„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ОНКОЛОГИЈА

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Екс-директорите на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, остануваат во притвор, откако Кривичниот совет го одби предлогот на одбраната за нивно ослободување. И покрај тоа што адвокатите понудија имотна гаранција во вредност од над 350.000 евра, судијката Славица Наумова-Јосифовска оцени дека околностите не се променети и дека и натаму постојат причините поради кои претходно беше определена мерката притвор.Судот дополнително појасни дека во оваа фаза од постапката нема надлежност да одлучува за понудената гаранција, упатувајќи ги странките на Советот кој го потврдил обвинението. Со ова, двајцата обвинети во предметот „Онкологија 2“ остануваат во истражниот затвор до понатамошна одлука.На денешното рочиште сведочеше претставник од Државен завод за ревизија, кој изнесе наоди од ревизијата на Клиниката за 2021 година. Според ревизорскиот извештај, биле констатирани слабости и неусогласености во финансиското работење и во примената на законските прописи.Ревизијата утврдила дека планот за набавка на биолошка терапија не бил резултат на стручен колегиум, туку се темелел на историски податоци за потрошени количини лекови, што, според сведочењето, создава ризик од селективно определување на терапијата без соодветна стручна анализа. Констатирани биле и разлики во сметководствената евиденција, односно несогласување меѓу месечните податоци за издадени лекови од аптеката и примените лекови во организациските единици на Клиниката.Според сведокот, дел од биолошката терапија била набавувана на реверс, при што во моментот на прием и издавање не била внесена цена во материјалната евиденција. Тој посочи дека во 2021 година одлуките за тоа кои пациенти ќе примаат биолошка терапија ги носеле докторите, со одобрение од медицинскиот директор, без претходна проценка дали има доволни количини за сите пациенти на кои им е препишана терапијата. Дополнително, на Клиниката не биле донесени медицински протоколи и критериуми за примена на биолошка терапија, што, според ревизијата, создава ризик од нееднаква достапност на лековите.Во извештајот се наведува и дека во 2021 година била набавувана биолошка терапија во период кога постапката за јавна набавка не била спроведувана од Министерство за здравство. Дел од лековите, според ревизијата, ги продавал единствен економски оператор со ексклузивно право, а начинот на набавка, како што беше посочено, влијаел врз почитувањето на начелото на конкуренција.Судењето продолжува со вкрстени прашања од одбраната.Во предметот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што, според обвинението, го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата ја негираат вината и тврдат дека процесот има политичка заднина.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Во Основниот кривичен суд продолжи доказната постапка за случајот „Онкологија“, при што првообвинетиот Нино Васев вкрстено ја испрашуваше словенечката вештачка Маја Равник, ангажирана од Обвинителството за анализа на медицинската документација на 51 пациент лекуван на Клиниката за радиотерапија и онкологија.Одбраната настојуваше да покаже дека вештачењето е изработено врз нецелосна документација и без да се земат предвид националните протоколи и реалните услови во македонското здравство. Васев посочи дека кај дел од пациентите недостасуваат години од претходното лекување, како и информации за третмани во странство, операции и консултации со странски онколози.Вештакот Равник остана на ставот дека стручното мислење го темели исклучиво врз доставената медицинска документација и европските и светските онколошки протоколи, нагласувајќи дека националните препораки не можат да оправдаат употреба на лекови без соодветна индикација. Таа посочи дека во одредени случаи биле применувани терапии без претходна молекуларна анализа, давани лекови без индикација за конкретниот карцином, како и хемотерапија во крајна фаза на болеста.Во однос на достапноста на лековите, Равник изјави дека е свесна за финансиските и системските ограничувања, но дека тоа не ја оправдува употребата на несоодветна терапија. Таа подвлече дека палијативната нега значи ублажување на симптомите, а не продолжување на третман што не влијае на преживувањето и го нарушува квалитетот на живот.Обвинението ги товари Васев и уште двајца онколози за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, со наводи дека кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на состојбата. Против Васев е поднесено и посебно обвинение за злоупотреба на службената положба и проневера, со наводна штета од над 2,2 милијарди денари за државниот буџет.Судењето го води судијката Снежана Марковска, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска. Во наредната фаза се очекува сослушување на вешти лица од Србија, кои исто така изработиле медицински вештачења за потребите на постапката.

Македонија | пред 1 седмица

nino-vasev

Осум часа испрашување на вештакот за „Онкологија“ – судир околу терапијата на пациентите со карцином на јајници

Вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор повеќе од осум часа одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, во судскиот процес за наводно несовесно лекување пациенти.Во фокусот на расправата беше лекот „капецетабин“ и неговата примена кај пациенти со карцином на јајници. Во своето вештачење, Равник навела дека овој лек нема индикација за лекување на рак на јајници според современите онколошки протоколи. Васев, пак, посочи дека во Македонија, врз основа на национални протоколи и клиничка студија објавена во реномирано европско списание, „капецетабин“ се користи како терапија од втора и трета линија и кај гинеколошки карциноми, како и кај уште 11 други индикации.Равник изјави дека при изготвувањето на мислењето се повикувала на меѓународни и европски протоколи и дека не направила поширока анализа на домашната литература. Доколку постојат национални протоколи поткрепени со докази, рече таа, не може да ги коментира.Одбраната ја оспори и оценката на вештакот дека одредени терапии биле неиндицирани и довеле до влошување на здравствената состојба кај конкретни пациенти. Васев посочи пример со пациентка која живеела 52 месеци, иако просечниот период на преживување за таа болест изнесува 17 месеци. Равник одговори дека ја радува долгото преживување, но останува на ставот дека дел од терапиите отстапувале од протоколите, посочувајќи го и лекувањето со „цетуксимаб“ како несоодветно за карцином на јајници.Судир имаше и околу комбинираната терапија со „перзотумап“ и „херцептин“. Равник нагласи дека давање само на еден од лековите не е оправдано, дури и во услови на недостиг, бидејќи самостојно нема соодветен ефект.На прашање од одбраната, Равник потврди дека не ги анализирала македонските национални протоколи пред да го изготви вештачењето, но оцени дека тие не би требало суштински да се разликуваат од меѓународните насоки. Таа исто така изјави дека во своите наоди не навела кој конкретен лекар го спровел третманот кај одделни пациенти, бидејќи не ја утврдувала индивидуалната одговорност.Бранителот Боби Спирковски изјави дека вештачењето нема правна валидност и дека покажува непознавање на македонските протоколи, нагласувајќи дека лекарите имаат можност, со образложение, да отстапат од нив во интерес на пациентот.Во предметот, покрај Васев, обвинети се уште двајца онколози. Судењето продолжува со сослушување на дополнителни вешти лица од Словенија, а најавено е и вклучување на експерти од Србија во наредната фаза од доказната постапка.

Македонија | пред 1 седмица

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапкатаза случајот Онкологија

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на д-р Симонида Црвенкова, оцени дека стручното мислење од словенечки експерт не може да биде валиден доказ во постапката за случајот Онкологија, бидејќи е изготвено врз основа на нецелосна медицинска документација и европски онколошки препораки што не се дел од македонскиот правен систем. Тој тврди дека македонските лекари постапуваат според домашни протоколи одобрени од Министерството за здравство и дека извештајот на обвинителството е пристрасен.„Како бранител на д-р Симонида Црвенкова сметам дека стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапката од причина што е изготвен врз основа на нецелосна медицинска документација и врз основа на европски онколошки процедури и препораки кои не се дел од правниот поредок, неодобрени од здравствените власти на Република Македонија.Македонски лекар не може да одговара за примена на водич за онколошки процедури и препораки кои не се одобрени од македонските здравствени авторитети.Доказ за тоа е известувањето од ФЗО до министерот за здравство од 21.01.2026 година во кое се посочува дека протоколите не се менувани 10-15 години, а странските препораки не се одобрени од здравствените авторитети и истите се дескриптивни и без јасни и конкретни критериуми за соодветна примена.Сето ова претставува правен дефект и треба да се праша поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој одобрил да се упати барање за изготвување стручна експертиза за примена на европски онколошки процедури во која е применета литература од 2024 година за анализиран период на лекување од 2018-2022 година како доказ во кривична постапка, за ЕУ онколошки процедури и препораки кои не се дел од правниот поредок и не се одобрени од македонските здравствените власти.Македонските лекари постапуваат по здравствените протоколи и препораки одобрени од министерството за здравство во 2015 година и други здравствени протоколи нема.Во овој предмет Универзитетски клинички центар Љубљана не постапи по ваквото барање токму поради некомплетноста на медицинските истории и документација и тоа е одговорен и етички однос на совесен лекар.Конечно, извештајот на техничкиот советник на обвинителството е пристрасен и необјективен од причина што во неколку клучни делови од извештајот техничкиот советник дава мислење со споредба и паралела помеѓу државната клиника и протоколите и процедурите во клиниката Жан Митрев каде што работи како лекар“, вели Владимир Туфегџиќ

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

„Ќе умре и онака“: Изјава што ја одбележа расправата за терапиите на Онкологија

На судењето за случајот со Клиниката за онкологија, се отвори клучна контроверзија околу ставот дека кај тешко болни пациенти „нема потреба од терапија, бидејќи и онака ќе умрат“, што, според одбраната, произлегува од толкувањата на вештачењето.Вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, која изработила медицинско вештачење според истории на десетици пациенти, посочи дека кај дел од случаите биле давани терапии без јасна индикација, во несоодветни дози и интервали, со што болеста напредувала побрзо, а во поединечни случаи, според неа, хемотерапијата можела и да ја забрза смртта.Одбраната на поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, остро реагираше, оценувајќи дека ваквиот пристап е „ригиден и теоретски“ и опасен во пракса. Адвокатот Боби Спирковски истакна дека ваквото толкување практично води до ставот дека кога лекарот ќе процени дека пациентот е „готов“, не треба да му се дава терапија, што, според него, е форма на прикриена еутаназија.„Кој може да каже колку време ќе живее пациентот за да одлучи дека веќе не треба да се лекува? Во нашата пракса, дури и кога состојбата е тешка, се дава терапија со надеж дека ќе се продолжи животот“, порача Спирковски, нагласувајќи дека лекарите често се принудени да работат со ограничени ресурси и без целосна достапност на лекови.Случајот продолжува во доказна постапка, а судот ќе треба да одмери дали станува збор за несовесно лекување или за медицински одлуки донесени во услови на тежок и ограничен здравствен систем.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Eксперти од Словенија откриваат пропусти во онкологија: Целокупната документација беше многу нецелосна

Судењето за случајот со несовесно лекување на Клиниката за онкологија денеска продолжи со клучни сведочења на медицински експерти од Словенија. Вештакот Маја Радник од Медицинскиот факултет во Марибор пред судот изнесе поразителни наоди по анализата на 51 медицинско досие на пациенти.Од 51 случај, само во еден бил забележан запис од мултидисциплинарен конзилиум, што е задолжително при промена на терапија.Во голем број наоди било забележано дека пациентот добивал лек, а воопшто немало запишана анамнеза, ниту извршен клинички преглед.Кај најголем дел од пациентите не биле забележани дури ни основни параметри како телесна висина и тежина, кои се неопходни за правилно дозирање на токсичната онколошка терапија.„Целокупната документација беше многу нецелосна. Промените на лекување не беа соодветно бележени и многу пати без никакво објаснување“, нагласи вештакот Радник.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Продолжува судењето за Онкологија: Словенечки експерти денеска пред суд

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.На денешното рочиште ќе бидат сослушани вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството.Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а за сослушување на вештите лица од Словенија се закажани повеќе рочишта неделава.Во сгласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството.Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред судот по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

„Ми даде лек што не постоеше во евиденција“: потресно сведочење на пациентка на судењето за „Онкологија 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, а сведочеше пациентка која примала комбинирана хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи ситуација која, како што рече, ѝ оставила длабока дилема. Ѝ била дадена терапија надвор од редовните протоколи и без да биде внесена во регистарот на клиниката.Пациентката сведочеше дека при нејзината деветта посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија, лекарот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во дефицит и дека останале само три шишенца. Според нејзиниот исказ, Васев ѝ рекол дека поради нејзината возраст лекот имал „повисока ефективност“ и дека ќе ѝ даде едно шишенце, но без тоа да биде запишано во службената документација.Таа објасни дека лекот бил аплициран во дневната амбуланта во присуство на медицинските сестри, но отсуството на запис за терапијата ја натерало подоцна, кога разговарала со семејството, да се прашува зошто постапката не била спроведена како при сите претходни циклуси.„Сè беше направено неформално, без вообичаениот упат, без потписите што ги дава и матичниот онколог и директорот. Не ми побараа пари, не ми беше сугерирано ништо. Но тоа што не беше запишано – тоа ми остана прашање до денес“, рече таа.Пациентката истакна дека сама се пријавила да сведочи кога дознала за случајот, бидејќи сметала дека има граѓанска должност да го каже она што го доживеала.Одбраната на Васев реагираше дека ваков настан не се случил и побара обвинителството да се држи до „финансиските аспекти“ на обвинението, а не да навлегува во медицински процедури.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycq2j1d6q5i5q2GykEr4

Министерот Алиу: Приоритет е децентрализација на онколошките здравствени услуги

Приоритет на Министерството за здравство е децентрализација на онколошките услуги во државата, започнавме со клиниките и здравствените институции што имаат соодветни кадри и инфраструктура, изјави министерот за здравство Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.„Имаме веќе функционални одделенија во Битола и во Тетово. Во Градска општа болница „8-ми Септември“ сè е средено, значи веќе тој процес, административен за добивање лиценца е завршен и ценам дека за брзо време ќе треба и таму оперативно да имаме онколошки услуги на ниво на амбуланта, со тоа што, нормално, ќе требаат да поработат уште малку колегите од „8 Септември“ за да имаат поширока палета на онколошки услуги таму. Но, еве Тетово и Битола веќе имаат. Штип исто така ќе биде, сè уште е рана фаза таму, ќе треба да се инвестира инфраструктурно. Идејата е на онколошките пациенти да им нудиме онколошка услуга поблиску во регионот во кој живеат“, изјави министерот Алиу.Во однос на информациите во јавноста дека има недостиг на онколошка терапија, министерот Алиу посочи дека станува збор за проблем кој се јавува поради процедурите.„Терапијата недостига поради тие процеси што се строго дефинирани во законот за отворање постапка до завршување на постапката и често ни се случува да бидат неуспешно завршени, па треба од почеток да се отвори постапка за тип на лек или за некоја друга услуга. И вториот момент е поради увозниците. Често и тоа ни се случува, постапката да е завршена успешно, а тој лек моментално не е увезен во нашата земја и чекаме недела-две, бидејќи и таму има административни процедури, да можат да завршат за да може да се требува и да биде дел од здравствениот систем“, вели министерот Алиу.Со цел надминување на отсуството на терапија, министерот Азир Алиу посочи на менувањето на законската регулатива.„Менуваме 12 закони, Законот за здравствена заштита, делот што ги дефинира овие процеси, ќе има дополнителен дел што во Европа се вика „грин лајн“, ако има недостиг на нешто, има друга процедура со која ќе може пациентот да ги добие тие здравствени услуги, а институцијата ќе може по таа друга процедура да дојде до тој лек. Така што, ќе биде дефинирано и ќе се јасно дефинирани постапките во тој закон, па ценам дека тогаш ќе имаме појасна слика инфраструктура што во реално време ќе нуди услуги“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Македонија | пред 3 месеци

nino-vasev

„Молевме по луѓе за терапија“, искази на денешното рочиште за „Онкологија 2“

На денешното рочиште за „Онкологија 2“ беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на управниот одбор Биљана Гроздановска и Гоце Кузев, чиј татко се лекувал на Клиниката за Онкологија.Тој изјави изјави дека терапијата за неговиот татко никогаш не била навремено достапна.-Бидејќи никогаш ја немаше добиено навремено, бевме загрижени и молевме по луѓе, тие наши пријатели се јавуваа кај тогашниот директор и потоа ни беше давана. Мислам дека сестрата се викаше Цаци и ја даваше на вториот спрат каде што беше неговиот кабинет. Ја даваше некогаш од клиничка аптека, а некогаш ја повикуваше сестрата и ѝ ја даваше тој од неговата канцеларија, па се симнувавме долу да ја аплицираме, рече сведокот.Доктор Митревски, онколог на Клиниката, сведочеше за пациент кој примал хемотерапија во комбинација со биолошка терапија. Тој нагласи дека стандардната доза на лекот бевацизумаб за таа индикација е 400 мг на три недели. Кога му беше предочен документ со препишана доза од 1600 мг, тој одговори дека тоа е превисока доза за таа индикација.Митревски негираше дека ја препишал таа доза, ниту дека бил известен за прешкртан препис во извештајот. Иако рече дека повисоки дози се индицирани за други случаи, за конкретниот пациент изјави дека не требало да ја прими таа количина.По увид во материјалниот доказ, одбраната  констатираше дека дополнението во извештајот се однесува на препорака, а не дека е дадена таква доза.Биљана Гроздановска, членка на Управниот одбор на Клиниката, на денешното рочиште појасни за начинот на носење одлуки во Управниот одбор. Како што рече, одлуките за набавка биле условени со претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.-Управниот одбор за различните прашања кои беа од областа на сметководството и финансиите, задолжително повикуваше економист на седниците, правник беше присутен, на секоја седница на управниот одбор, а беа повикувани и директорите во зависност од дневниот ред да дадат образложение, образложи Гроздановска.Кривичниот суд во јуни годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

По 500 евра за секоја доза од лекот, толку давале мито! Продолжи судењето за „Онкологија“

Во Кривичниот суд денеска продолжи постапката против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.Пред Судот сведочеа повеќе оштетени лица и законски застапници на починати пациенти, кои говореа за начинот на лекување и конкретната терапија што се давала на Клиниката за онкологија.Во одговор на прашање на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска за проблеми со обезбедување терапија, еден од сведоците изјави дека имале потешкотии: најпрво оделе во Турција, но трошоците биле високи, по што се обратиле на Клиниката, каде, како што рече, морале да дадат мито од 500 евра за секоја доза. Лекот, според истиот исказ, се земал од фрижидер во канцеларијата на Васев и му се предавал на медицинска сестра за апликација. Сведокот додаде: „Немам документи, немам докази зошто не мислев дека ќе ми требаат. Ги исфрлив, но верувам ги има во досиејата“, и појасни дека наводно парите не биле давани пред медицинската сестра: влегувале во кабинетот на докторот, „се почастувале за кафе како што бил договорот“, по што лекот бил предаван на сестрата. На прашање од одбраната дали случајот бил пријавен, сведокот одговори дека не знаел/а каде да пријави.Уште една од сведоците раскажа за лекувањето на својата мајка кај онкологот Симонида Црвенкова: не наведе дека ѝ биле барани средства, но рече дека давалa пари „со срце и душа“ бидејќи спасот го гледала во докторката, додаде дека немала намера да пререкува што дала, но била изреволтирана од тоа што подоцна дознала.На ова реагираше обвинетата Симонида Црвенкова, истакнувајќи дека никогаш не побарала ниту примила средства за својата работа:„Целиот мој живот сум го посветила на себеобразување и доброто на пациентите и никогаш во животот ниту сум побарала, ниту сум добила, средства. Тоа е многу тешко обвинение за мене. Мене ми е многу жал, јас работам 30 години со оваа болест и јас знам што значи,“ изјави Црвенкова.Предметот е во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска. Освен Васев, обвинети се и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје. Постапката првично беше поведена и против онкологот Мери Пешевска, која призна вина пред Судот и беше осудена на две години условна казна затвор.Според обвинението, лекарите се товарат за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Дополнително, против Никола Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со настанета штета над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Македонија | пред 3 месеци

nino-vasev

Пациентки и роднини сведочеа во „Онкологија 1“: за еден сведок Нино Васев е „Господ“

На денешното рочиште за случајот „Онкологија 1“, сведочеа пациенти и роднини на лица кои се лекувале на Клиниката за онкологија. Една од оштетените, пациентка со дијагноза рак на дојка, изјави дека лекувањето го започнала во Виена, а потоа го продолжила во Скопје кај докторите Мери Пешевска и Нино Васев, при што нагласи дека не се приклучува кон кривичниот прогон против Васев.Во судницата сведочеше и ќерка на почината пациентка, инаку медицинска сестра, која рече дека мајка ѝ се лекувала 13 години на Онкологија и дека сите тие години ја следела терапијата. Таа нагласи дека не бара оштета и не се чувствува оштетена, додавајќи дека доктор Васев за неа е „Господ“.Како сведок се јави и друга пациентка, која исто така не се приклучи на кривичниот прогон и посочи дека терапијата ја примала според насоки на лекарите, со редовни контроли на срцето поради онколошката терапија.Во текот на рочиштето, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска го презентираше материјалот од претресот во канцеларијата на Васев, при што биле пронајдени 22 кутии со ампули, лекови против гадење, „ерлотиниб“ за карцином на бели дробови, „метросант“ за рак на дојка и други медицински материјали, кои не смееле да се наоѓаат надвор од клиничката аптека.Обвинителството го терети поранешниот медицински директор д-р Нино Васев за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, а заедно со него се обвинети и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.Судот денеска го прифати извештајот на техничкиот советник на обвинителството, д-р Милан Ристески, иако одбраната бараше негово изземање. Судот оцени дека нема основ за тоа, бидејќи Ристески од 2018 година не работи на Онкологија и моментално е ангажиран во приватна болница.Предметот „Онкологија 1“ продолжува, а во следните рочишта се очекува изведување на дополнителни докази и сведоци предложени од обвинителството.

Македонија | пред 4 месеци

nino-vasev

Нови 30 дена притвор за онкологот Нино Васев

Основниот кривичен суд одлучи да му го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за уште 30 дена.Неговиот адвокат Боби Спирковски најави жалба до Апелациониот суд. Според него, притворот е неоправдан а обвинението се темели на „вештачки конструирани“ дела.Спирковски нагласи дека одбраната приложила нови докази кои, според него, покажуваат дека нема штета ниту основ за тешки обвиненија, и дека Апелација треба да одлучи без притисоци, исклучиво според закон и факти.Како што кажа Спирковски, Обвинителството во две реченици навело оти бара притвор затоа што се сомнева дека од куќен притвор Васев може да избега надвор од државата само со лична карта.„Ве молам, фактот е дека може и без лична карта да избега преку некаков див граничен премин и дека, и ако тоа не го направи, дека може да се скрие некаде на територијата на Македонија. Па тоа не се правни аргументи, тоа се аргументи за лаици кои што не познаваат право. Тие аргументи претходно Апелација ги усвои и одреди притвор. Тие аргументи не се аргументи, се надевам дека пак се враќаме на тоа дека решаваа под огромен притисок и без да водат сметка за правните аргументи. Се надевам дека сега е време тоа да се поправи“, изјави Спирковски.Инаку на денешното рочиште како сведоци на Обвинителството, искази дадоа поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката за радиотерапија и онкологија кои на овие позиции биле додека обвинетите Васев и Нухи биле директори.Тие одговараа на прашања поврзани со финансиското работење на Клиниката, а еден од нив не можеше да се сети на детали.Друг сведок, член на Управниот одбор од 2018 до 2024 година, рече дека Васев на седниците на Управниот одбор во 2019 година, презентирал дека имаат дозволно средства и дека Клиниката успешно ќе ја заврши годината, но кога дошла директорката Виолета Клисаровска, на Управниот одбор му било кажано дека Клиниката има финансиски проблеми.Управниот одбор одлуките ги носел со гласање на седниците, а за усвојувањето на годишните завршни сметки, кажа оти не се сеќава како гласала, но, дека биле донесени.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Нино Васев бара да излезе од притвор, не можел таму да подготвува како ќе се брани пред суд

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, преку своите бранители поднесе барање до Основниот кривичен суд Скопје да му биде укинат притворот и да му се дозволи да се брани од куќен притвор или од слобода без пасош, со образложение дека двата предмети против него се обемни и дека условите во затвор не дозволуваат соодветна подготовка на одбраната.„Вака од притвор, со вакви два предмети, му се загрозува правото на одбрана на човекот. Судот не ни дозволува доволна комуникација. Денеска побаравме посебни услови, бидејќи не можам да работам само три часа таму – треба да ни дадат просторија за работа, дури и да спиеме таму, бидејќи случајот е исклучително обемен. Самите гледате, тоа е како да работите на десет предмети одеднаш,“ изјави адвокатот Бобир Спирковски, еден од бранителите на Васев.Во текот на денешното рочиште беше продолжено сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителството, меѓу кои и вработена во аптеката на Клиниката за онкологија, која потврди дека за време на директорскиот мандат на Васев, тој се потпишувал на документи за испорака на лекови преку т.н. условен буџет, односно пред завршување на јавните набавки.„Кога се правеа набавки на реверс, тоа значеше дека јавната набавка сè уште не е завршена. Во тие случаи не постои договорен број ниту потврда од Министерството. Да, тоа е точно,“ рече сведокот на прашање од обвинителката.Друг сведок, шалтерска работничка, потврди дека потписот на Васев стоел на сите извештаи за лекови од условниот буџет.„Дали се одобруваше терапијата од директорот? Па, претпоставувам дека ја одобрувал. Јас работам на Одделот за дојка и на секој извештај имаше потпис од доктор Нино Васев,“ изјави сведокот, додавајќи дека одобрувањата на терапиите се правеле на стручни колегиуми секој втор четврток, каде присуствувале сите шефови на оддели.Адвокатот Спирковски оцени дека овие сведочења само потврдуваат дека Клиниката работела според закон, дури и во услови кога биле правени набавки на реверс, бидејќи се работело за итни случаи и терапија за најтешко болните пациенти.„За мене не е релевантно дали се давале лекови или не – важно е дали тие набавки биле законски или не. Сè друго е ирелевантно,“ изјави Спирковски.На почетокот на денешното рочиште, Судот информираше дека републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски не се согласил со барањето за смена на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, која го застапува обвинението, оценувајќи дека таа ја извршува својата работа професионално, стручно и во согласност со законот.Во предметот за финансиски злоупотреби на Клиниката за онкологија, освен Васев, обвинет е и организацискиот директор Нехат Нухи. И двајцата се наоѓаат во притвор во затворот „Шутка“.

Македонија | пред 4 месеци

nino

Ново рочиште за „Онкологија“, ќе бидат сослушани сведоци предложени од Обвинителството

Судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, денеска треба да продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје.На минатото рочиште, одбраната на Васев поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе случајот или да го делегира на друго обвинителство. Поради потребата јавниот обвинител да донесе одлука, судот ја одложи расправата. Предметот го води судијката Снежана Марковска, додека јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска го застапува обвинението.Предметот се наоѓа во доказна постапка и денеска треба да продолжи со сослушување на сведоци предложени од страна на Обвинителството.Васев, заедно со онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, се обвинети за несовесно лекување, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со неправилно дозирање и без соодветна здравствена проценка.Претходно, друг онколог, Мери Пешевска, призна вина и беше осудена на две години условна казна затвор.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања