ОНКОЛОГИЈА

onkologija-111

(Видео) Стан во Скопје бил претворен во приватна мала Онкологија, закупец бил вработен на Клиниката, а најдени биле медицински досиеја, открива д-р Лазаров

Стан во Скопје бил претворен во приватна мала Онкологија, ексклузивно откри доктор Ненад Лазаров, кој од свои извори дознал за случајот. Во него, документација, онколошки препарати. Обвинителството знае за овој случај кој го испитувале, но не откриваат дали лицето кое го закупувало станот, а станува збор за техничкар кој имал пристап до скапите лекови, е лице кое сега е осомничено во предметот кој го водат.„Многу интересни ликови се споменале таму. Случајно газдарицата на станот, бидејќи не и платиле кирија, пробува да го обие станот бидејќи нема контакт со луѓето на кои го издала, влегува внатре и гледа мала Онкологија. Со медицински досиеја, онколошки препрати, со лекови, во сред Скопје ова се дешава. И тука пука цела афера, се вади од памет, нема поим што и се дешава во нејзин стан“, вели д-р Лазаров.„Скопје1“ побара и став од Обвинителството, каде веќе е завршена истрагата која се водеше за кражбата на скапи биолошки терапии и несоодветно лекување.„Во рамките на предистражната постапка за предметот „Онкологија“ беше обезбеден лап топ компјутер и документи од стан, кои беа детално прегледани. Дополнително, беа извршени разговори со закупувачот на станот кој го пријави лап топот и списите, со закупецот на станот и со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија, а беа преземени и други дејствија на проверки“, велат од Обвинителството, без да прецизираат дали лицето кое ги поседувало, има статус на осомничен.Засега е познато само дека е завршена истрагата.Според информации на „Скопје1“, ова било пред повеќе години, уште пред директор на Онкологија да биде, сега осомничениот Нино Васев кој го товарат за реверсите.

Македонија | пред 11 месец

onkologija-4142

Истрагата за Онкологија завршена: не откриваат дали вештачењето од Словенија е готово, ниту дали за сите осомничени обезбедија докази

По повеќе од една година, заврши истрагата за злоупотреби на Клиниката за онкологија. Осомничени беа пет лица, меѓу кои поранешниот медицински директор Нино Васев, организациски директор Нехат Нухи и тројца доктори-онколози. Сега, Обивнителството крие дали за сите лица се обезбедени докази, односно дали и натаму го имаат статусот на осомничени. Посочуваат дека не можат да откријат ниту дали е стигнато вештачењето од Словенија, иако претходно, без проблем на брифинг објавија дека е стигнато вештачењето од Србија. Чуму овие двојни аршини на информирање - исто така не е познато.„Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка во предметот за злоупотреби на Клиниката за онкологија. Постапката е во фаза во која течат роковите предвидени во Законот за кривична постапка, по што јавноста ќе биде известена во однос на јавнообвинителската одлука и доказниот материјал“, велат од Обвинителството во штурата информација за јавноста.На брифингот во Обивнителството во декември, оттаму кажаа дека сомнежите за несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија. Но до тогаш, непотврдени беа сомнежите дека скапата биолошка терапија се продавала во странство. Обвинителството посочи и дека опстојуваат сомнежите дека пациенти не добивале терапија иако е препишувана на нивно име.БОНУС:?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d

Македонија | пред 11 месец

onkologija-53214

„Доста крадете, за каде ви се парите? Засрамете се без разлика на партијата“ - пациентка на Онкологија за голготата при примање терапија

Вања Андонова, пациентка на Клиниката за онкологија, раскажа за голготата низ која минува кога доаѓа да прима терапија. Објавата ви ја пренесуваме во целост:Еден ден од животот поминат на Онкологија. Да си од Струмица и да патуваш до Скопје за една терапија изгледа вака:1.Станувам у 5ч рано рано. Будам мало дете од 7 години го облекуавм за училиште и викам: спиј мама надвор е уште темно,имаш време за на училиште. А тоа вели: А зошто мама одиш на болница у темното? Јас: Па мама за да завршам и да се вратам порано.Цел ден од темно до темно оставам 2 малолетни деца да се грижат сами за себе. Фала му на Бога што се умни и навикнаа и прифатија дека мора да е така. И демек ќе стигнам порано за да завршам се порано. Ама не е така. На секоја врата се чека баш убаво долго. Затоа што ЦЕЛАААААА Македонија сме у една клиника.2.Докторите и сестрите ни паузи не користат за да постигнат да внимаваат на сите пациенти.3.Една лабораторија за крв.100 пациенти чекаат ред и сите со таа крвна слика одиме на дневна амбуланта,каде чекаме ред.4.Уште еден поголем проблем. Младите мед.сестри кои беа на работа си отидоа без плата и без решенија. Недостаток на персонал.5.Амбулантата која беше само за инекции веќе не работи,така да сега и тие пациенти чекаат заедно со нас кои сме за хемо.6.Недостаток на столици за седење,тесни ходници за зголемениот број на пациенти.Некои си седиме на скалите,зашто така налага процедурата на лечење.7.И кога добиваме бројче може да е 29 или 39 или не знам 55. И се чудиш кога ќе дојдеш на ред. И така редот е баш да си одиш дома у темно,зашто нели веќе и си тргнал на терапија у темно. Само да кажам дека добро би било у оваа наша жална напатена Македонија некој треба да мрдне со прсти и да активира мозок. Доста крадете. За каде ви се парите? Ќе си купувате уште џипови? Ќе градите згради? Ќе го купите пола град? Ќе бидете моќници? Ќе не гледате од високо? Само еден БОГ гледа одозгора. И за вас и за нас е тој. Ние се мачиме од вашата незаинтересираност за НИШТОООО. Аман. Некој нешто да направи добро за овој народ. Се лечиме у странство со донации. А вие уште крадете и крадете Да имавте осет ќе се срамевте сами од себе. Засрамете се сите без разлика на партија Одделете во секој град по една соба од болниците за нас онколошките пациенти. Обучете персонал. Секаде во светот така функционираат работите. Ги бркате младите од своите родни куќи за подобар живот да бегаат у други држави. Никој не остана НИКОЈ. Да надополнам: Еден апарат за Пет скен снимање,од кој зависат многу животи. Само ЕДЕН Е кој понапред да снимат? Бројот на заболени е енормно зголемен и самото тоа по дифолт кажува дека требаат уште апарати. А ако у некоја болница се расипе апарат за снимање,како што се случува често,е чекајте со месеци до пола година да се направи. И ако нема реагенси за снимање,а бема често. Ќе се шетаме од град до град со врски за да се снимиме. Има уште“.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d

Коментари | пред 11 месец

onkologija-4142

(Видео) Седат и по земја - вака се чека ред за терапија на „Онкологија“

Гужвите на Онкологија во деновите кога се прима терапија се целодневни. Докторите и сестрите не можат да постигнат да ги услужат сите навремено, поради недоволна вработеност. Истовремено, нема доволно столчиња во чекалните, па пациентите седат по скалите и подот.Читатлка на „Скопје1“ која истовремено е медицинар анонимно за „Скопје1“ вели: „Пациенти за да примат 'хемотерапија' седат на земја. Верувајте се срамам што сум. доктор во оваа држава, со вакво менаџирање на здравството“.Претходно, екипата на „Претрес со Ландов“ беше на Онкологија од каде Ви донесовме два дела од репортажата „Крик за живот“.Во вториот дел, зборувавме со вработените, од кои дел не си ја гледаат иднината таму, а други, разочарани се од системот. Пациентите пак, отворено зборуваа за недостатокот на терапија и жестоко реагираа на редиците низ ходниците.https://www.youtube.com/live/3k0s8cxDxII

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-28-at-17.44.49

(Видео) „Ги учам децата дека можеби ќе ме нема, можеби ќе живеам уште многу години, но треба да се борат“ - потресна сторија на метастатски пациент со канцер

Пациентка која еднаш го победила канцерот во 2013 година, па и се вратил за време на коронавирусот, го раскажа своето патешествие. Никогаш не изгубила надеж. Се лекува на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Таа има метастази, што значи дека кацерот зема замав. Но посочува: „Секоја година живот е како поклон за нас кои сме метастатски пациенти.?t=2406„Во ковидот фатив ковид, јас имав некоја консолидација на бели дробови и потоа почнав да осеќам болки, кај што имав развиено пневмонија. Имав чувство дека нешто не е во ред, но не сакав да размислувам натака, мислев дека е промаја, мислев дека сум се укочила, одев на масажи. За на крај кога ми порасна, буквално на истото место каде што ми беше примерно пред девет години, и покрај тоа што ги извадив двете дојки, на истото место ми порасна грутка, кога видоа на ехо, итно направив компјутер и видоа дека болеста е во напредна фаза т.е. за жал имав метастази на повеќе органи околу примарниот тумир, кој го имав во 2013 година“, вели пациентка за „Претрес“.Со солзи во очите, рече: „За среќа имам големо семејство, имам голем круг на пријатели, имам многу луѓе околу мене, кои да не беа до сега, немаше да издржам. Тоа е шок за сите, јас имам два сина кои се возрасни. Поламиот не знаеше што значи враќањето на болеста, но во пубертет тоа беше голем шок. Јас сум човек кој е отворен за својата болест, не прикривам, разговарам, ги учам нив дека можеби нема да ме има мене за шест месеци, можеби па ќе живееме долги години – така што, сакам да ги научам дека во животот треба да бидат спреми за секакви придзвици кои ќе ги даде, да се борат и да успеат да се изборат. Покрај сите терапии, боцкања, јас некогаш, сфаќам дека ништо не може однапред да знаеме, никој не знае која е прогнозата за секој човек. Додека не дојде моментот кога треба да заминам од овој свет, јас ќе се борам и ќе гледам тоа да го направам и да го искористам животот“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-27-at-21.22.08

Филипче тврди дека разобличил голем скандал: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција разобличи голем скандал поврзан со случајот за биолошката терапија на Клиниката за Онкологија, од страна на власта и вистината излезе на виделина.Филипче посочи дека вистината за Клиниката за онкологија која треба да ја знае јавноста е директно поврзана со анкетната комисија за Клинката за онкологија која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, а ја водеше Рашела Мизрахи и сите тврдења дека не постојат извештаи за работењето се чиста лага.„Мизрахи, од тогаш па до денес, тврди дека јас имам одговорност во тој случај. Да ја потсетам јавноста, обвинувањето беше дека како тогашен министер за здравство, сум требал да водам сметка за тоа што биле обврски на Министерството за здравство кон Клиниката за оноколигија и обратно, а се однесува на редовните шестмесечни извештаи за работата на клиниката и стручните комисии. Сите извештаи добро и уредно пополнети и заверени беа доставени. Дури и во најтешките ковид времиња, кога имаше рестрикции во движиња ниту еден онколошки пацинет и тоа пациентите го знаат, не беше оставен без терапија, сето тоа било редовно соработувано во министерството за здравство “ рече Филипче.При тоа, Филипче ги покажа извештаите потенцирајќи дека е срамно тврдењето на Мизрахи дека немало никакви извештаи.„Мизрахи тврди дека такви извештаи немало од клиниката кон министерството, дека немало стручна контрола од стручините комисии и сите овие изминати месеци.Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден таков грозоморен случај за политички поенни, па згора на се да се кријат докази од истражните органи?“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

onkologij-2.00_32_57_22.Still012

(Видео) Кој ќе нѐ лекува? Вработени на „Онкологија“ не веруваат дека ќе останат, нов кадар тешко се наоѓа

Кој ќе нѐ лекува? Треба да почнеме да си го поставуваме ова прашање. Докторите, техничарите, медицинарите - не гледаат иднина во Македонија. Екипата на „Претрес“ беше на „Онкологија“, каде вработените не го криеја своето разочарување.https://www.youtube.com/live/3k0s8cxDxII?si=plaTEOrusqYKXXBu&t=274„Не можам да кажам што ме задржало, но ова ми е како втор дом. Сигурно годините направија да останам тука. Не верувам и дали ќе останам до крај“, вели вработена која посочува дека иднината си ја гледа надвор од границите на Македонија.„Ова ќе биде последната шанса“, додава таа.На Клиниката често снемува лекови, а по скандалот дека се крадат – персоналот е постојано изложен на напади.Репортажата од „Онкологија“ ви покажува еден систем полн со аномалии, непривлечен, запустен.

Македонија | пред 1 година

onkologija-terapija

ЈО да отвори сопфатна истрага за сите злоупотреби со онколошка терапија и дали кризата е вештачка со цел изнуда на високи цени?, прашува ВМРО-ДПНМНЕ

„Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс“, вели ВМРО-ДПНМНЕ и додава:Една иста мафија на смртта тргува со животите на најтешко болните пациенти, лица заболени од рак и од тоа прави бизнис и дебело профитира. А, од друга страна истите веледрогерии кои ги набават лековите, континуирано добивале и добиваат заштита од политички структури блиски до СДС и ДУИ.Проблемот со недостаток на терапија за тешко болните пациенти од рак на Клиниката за онкологија не нешто ново и нешто што се случува само сега. Првите два до три месеци од годината во секоја година до сега има недостаток на онколошка терапија, а секоја година една иста веледрогерија набавува лекови по енормно високи цени.Бидејќи секогаш има политичка заштита од структури во СДС и ДУИ, истата таа веледогерија, злоупотребувајќи ја болеста на луѓето со цел голем профит и знаејќи дека луѓето и последните пари ќе ги дадат за лек, вештачки креира криза со лекови.Мафијата на смртта, на чие чело е една иста веледрогерија и помогната и заштитена од политички структури блиски до СДС и ДУИ, за која човечкиот живот не вреди ништо, 30 години ровари во Онкологија и е виновна за смртта на голем број починати пациенти кои навреме не го добиле соодветниот лек.Го поставуваме прашањето, дали е точно дека веледрогеријата Пановски, блиска до СДС, го уценува со цени македонското здравство? А оваа е истата веледрогерија од каде што Ирина Пановска како директор на една од клиниките при клиничкиот центар во Скопје во време кога министер за здравство беше нивниот близок, Венко Филипче, набавуваше лекови од веледрогеријава каде што татко и, исто така, бил директор.Поставуваме уште едно логично прашање, дали е вистина дека оваа вештачки создадена криза е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови токму од Пановски, за кој постојат сомнежи дека се манипулира со цените на лекови?Оттука, бараме и ги повикуваме надлежните институции да покренат сеопфатна истрага за сите злоупотреби кои прават на Клиниката за онкологија со терапиите за болните од рак. Исто така, да се посочат сите одговорни без разлика дали се лидери на партии или поранешни министри, медицински лица или лица дел од фирмите и веледрогериите кои снабдуваат со вакви лекови и се богатат врз здравјето на најтешко болните пациенти.Исто така треба да се утврди и вистината за тесната поврзаност и политичка и бизнис спрега на Венко Филипче со моќните веледрогерии.ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство да се охрабри и да ги стави на располагање сите свои капацитети за спроведување сеопфатна истрага со цел расчистување и изведување пред лицето на правдата на големите бизнис олигарси кои раководат со мафијата на смртта, која профитира милиони од болеста на луѓето.

Македонија | пред 1 година

krik-insta

(Видео) Онкологија нема лекови, ни кој да лекува - како по скандалот? - Крик за живот 2

Скандалот „Онкологија“ на Клиниката за радиотерапија и онкологија отвори многу прашања. Вработените биле мета на напади, за што за првпат сведочат пред камерата на „Претрес“. Пациентите кои се лекуваат од најтешката болест на Клиниката имаат свои проблеми - долги редови за чекање, недостатоци на лекови.„Претрес“ влезе во ходниците на Клиниката и сними огромни гужви, чекање, страв за тоа дали ќе има лек на залиха. Во вториот дел од „Крик за живот“ ви носиме сведоштва од пациенти кои биле принудувани сами да купат, само за да не го прекинат циклусот.Докторите и сестрите посочуваат дека скандалот „Онкологија“ тешко ќе се тргне од клиниката, а лути се бидејќи колективно биле обвинети, наместо вината да биде утврдена кај конкретни лица. Се крадела ли терапија, можно ли е тоа?Гледајте ја премиерата:https://www.youtube.com/live/3k0s8cxDxII?si=Fjpo7JA1lo9Um96K 

Македонија | пред 1 година

onkologija-terapija

(Видео) Освен терапија, нема ни доволно персонал на Онкологија: „Страшно, здравството ни е уништено“

Освен сериозни недостатоци на лекови за сите пациенти кои се лекуваат, на Клиниката за онкологија има и недостаток на здравствен кадар. Пациенти од цела Македонија примаат терапија токму на Клиниката, а има минимален број на медицински сестри и технички персонал. За ова сведочи и пациентката Тања Цвијановиќ.„Страшно...Здравството ни е уништено....На Онкологија цела Македонија персонал нема во дневната болница персоналот со сите сили пробува да ги опслужи сите пациенти...Викаа не чинело порано сега пак е уште полошо просторијата за зомета затворена бидејќи нема персонал сите си одат од онкологија а тие што се останати неколкумина во дневната се вистински ХЕРОИ....Господ да ни е напомош....“, напиша таа.Вечерва (среда, 22 јануари) за првпат ќе можете да видите каков хаос се случува низ ходниците на Онкологија, како персоналот и раководството се обидуваат да се справат со гужвите, но и како се функционира по скандалот „Онкологија“. „Претрес“ ви го носи вториот дел од репортажата „Крик за живот“.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-5680PM

Онкологија: Минатото раководство несоодветно го испланирало буџетот, работиме на надминување на недостатокот од биолошка терапија

По алармот и стравот од пациентите за недостаток од биолошка терапија, се огласија од за радиотерапија и онкологија. Тие велат дека моменталниот недостаток од биолошка терапија е резултат на административни процедури од претходното раководство, но дека се преземаат сите неопходни мерки за надминување на овој проблем.Во соопштението наведуваат дека се преземаат мерки за подобрување на планирањето на набавките и олеснување на тендерските постапки во соработка со Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.Во периодот до надминување на проблемот, на пациентите им ја даваат терапијата која е моментално достапна во клиниката.„Целта ни е да обезбедиме навремено и континуирано снабдување со терапија за нашите пациенти, и уверени сме дека актуелниот недостаток ќе биде надминат во најкус можен рок,“ стои во соопштението.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-20-at-18.44.52

(Видео) Траорно сведоштво за тинејџер-пациент со рак кој починал; Се повеќе деца со рак на мозок и коски

Се повеќе деца со карцином. Потресни приказни доаѓаат од Онкологија. Го емитувавме првиот дел од „Крик за живот“, каде докторите и пациентите зборуваа за тешкотијата на болеста, која резултира и со смрт.„За жал на овој оддел, има поголем број на деца. Овде се зрачат деца со карцином на мозок и коски. Последно што се сеќавам, последното дете беше шест години имаше кацином на мозок. Имаме доста пациенти, но и родители на пациенти кои не ја прифаќаат тежината на болеста“, рече доктор-онколог Маја Иванова.Таа раскажа и како млад пациент кој ја губел битката и бил свесен за тоа, утеха нашол во религијата.„Млад пациент, 15-16 години, со коскен карцином, метастатска фаза на болест, дадовме еден, втор циклус на хемотерапија, зречевме, ама не одеше. Со пациентот се приврзуваме, едноставно гледаш да дадеш и друга смисла на целата битка. Пациентот е свесен дека ја губи битката, прашува: ‘Што понатаму?’... Ја загуби битката, но во Библијата пишува: ‘Кој верува во Господ Исус Христос и да умре ќе живее’, па тоа му беше надеж на детето, му влеа надеж, па така си замина мирно“, рече доктор-онколог Маја Иванова.Што сѐ се среќава на Онкологија, погледнете во репортажата каде зборуваат и пациенти:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-20-at-18.35.44

(Видео) „Имам другарки кои јас лично сум ги лекувала, и што го изгубиле животот“ - потресни сведоштва од Онкологија

Онкологија значи борба за живот. Често наши блиски завршуваат тука на лекување. Д-р Марина е дел од персоналот. Од прва рака раскажа што затекнува, но и што се случува.„Имам другарки кои јас лично сум ги лекувала, и што го изгубиле животот. И тоа е многу тешко, бидејќи ти даваш хемотерапија, а таа не делува. Едноставно не делува кај сите луѓе исто. Ти не знаеш што да направиш, што да дадеш. Се случува и по ноќи да не спиеме – буквално. Не спиеш, мислиш на пациентот, чекаш да дојде 8 часот за да се јавиш кај колегата кој е дежурен да видиш дали преноќил пациентот, дали е жива“, вели доктор Марина Вукашиковиќ која работи на Одделот за рак на дојка.Потресен „Претрес“, цел Ви е достапен на јутуб-каналот prvatvmk:

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Потврдени се сомнежите за несоодветно лекување на Онкологија, а опостојуваат и сомнежите дека пациенти не добивале терапија, вели Обвинителството

Пациенти биле несоодветно лекување на Онкологија, потврдиле вештачењата кои Обвинителството ги добило од соседна Србија. Ова на брифинг со новинарите, го соопшти скопското Обвинителство, кои посочија дека се чека и второ вештачење кое се прави во Словенија. И натаму опстојуваат сомнежите дека на некои пациенти не им е давано терапија, иако е препишувана на нивно име.„Испративме истории во Србија, околу 16 истории со што тоа вештачење е изготвено и ние доставено на нас. Другото вештачење по однос на останатите 51 историја – тоа се уште не е готово и имаме прелиминарен извештај дека до крајот на јануари ќе биде готов и тој извештај“, велат од скопското Обвинителство и додаде:„Нашите сомнежи по однос на несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија, а другото вештачење не можам да го коментирам. Се надевам дека тогаш би ја затвориле истрагата“.Непотврдени останале сомнежите дека имало продажба на скапата биолошка терапија во странство. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, посочи дека истрагата за овој случај е при крај.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат

Сите онколошки пациенти кои би можеле да ја користат биолошката терапија, истата не ја добиваат, односно пари има само една четвртина од нив, според последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.За набавка на биолошката терапија минатата година биле одобрени речиси 21 и пол милиони евра. Иако има зголемување за двојно на средствата за оваа намена, тие не се доволни.„И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата. Од добиените податоци пациенти кои терапијата ја примаат во дневна болница чиј број во 2023 година изнесува 54.423 утврдивме дека само 24% се приклучени на биолошка терапија“, се вели во ревизорскиот извештај.Иако од лани се изготвени и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, се уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство.Единица за централна подготовка на цитостатска терапија, односно KATO системот исто така се уште не е во функција. За негова набавка се дадени околу 162 илјади евра, а лани биле детектирани проблемите.„Системот е делумно опремен, недостасуваат клучни компоненти, а просторот не е адаптиран за стерилно работење. Дополнително, подготовката на терапијата со овој систем трае подолго време, што ќе го зголеми времето на чекање за апликација на терапија, Клиниката нема доволен број фармацевти за работа со системот, а потребни се и дополнителни средства од околу 8 милиони денари годишно за потрошен материјал“, се додава во извештајот.Министерството за здравство годинава спровело тендер за набавка на делови потреби за да се стави системот во употреба, но не била поднесена ниту една прифатлива понуда.Ревизорите откриле и дека клиниката во 2023 година примила донирани лекови вредни над половина милион евра кои ги немало во финансиската евиденција.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања