„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

општина центар

WhatsApp-Image-2024-11-14-at-11.11.32_88366ddb

Герасимовски: 2.500 денари за пензионери во социјален ризик и приматели на социјална помош

Трета година по ред Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна парична помош за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Јавниот повик е објавен денеска и важи до 29.11.2024 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари и ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.„Ги повикувам сите пензионери кои ги исполнуваат условите да го искористат ова право и да си го олеснат секојдневието, особено во период кога се предвидуваат поголеми семејни трошоци поради претстојните празници. Сметаме дека секоја поддршка е значајна и може да придонесе за подобрување на животниот стандард на нашите повозрасни сограѓани,“ порача ГерасимовскиОваа финансиска поддршка Општина Центар ја доделува на граѓани кои се со постојано живеалиште на територија на Општина Центар и кои се приматели на старосна, семејна, инвалидска, социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) чиј износ не е повисок од 23.758,00 денари (согласно податоците од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија исплатена пензија во месец септември 2024 година).Заинтересираните граѓани треба да достават барање за доделување финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, за корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија - доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата - за примена пензија во последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2024 година), а за корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР-Центар).Барањето е достапно во Архива на Општина Центар-Скопје, барака 6 и на веб страната на општината. Потребната документација може да се достави секој работен ден од 09.00 до 14.00 часот.Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар ќе им изготви Решение за доделување на финансиска поддршка. Исплатата ќе се изврши директно на трансакциските сметки на барателите и ќе биде реализирана до крајот на тековната година.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-11-12-at-11.58.43_be2fadd2

Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства

Општина Центар продолжува со својата посветеност за создавање поинклузивно општество за сите граѓани. И оваа година, општината запишува 20 дечиња од ромска националност кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на возраст од 3 до 6 години во градинката „Раде Јовчевски - Корчагин“.Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи - детски градинки“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и директорката на детската градинка „Раде Јовчевски - Корчагин“ Елена Устамитова, денеска ги потпишаа новите договори за соработка за учебната 2024/2025 година. Овој проект има за цел поддршка на социјално ранливи групи и инклузија за поквалитетен раст и развој на дечињата, независно од нивната социјална или етничка припадност.„Интеграцијата на децата Роми во воспитно-образовниот процес со сите останати деца е важен за создавање инклузивно општество. Кога децата растат заедно тие учат за солидарност, толеранција и меѓусебно прифаќање - вредности кои во иднина треба ги изградат во подобри личности. Децата заслужуваат без никакви пречки да го развиваат својот потенцијал, а денешниот потпишан договор е потврда за заложбата и посветеноста за инклузивност и добросостојба на децата од ранливите групи. Општина Центар со години наназад обезбедува еднакви шанси за сите деца, ги намалува социјалните разлики и го подобрува раниот детски развој. Само со ваков пристап можеме да инвестираме во иднината на децата, создавајќи услови за социјален и образовен напредок“, рече градоначалникот Герасимовски.Проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи - детски градинки“ се спроведува од 2011 година со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со овој договор, Општина Центар ги покрива месечните трошоци за посетување на градинката Ј.У.Д.Г. на Општина Центар „Раде Јовчевски - Корчагин“.

Скопје | пред 1 година

opstinska-zgrada-centar-5

Герасимовски: Наградени три идејни решенија за новата општинска зграда на Општина Центар

На конкурсот за идејно решение за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје, стручната комисија составена од претставници на релевантни институции од струката, образовни институции од областа, како и стручни лица од општинската администрација, избра три најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови:Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски.Втората награда ја доби проектот под шифра „ЧКЛАБ“ на ПЛАТФОРМА ДОО Скопје, со авторите: Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ Муратовска, Ана Галевска Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров и Матеа Јегени.Треторангирано е архитектонското решение под шифра „СЦЕНА“ на: Митко Хаџи-Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска.Наградите изнесуваат 750.000 денари за првото место, 400.000 денари за второто место, и 300.000 денари за третото место.„Избраните три решенија поставуваат темел за изградба на современа и функционална зграда која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и администрацијата“, истакна градоначалникот Герасимовски.Со изградбата на планираниот нов комплекс, старите бараки ќе се заменат со современ објект кој ќе ги задоволи потребите на општинската администрација, а локалните жители ќе добијат функционален простор.Проектот вклучува изградба на подземен паркинг со околу 300 паркинг места и простор за 100 велосипеди, што ќе го реши проблемот со паркирањето во околината.Герасимовски очекува новата зграда да стане центар на динамична и отворена комуникација, создавајќи простор за зближување на граѓаните.

Скопје | пред 1 година

Anketen-prasalnik

Герасимовски: Повикувам на зголемено учество на граѓаните во креирање на општинскиот Буџет за 2025

Општина Центар на располагање става електронски Анкетен прашалник преку кој ги вклучува граѓаните во креирање на Буџетот за 2025 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повикува граѓаните да даваат предлози за потребите во нивните маала.„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2025 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“, појаснува Герасимовски.Електронскиот анкетен прашалник на граѓаните им дава можност да предлагаат проекти од областа на образованието, социјална, детска и здравствена заштита, културата, спортот и рекреацијата, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, јавни работи и реконструкција и санација на училиштата.Тоа значи дека Општина Центар овозможува директно учество во подготовка на програмите за работа на буџетот за следната 2025 година.Анкетниот прашалник е поставен на веб страната на општината и преку него граѓаните може да наведат проекти кои сметаат дека ќе донесат бенефит за жителите.Општина Центар продолжува да ги повикува сите граѓани подеднакво да учествуваат во креирањето на локалните политики.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-11-06-at-11.16.01_feae5ec7

Герасимовски: Акцијата за дислоцирање на хаварисани возила се реализира одлично

Граѓаните се приклучија на акцијата за бесплатно дислоцирање на хаварисани возила. Општина Центар во соработка со пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР веќе спроведува акција за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини со јавување на телефонскиот број 076 350 767 со цел ослободување на јавната површина.„Со заедничката акција која ја спроведуваме досега од јавните површини дислоцирани се околу 40 возила. Сопствениците на хаварисани возила имаат одлична можност да се јават на бесплатниот број да го пријават своето нерегистрирано или неисправно возило за истото да биде однесено во отпад каде ќе им биде проценето согласно откупната цена за старо железо. Затоа во оваа прилика ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и помогнат во ослободување на јавните површини, тревниците, паркинг местата и да ја променат сликата во општината“, вели Герасимовски.Општина Центар ги известува граѓаните дека пајак службата на ЈП ПОЦ, бесплатно може да ги подига и возилата на приватен имот доколку има согласност од сопствениците или доколку истите бидат изнесени на јавна површина.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-11-05-at-10.56.35_22e4e31c

Општина Центар започна со есенска дератизација

Општина Центар ја започна есенсктаа дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата која ја спроведуваат општински служби има за цел да ги уништи штетните глодари, инсекти и да превенира од можна појава на заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Центар во областа на здравствената заштита за 2024 година.Со дератизацијата ќе бидат опфатени сите шахти на територија на целата општина и акцијата ќе се спроведува во текот на целиот месец. Денеска дератизација се прави во населбите Буњаковец и Маџир Маало.Дератизација во Општина Центар се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Општина Центар ги известува граѓаните дека при процесот на дератизација се користи препарат од сертифициран производител и кој ја третира популацијата на глодарите. Истиот е издаден со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, се користи за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за останатиот животински свет.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-04-105144

Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.10. до 03.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопшти ПОЦ.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-centar-3

Герасимовски: Фотоволтаиците на покривите не прават лидер во иновативни проекти на локално ниво

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го презентираше отчетот за сработеното во изминатите три години. Тој вели дека Општина Центар ги носи иновациите од кои бенефит ќе имаат многу следни генерации.„Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во иновациите. Ние сме првата општина во државата што основа претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар“ поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка“, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеци, фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров“, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет“, изјави Герасимовски презентирајќи го отчетот.Тој појасни дека неговата цел е поставување на фотоволтаични централи на сите институции под ингеренции на општината.„Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес. Општина Центар е првата општина која отвори енергетска канцеларија, каде што сите заинтересирани правни и физички лица можат да добијат информации за процесот на поставување фотоволтаици на кровните конструкции на институциите или на сопствените домови. Често потенцираме дека сме пример кој вреди да се следи“, изјави Герасимовски.Герасимовски на презентацијата на отчетот зборуваше и за капиталните проекти како доградбата на училиштето „Коле Неделковски“, паметното осветлување, изградбата на градинката Пролет, хортикултурното и партерно уредување, инфраструктурните проекти реконструирањето на Ленинова и др.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Со инвестициите од претходните три години во наследство оставаме проекти за многу следни генерации

Претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, капитални инвестиции во образовните институции и инклузивниот процес, паметно осветлување и инфраструктурни проекти, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави тригодишниот отчет пред граѓаните. Тој на прес конференција посочи дека изминатиот период општината е фокусирана и посветено работи на реалните потреби на жителите и локалната самоуправа, а за тоа говори и високата реализација на буџетот која изнесува 87%.Герасимовски отчетот го започна истакнувајќи дека дел од проектите кои актуелната локална власт ги реализирала за три години се направени по повеќе од 50 години.Од капиталните проекти тој рече дека Општина Центар е носител на иновациите потенцирајќи го трговското друштво „Енергија Центар“.„Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во иновациите. Ние сме првата општина во државата што основа претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар“ поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка“, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеци, фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров“, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет.Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес “, изјави Герасимовски пред новинарите.Тој рече дека за првпат во државата е отворена енергетска канцеларија каде правните и физичките лица може да се информираат за постапките и документацијата за поставување на фотоволтаични панели.Од капиталните инвестиции Герасимовски зборуваше за доградбата на училиштето „Коле Неделковски“ по цели 66 години како и поставувањето на паметното осветлување со кое општината ќе заштеди на сметките за јавно осветлување.„Ветивме и го исполнивме проширувањето на капацитетите на училиштето „Коле Неделковски“. По 66 години, училиштето за првпат доби четири нови училници и два кабинети. Дополнително, изградивме лифт и санитарни јазли за учениците со посебни образовни потреби. Градиме модерна и современа општина. Инвестиравме два милиони евра во реконструкција и модернизација на уличното осветлување, приклучувајќи се на проектот Смарт сити. Во завршна фаза сме на поставување на улични светилки со ЛЕД технологија и паметни ормари, што ќе придонесе за зголемена безбедност, подобрен квалитет на осветлувањето и до 70% заштеди за општината“, рече Герасимовски.Изградбата на градинката „Пролет“ во вредност од 2,5 милиони евра и улицата „Ленинова“ се уште едно ветување за кое зборуваше Герасимовски.„Со особена радост сакам да најавам дека внатрешното уредување на новата градинка „Пролет“ е при крај. Општина Центар со сопствени средства во износ од околу 2,5 милиони евра ја гради најголемата градинка во државата, со капацитет за згрижување на 150 деца од населбите Пролет и Маџир Маало. Ова е модерна градинка на две нивоа, опремена со пристапни рампи, лифт и сопствена кујна. Го исполнивме и барањето на граѓаните и ја реконструиравме улицата „Ленинова“, која сега е модерна, зелена и урбана улица. Создадовме паркинзи за станарите, ново осветлување, паркинзи за велосипеди и велосипедски патеки од двете страни на улицата “, изјави Герасимовски.Градоначалникот на Центар Герасимовски зборуваше за новиот проект кој во моментов се работи, а се однесува на зелен појас во Капиштец.„Веќе започнавме со хортикултурно и партерно уредување на потегот од „Беверли Хилс“ до трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец. Ќе зазелениме и уредиме површина од околу 7000 квадратни метри, за која верувам дека ќе стане ново собиралиште за жителите на населбата. Ова уредување вклучува поставување на нова урбана опрема, детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови“, рече Герасимовски.Од инвестиции во образованието Герасимовски наброја инвестиции во инклузивниот процес во образованието, новите лифтови во училиштето Коле Неделковски и градинката Пролет, пристапните рампи во „Коле Неделковски“ и „Кочо Рацин“ и градинката „Пролет“, спортските сали во училиштата „11 Октомври“, „Гоце Делчев“, „Кочо Рацин“ и свечената сала во училиштето Димитар Миладинов. Темелно реконструираната и модернизирана трпезаријата и кујна во училиштето „11 Октомври“, новата информатичка опрема во вредност од 6 милиони денари, сензорните соби и прочистувачите за воздух во секоја училница во сите училишта.Герасимовски рече дека се реконструирани и тоалетите во 5 основни училишта, крововите на градинката „13 Ноември“ објектот „Јасмин“, градинката Корчагин која има и целосна реконструкција на сите занимални. Тој потсети и дека три години сите првачиња во Центар добиваат бесплатни ранци и училиштен прибор како и тоа дека општината е единствена која обезбедува лични асистенти за децата со посебни образовни потреби.Во инфраструктурниот развој Герасимовски зборуваше дека општината реконструирала 19 улици при што обезбедени се резидентни паркинзи, поставена е нова урбана опрема и столпчиња за регулирање на сообраќајот на повеќе локации во општината.„По барање на граѓаните, изградивме дополнителни пешачки патеки во неколку населби, овозможувајќи полесна достапност до одредени локации. Целосно го реконструиравме и тротоарот на улицата „Народен фронт“, со што добивме побезбедни улици и за возачите и за пешаците. Продолжуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните и да ја унапредуваме инфраструктурата. Го регулиравме паркингот кај Народна банка за 250 возила и изградивме паркинг зад автобуската „Ким“ и училиштето „Коле Неделковски“, рече Герасимовски.Општина Центар е највело општина со освоена прва награда, а заслуга за тоа имаат и 460-те субвенции за купување нови велосипеди, 66-те субвенции за е-велосипеди и тротинети, како и субвенциите за дополнителна опрема за велосипеди, појасни градоначалникот на Општина Центар Герасимовски.Во неговиот отчет влегува и акцијата за кревање на хаварисани возила кои ја грдат сликата за јавна чистота и уредена околина.„Во соработка со МВР и пајак службата на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар,“ организираме акции за отстранување на хаварисаните возила. Целта е да ги ослободиме јавните површини што со години беа безцелно узурпирани. За оваа цел, овозможивме телефонски број каде што граѓаните можат да ги пријавуваат хаварисаните возила за нивно бесплатно дислоцирање“, рече Герасимовски.Тој зборуваше и за реконструкцијата на детските и спортски игралишта и апелите за намалување на девијантното однесување во ноќните часови.„Силно се залагавме за институционална поддршка во справувањето со девијантното однесување во ноќните часови. Нашите апели до младите, родителите, институциите и стручната фела сакаме да ги преточиме во предлог за законско решение кое ќе стави крај на овие појави. Како градоначалник, заедно со општинската администрација, ја инициравме постапката за измени во законот што ги опфаќа малолетничката деликвенција, родителството и образованието. Ова е чекор кон спречување на насилното и девијантното однесување, кое за жал се пренесува и во други општини“, изјави Герасимовски.Тој потсети и на зголемените инспекторски надзори и зборуваше за исполнетите ветувања кон пензионерите. Трите отворени пензионерски клуба, бесплатните стоматолошки услуги, еднократна финансиска помош за пензионерите со просечни пензии како и проектот кој нуди нега во домашни услови. Во отчетот Герасимовски не ги изуми ниту семејствата со принова. За три години општината доделила 5 милиони и 600 илјади денари на 808 семејства со новороденчиња и воведе нов проекти за бесплатен превоз до здравствените установи за лицата со попреченост над 18 години.Градоначалникот Герасимовски зборуваше за транспарентноста и отворени денови како и онлајн услугите за граѓаните и нивното партиципативно учество во креирање на буџетот.Од културните настани тој ги наброја Маалскиот фестивал, детската недела, роденденот на Горан Стефановски, како и концертот Нешто што ќе остане како и хуманитарните базари за собирање средства за лекување на неколку центарски дечиња.Општина Центар е лидер во промени, рече Герасимовски мислејќи на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти која се преточи во ново законско решение.„Тоа е победа не само на Општина Центар, туку и на сите општини во државата“, рече Герасимовски.Герасимовски зборуваше и за проектите кои се планираат за следната година, а тоа е изградба на нова општинска и административна зграда со 300 паркинг места за автомобили и 100 за велосипеди и тротинети. За следната година рече Герасимовски клубот „Работнички“ ќе добие матична сала што е исполнување на уште едно негово ветување.За крај тој изјави дека Општина Центар ќе остане посветена на ветувањата за реализација на сите проекти кои носат бенефит за граѓаните, ја развиваат општината и го подобруваат животот во Центар.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-10-30-at-12.41.18_401b9447

Герасимовски врачи 33 стипендии за извонредни успеси во областа на науката, техниката и посебните вештини

Општина Центар додели 33 стипендии на учениците од основните училишта за постигнатите резултати на државните и меѓународни натпревари, со цел да ги поддржи и мотивира за понатамошен напредок во науката, техниката и посебните вештини.„Го препознаваме талентот кај нашите млади и инвестираме во развивање на нивните способности. Вложувајќи во нивниот потенцијал, вложуваме во прогресот и иднината“ истакна градоначалникот Горан Герасимовски, кој лично им ги врачи стипендиите на учениците на свечената приредба организирана во ООУ „Киро Глигоров“ по повод Денот на општината.Стипендиите, во износ од 3.000 и 3.500 денари месечно, ќе се исплаќаат до крајот на учебната година.На настанот беа доделени и пофалници за најдобрите ликовни и литературни творби на тема „Мојот Центар, мојот мал свет“.Покрај стипендиите за наука, техника и посебни вештини, вчера Герасимовски врачи и 46 стипендии на надарените ученици од областа на културата.Општина Центар ќе продолжи да вложува во стипендирање на учениците со постигнати резултати на градски, републички и меѓународни натпревари, бидејќи тоа е влог во иднината и просперитетот.

Скопје | пред 1 година

464927988_535821862490636_976180436127297277_n

Општина Центар додели стипендии за талентирани ученици од основните училишта од областа на културата

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им ги врачи решенијата за стипендии на талентираните ученици од основните училишта во областа на културата за учебната 2024/25 година.По тој повод, во креативниот амбиент на КСП Центар – Јадро се одржа свечена приредба на која младите таленти покажаа што знаат и умеат, изведувајќи уметнички точки од својот репертоар.Честитајќи им на стипендистите, Герасимовски изрази надеж дека оваа поддршка ќе ги поттикне на нови натпревари и успеси.„Општина Центар ќе продолжи да вложува во младите таленти. Овие ученици се наши амбасадори и наш бренд кој не претставува на државната, европска и светска сцена. Им посакувам да продолжат на тој успешен пат“, истакна Герасимовски.Според објавените критериуми во огласот, вкупно 46 ученици ги исполнуваат условите, од кои 41 ученик ќе добиваат стипендија од 2.500,00 денари месечно, а 5 ученици ќе добиваат по 3.000,00 денари месечно за осум месеци (октомври-мај) во текот на учебната година. Наградените учениците се избрани поради високите резултати што ги постигнале на градските и републички, но и на многу интернационални натпревари.На годинешниот оглас за стипендии се пријавиле 53 ученици, што сведочи за зголемениот интерес и успешност на овој проект на Општина Центар за развивањето на талентот кај младите.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-10-28-at-12.18.14_d0bb35d9

Меѓугенерациски средби – Поврзување на генерациите во чест на Денот на Општина Центар

Општина Центар со манифестацијата „Меѓугенерациски средби,“ ја отвори неделата посветена на Денот на општината, 3 ноември. Настанот беше организиран во соработка со Здружението на пензионери од Центар и Активот на жени пензионерки, кои подготвија хуманитарен базар на просторот пред општинатa.Во духот на генерациското поврзување, учениците од основните училишта се приклучија во креативните активности и дружењето, создавајќи топла и инспиративна атмосфера.Градоначалникот Горан Герасимовски и претседателот на Здружението на пензионери, Злате Стефановски, ги поздравија присутните и ја истакнаа важноста на оваа средба како мост меѓу генерациите, кој ги спојува искуството и младоста, традицијата и детскиот ентузијазам.„Вака сплотени си даваме сила. Заедно дишеме, учиме и растеме“, рече Герасимовски.На хуманитарниот базар, присутните и младите можеда да играат шах со пензионерите, да вкусат и купат специјалитети подготвени од искусните домаќинки, пензионерките од Центар, и да се запознаат со техниките и вештините на изработка на везените и плетени ракотворби. Во знак на благодарност, учениците им подарија на пензионерите рачно изработени подароци со мудри мисли на почит и разбирање.Покрај тоа, беше поставено и катче за младите уметници од училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, кои цртаа на тема „Дружење со нашите баби и дедовци“ и „Мојата општина“, а им се придружи и сликарот и хуманист Живко Поповски-Цветин, кој го збогати настанот со својата уметничка инспирација.Општина Центар ќе продолжи да го поттикнува соживотот и соработката меѓу генерациите, со надеж дека оваа манифестација ќе прерасне во традиција.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-10-21-at-20.36.29_755b1c01

Прва сесија на Буџетскиот форум: Граѓаните на Општина Центар го креираат општинскиот буџет

Општина Центар го започна процесот на планирање на буџетот за 2025 година со првата граѓанска форумска сесија, на која учествуваа градоначалникот Горан Герасимовски, раководителите на сите сектори на општинската администрација, советниците од Советот на општината, претставници на невладини организации и жителите на општината.Градоначалникот Герасимовски во своето обраќање се осврна на досегашните постигнувања, а ги претстави и амбициозните проекти за наредната година: реконструкција на салата Работнички, улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“, и новата општинска зграда.„Сакам да најавам голем проект кој го планиравме и кој беше дел од нашите ветувања – изградба на нова зграда на Општината. Убеден сум дека ќе успееме да најдеме време и финансии за да го отпочнеме овој значаен проект. Пред неколку недели заврши и конкурсот за идејно решение. Верувам дека со заеднички сили ќе успееме наредната година да ја отпочнеме ветената општинска зграда“, истакна Герасимовски.На форумот граѓаните активно се вклучија во дискусијата, изнесувајќи предлози и барања, а потоа имаа можност да разговараат директно со претставниците од секторите за можните решенија.Нивните предлози се однесуваат на воведување униформи за учениците, создавање единствена комуникациска е-платформа за училиштата во Општина Центар, општинскиот Црвен Крст Центар иницираше хуманитарни паркинзи, каде средствата собрани од паркирањето ќе бидат наменети за хумани цели, предложен е и посилен надзор врз детските игралишта, воведување мерачи за бучавата и комунална полиција.Во делот на инфраструктурните проекти со општинската администрација граѓаните предложија, реконструкција на улицата „50 Дивизија“ и изградба на градинка на истата улица, ново основно училиште во населбата Дебар Маало 2 кај салата Партизан, целосна реконструкција на паркингот кај Дом на градежници, реновирање на патеката од ул. „Даме Груев“ до Палома Бјанка со замена на разнишаните плочки и нестабилните шахти, обезбедување безбедни коридори до училиштата и градинките со фокус на тротоарите без пристапност, замена на опремата во детските игралишта во Општина Центар, поплочување на улиците на Кале, како и подобрена пристапност за лицата со попреченост.До крајот на годината ќе се одржи уште една финална граѓанска буџетска сесија, а во меѓувреме, предложените идеи и иницијативи ќе бидат разгледани и анализирани. Целта на овие форуми е да се обезбеди учество на граѓаните во планирањето и реализацијата на буџетот за 2025 година, преку креирање приоритети на транспарентен начин.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-21-135735

Изминатата седмица санкционирани 130 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 14.10. до 20.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 130 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, соопшти ПОЦ.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-10-18-at-09.58.43_f38ff79a

Градоначалникот Герасимовски ги повикува граѓаните на буџетски форум за 2025 година

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на буџетскиот форум за 2025 година, кој ќе се одржи во понеделник, 21 октомври 2024 година, во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ со почеток во 19 часот. Овој форум претставува можност граѓаните директно да влијаат врз креирањето на општинскиот буџет, предлагajќи проекти и идеи кои се приоритетни за нив.„Транспарентноста и отчетноста се клучни принципи на нашето работење. Секој предлог на нашите жители има вредност, а учеството на форумот ќе ни овозможи заеднички да донесеме решенија што ќе ги задоволат реалните потреби на општината. Ова е шанса граѓаните да го креираат својот начин на живеење во Центар“, изјави Герасимовски.На форумот општинските сектори ќе ги презентираат и капиталните проекти кои се планирани за следната година, но и резултатите од проектите реализирани во изминатите три години. Преку овие дискиусии ќе се овозможи на граѓаните да имаат увид во напредокот и да дадат свои предлози за понатамошни подобрувања. Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки, со цел да се обезбедат проекти што директно ќе ги подобрат условите за живот во населбите.„Очекуваме конструктивни предлози и идеи, бидејќи сите заедно сме одговорни за квалитетот на животот во нашата општина“, додава Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања