуваат на лошото работење на Клиниката и сомнежот дека немале сите болни еднаков пристап до лекување, му постави само едно прашање: кој му дал согласност или насока за да направи таков хаос на Клиниката за онкологија?„Никогаш не ми била намерата да креирам хаос. Функцијата ја прифатив од министерот за здравство Таравари по долго убедување. Искрено, се мислев дали да ја прифатам, но како најстар доктор на Институтот чувствував малку и одговорност мислејќи дека ќе ја подобрам здравствената заштита на нашите пациенти. 35 години работам со онколошки пациенти, ниеден човек од мојата врата не сум вратил. Го читавме извештајот, за жал, го добивме откога не сум на функција. Не можевме да одговориме, веројатно сум имал право, не сум знаел за тоа. Сигурно ќе се обидев да одговорам на сите наводи“, рече Васев.Неговиот став, и покрај наодите на Државниот завод за ревизија, е дека ниту еден пациент не бил оставен без терапија.Васев беше директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија од 21 јуни 2017 година до 2 ноември 2022 година. 

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Нино Васев: Тој што напиша дека се давала физиолошка терапија наместо лек треба да понесе одговорност, ако не се докаже

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев, побара одговорност од новинарката која напишала дека пациенти наместо лек, добивале само физиолошка терапија. Тој кажа дека доколку тоа не се докаже, ќе треба да се понесе одговорност. Одговараше околу еден час на прашања од пратениците дел од Анкетната комисија.„За да се даде физиолошка терапија наместо лек, тој што тоа го напиша треба да го докаже и да понесе одговорност ако не е така“Тој пријавил две кражби извршени од медицинска сестра, која самиот тој по првата ја вратил на работа. Кажува дека било наложено, а случаите немале судска разрешница.„Пријавив два случаи, едниот јас, другиот со економскиот директор. Првиот беше кражба во дневната болница, ја пријавија три сестри со главната сестра. Викнавме служби, беше фатена со три кеси лекови по завршеток на смена. Случајот по шест месеци, кој не влезе во процедура, со адвокат таа (сестрата) беше вратена на работа, но не е ставена во дневна болница, туку на одделение да работи без можност да дојде во контакт со лекови. Истата особа, оваа година, го повтори делото со новото раководство и е отстранета од работа“, кажа Васев.Тој кажа дека ги почитувал сите министри кои раководеле со здравството.

Македонија | пред 2 години

filipce-nino-vasev

Филипче, Васев и Нухи одговорни во случајот на Онкологија, Мизрахи достави заклучоци за политичка одговорност на владини и здравствени функционери

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети.За ова, преку фејсбук статус информираше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.„Претседателката на Анкетната комисија за скандалот со онкологија, Рашела Мизрахи, достави заклучоци за политичка одговорност на владини и здравствени функционери, заради непостапување согласно законските надлежности, а на штета на здравствениот систем и многу пациенти на Клиниката за онкологија: Венко Филипче, министер за здравство во периодот од декември 2017 до јануари 2022 година, Нино Васев, медицински директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од јуни 2017 година до ноември 2022 година, Нехат Нухи, организационен директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од 2021 до април 2023 година, Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 2017 до август 2022 година, Стево Крстевски, директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од ноември 2020 до април 2022 година, Фатон Ахмети, втор директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од октомври 2020 година август 2023 година“, пишува Милошоски.Одговорноста според заклучоците, била утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.Според претседателка на Анкетната комисија, која објаснувајќи ги заклучоците, клучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година. Извештај, за кој, како што е посочено, ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а кој уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и директорите во ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Поранешниот директор на Онкологија, Васев, ослободен од обвинение

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Никола Васев и двајца доктори, се ослободени од обвинението за несовесно работење во службата, откако беше поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.Обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнесените докази во текот на потапката не е докажало делото што им се става на товар, кажа судијката Славица Наумовски.Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ најави жалба пред второстепениот суд. Таа тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.Предметот почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.Според обивнението, Васев како директор на Онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-9920PM

Претреси кај вработени на Онкологија - се бараат докази за кражби и злоупотреби

Обвинителството побара, а судот одобри претрес кај тројца вработени во Клиниката за онкологија и радиотерапија. Полицијата рано утрово упадна во нивните домови, каде со истражители од Обвинителството се проверува дали учествувале во злоупотреби и кражби правени од Онкологија. Засега, неофицијално е познато дека еден од претресите е во дом на раководител на сектор.Претресите се прават во рамки на веќе отворениот предмет за злоупотреби на оваа Клиника. Со месеци се истражува дали и како била крадена скапата терапија која треба да спасува животи на заболени од рак.„Скопје1“ побара детали од Обвинителството, но оттаму, бидејќи ацкијата е во тек, не споделуваат информации.„Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања