„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

општина центар

WhatsApp-Image-2024-10-17-at-09.34.01_7001cac1

Герасимовски: Започнавме со реализирање на проектот за хортикултурно и партерно уредување во Капиштец

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во работните активности за хортикултурно и партерно уредување во населбата Капиштец, на потегот од Беверли Хилс до трговскиот центар Зебра.Во тек е расчистување на теренот со механизација, а земјиштето се израмнува, што ќе овозможи понатамошно уредување на просторот.„Наша цел е да создадеме зелени и уредени места за одмор и рекреација на граѓаните. Верувам дека овој простор ќе стане омилено место за жителите на Центар“, порача Герасимовски.Проектот вклучува комплетно озеленување на површина од 7.840 м², како и реконструкција и нивелирање на пешачките патеки. Планирано е поставување нова урбана опрема, како што се канти за отпадоци, клупи, држачи за велосипеди, нови детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови.Овој проект е финансиски поддржан од претходната Влада со сума од 24.780.000 денари, а се реализира на барање на жителите на Општина Центар, кои овој предлог го доставија на ланскиот буџетски форум.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-10-15-at-12.24.07_dd4631cb

Герасимовски: Засилените контроли на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжуваат

Во заедничка акција инспекторите за животна средина на Општина Центар, хигиеничарите од ПОЦ и Министерството за внатрешни работи исчистија и заградија напуштен објект кој пред извесен период бил диво населен и претворен во дива депонија и кој претставуваше извор на зарази. Објектот се наоѓа во непосредна близина на гимназијата Р.Ј Корчагин.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните да ги пријавуваат вака запуштените објекти.„Овде затекнавме мини депонија која навистина негативно влијае не само на здравјето на околината туку и на здравјето на самите граѓани кои диво се населиле. Нашата цел како општина е да ги исчистиме и обезбедиме сите слични објекти и поради заштита на здравјето на граѓаните кои живеат во нивна околина и поради безбедносни причини. За таа цел ги повикувам сите жители на Центар да ги пријавуваат ваквите запуштени места со цел да ги исчистиме, обезбедиме и затвориме од повторно насилно вселување“, потенцира Герасимовски.Општина Центар е решена да воведе ред во напуштените објекти и сите сопственици кои имаат вакви објекти ќе бидат задолжени истите да ги одржуваат, безбедноста на граѓаните и одржувањето на јавната хигиена во општината е на прво место.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-10-10-at-15.23.16_dbd086aa

Стартува јавниот повик за финансиска поддршка за поправка и санација на кровови и лифтови во Општина Центар

Општина Центар распиша Jавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2024 година.Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на кровни покривачи e насочена кон замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки како и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови што се наведени во Јавниот повик.Финансиските средства за повикот се од Буџетот на Општина Центар во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постојните кровни конструкции и во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 % од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на лифтови.Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар во Барака 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, во периодот од 15 октомври до 1 ноември 2024 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот прв дојден - прв услужен, а право на учество ќе имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар.Повеќе информации за условите и критериумите заинтересираните можат да најдат на следниот линк.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-14-125213

Минатата недела санкционирани се 105 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 07.10. до 13.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 105 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, велат од ПОЦ.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-10-14-at-09.12.09_670310f0

Зелени контејнери во училиштата, едукации и еко линија за е-отпад во Општина Центар

По повод Меѓународниот ден на електронскиот отпад, Општина Центар во соработка со „Нула Отпад“ успешно ја спроведе еко акцијата „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад“. Целта на акцијата беше подигнување на свеста за важноста на правилното управување со електронскиот отпад и заштита на животната средина, особено меѓу најмладите.Низ сите основни училишта во општината се поставени зелени контејнери за ситен електронски отпад и батерии, а беа организирани и училишни работилници во периодот од 1 до 14 октомври. Децата се едуцираа за собирање и селектирање на овој вид отпад, при што младите еко-амбасадори ја пренесуваа пораката за одржливост во своите домови и меѓу другарчињата.Активна е и „Еко линијата“ на бројот 070 236 000 граѓаните можат да пријавуваат поголем е-отпад, кој бесплатно се собира и правилно третира.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се заблагодари на сите учесници на акцијата и ја истакна нејзината важност: „Оваа иницијатива е одличен пример за тоа како сите заедно, преку мали чекори, можеме да придонесеме во зачувување на животната средина. Младите ни покажаа дека со ентузијазам и одговорност можеме да постигнеме значајни резултати. Воедно ги повикувам жителите на Центар да ја искористат еко линијата за бесплатно превземање на непотребната и нефункционална електроника од нивните домови или работни места.”Општина Центар и „Нула Отпад“ ќе продолжат со активности посветени на подигање на свеста и одржливото управување со отпадот.

Скопје | пред 1 година

POC-2

Герасимовски: Во заедничка акција со ПОЦ и МВР ги креваме хаварисаните возила кои со години узурпираат јавен простор

Општина Центар заедно со пајак службата при Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР денеска ги крева хаварисаните возила кои не се во возна состојба и со години зафаќаат паркинг простор или се на јавна површина. Во денешната акција ќе се подигаат хаварисани возила спроти Соборниот храм и пред бараките на Општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека оваа акција се спроведува со цел да се промени сликата во општината и се ослободи јавниот простор.„Денеска започнавме со акција за кревање на хаварисаните возила со цел да ги дислоцираме од просторот кој со години го узурпираат. Дел од возилата не само што зафаќаат слободно паркинг место туку го попречуваат движењето на пешаците и ја грдат сликата во општината. Затоа сакаме да го решиме овој проблем и конечно ставиме крај на проблемот со хаваросани возила“, вели Герасимовски.Директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски вели дека акцијата за бесплатно подигање на хаварисаните возила која се спроведува заедно со Општина Центар ќе се спроведува континуирано.„Во согласност со сопственикот на хаварисаното возило ние го носиме во лиценцирани отпади кои селектираат суровини. Сопственикот може да присуствува на проценката и за возилото да добие надоместок секако во зависност од проценката за големината и тежината на возилото. Акцијата која ја правиме денеска ќе продолжи и во иднина“, објаснува Коцевски.Инспекциските служби на Општина Центар во изминатиот период започнаа со ставање на известување односно опомени до имателите на хаварисаните возила за истите да се јават на телефонски број 076 350 767 со цел ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ бесплатно да го кренат возилото и го однесат во отпад каде истото ќе им биде проценето согласно откупната цена за старо железо.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski1-1

Герасимовски: Да бидеме мудри по примерот на Глигоров во сите предизвици кои ни следат

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска на свечена церемонија ја откри спомен бистата на Киро Глигоров, поставена во дворот на училиштето кое го носи името на првиот претседател на Република Македонија.На свеченоста градоначалникот Герасимовски заедно со директорката Билјана Билбиловска истакнаа дека со ова спомен обележје поставено во училишниот двор меѓу младите генерации, се продолжува патот на големиот државник Киро Глигоров.„Оваа биста, за нас Центарци е многу повеќе од обичен споменик. Таа е потсетник дека сме на вистинскиот пат. На патот кој го трасираше Киро Глигоров. Убеден сум дека претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште кое го носи неговото име. Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски“, истакна во својот говор градоначалникот Герасимовски.На церемонијата присуствуваше и претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче кој изјави дека „Ние како генерација сме обврзани да ја продолжиме неговата визија за напредна демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани”На настанот беа доделени и благодарници на градоначалникот Горан Герасимовски, раководителот на јавни дејности Јагода Јанковска и родителите кои помогнаа во реализација на оваа иницијатива.„Сега, кога живееме во слободна, самостојна и назависна Македонија, имаме одговорност и обврска да го зачуваме тоа што е со мака стекнато. Да бидеме разумни и мудри, по примерот на Глигоров. Да мислиме на нашите млади, да ја градиме нашата иднина преку вложувања во образованието и напредокот, бидејќи само така ќе имаме држава што е за почит. Цврсто верувам дека овие млади луѓе кои се овде со нас ќе ја остварат визијата на Глигоров за успешна и просперитетна Македонија, затоа да им помогнеме да го продолжат неговото дело“, изјави Геарсимовски.Бистата која е поставена во дворот на училиштето е дело на Дарко Дуковски, родител на ученик од училиштето Киро Глигоров.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Герасимовски: Ја охрабрувам Владата и градот да го разгледаат Законот за комунална полиција, тој е решение за проблемите во општините

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостувањето во Топ Тема ја истакна потребата од воведување комунална полиција која ќе се грижи за комуналниот ред, чистотата и зачувувањето на животната средина.Со воведување на комуналните полицајци ќе се решат многу проблеми со кои се соочуваме како општини, вклучувајќи го и Градот, смета Герасимовски.„Од претходниот скопски градоначалник имаме подготвено и предлог закон за комунална полиција на Град Скопје, односно работна верзија, која беше доставена до одредени министерства што треба да се вклучат во делот на самиот закон и да помогнат во оформување на ваквото тело, без коешто не може да функционира еден град“, рече ГерасимовскиТој ја повика Владата да се охрабри и да го донесе овој закон, по примерот на повеќето градови во соседството, како што се Белград, Тирана, Подгорица итн.„Еве примерот со Белград, каде проектот стартуваше во 2010, а во 2016 комуналната полиција станува и Секретаријат за комунална полиција, со следниве обврски: да дава предупредување и наредба, да бара идентификација и да лишува од слобода, привремено да отстранува возила од сообраќај, да се грижи за јавни простори и да спречува питачење, одржување на хигиената, да контролира градилишта и спречува дивоградби, дури и бучавата е под нивна капа", истакна Герасимовски.Тој апелираше до политичките партии се однесуваат одговорно и да покажат зедништво да што е можно побрзо да се реши овој горлив проблем со кој се соочуваат локалните самоуправи.,,Сигурен сум дека со вакво претпријатие и со негово функционирање можеби не целосно, но во поголем дел ќе се решат проблеми со кои се соочуваме како општини“ рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

parking-poc-1

Санкционирани 148 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар минатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 30.09. до 06.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 148 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, велат од ПОЦ.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski

Општина Центар и Нула Отпад во еко акција за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина

Општина Центар и “Нула Отпад” со низа активности и под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “ ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина.Во рамките на овој заеднички проект, во сите основни училишта во општината е поставена за инфраструктура од контејнери ситен електронски отпад и отпадни батерии, а од 1-14 октомври се предвидени работилници наменети за едукација на децата за собирање и селектирање на овој вид отпад.На работилниците во ООУ „Киро Глигоров“ наменети за второоделенците денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.„Децата од мали нозе стекнуваат навики за правилно постапување со електронскиот и други видови отпад. Тие брзо учат како да собираат и селектираат и во тој поглед се посовесни и поодговорни од возрасните. Јас, како градоначалник, давам целосна поддршка на вакви акции што придонесуваат кон заштита на нашето здравје и околината“, рече Герасимовски.Паралелено со едукацијата на децата како еко амбасадори кои пораката ќе ја пренесат дома, достапна услуга за селекција и рециклирање на овој вид на отпад за граѓаните е Еко Линијата 070 236 000, каде граѓаните секој ден можат да пријават и погабаритен стар електричен или електронски отпад од своите домови и компании, и истиот да биде бесплатно преземен и правилно третиран без да биде закана по здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина воопшто.Здружената акција на Општина Центар и Друштвото за управување со отпад “Нула Отпад” се спроведува во пресрет на 14 Октомври, Меѓународниот ден на електронскиот отпад.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-01-124746

Герасимовски: Проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ има простор за уште 21 корисник

По повод Меѓународниот ден на старите лица градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја посети Донка Подунавац пензионерка од населбата Пролет и корисничка на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“. Герасимовски и го врачи новото решение и поразговара со неа околу проектот и во кој дел истиот би можел да се надгради.„Искрено сум многу среќен што слушам од ваша страна многу позитивни коментари за проектот и вклучените во него. Ова ни е дополнителен мотив да бараме начин да го подобриме и надградиме истиот со цел да опфатиме и поголем број на домаќинства на кои им е потребна помош. Морам да напоменам дека досега немаме ниедна поплака што причинува особено задоволство пред се затоа што излегуваме во пресрет на наши баби и дедовци кои се нераскинлив дека од нашите животи. Сакам да напоменам дека проектот има простор за уште 21 корисник и ги повикувам жителите со полни 62 години кои имаат потреба да аплицираат од 1 до 15 во месецот. Верувајте дека станува збор за проект кој е незаменлив за нашите повозрасни сограѓани“, потенцира Герасимовски.Герасимовски информираше дека проектот вклучува 90 корисници жители на општината, а во моментов се пријавени 69 лица кои бесплатно во своите домови ги користат услугите од негувател или физиотерапевт и социјален работник. Притоа Герасимовски истакна дека заинтересираните жители кои сакаат да станат корисници на проектот не мора лично да доаѓаат во општината за да ги достават документите туку може општинска екипа да ги посети во домовите, да ги земе документите и пријави во име на жителите.Инаку корисници на проектот може да бидат жители на Општина Центар кои се корисници на пензија или на социјална помош и кои немаат повисоки примања од 35 000 денари месечно. Притоа корисник на ова право може да биде само еден член на семејството освен ако се приложи извештај специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второ лице. Општина Центар напоменува дека корисник на овој проект не може да биде лице кое користи нега во домашни услови од друг субјект давател на иста услуга како Црвен Крст на Република Северна Македонија или друг субјект.Заинтересираните граѓани подетални информации за проектот може да прочитаат на веб страната на општината.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања