ОНКОЛОГИЈА

nino-vasev

„Ќерка ми не ја зеде болеста, туку погрешната терапија, а ја лекуваше Нино Васев“ – сведочење на мајката на Адријана Начевска

На рочиштето за „Онкологија“ денеска сведочеше Јулија Мациевска, мајката на младата Адријана Начевска, која почина пред три години по лекување на скопската Онколошка клиника. Таа, повикана како прв сведок во процесот за „Онкологија“, низ солзи ја опиша борбата на својата ќерка и обвини дека токму несоодветната терапија ја довела до смрт.„Во докторот Нино гледавме спас, верувавме како во Господ. Но наместо лекување, добивме тивко убиство,“ рече таа пред судот.Мациевска сведочеше дека лекарот Нино Васев ја убедил Адријана да продолжи со терапијата. По првите дози, состојбата на младата девојка нагло се влошила – покачена температура, повраќање, крварење и оток на стомакот. „Секој пат му кажував дека не и е добро.„Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете. Таа не е добро. Црниот дроб е оштетен. Има вештачки метастази од неадекватна терапија. Ќе си го прашате вашиот онколог. Тие се добиваат од несоодветна терапија,“ изјави мајката, истакнувајќи дека по ова упатување повторно биле вратени кај докторот Васев.Во своето сведочење таа зборуваше и за последните денови на ќерката, кога, како што рече, литри вода биле вадени од нејзиното тело, додека таа трпела неподносливи болки. „Адријана ми велеше: ‘На градите немам ништо, мајко, проблемот е стомакот.’ Но терапиите не застануваа.“Мациевска порача дека нема намера да бара лична корист, туку правда.„Се приклучувам и кон кривичниот прогон, затоа што знаел што прави, но некаде по пат ја изгубил човечноста“

Македонија | пред 4 месеци

nino-vasev-sud

Почна судењето „Онкологија“: Не станува збор за пропусти, туку за криминално несовесно лекување, рече обвинителката

На отворањето на постапката за случајот Онкологија, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска изјави дека Нино Васев и тројца онколози не направиле само грешки, туку „криминално несовесно лекувале“. Таа посочи дека пациентите и нивните семејства имале доверба во обвинетите, очекувале соодветна грижа и терапија, а „не ни помислувале“ дека нивното здравје ќе биде нарушено.Според обвинителството, доказите ќе покажат дека Васев – како лекар, онколог и физотерапевт – свесно и систематски постапувал спротивно на основните етички начела и на онколошките правила, со што предизвикал сериозни нарушувања на здравјето на пациенти. Во посочениот период, велат од ОЈО, преземал низа временски и содржински дејствија искористувајќи ја својата позиција и пропустите во системот, при што грубо ги нарушил европските и светските стандарди и препораки за онколошко лекување. Без конзилијарни одлуки и без потребна медицинска документација одобрувал и спроведувал неподобни терапии – надвор од индикација, со недозволени дози, со несоодветно темпирање и без процена на перформанс-статус и биохемиски параметри. Дел од терапиите, според обвинението, се давале и кога било очигледно дека се бесцелни, па дури и штетни, вклучително и случаи на употреба на имунотерапија кај пациенти без можност.Во однос на Мери Пешевска, обвинителката наведе дека несовесното постапување било овозможено и преку нејзина директна соработка со Васев: му ставила на располагање свој факсимил, лични акредитации и корисничко име и лозинка за болничкиот систем за онколошки терапии, со што обезбедила административен пристап без соодветна контрола. За седум пациенти, рече таа, Пешевска дозволила финализирање на терапија од страна на Васев. Судот, додаде, ќе биде запознаен со детални медицински белешки и вештачења за секој поединечен случај.ОЈО најави дека ќе презентира докази оти Васев, Црвенкова и Јакимовски во критичниот период сториле кривично дело несовесно лекување болни: преку низа поврзани дејствија, спротивно на стручните онколошки упатства и без документација, давале неподобни терапии, често и со неточни дози, кај пациенти кај кои тие биле не само неефективни туку и штетни. Биле користени и лекови од нови генерации кај болни во крајна состојба, кога поради кратко време за дејство и лоша општа состојба не можел да се очекува ефект, со што дополнително се влошувала нивната здравствена состојба. „Ќе бараме правдата да биде задоволена во име на пациентите, на лекувањето и на хуманоста,“ го заврши воведниот збор обвинителката.Претходно, Кривичниот суд не го прифати спојувањето на двата предмета за Онкологија – првиот за несовесно лекување на пациенти и предметот за финансиски злоупотреби на клиниката. Во двата постапки првообвинет е Нино Васев – поранешен директор, а во еден од предметите е обвинет и организацискиот Нехат Нухи. Судот ги одби и приговорите на одбраната дека словенечкиот вештак немал соодветна лиценца, констатирајќи дека согласно договорите се е законски, па вештачењата можат да се ценат како докази.Обвинетите се товарат за кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Според наводите, кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на состојбата.Паралелно, против Васев и поранешниот економски директор е поднесено уште едно обвинение – за злоупотреба на службена положба и проневера, со наводно причинета штета на државниот буџет од над 2,2 милијарди денари.

Македонија | пред 5 месеци

nino

Докторката Пешевска призна вина во „Онкологија“, ексдиректорот Васев не се чувствува виновен

Специјалист докторката Мери Пешевска од одделението за малигни тумори на дојка призна вина во случајот „Онкологија“, додека поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.„Слушам да, за што сум обвинет. Не се чувствувам за кривичните дела кои ми се ставаат на товар од страна на обвинителството“, изјави Васев.Неговиот адвокат, Никола Ставров, оцени дека постапката се водела со пропусти и со, како што рече, „емотивен пристап на обвинителката“, оставајќи впечаток на, според него, еден вид заговор против обвинетиот. „Ние како одбрана ќе се фокусираме на побивање на наводите и доказите на обвинителството преку основани и законити докази, како и преку вештачењето кое го обезбедивме“, изјави Ставров.Бидејќи судот го одби барањето за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната на Васев побара вештаците да бидат директно сослушани, а како сведоци ќе бидат повикани и лекари онколози од Клиниката.Докторката Пешевска, пак, со изјава пред судот ја прифати одговорноста. „Да се извинам според обвинението доколку сум постапила небрежно или невнимателно. И доколку за овие седум пациенти не сум сигурна дека јас сум ја продолжувала, иако бил користен мој печат и факсимил. Тој беше оставен на шалтер за побрзо да минуваат пациентите. Ја прифаќам вината, затоа што моето корисничко име и лозинка сум ги оставила за да има пристап за давање терапија“, рече Пешевска.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Д-р Пешевска имала стомачен вирус и температура, тоа е причината да не дојде на првото рочиште за „Онкологија

Судењето за предметот „Онкологија“, во кој обвинети неколку онколози, меѓу кои и д-р Мери Пешевска, денеска започна без нејзино присуство. Таа не дошла на првото закажано рочиште бидејќи имала стомачен вирус проследен со температура и повраќање.Нејзиниот адвокат, Јовица Страшевски пред судот изрази сомнеж за основаноста на обвинението против Пешевска, велејќи дека нема конкретен доказ за нејзина професионална грешка или несовесно лекување.– Нема ниту еден доказ кој покажува дека д-р Мери направила пропуст. Единственото нешто што е користено е логот и печатот, кои поранешниот директор Нино Васев ги употребувал и од други лекари. Нејасно е зошто обвинети се само тројца лекари кога сите биле предмет на истата постапка од страна на директорот. Се работи за селективен пристап, изјави Страшевски.Тој посочи и на спорното вештачење изработено од експерт од Словенија, кој, според него, нема лиценца за вештачење во земјава.– Тврдењето на обвинителството дека не е потребна лиценца за вештак е крајно неодговорно и спротивно на нашите закони. Освен тоа, вештакот нема комплетни податоци за пациентите, а вештачењето содржи повеќе пропусти. Денеска ни беа доставени и други вештачења, кои досега не сме ги виделе, додаде тој.Во одбрана на Пешевска, Страшевски рече дека таа уште за време на истрагата приложила обемна документација.– Во текот на целата постапка, и како осомничена и како обвинета, доставивме стотици страници со протоколи, извештаи и вештачења поврзани со пациентите и со терапиите што им се давале. Од тоа е јасно колку биле прецизно одредени дозите и лековите, нагласи адвокатот.Обвинителството засега останува на својата позиција дека вештачењата се валидни и дека приговорите на одбраната се неосновани.

Македонија | пред 6 месеци

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Обвинението против доктор Црвенкова е неосновано, ќе го дискредитираме со нови вештачења, има и пропусти од апсолутен карактер

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на поранешната директорка на Клиниката за онкологија, д-р Симонида Црвенкова, изјави дека одбраната ќе го оспорува обвинението преку темелна анализа и контра-вештачења.„Одбраната за овој обвинет ја градиме врз основа на принципите на медицинското казнено право, кое предвидува одговорност само во случаи на грубо прекршување на медицинските правила и утврдените протоколи. Кај мојата клиентка не постои такво однесување, ниту може да се донесе заклучок дека сторила дело кое е казниво,“ изјави Туфегџиќ.Според него, постојните вештачења се проблематични по својата содржина и карактер, а конкретно за обвинетата не е утврдено дека начинот на лекување довел до влошување на здравствената состојба или смртен исход кај било кој пациент.„Во текот на постапката ќе го дискредитираме обвинението со сопствени, нови вештачења. Работиме темелно, но сѐ уште ни недостасуваат четири медицински истории. Моја клиентка се товари за 16 пациенти,“ нагласи тој.Туфегџиќ особено го оспори едно од клучните вештачења, изработено од стручно лице од Марибор, за кое вели дека не е регистрирано како судски вештак во Словенија.„Сега бараме податоци и од Србија, дали лицето кое ги работело вештачењата е вешто лице таму. Јавниот обвинител мораше да се придржува до македонските закони и да инсистира вештачењето да го изработи лице кое е на официјалната листа на судски вештаци. Обвинението содржи пропусти кои се од апсолутен карактер,“ додаде тој.

Македонија | пред 6 месеци

WhatsApp-Image-2025-07-11-at-11.01.52-AM

Одложено првото рочиште за „Онкологија“, не дојде една од докторките

Поради отсуството на докторката Мери Пешева, не се одржа првото рочиште за предметот „злоупотреби на Онкологија“. На обвинителна клупа седна докторот Нино Васев кој беше медицински директор. Тој се товари за „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите.Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија.Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело.Врз основа на медицинските истории за овие двајца обвинети лекари е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski

Вештачењата за Онкологија и трагедијата во Кочани се завршени, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ околу септември

Вештачењата за случаите поврзани со Онкологија и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се веќе комплетирани, информираше денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.Во изјава дадена по седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, Коцевски нагласи дека овие вештачења претставуваат значаен финансиски товар за обвинителството, со оглед на тоа што биле изработени во странство.– Сите вештачења кои се однесуваат на случајот во Кочани и на Онкологија се веќе завршени. За Онкологија, според моите информации, веќе е закажана главна расправа. Но, овие вештачења носат сериозни трошоци бидејќи се правени надвор од државата – изјави Коцевски.Во однос на предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој по одлука на Врховниот суд е препратен за оценка до Основниот кривичен суд Скопје, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“ околу септември.-Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје – рече Коцевски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-20-at-12.28.55

Апелација го испрати Нино Васев во затворот во Шутка

Поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи ќе одат во ефективен притвор од 30 дена, одлучи Апелациониот суд Скопје.Судот ги прифати жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара построги мерки за двајцата обвинети, укажувајќи на опасност од бегство.„Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје против решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје и истото го преиначи, на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С.“, се наведува во соопштението.Судот констатирал основано сомневање дека Васев сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, и поради тоа му е одреден притвор во траење од 30 дена, согласно член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка.Двајцата се обвинети за злоупотреби поврзани со скапа терапија и за тешки дела против здравјето на луѓето.

Македонија | пред 7 месеци

nino-vasev

Одобрено е обвинението против Нино Васев, Нехат Нухи и онколозите, седнуваат на обвинителна клупа

Кривичен суд го одобри обвинението против ексдиректорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и обвинението против онколозите.„Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен ан понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот“, велат од Кривичен суд.Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, е обвинет за два тешки кривични случаи – злоупотреба на функцијата и загрозување на здравјето на пациенти. Според обвинението, кај најмалку 29 пациенти е утврден несоодветен третман со погрешно дозирање и отстапки од онколошките протоколи, за што му помагала колешка од одделот за тумори на дојка. Обвинети се и двајца онколози од одделот за бели дробови, за давање терапија без медицинска основа.Во вториот предмет, Васев и поранешниот медициски директор Нехат Нухи се обвинети за проневера и измама, со штета од над 35 милиони евра врз државниот буџет и недоставување лекови на пациенти. Скандалот изби пред две години, а Обвинителството го нарекува најсложениот случај досега.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Куќен притвор за Нино Васев

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои:Против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

пред 8 месеци

onkologija-4142

Клиниката за онкологија со апел: Смиреност и доверба по обвиненијата

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија упати апел до пациентите и нивните блиски да останат смирени и да имаат доверба во работата на клиниката, уверувајќи дека по отворањето на случајот „Онкологија“ се воведени драстични реформи.„Воведени се редовни онколошки конзилиуми и третманите се усогласени со меѓународни протоколи. Персоналот вложува максимални напори за здравјето и благосостојбата на пациентите,“ информираат од клиниката.Истовремено, Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Обвинени се поранешниот медицински Нино Васев и организациски директор за економското работење Нехат Нухи на клиниката, а четворица лекари за третманот на пациентите. Против двајца обвинети е побарана мерка притвор.

Македонија | пред 8 месеци

nino-vasev

Се бара притвор за Нино Васев и другиот директор на „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.„На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на Република Северна Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија.Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино  издавање“, велат од Обвинителство.Ваквите мерки според обвинителството се неопходни за непречено водење на кривичната постапка.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-5680PM

Обвинет Нино Васев и доктори за „Онкологија“: 29 пациенти примале несоодветна терапија или не ги добивале сите дози

Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“, откри денеска шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Тој рече дека се гонат лицата кои направиле финансиски импликации кои биле направени врз Клиниката за онкологија. Засебно, ќе се гони и начинот на кој се лекувале пациентите.„Се задржавме на злоупотребите кои беа видливи, во делот на финансиските злоупотреби. Но, Обвинителството му даде и друг пристап. Пристап во насока на испитување - колку методите, протоколите и сѐ што е потребно на таквите пациенти сѐ испочитувани, пред сѐ за биолошката терапија“, рече Бубевски.Првиот предмет е за финансиски злоупотреби.„Предметот е поделен на два дела, првото обвинение се однесува на економското работење на клиниката - опфаќа две лица. Првиот медицински директор, вториот економски директор. Тие се гонат за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата. Делата ги сториле од 2018 до 2022 година. Тие со дејствијата прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот. Исто така, двата се обвинети за измама, па во вршење на службена должност, го довеле до заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата. Набавувале лекови на реверс, без да постои правен основ на тоа. Потоа правеле постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови. Со вакви противзаконити дејствија, креирале противправни обврски на Фондот“, рече Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот „Онкологија“.Тие го обвинуваат ексдиректорот Нино Васев дека прибавил имотна корист од 13 милиони денари со присвојување на дел од лековите.„Откако со свој потпис ќе го потпишел и одобрел лековите, фиктивно ги раздолжувал, не ги аплицирал на пациентите во чие име биле требувани. И така постои разлика помеѓу требована разлика и раздолжена количина на пациенти од 2 милиони денари. Ова е констатирано кај девет пациенти. Медицинскиот директор користејќи ја неусогласеноста на издадените лекови од аптека и примени лекови во организационите едници на клиниката, каде бил одговорен организацискиот директор - присвоил дел од лековите кои Клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за девет лекови - авастин, херцептин ербитукс, фубрестан... Прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари“, додаде таа.Обвинети се и 4 онколози, а прв обвинет е Нино Васев.„Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите. Опфаќа четворица лекари онколози. Прв обвинет е поранешниот директор на Клиниката, се товари дека извршил тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на болни. Другите се товарат за несовесно лекување на болни. Со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување, со што, тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите му било ова овозможено од вториот обвинет кој му дал факсимил и податоци за влез во системот. Другите двајца лекари се обвинети за несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории, се утврдува дека одредувале лекови од новите генерации, во фаза кога било очигледно дека пациентот нема да има корист поради лошиот статус, без да се наведе висината и тежината на пациентот, со отстапување од дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба“, додаде обвинителката Гоговска-Јакимовска.

Македонија | пред 8 месеци

onkologija-41

Крај на агонијата, стигна дел од биолошката терапија за онколошките пациенти

Дел од пациентите болни од рак, од утрово почнаа да ја примаат биолошката терапија која за нив значи живот.Во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите неопходно лекови.Поради административни процедури дел од пациентите што се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија повеќе од еден месец живееја во страв и неизвесност.Пациентите телефонски се известуваат од страна на персоналот кога да дојдат за да им биде аплицирана терапијата или да подигнат таблетарната терапија.Од Клиниката пред 10-на дена информираа дека процедурата за годишната набавка на терапија е во тек и дека по Велигден ќе се потпишат договорите со добавувачите кои беа подготвени за дистрибуција.

Македонија | пред 9 месеци

onkologija-terapija

(Видео) Повторно ги нема сите лекови за болните од рак, сликата иста - гужви и недостаток на персонсал

Повторно неизвесност и страв кај пациентите кои се борат со ракот.Пациентите на Онкологија повторно се соочуваат со недостаток на лекови од чие редовно аплицирање зависат нивните животи.Една недела, на Онкологија нема дози од биолошкиот лек Palbosiklib, а сега се јави недостаток и за биолошкиот лек биолошкиот лек Bevacuzimab (Авастин). Остри реакции од пациентите, додека надлежните смируваат и велат дека процесот на набавка е во тек. Најголеми реакции предизвика кусокот на Авастин, бидејќи е лек кој го земаат огромен број од пациентите кои се борат со канцер.„Таа терапија се прима два пати месечно, значи пациентите ќе пропуштат два третмани со терапија. Терапијата е неопходна за одржување во живот. Прескапа е приватно, но не сакав мајка ми да остане без терапија и отидов во аптеката ‘Пановски’ и ја купив. Парите не се рефундирале, бидејќи не знам, нешто не била на некаква си листа. Во аптеката на Онкологија ми рекоа дека ќе ја нема скоро три недели“, пишува син на заболена од канцер.Но освен биолошката, нема ниту хормонска терапија во аптеките.„Навистина не знам како повторно се доведовме во истата ситуација, а тоа е да се доцни со тендерот. Тендерот беше многу доцна објавен, не знам од кои причини бидејќи ние веќе во почетокот на февруари знаевме дека терапија нема да има доволно, само се надевам дека откако веќе е почната процедурата дека ова нема да се одложи по празниците и дека ќе успеат да го завршат бидејќи се чека од Министерството за здравство сега, за пациентите да добијат терапија пред празниците и не се одложи да биде веќе први мај, бидејќи дел од терапијата ја снема некаде околу 15 март што значи би биле оставени месец и половина без терапија”, вели Ана Марјановиќ од Здружението Хема Онко.Од Клиниката за онкологија и радиотерапија пак велат дека течат роковите за набавка.„За ароматаза инхибиторите (letrazol и anastrazol) ќе бидат достапни во сите аптеки бидејќи се на позитивна листа на ФЗО. Во однос на palbociclib и bevacuzimab - штом го потпишеме договор, веднаш ќе бидат достапни да се земат/аплицираат од клиниката. Моментално течат законските рокови на јавната набавка“, вели директорот и доктор Игор Стојков.Првиот човек на Фондот за здравство вели дека се работи за технички проблеми во Бирото за јавни набавки и уверува дека до велигденските празници проблемот ќе биде решен.„Заради технички проблеми во Бирото за јавни набавки односно промена на системот се доцнеше со тоа, тендерот е отворен и очекувам пред велигденските празници сите лекови да бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци”, изјави Сашо Клековски директор на ФЗОМ.Огромен и тежок проблем се турканиците и нечовечките услови на Клиниката поради голем недостаток од персонал.Иако буџетот за онкологија, според ветувањата е двојно зголемен, на клиниката се уште нема нови вработувања.Нема ништо ниту од онколошко одделение во Градската болница „Осми септември“ каде е лоциран и акцелераторот кој беше набавен и промовиран уште пред три години. Со отворањето на ова одделение требаше да се олесни притисокот врз онколошката клиника.Во Претрес кој го насловивме ,, Крик за живот” говоревме и ви пренесовме многу болни сведочења, гужви во ходниците во кои не може ниту воздух да се земе, за недостигот од лекови и персонал.Погледнете ги на следните линкови: 

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања