„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ОПШТИНА ЦЕНТАР

WhatsApp-Image-2024-12-10-at-12.41.51_73dad213

Герасимовски: Центар е единствена општина што обезбедува пелени и хигиенски производи за децата во градинките

„Остануваме прва и единствена општина во Македонија која обезбедува пелени и хигиенски средства за децата во градинките. Целосно ги покриваме потребите на секое дете, а родителите се ослободени од дополнителни трошоци. Продолжуваме да инвестираме во квалитетно образование, грижа и инфраструктура на градинките, за да создадеме сигурна и здрава средина за нашите најмлади”, порача градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски за време на посетата на ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин.Герасимовски, во рамките на посетата, имаше можност да се запознае со тековните активности и програмите за подобрување на воспитно образовниот процес во градинката.Директорката на градинката Елена Устамитова информираше за работата и потребите на градинката. Таа истакна дека, покрај реализирањето на бројни активности за децата – како што се учење странски јазици, компјутерска обука, ритмичко-спортска и културна програма, во континуитет се работи на подобрување на условите и воведување нови иновативни пристапи за развој на најмладите.Устамитова порача дека секоја поддршка од општината е добредојдена во претшколските установи.„Пелените, влажните марамчиња, течните сапуни и средствата за дезинфекција не само што ги подобруваат хигиенските услови во градинката, туку претставуваат и значително олеснување за семејниот буџет на нашите корисници“, посочи директорката Устамитова.За Герасимовски ова е пракса која би требало да ја следат и останатите општини.„Во услови кога секој ден носи нови потешкотии, важноста на заедничката грижа за децата и семејствата никогаш не била поголема“, додаде Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-izjava

Герасимовски: Заврши повикот за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди и тротинети за 2024 година

Во рамки на проектот „Цел Центар на точак", Општина Центар додели вкупно 140 субвенции за оваа година: 110 за нови велосипеди и 30 за електрични велосипеди и тротинети.Аплицирањето за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди и тротинети е завршено, но повикот за субвенционирање дополнителна опрема останува отворен до исцрпување на средствата или до 31.12.2024 година.Секој полнолетен граѓанин имаше право на еднократна субвенција во висина од 30 отсто од цената, но не повеќе од 3.000 денари, информира општината.„Овој проект не само што го олеснува секојдневието на жителите на Центар, туку и го подобрува квалитетот на живот со промоција на здрави навики и алтернативни начини на транспорт. Секој нов велосипед и тротинет значи помалку сообраќаен метеж и повеќе слободни паркинг места. Продолжуваме со поддршката за сите кои се дел од оваа позитивна промена", порача градоначалникот Герасимовски.Општина Центар заслужено ја носи титулата највело општина, благодарение на современата велосипедска инфраструктура развиена на сервисните улици.Истовремено, како пионер во промоцијата на алтернативниот превоз, Центар е првата општина во Македонија која, на барање на граѓаните, воведе субвенции за дополнителна опрема за велосипеди, електрични велосипеди и тротинети, се додава во соопштението.

Скопје | пред 1 година

Deponija-5

Герасимовски: Се чистат две критични депонии на Кале, Општина Центар во акција

Општина Центар денеска работи на чистење на две критични диви депонии – под Кале и на крак од улицата „Самоилова", зад Американската амбасада. Со механизација, багери и камиони, беше подигнат крупен отпад и шут, кој со години наназад претставува сериозна закана за животната средина и здравјето на жителите.Се работи за локации кои и покрај постојаните интервенции на општината, постојано се полнат со смет и отпад, и буквално преку ноќ се претвораат во жаришта на загадување и извор на потенцијални здравствени ризици.Паралелно со оваа акција, вчера службите на ПОЦ интервенираа и во Маџир Маало, каде што по пријава од граѓаните беше целосно расчистено уште едно сметиште.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потсетува дека пред само дваесетина дена на барање на жителите беше расчистена и долгогодишната депонија во близина на Ист Гејт Мол.„Чистотата е наша заедничка обврска! Сите мораме активно да придонесуваме за одржување на уреден и здрав град. Ова е борба која сите нас не засега”, вели Герасимовски.Општина Центар и градоначалникот Герасимовски апелираат до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат отпадот на недозволени места и со своето однесување да придонесат за создавање на чиста и здрава животна средина.

Скопје | пред 1 година

Nagradi-Feniks-11

Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс“ - признание за трудот на центарци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за исклучителни постигнувања во стопанството, уметноста, образованието, спортот и други значајни области.„Наградата е признание за трудот, талентот и ангажманот на нашите центарци кои активно ја промовираат и претставуваат нашата општина на домашна и меѓународна сцена“, истакна Герасимовски, честитајќи им на наградените.Во категоријата поединци и групи – творци, добитници на наградата се:- Љупчо Трајковски Фис – композитор, познат по „Дебармаалска елегија“.- Михаил Арсовски – иноватор и едукатор, награден за постигнувања во природните науки.Во категоријата наградени ученици и студенти:- Кристијана Пецалевска – ученичка во V одделение при ООУ „Кочо Рацин“, наградена за натпревари по математика и ликовна уметност.- Ива Амелија Микулчиќ – ученичка во IV одделение при ООУ „Гоце Делчев“, наградена за постигнувања во пијано.- Су Али – ученичка во ООУ „Коле Неделковски“, за успеси во модерен танц.- Дамјан Давидовски – ученик во IX одделение при ООУ „Кочо Рацин“, водечки македонски скијач во категорија јуниори.- Мила Митровска – ученичка во ООУ „Димитар Миладинов“, за постигнувања во природните науки.- Паноника Хаџи-Стефанова – ученичка во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, за значајни резултати на регионални натпревари.Наградените добија дипломи и паричен износ од 20.000 денари.Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар ќе продолжат посветено да ги мотивираат жителите на Центар кон нови успеси, поттикнувајќи ги да бидат амбасадори на креативноста, знаењето и иновативноста.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-11-28-at-12.54.15_ed2a40c2

Герасимовски: 100 семејства добија по 7.000 денари за новороденче, децата се нашето богатство

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска лично им врачи решенија за еднократна парична помош на 100 семејства кои имаат новороденче. Еднократната парична помош којашто редовно Општина Центар ја доделува е во висина од 7.000 денари.Герасимовски потенцираше дека Општина Центар вложува многу во растот и развојот на децата.„Децата се нашето богатство и наша иднина, затоа и јас како градоначалник и ние како општина вложуваме многу во нивниот раст и развој. Посветуваме посебно внимание во нивен квалитетен развој, но и во поминување на нивните школски денови. Ги подобруваме условите со цел да им овозможиме достоинствен престој во градинките и во основните училишта. Упатувам благодарност до општествено одговорните компании за соработката. Радувајте се секојдневно на вашите најмали, затоа што они се и нашата светла иднина“, рече Герасимовски.Покрај финансиските средства, новите родители добија и пакет педијатриски производи и услуги од општествено одговорните компании Жан Митрев, Mollers, Веледа, Хип, Европа лек фарма и Би-МЕК.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-11-28-at-09.17.36_be6a9df2

Герасимовски: Реконструкцијата на „Елисие Поповски“ обезбедува современа и функционална инфраструктура

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во работните активности за реконструкција на улицата „Елисие Поповски“ во населбата Капиштец. Во тек е почетната фаза на асфалтирање. Поставен е првиот слој асфалт, наместени се бетонските рабници, а тротоарите ќе бидат поплочани со павер елементи и делумно проширени.„Станува збор за фреквентна улица која подолг период беше во лоша состојба. Со реконструкцијата ќе обезбедиме квалитетна и безбедна инфраструктура, а ќе се зголеми и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Ги замолувам граѓаните за трпение, бидејќи градежните работи секогаш носат одредени предизвици, но конечниот резултат ќе биде функционална и модерна улица,“ истакна Герасимовски.Потегот што се реконструира е долг 700 метри и се протега од Клиничкиот центар до Заводот за рехабилитација. Втората фаза започнува наредната недела, кога ќе следи финално асфалтирање и завршно уредување на површината.Проектот се очекува да биде завршен до крајот на годината, со што „Елисие Поповски“ ќе добие современ изглед и подобрена функционалност. За реконструкцијата се издвоени 13 милиони денари од општинскиот буџет.До крајот на годинава, Општина Центар ќе започне со реконструкција на улиците Алберт Ајнштајн, Донбас и Андон Дуков.

Скопје | пред 1 година

Gerasimovski-1

Герасимовски: Учениците бараат почист воздух, неопходна е стратегија од сите општини и градската власт

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово одржа час по локална самоуправа со учениците од четврто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, кадешто ги запозна со работата на локалната самоуправа и тековните активности, но и како функционира Советот.Герасимовски потенцираше дека еден од главните приоритети во неговиот мандат е подобрувањето на основните училишта на територија на општината.„Во изминатите три години заедно со мојот тим значително ги подобривме условите во училиштата. Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ го саниравме покривот и обезбедивме сензорна соба. Првачињата од Песталоци, но и од сите осум други училишта добија бесплатни ранци и училишен прибор. Направивме реконструкција на четири училници и нова спортска сала во „Кочо Рацин“ и изградивме четири нови училници, два кабинети, еден тоалет за лица со попречености во училиштето „Коле Неделковски“. Ги саниравме училниците во ООУ „Димитар Миладинов” и реконструиравме свечената сала”, изјави Герасимовски по средбата.Во однос на прашањата од учениците како да се намали загадувањето на воздухот, Герасимовски потенцираше дека потребна е заедничка стратегија на градот и општините за да им се помогне на граѓаните.„Општина Центар се грижи за здравјето на дечињата, поставени се прочистувачи за воздух во секоја училница во сите осум училишта. Како еден од проектите што ги имплементираме е доделување субенции за купување велосипеди со што ги поттикнуваме жителите на Центар за еко превоз како подобра алтернатива. Центар е највело општина која се грижи за велосипедистите. Но, мора сите општини заедно со градската власт да направиме план за проблемот со загадувањето“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Gerasimovski-26.11-8

Герасимовски: Целосно се обновува паркот во Капиштец со нова урбана опрема, зеленило и ЛЕД осветлување

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека паркот во Капиштец целосно се обновува со нова урбана опрема, нови садници, ново ЛЕД осветлување, нова патека и ново зеленило кое опфаќа 7.800 метри квадратни.„Вчера почнавме со партерно и хортикултурно уредување на паркот во Капиштец. Поставуваме ново зеленило на 7.800 метри квадратни и нови садници со цел почист и поздрав Центар. Заедно со општинските служби интензивно работиме на поставување нова урбана опрема, нови павер елементи, ЛЕД осветлување и нова патека за движење. Очекуваме проектот за обновување на паркот во Капиштец да го завршиме до крајот на оваа година. Во пресрет на новогодишните празници, жителите на населбата Капиштец добиваат нов парк за рекреакција и прошетка. Упатувам апел урбаната опрема да се чува и да не се уништува, заеднички да придонесеме кон почиста и поздрава животна средина“, вели Герасимовски.Општина Центар продолжува и во следниот период интензивно да работи за заштита на животната средина и во интерес на Центарци.

Скопје | пред 1 година

Penzioneri

1500 пријавени пензионери на повикот за доделување еднократна парична помош, рече Герасимовски

Општина Центар информира дека 1500 пензионери досега се имаат пријавено на јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека јавниот повик којшто се имплементира трета година по ред се одвива по принципот „прв дојден - прв услужен“, сѐ до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена.„Еднократната финансиска поддршка ја доделуваме на граѓани кои имаат постојано живеалиште на територијата на Општина Центар и кои се приматели на старосна, семејна, инвалидска, социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) чиј износ не е повисок од 23.758,00 денари. Ги повикувам сите пензионери од Општина Центар кои ги исполнуваат условите да се пријават на повикот, со паричната помош помагаме во семејните трошоци во пресрет на новогодишните празници“, истакнува Герасимовски.Јавниот повик трае до 29 ноември, односно додека финансиските средства предвидени за оваа намена не се исцрпат.Заинтересираните граѓани треба да достават барање за доделување финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, за корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија – доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата – за примена пензија во последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2024 година), а за корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР-Центар).Барањето е достапно во Архива на Општина Центар-Скопје, барака 6 и на веб страната на општината. Потребната документација може да се достави секој работен ден од 09.00 до 14.00 часот.Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар ќе им изготви Решение за доделување на финансиска поддршка. Исплатата ќе се изврши директно на трансакциските сметки на барателите и ќе биде реализирана до крајот на тековната година.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-25-111433

Во текот на една недела санкционирани 𝟤𝟢𝟨 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18.11. до 24.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, соопшти ПОЦ.

Скопје | пред 1 година

kitenje-opstina-centar-1

(Видео) Герасимовски: Започна новогодишното украсување, Центар е прва општина што украсува

Градоначалникот на Општина, Центар Горан Герасимовски информира дека вчера почна новогодишното украсување на улиците во Општина Центар.„И оваа година со празнично украсување внесуваме новогодишна магија во секое катче на нашата општина. Со внимателно одбрани декорации, елки, светлосни фигури и уникатни украси, целта е да создадеме атмосфера што ќе ги инспирира и обедини сите наши сограѓани“, вели Герасимовски.Празничното украсување ќе се реализира на повеќе локации, со посебен акцент на познатите јавни простори како Сквер Јадран, Боемска, Сквер Капиштец и паркот Капиштец, кои ќе блеснат во светлоста на празниците.„Дополнително, ќе се постават дрвени куќички и декорации кои ќе ја надополнат зимската бајка. На плоштадот „Јадран“ ќе биде организиран новогодишен базар, кој ќе се одржува неколку дена пред новогодишната ноќ, со бројни настани и забави. Во моментов се договараат македонски музичари кои ќе ги забавуваат граѓаните предновогодишно.Целта на овој ангажман е да се поттикне заедничко празнување, радост и оптимизам во пресрет на Новата година. Општина Центар продолжува со својата посветеност да го направи овој период од годината посебен за секој жител и посетител. Планот е до 2 декември Општината да биде во новогодишна бајка“, порачува Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-izjava

Град Скопје кочи капитални проекти како катната гаража во Капиштец, рече Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на денешниот брифинг со медиуми информираше дека Градот Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар.„Од страна на градот капитални проекти ни се кочат, за коишто се направени проекти, ставени се во програмата, одвоени се буџетски средства, а добиваме негативни мислења од страна на градот. Конкретно, можам да посочам еден од тие проекти е монтажната гаража во Капиштец, проект кој досега требаше да се реализира, но, за жал по трет пат добивам негативен коментар од Градот и не можеме да го релизираме. Причината е отпочнување на реализација на бул. Македонија оној познат булевар кој се збори децении наназад, кој почнува од Лимак па оди сѐ до Карпош. Тука станува збор за булевар кој треба да има една голема експропријација, каде има голем број на ресторани, кафеани, но и на паркинзи“, рече Герасимовски.Герасимовски изјави дека планот предвидувал и поставување на фотоволтаици за заштеда на електрична енергија, но на сите барања добиле негативен одговор.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-novinari-1

Герасимовски: Трета година без трошоци за патувања и угостителски услуги – работиме одговорно и домаќински!

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово одржа Брифинг со новинари кадешто се разговараше за актуелните тековни, но и за следните предвидени проекти во општината.Герасимовски информираше дека Општина Центар е најтранспарентна општина којашто секогаш е отворена за соработка со медиумите и граѓаните.„Со новинарите и медиумските работници имаме одлична соработка, нашата пракса е секојдневно да комуницираме со новинарите и сите прашања да ги одговараме во најбрзо време. Во Општина Центар работиме одговорно, транспарентно и домаќински. Во изминатите три години од мојот мандат имам потрошено нула денари за патни трошоци во странство и нула денари за угостителски услуги”, изјави Герасимовски во изјава за медиуми по завршување на брифингот.Герасимовски посочи дека буџетските средства коишто ги има Општината во моментов истата ги немала никогаш, а тоа се должи на доброто менаџирање.„Нашата општина е поразлична од сите други општини затоа што го слушаме ставот и мислењето на сите советници, а потоа сите проекти во Советот ги гласаме едногласно. Имаме можност граѓаните да дадат свои предлози, идеи и сугестии за подобрување на функционирањето на општината затоа што подобри услови за живот на граѓаните е нашиот приоритет”, рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

86cdf400-3de6-4371-a54e-22ec8cc8aed4

Францускиот јазик да се изучува во центарските училишта: Герасимовски и Ле Риголер со заедничка иницијатива

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер. На средбата, Герасимовски и Ле Риголер разговараа за интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција.„Со амбасадорот Ле Риголер разговаравме за интензивирање на соработката, особено во поглед на промоцијата на францускиот јазик во нашите училишта. Договоривме и низа настани и средби со училиштата за негово изучување, со што ќе се зајакне оваа важна иницијатива. Имав можност да изразам голема благодарност за досегашната континуирана поддршка на амбасадата, со надеж дека во иднина ќе оствариме соработка и на локално ниво, преку директен контакт со нивните општини“, рече Герасимовски.Општина Центар продолжува со силна и успешна партнерска врска со амбасадата на Франција, моќна и влијателна европска држава, чијашто помош и искуства се од непроценливо значење за нас.Францискиот јазик засега се изучува само во ООУ „Димитар Миладинов“.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Реконструирани училиштата Кочо Рацин и Коле Неделковски, прочистувачи за воздух во сите 8 училишта

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки по повод Светскиот ден на детето, 20 Ноември, датум утврден во 1989 година кога е усвоена Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата.„Светот што го создаваме денеска за децата е свет што ќе го наследат. Да создадеме свет во кој децата ќе растат со многу љубов, грижа и поубави можности. Среќата и насмевките на дечињата се наш главен приоритет во Општина Центар. Нека е честит Светскиот ден на детето!”, истакнува Герасимовски.Во изминатите неколку години, Општина Центар ги подобри условите во градинките и основните училишта со цел дечињата да имаат поубави услови за престој во градинка и училиште, а вработените подостоинствени услови за работа.„Покрај унапредувањето на условите во градинките и училиштата, пред неколку денови поставивме и фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на пет основни училишта за поголема безбедност на најмалите во сообраќајот. Поставуваме нови реквизити на детските игралишта за дечињата да се забавуваат и другаруваат со другарчињата. Продолжуваме за вложуваме во развојот на децата”, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања