„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ОПШТИНА ЦЕНТАР

vodici-centar-2

Герасимовски: Имаме обврска да се грижиме едни за други, Водици нека донесе мир, љубов и духовна сила на сите

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Водици.„Нека овој ден ни донесе мир, љубов и духовна сила на сите. Денеска, повеќе од било кога, имаме обврска да се грижиме едни за други, да вложуваме во нашите општини и да работиме за заедничка добробит. 2025-та да ни донесе повеќе меѓусебно разбирање, повеќе солидарност и помош, бидејќи само така ќе изградиме држава во која ќе сакаме да живееме.На младиот Станислав Пашоски му честитам за храброста да го фати светиот крст во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец и му посакувам многу здравје, среќа и мир на него и на целото семејство.Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление - Водици! Бог се јави!”, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Sala-Rabotnicki-5

(Фото) Герасимовски покажа како ќе изгледа новата сала Работнички: Го враќаме домот на македонската кошарка, работиме во полн ек

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички. Тој вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички којашто е симбол на Центар и Скопје.“Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела почнавме со реконструкција на првата фаза, кадешто ќе биде поставена нова фасада и кров, а исто така, ќе се реновираат и канцелариските простории во кои беа сместени спортските федерации. Активностите се одвиваат во полн ек, очекуваме веќе во месец март да започне реконструкцијата и на втората фаза”, потенцира Герасимовски.Новата сала Работнички ќе биде согласно стандардите на ФИБА, со нови седишта, соблекувални, туш кабини, поставување на климатизација и подно греење.Со реконструкцијата ќе се овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Киро Глигоров ја водеше државата со многу ум, го продолжуваме неговиот аманет на соработка и соживот

„Првиот претседател на државата Киро Глигоров е еден од најголемите великани на современата македонска историја. Тој беше државник, визионер којшто ја водеше Македонија со многу ум, трезвено, најзаслужен за тоа што бевме единствени од сите поранешни републики на Југославија кои без војна и крвопролевање се изборивме за независност и меѓународно признавање”, истакнува градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски по повод одбележување на 13-годишнината од смртта на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров.Герасимовски, потенцира дека поранешниот претседател Киро Глигоров е личноста што ги поврза двата столба на македонската државност - АСНОМ 1944 и 8-ми Септември 1991.„По неговиот пат на соработка, на соживот, на градење мостови продолжуваме и ние, следните генерации. Како градоначалник правам сѐ за да го продолжиме неговиот аманет - да се грижиме за граѓаните, демократски да ја развиваме земјата и да вложуваме во подобра иднина. Со отворањето на основното училиште „Киро Глигоров” во Општина Центар, со едукација на младите за историјата и одење на патот којшто тој го зацрта продолжуваме да се грижиме за ликот и делото на првиот македонски претседател”, вели Герасимовски.Глигоров бил добитник на бројни меѓународни награди и признанија - ценет и вреднуван за својата работа од целиот свет.Една од негови најголеми мисли кои до ден денеска имаат силно значење: „Најголемото достоинство на нашиот народ е што го сочува мирот, што не влезе во никаква војна, што не носи никаква вина за се она што се случи и што го загрозува целиот свет”.

Скопје | пред 1 година

IMG_2452

Герасимовски: 2000 дечиња добија новогодишни пакетчиња

Општина Центар, оваа година ги изненади дечињата на територија на општината со 2000 новогодишни пакетчиња. Овие пакетчиња беа поделени на учениците од основните училишта во Центар, децата од градинките, како и на лицата со попречености и со Даунов синдром.Не беа заборавени ниту пак најмалите херои кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за детска хирургија, кои добија пакетчиња како дел од новогодишната магија.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакнува дека новогодишните празници се време кога сите треба да се чувствуваме убаво, особено нашите најмали, кои го прават посреќен секој наш ден.„Изминатава недела заедно со Дедо Мраз донесовме радост и насмевки на децата. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои се приклучија и нѐ поддржаа да ги израдуваме најмалите. Заеднички можеме да направиме многу“, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-30-at-13.15.13

Герасимовски: Дедо Мраз им подари нова градинка на децата во Центар, завршена изградбата на новата градинка Пролет

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска заедно со Дедо Мраз и 100 дечиња од градинката „Корчагин“ направија прошетка низ новата градинка „Пролет“ чијашто изградба е комплетно завршена.Герасимовски, потенцираше дека е исполнета големата желба на најмалите и родителите од населбите Пролет и Маџир Маало.„Заедно со Дедо Мраз и дечињата, направивме прошетка низ новата градинка Пролет, чијашто изградба е завршена и направен е технички прием. Ме радува задоволството на дечињата кога првпат влегоа во просториите. Денеска е посебен момент за Општина Центар и за сите жители – празничен подарок кој ќе донесе топлина и грижа за најмалите. Градинката „Пролет“ е изградена по највисоки стандарди за престој на дечињата и вработените. Оваа градинка е прва во населбата Пролет и прва градинка по 50 години“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Vecer-pod-zvezdite-27.12-10

(Фото) Герасимовски: Нокаут и диџеј Јорданов приредија незаборавна журка, Боемска преполна со граѓани

Културната манифестација „Вечер под ѕвездите“, синоќа привлече голем број посетители, улицата Боемска беше преполна со граѓани од сите генерации - од намали до највозрасни кои се забавуваа заедно. Музичката група „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов, приредија незаборавна предновогодишна журка исполнета со многу позитивна енергија, пеење и танцување.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува огромна благодарност до граѓаните кои вчеравечер беа дел од предновогодишната магија кадешто сите во еден ритам и глас, здружени уживаа во познатите македонски хитови „Временска машина“, „Фатална опсесија“, „Самовила“, „1000 причини за крај“, „Лебедот бел“, „Телефонскиот број не постои“ и многу други.„Беше навистина прекрасно да се види толку многу луѓе на Боемска кои се веселеа на добра македонска музика и во претпразнична атмосфера. Со овој настан ја потврдивме нашата цел - да создадеме поврзаност и да донесеме радост во Центар, во Скопје. На Скопје дефинитивно му се потребни повеќе манифестации. Продолжуваме и во иднина да организираме вакви концерти кои ќе го размрдаат градот и ќе создадат простор за забава, креативност и дружење на сите генерации. Се заблагодарувам на граѓаните кои синоќа беа дел од „Вечер под ѕвездите“ и им посакувам среќни и новогодишни празници. Се гледаме повторно на концерт!“, истакнува Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Gerasimovski-2

Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45% за капитални проекти

Советот на Општина Центар на 43. Седница со 18 гласа „за“, 2 „воздржани“ и ниеден против, го усвои буџетот за 2025 година. Проектираниот основен буџет е рекорден, со вкупна сума од 1.086.250.000,00 денари. Од овој износ, дури 45% се наменети за капитални проекти, додека преостанатите 55% ќе се користат за тековно и оперативно функционирање на општината.Градоначалникот Герасимовски ја поздрави одлуката на Советот.„Сакам да се заблагодарам на советниците и на администрацијата на општината за успешната реализација на многуте квалитетни проекти во текот на оваа година, во интерес на граѓаните. Со програмата и буџетот за следната година, верувам дека ќе имаме уште поголем број проекти што заедно ќе ги реализираме. Благодарност и за поддршката и гласовите што Советот ги даде за новиот буџет за 2025 година за да можеме да креираме буџет што ќе одговори на потребите на сите наши сограѓани", изјави Герасимовски.Буџетот за наредната година е развоен, реален и транспарентен, а приоритетните капитални проекти се: финализирање на реконструкцијата на спортската сала „Работнички“, изградба на нова општинска зграда со подземен паркинг, реконструкција на улиците во локалитетот Тасино Чешмиче, во населбата Капиштец и во реонот на Дебар Маало, реконструкција на улицата „50 Дивизија“, пренамена на улицата ,,Мирослав Крлежа" во пешачка зона и модернизација на јавното осветлување со воведување ЛЕД технологија и примена на современи техники за управување и надзор.Во областа на образованието, обезбедени се средства за реконструкција на училиштата, набавка на униформи за учениците, информатичка опрема, како и за инсталирање фотоволтаични системи на три детски градинки.Во делот на животната средина, акцентот е ставен на набавка на мерни сензори за бучава, мобилни уреди и мапирање на бучавата, а планирани се средства и за санација и поставување урбана опрема, реконструкција на игралишта, паркови и зелени површини.Во сегментот социјална заштита обезбедени се средства за новиот проект „итно копче“ за помош во итни ситуации за повозрасни лица и пакет услуги за деца и жени жртви на насилство, како и превенција од дроги и зависности. Во програмата за култура, на барање на советниците додаден е проектот ,,Прошетка со граѓаните за запознавање на знаменитости на Центар“.Во делот на спортот, обезбедено е финансирање на КК „Работнички“ и организација на натпревари во рамките на Лига Центар, со цел да се поттикне спортската активност и да се создадат услови за развој на младите спортисти.Во буџетот се предвидуваат финансии и за одржување на постоечката инфраструктура, сервисирање тековни потреби на граѓаните и редовните проекти од сите сфери кои се покажаа како успешни, меѓу нив: сервис за стари лица, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, стипендии за талентирани ученици и ученици од семејства во социјален ризик, Феникс награда, награди за најдобрите наставници и негувателки, како и обезбедување средства за хигиена и тековно – оперативни трошоци во градинките и основните училишта во Општина Центар.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-26-at-13.22.38_2c4de9f2

Герасимовски: Концерт што не смее да се пропушти - Нокаут и диџеј Александар Јорданов утре на Боемска 1

Општина Центар, во петок 27 декември организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на Боемска 1.Во петок, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.Вечерта, во 20:00 часот ќе почне големиот предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со нашите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.Герасимовски, ги поканува сите скопјани да дојдат на концертот и заеднички да се одбележи крајот на 2024 година со безвременските македонски нумери.„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележи годината. Настанот ќе стартува со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации Нокаут ќе ги отпеат хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на Боемска 1“, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-26-at-10.55.27_ccc367a4

Герасимовски: Џез, вино и костени, предновогодишна вечер за скопјани

Градоначалникот Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на настанот „Џез под ламба“ кадешто беа изведени македонските евергрини во џез верзија на Искра Србиновска квартет.„Синоќа, Скопје беше обвиено во звуците на македонските евергрини, мајсторски преработени во џез верзии од Искра Србиновска квартет. Во предновогодишна атмосфера, со убави разговори и многу позитивна енергија, заедно го одбележавме културниот настан Џез под ламба. Подиумот беше отворен за сите – од најмладите до највозрасните! Сите во еден глас и ритам се потсетивме на безвременските евергрини, песни што ги обележале животите на многу генерации, а и понатаму ги инспирираат новите“, истакна Герасимовски.Општина Центар продолжува да ги поддржува македонските уметници со организирање на вакви слични културни настани во кои се оддава признание на македонската музика.

Скопје | пред 1 година

Jazz-pod-lamba

Герасимовски: Вечерва, џез верзија на македонски евергрини на пјацетата кај Италијанска амбасада

Вечерва, со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада. На овој настан, граѓаните ќе имаат можност да слушнат џез верзија на познатите македонски евергрини од Искра Србиновска квартет.Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани на добра македонска музика во пресрет на новогодишните празници.„Вечерва заедно ќе слушаме и уживаме во нашите најпознати македонски евергрини, преточени во џез стил. Ги поканувам сите скопјани на добра музика, греано вино о печени костени. Со вакви настани поттикнуваме креативност, ги зближуваме граѓаните и создаваме топла и празнична атмосфера, која ќе ги поврзе љубителите на македонската музика, култура и традиција”, изјави Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

rabotnicki-gerasimovski-3

Герасимовски: По педесет години, целосно се реконструира салата „Работнички“

Општина Центар започна со целосна реконструкција на салата „Работнички“, која со децении беше во катастрофална состојба – запуштена, оштетена и без основни услови за тренинзи и натпревари.„Со оваа реконструкција го враќаме достоинството на овој спортски симбол на нашата општина, дом на македонската кошарка. Многу мои претходници ветуваа решенија и проекти на хартија, но без реализација. Откако годинава ја добивме надлежноста врз објектот, веднаш почнавме со работа. Реконструираниот простор целосно ќе ги исполнува ФИБА стандардите, а КК ,,Работнички" ќе добие современа сала за тренинзи и натпревари, што ќе овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски на прес конференцијата.Активностите на терен веќе во полн ек. Се поставува нова фасада и кров, а првата фаза опфаќа целосна реконструкција на канцелариските простории каде беа сместени спортските федерации.Втората фаза предвидува реконструкција на теренот, негово проширување, поставување нова еластична подлога според стандардите на ФИБА, реконструкција на гледалиштето со нови седишта, како и на соблекувалните и туш кабините, и поставување на климатизација и подно греење.„Со оваа целосна реконструкција, салата „Работнички" ќе стане современа и енергетски ефикасна, целосно прилагодена за врвни спортски настани", додаде Герасимовски.Општина Центар, вложувајќи во спортската инфраструктура и притоа почитувајќи ги меѓународните стандарди, активно придонесува за унапредување на спортот во Македонија.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-izjava

Герасимовски: Задоволството на граѓаните од сработеното во Центар води кон втор мандат

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервјуто за Капитал на прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат, Герасимовски посочи дека во моментов целосно е фокусиран на реализација на планираните проекти, а доколку граѓаните се задоволни од сработеното сигурно ќе побара поддршка за втор мандат.„Прво да го завршиме она што го ветивме, да ја заокружиме успешно нашата приказна, а граѓаните нека оценат и одлучат. Сакам да слушнам што мислат тие, преку лични контакти на терен, на буџетските форуми, и секако преку истражувањата и анкетите што ги спроведуваме. Ако граѓаните се задоволни од ветеното и сработеното, сигурно ќе барам поддршка за втор мандат“, Герасимовски.Герасимовски се заблагодари на сите граѓани за довербата која му ја дадоа.„И наредната година продолжуваме да работиме за уште поголеми успеси и подобра и пофунционална општина“, истакна Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski

Герасимовски: Поставуваме фотонапонски централи во сите основни училишта во Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервјуто за Капитал вели дека сака четиригодишниот мандат да го заокружи со реконструкција на спортската сала „Работнички“ во градскиот парк.„Би сакал мандатот да го заокружам со реконструкција на спортската сала „Работнички“ во градскиот парк. И салата и клубот се белег на градот и Македонија. Мал, но многу важен и емотивен дел во она што значи колективно сеќавање на секој македонски граѓанин. Уверен сум дека ќе успеам во тоа. Од големите проекти кои се во почетна фаза ќе ја издвојам новата општинска зграда, за која распишавме конкурс за идејно решение, но и хортикултурното и партерно уредување во населба Капиштец, проект за кој од претходната влада добивме буџетска поддршка од 25 милиони денари“, потенцираше Герасимовски.Герасимовски информираше дека Општина Центар е пионер во еколошка трансформација на локално ниво.„Првиот фотоволтаичен систем го поставивме на покривот на градинката „Корчагин“. Само една споредба, и ќе ви стане јасно за што зборувам. Во таа градинка претходно имавме сметки од околу 50.000 денари на месечно ниво, сега тој трошок е намален за дури 50 проценти. Планот е да поставиме фотонапонски централи во сите осум основни училишта во Центар. Врз кровната конструкција во ООУ „Киро Глигоров“ веќе поставивме 720 панели со максимална инсталирана моќност од 396,00 KWP за производство на електрична енергија. Според планираната динамика, следни се ООУ „11 Октомври” и ООУ „Кочо Рацин“. Има тука уште многу работа и многу борба, но вреди, не само поради нас туку и поради идните генерации“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-11-at-12.54.43_ef5969b0

Герасимовски: Нови кабинети, подобри услови и инклузивен пристап во ООУ „Кочо Рацин“

Во присуство на градоначалникот Горан Герасимовски, во ООУ „Кочо Рацин“ беа пуштени во употреба целосно реновираните кабинети за физика, хемија, германски јазик, музичко и ликовно образование. Овој проект, финансиран од Министерството за образование и наука, вклучува целосна реконструкција на најстариот дел од училиштето. Обновени се подовите, електричните и водоводните инсталации, како и плафоните и ѕидовите.Поставени се смарт табли, реновирани се тоалетите, а наставниците добија нови простории за работа.„Со последните реконструкции училиштето доби модерен и инклузивен лик. Да потсетам дека учебната година ја започнавме со целосно реновирана фискултурна сала, со нов висококвалитетен паркет, санирани реквизити, нови кошови. Целата реконструкција не чинеше 5 милиони денари од општинскиот буџет, а поставена е и пристапна рампа пред училиштето за ученици со попреченост“, истакна Герасимовски, по повод благодарницата која му ја додели директораката на училиштето Гордана Јаневска во чест на сето она што општината го има овозможено за училиштето.Дополнително, ООУ „Кочо Рацин“ деновиве е домаќин на збратименото училиште „Вук Караџиќ“ од Белград, Србија. Посетата вклучува заеднички активности од двете училишта – спортски игри, културни настани и дружби.Учениците ќе имаат можност да се запознаат со културните и образовните разлики, а наставниците ќе ги разменат своите методи и пристапи за ефикасен наставен процес.Оваа иницијатива е важен чекор за зајакнување на меѓусебната соработка и изградба на нови пријателства и контакти помеѓу младите генерации.

Скопје | пред 1 година

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Зголемен бројот на одобренија за градба, најмногу станови ќе се градат во Центар

Се зголемува интензитетот на градежните активности – во октомври се издадени 363 дозволи за градба, што е за 11,7 проценти повеќе во однос на состојбата од пред една година. Зголемена е и вредноста на објектите што ќе се градат и изнесува 137,7 милиони евра. Најголем дел од инвеститорите се физички лица, предвидени се 913 станови, од кои над 35 проценти ќе имаат адреса во скопски Центар, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 се наменети за објекти од високоградба, 75 за објекти од нискоградба и 72 за објекти за реконструкција.Според податоците од Државниот завод за статистика, за изградбата на 363 објекти, како физички лица инвеститори се јавуваат 223, додека за останатите 140 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања