„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ОПШТИНА ЦЕНТАР

media-library7sus5pthe7j4dYG5tbo

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места

„И во наредните години ја ставаме животната средина и грижата за хигиената на прво место. Со набавка на две современи цистерни и пет нови метларки, значително го зголемуваме капацитетот за одржување на хигиената на територијата на општината. Повеќе нема да зависиме од градот и јавното комунално претпријатие“. Ова вчера го најави кандидатот за градоначалник и актуелен татко на Општина Центар Горан Герасимовски на отворањето на промотивниот изборен штаб во Центар.Тој, потенцираше дека инвестицијата во хигиената е уште еден чекор кон создавање здраво и уредено опкружување, кое е предуслов за квалитетен живот на центарци. Герасимовски, рече дека хигиеничарите се најголемите херои кои деноноќно го чистат сметот од улиците кадешто надлежност има градот.„Ги засукавме ракавите и самите го исчистивме сметот од улиците, хигиената ја подигнавме на едно повисоко ниво додека цело Скопје беше затрупано во смет. Пред две недели, изнајмивме и дополнителна механизација за да си ја исчистиме општината. Ете вака се работи за нашите центарци. Среќен сум што заедно со граѓаните ги креираме сите политики. Во новиот мандат предвидени се низа капитални проекти како изградба на дом за стари лица, административна зграда, градинка“, рече Герасимовски.Герасимовски, пред присутните сподели и дека се предвидени две монтажни гаражи кои ќе обезбедат 900 нови паркинг места.„Поставувањето на монтажни гаражи претставува директно решение за еден од најголемите проблеми во Центар. Ова значи помал хаос на улиците, значително намалување на непрописното паркирање, како и подобра урбана регулација - повеќе простор за пешаци и велосипеди, а помалку возила на јавните површини“, додаде Герасимовски.

Скопје | пред 4 месеци

gerasimovski

Герасимовски: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно, се грижиме за сите генерации

Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Тема на денот“ во вестите на ТВ Сител истакна дека фокусот во неговата програма е насочен кон најмладите и највозрасните жители.„За родителите и учениците, во новата програма предвидуваме мерки за значителна заштеда на семејниот буџет. Сите ученици од прво до четврто одделение ќе имаат бесплатен и здрав оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатна екскурзија низ Македонија,“ рече Герасимовски.Тој потсети дека општината веќе обезбедила бесплатни ранци за првоодделенците и бесплатни униформи.,,Последните четири години вложивме многу и во нашите градинки. Денес условите се подобри и од приватните, а цената е само 1.490 денари. Сите градинки се реконструирани, а ја изградивме и модерната градинка „Пролет,“ која стана пример за сите останати.Во следниот мандат почнуваме со изградба на нова градинка кај Клиничкиот центар, со капацитет за 100 деца и 25 воспитувачки. Планираме воведување на двосменски престој во градинките, за да им излеземе во пресрет на родителите. Веќе имаме успешен пример во „Пепелашка,“ каде функционира двосменска група со ужина, одмор и воспитувач, рече градоначалникот.Посебен акцент Герасимовски стави и на грижата за пензионерите.„Локацијата за нов Дом за стари лица е веќе определена , на Водно, со алтернативна можност во Капиштец. Домот ќе биде изграден на два ката, со вкупна површина од 400 квадратни метри и земјиште од 2.000 квадратни метри. Првично е замислено да биде за 50 лица, но најверојатно оваа бројка ќе биде поголема. Престојот ќе биде со минимална партиципација од 12.000 денари месечно, значително пониска цена во споредба со приватните домови,“ рече Герасимовски.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarytp5r13idv7vddJrFsdU

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети корисникот на проектот „Сервис за стари лица“, 84 годишниот Христо Станковски, со што и официјално започна реализацијата на услугата за оваа година.Преку проектот „Центар се грижи за возрасните“ , што се реализира во соработка со Здружение за развој и поддршка „Хуманост“, опфатени се 90 повозрасни граѓани од Центар на кои им е потребна нега и поддршка во домашни услови.Со оваа услуга излегуваме во пресрет на нашите повозрасни центарци со цел да бидат функционални и полесно да се справуваат со секојдневните обврски. Со помошта на стручните лица, физиотерапевти и негуватели им обезбедуваме на нашите сограѓани подобри пензионерски денови и полесна старост“, истакна градоначалникот Герасимовски.Пензионерот Христо Станковски кој веќе неколку години ја користи услугата, се заблагодари за грижата и изрази задоволство од поддршката што ја добива преку општината.Општина Центар информира дека сè уште има слободни места за овој проект. Заинтересираните можат да аплицираат од 1 до 15 секој месец во Архивата на Општина Центар , во период од 08:00 до 15:00 часот.Право на користење имаат лица над 62 години кои имаат пензија до 35.000 денари или се корисници на социјална помош.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarye0p62hjg006h0TH1M73

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните – време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија средба со граѓаните на Центар, на која во фокус беа проблемите кои ја засегаат општината – урбанистичкиот хаос, загадувањето, недостигот на паркинг и потребата од повеќе зелени површини и подобра инфраструктура.Центар не смее да остане заглавен во апатија и хаос. Време е да ја прекинеме праксата на импровизации.Мојата визија е јасна – чист и зелен Центар, со современа инфраструктура, со правилен урбанизам и транспарентна локална власт што ќе биде сервис на граѓаните, а не на малкумина привилегирани.Ќе ја вратиме општината во рацете на жителите и ќе изградиме средина во која младите ќе сакаат да останат и да создаваат своја иднина. - истакна Лабудовиќ.Лабудовиќ посочи дека Центар заслужува раководство што работи како вистински сервис на граѓаните – со подобра комунална инфраструктура, решенија за сообраќајниот метеж, нови простори за спорт и рекреација и културен развој кој ќе ја врати душата на општината.За да се постигнат вистински промени, потребно е обединето дејствување. Во тој контекст, соработката меѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е клучна, како гаранција за стабилност, системски решенија и долгорочни резултати за Центар.Само заедно можеме да го изградиме Центар кој ќе му припаѓа на народот. Секоја средба со граѓаните е потврда дека силата е во заедништвото, во искрените разговори и конкретните решенија. Ви благодарам за довербата, таа е најголемата мотивација да донесеме вистински промени. - додаде Лабудовиќ.Центарци изразија целосна поддршка за Лабудовиќ, нагласувајќи дека е време за нова енергија, визија и чесно водење – Центар да стане општина со која сите ќе се гордееме.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryckpf40hut44i6QCOI8c

Герасимовски: Кампањата ја стартуваме со садење дрвја, како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за Центар.Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години со доверба од граѓаните се создаде нова приказна во Центар. Со многу работа, со многу љубов, знаење и верба, се развиваше Центар што го сакаме.„Со Вас граѓаните испишавме одлична Програма и конкретни планови. За сите маала, улици и граѓани. Бидејќи за нас најважен е граѓанинот. Со Вас, ја правиме најсилната коалиција, најсилното движење и најдоброто решение за Центар што го сакаме. Како и досега, и во овие денови, со нашиот центарски и најголем тим од 600тини волонтери и поддржувачи ќе влеземе во над 15 илјади домаќинства. Лично и со мојот одличен тим, сакаме да ви ги понудиме најдобрите решенија за сите барања и потреби. Директно и јасно, чесно и одговорно, со план и со највисока почит. Верувам во Вашата мудрост и желба да продолжиме да го градиме Центар што го сакаме. Безбеден. Чист. Зелен. Хуман. Солидарен. Достоинствен. Отворен и модерен. Центар на културата, најдоброто образование и спокојното живеење. Посакувам и ветувам мирна и позитивна кампања. На останатите кандидати им посакувам среќа и желба да бидат дел од новата центарска култура која ја креиравме. Преку позитивна кампања да се натпреваруваме со идеи и проекти. Во Центар немало и не смее да има место за навреди и омаловажувања. Веруваме дека граѓаните повторно ќе го изберат Центар што го сакаме“, рече Герасимовски.Носителот на советничка листа Александар Савевски, истакна дека Герасимовски покажал како најдобро се води општина и како жител на Центар одлучил да ги предводи одличните кандидати за советници, со целосна доверба и поддршка за Горан Герасимовски.„Застанувам зад Герасимовски, затоа што тој и тимот работат за сите, не ги делат луѓето и нудат решенија преку чесна и одговорна работа. Застанувам со него, затоа што тој предводи вистинско граѓанско движење, нова енергија во Центар! Решив да бидам со Горан затоа што како и за мене, и за него, граѓанинот е во центарот, затоа што знае да слуша, да исполнува, знае да обединува и знае да води општина со сите и за сите, без политика и интереси. Центар што го сакаме е за сите, без делби и кавги, со вистинска култура и разбирање. И како доктор и како иден советник, за мене луѓето се најважни. За Центар, за граѓаните, целосно ќе работам. И затоа ја барам подршката да сработиме за Центар што го сакаме“, изјави Савевски.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryqufotg8hrlgh1vN1GXd

(Фото) Герасимовски објави слики - го чистеше ѓубрето во Општина Центар заедно со хигиеничарите

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет.„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот“, изјави Герасимовски на терен.Герасимовски посочи дека акцијата продолжува динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.„Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Сабајле продолжуваме заедно со хигиеничарите да ги средуваме другите населби, една по една.Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи почист градот. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на градот“, додаде Герасимовски.Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.

Скопје | пред 5 месеци

53a94d68-e8f3-43c0-9507-d11d24831277

Meџити: По завршувањето на подземните работи, следува асфалтирање и ново јавно осветлување на улица 157

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска беше на терен на улица 157 во населба Гази Баба во Чаир, каде што одблиску ја следеше динамиката на работите што се изведуваат на оваа улица.„Атмосферската канализација е речиси завршена и многу скоро ќе се поврзе со главната цевка на булеварот. Паралелно, се одвиваат и работите за водоводната мрежа, кои се движат според планот. Овој проект ќе ги подобри условите за живот на околу 90 семејства, жители на маалото“, изјави Меџити.Како што беше ветено, додаде тој, по завршувањето на подземните работи, проектот ќе продолжи со асфалтирање на улицата и поставување на ново јавно осветлување.Меџити им упати апел на жителите за разбирање, потенцирајќи декавременските услови се поволни и дека се очекува работите да завршат вонајкраток можен рок.

Скопје | пред 5 месеци

IMG_0854

Герасимовски: Денеска поставуваме фотоволтаични панели во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

Денес започна поставувањето на фотоволтаични панели во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот Горан Герасимовски утрово го посети ова центарско училиште и им посака успешна работа на екипите задолжени за инсталацијата.„Денеска сме во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ каде што ги поставуваме фотоволтаичните панели на нашите кровови. По завршување на поставување на фотоволтаични панели на училиштето „Киро Глигоров“ сега продолжуваме и во другите училишта. Општина Центар е енергетски независна општина, општина којашто е прва и има основано претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар“. Продолжуваме да го користиме сонцето и преку обновливи извори на енергија да ги задоволуваме потребите за струја во нашите училишта и со тоа ги намалуваме сметките на самите училишта“, рече Герасимовски.Со поставувањето на фотоволтаични панели во училиштата се обезбедуваат подобри услови за наставниот процес, се поттикнува еколошката свест кај младите генерации и се создава пример којшто може да го следат и други институции.

Скопје | пред 5 месеци

MixCollage-08-Sep-2025-01-08-PM-5077

(Видео) Уште еден лекар во политиката: Д-р Алек Савески, носител на советничката листа за Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска преку видео објава на социјалните мрежи го најави носителот на советничката листа за општината.Станува збор за д-р Алек Савески, за кого Герасимовски истакна дека е негов пријател и дека заедно ја составувале листата на која се наоѓаат професионалци и стручни лица кои придонеле за развојот на Центар.„Утро без кафе? Нема шанси. За нови идеи и победа, заедно со д-р Алек Савески ја креираме победничката советничка листа за Центар, на која тој ќе биде нејзин носител. Верувам во заеднички успех!“, напиша Герасимовски во објавата.

Скопје | пред 5 месеци

IMG_4387

Повик за лични асистенти за учениците од Општина Центар - плата 15.000 денари

Општина Центар и оваа учебна година ќе ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“.Согласно соопштението, на јавниот повик за работа може да се пријават лица со завршено средно образование, но предност при селекцијата ќе имаат кандидати кои поседуваат високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата или социјалната работа, како и оние кои имаат претходно искуство во работа со деца со попреченост.Избраните кандидати ќе работат по 20 часа неделно и ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.Градоначалникот Герасимовски истакна дека личните асистенти се клучни за успешен инклузивен образовен процес.„Нашите асистенти им помагаат на учениците полесно да се адаптираат и функционираат во училишната средина. Тоа многу значи, не само за децата, туку и за родителите и наставниците, рече Герасимовски, кој истакна дека Општина Центар е единствената во Скопје која, и покрај сите предизвици, продолжува самостојно, од свој буџет, да го спроведува овој проект.Оваа година имаше огромен интерес и од страна на образовните асистенти кои сакаат да бидат ангажирани во образовниот процес на децата со посебни потреби. Тие имаат едногодишни договори и се ангажирани на полно работно време за плата повисока од 37.000 денари.

Скопје | пред 5 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-26-at-19.28.27_4399b874

Неизвесна трка во Центар: Герасимовски и Ивановска во борба за фотелјата, трет ќе биде Лабудовиќ

Изборната трка за Општина Центар се очекува да биде една од најатрактивните и најнеизвесните на локалните избори. За партиите, оваа општина отсекогаш била престижна позиција, па затоа засега се уште се тактизира со кандидатурите.Сигурен кандидат од редовите на СДСМ е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, кој влегува во трка за уште еден мандат. Иако во партијата постои делумна поддршка за неговата кандидатура, не недостигаат и критики. Герасимовски пред четири години дојде на функцијата од директорската позиција во Државниот завод за индустриска сопственост, без претходно искуство во локалната самоуправа.ВМРО-ДПМНЕ, пак, според информации, ќе го отстапи Центар на својот коалициски партнер ЗНАМ. Се очекува кандидат да биде Мирослав Лабудовиќ, актуелен заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини. Интересно е што Лабудовиќ доаѓа од редовите на СДСМ, што отвора можност трката да се претвори во дуел „СДСМ против СДСМ“. Во комбинација за оваа позиција биле и поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ и екс претседателката на Градската организација на СДСМ Софија Куновска, која, неофицијално, условила да настапи како независен кандидат со поддршка од партиите, но не и како нивни формален избор.Големо внимание привлекува и кандидатурата на поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, која ќе ја претставува платформата „Независни заедно“. Таа веќе добива поддршка од дел од интелектуалната јавност, кои сметаат дека нејзиното антикорупционерско досие може да биде клучен адут во трката. Сепак, објавувањето на нејзината кандидатура беше засенето од полициска постапка – и на денот на објавата ѝ беше врачена кривична пријава, потег кој предизвика бурни реакции и осуди во јавноста.Левица сè уште не објавила со кој кандидат ќе настапи во Центар, а неизвесно е и позиционирањето на ЛДП. На претходните избори тие до последен момент решаваа дали ќе имаат свој кандидат или ќе поддржат друг фаворит, па слично сценарио е можно и овојпат.Аналитичарите сметаат дека во Центар најверојатно нема да биде избран градоначалник уште во првиот круг. Сепак, кои двајца кандидати ќе се најдат во вториот круг ќе биде јасно вечерта на 19 октомври, кога ќе се пресметаат силите на терен.

Скопје | пред 6 месеци

centar-1-1

Герасимовски: Општина Центар со свои ресурси помага во гасењето на пожарот во Чучер Сандево

По барањето и апелот за помош на жителите на Чучер-Сандево, која се бори со огнената стихија, Општина Центар со своето јавно претпријатие ПОЦ , активно се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар. Во акцијата се ангажирани вработени на ПОЦ и цистерна на Општина Центар, како дел од координираниот одговор на институциите. Градоначалникот Горан Герасимовски, упати апел до сите граѓани да бидат совесни и претпазливи. „Во ситуации како оваа, најважни се вниманието, дисциплината и одговорноста. Ги повикувам граѓаните да бидат совесни во овие жешки денови и да се придржуваат до сите препораки на службите и да не преземаат ризични активности во опожарените  подрачја",  порача Герасимовски. Поради сериозноста на состојбата, Општина Чучер Сандево бара од Владата прогласување на вонредна состојба и меѓународна помош. Општина Центар останува мобилизирана и подготвена да помогне, со сите свои расположливи ресурси, сѐ додека пожарот не биде ставен под целосна контрола.

Скопје | пред 7 месеци

gerasimovski

Герасимовски: „Центар со срце за Кочани, кога е најтешко, мораме да бидеме заедно“

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната 50. Седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата сила што ја имаме. Нашите мисли се со семејствата кои тагуваат и со сите повредени кои се во процес на опоравување. Им посакувам да останат храбри и да не се предаваат, нека знаат дека не се сами", рече градоначалникот Герасимовски.Советниците ја прифатија иницијативата на Герасимовски, испраќајќи силна порака на сочувство и поддршка за сите погодени од големата трагедија, во која згаснаа 62 млади животи, а 200 беа повредени.„Оваа помош не е само финансиска, таа е симбол на блискост, емпатија и искрена грижа. Кочани ја има нашата поддршка – од мене лично, од Општина Центар, од Советот и од сите центарци. Во овие мигови мораме да покажеме дека сме сплотени – еден народ, едно срце", додаде Герасимовски.

Македонија | пред 7 месеци

Bunjakovec-5

(Фото) Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja

Во тек се активностите за целосно расчистување на дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец. Ангажирана е соодветна механизација и камиони за отстранување на отпадот, меѓу кој има токсични материјали, азбестни плочи и друг опасен отпад што претставува сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина.Местото подолг период било користено како магацин-депонија од несовесни лица, каде во непосредна близина на станбени згради и спортското игралиште во рамки на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се складирале различни видови отпад.Ваквите диви депонии претставуваат сериозен ризик за околината, бидејќи се потенцијален извор на заразни болести и појава на штетни инсекти и глодари.„Се работи за дива депонија која со години наназад била заградена и присвоена, невидлива за граѓаните, а во неа се складирал секаков вид отпад. Нашите инспекции лоцираа и други слични диви депонии и смет во околината. Планираме нивно целосно отстранување и уредување на просторот“, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.По целосното расчистување, просторот ќе биде дезинфициран и уреден за да се спречи понатамошно загрозување на здравјето на жителите и да се обезбеди чиста и безбедна околина.

Скопје | пред 1 година

policija-1313

Дојави за експлозивни направи во 3 училишта во Општина Центар, се вршат антитерористички проверки

Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи, велат од општина Центар.„Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава, во тек е полициска проверка.Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита“, соопштија од општина Центар.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања